Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА МАКЕДОНСКА КАПИТУЛАЦИЈА-СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ПРЕСПА НЕ Е СЛУЧАЈНО ОДБРАНА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА КАПИТУЛАЦИЈА


[Image: 35405034_129927331233307_727255066355118...e=5BAFD442]

Припаѓам на онаа генерација која израсна со југословенските пропагандни видеа, во кои тешките порази врз партизаните како Сутјеска, Неретва, Козара, Ужице, беа прикажувани како наводни „морални победи“ за очајно вооружените сили на Броз. И покрај историските факти, според кои е избришано цивилното население во цели региони, и покрај фактите дека загубите на фашистичките сили најчесто биле безначајни и занемарливи...сепак, гледајки ги таквите филмови, живеевме со чувство на победници. Поминаа децении додека не се дозна правата вистина, дека Западните и Источните сојузници имале договор за светот по Втората Светска Војна, договор според кој бившиот агент на сталиновата НКВД-Јосип Броз, требал да биде новиот лидер на творбата на Караџорѓевиќ-Југославија. Денес, во време на интернет, луѓето имаат прилика да видат дека Броз и неговите сили се инсталирани на власт со помош на британските бомбардери и руските тенкови, а не благодарение на „непријателските офанзиви“ и наводните „морални победи“ во нив.
Од незнам кои причини, еден масакр врз македонските партизани, но и врз многу македонски цивили, до ден денес е непознат за пошироката македонска јавност. Тоа се масакрите врз македонските села во Егејска Македонија, извршени од Грчката Армија, но и од Западните Сојузници. Масакри од кои најголемите се имаат случено во јуни и јули 1948 година, кај селата Перово и Езерани, на самиот брег на Малото Преспанско Езеро. Сведоците кои го преживеале симултаниот напад на Грчката Пешадија и Британската Авијација, велат дека езерото кај Перово и Езерани било комплетно обоено во црвено, од крвта на загинатите партизани и цивили, кои се обидувале преку Албанија да побегнат на територија на тогашна Југославија.
Во време на Југославија, главите ни ги полнеа со секакви Јасеновци и Крагуевци (кои се исто така големи трагедии) но за Мала Преспа веројатно било „политички некоректно“ да се зборува, претпоставувам од атер за Југословенските кредитори. По распадот на Југославија, од сите страни ечат дебати за Блајбург, Голи Оток, Јазовка, хрватската воена акција ОЛУЈА ...и повторно никој не ја спомнува Мала Преспа, овојпат веројатно поради „политичка коректност“ кон нашите идни НАТО партнери. Но освен по масовниот колеж врз македонците во 1948 година, Мала Преспа е позната и по многу други, за македонците значајни личности и настани.
Мала Преспа е еден од првите јатаци на вооружените борци на ВМРО. Во време на Илинденското Востание, локалните чети од Мала Преспа, создаваат ослободена територија која понатаму се обидуваат да ја спојат со ослободената територија на Крушево, Клисура и Невеска. Во тие борби особено се истакнуваа четите на Ѓорги Ангеловски и Филипче Наумов, од село Пепли, четатата на Васил Арнаутов од село Медово, и четата на Митре Панџаров-Влаот кој бил од Костур, но во Илинденскиот период војувал во реонот на Мала Преспа.
Во времето меѓу двете светски војни, Мала Преспа самоиницијативно воведува образование на македонски јазик, и покрај противењето на грчките власти. Сестрите Флора, Фанија и Фота Дупенски се посебно познати по ваквите активности, поради што се уапсени и ликвидирани во времето на диктатурата на Јоанис Метаксас.
Во Втората Светска Војна, како и во грчката граѓанска војна, македонците се мобилизирани во рамките на грчката комунистичка партија ДАГ. По налог на Сталин, ДАГ во 1948 година го предава оружјето, нивниот лидер Маркос влегува во грчкиот парламент, додека македонците и нивните села остануваат одбележани како „јатаци на сталиновите банди“ што за тогашните Западни сојузници подразбирало неограничена дозвола за терор и убивање. Последните, веројатно и најсилните воени удари врз се што е македонско на тие простори, се имааат случено токму во реонот на Мала Преспа, во Перово и Езерани... покрај истата таа Мала Преспа во која деновиве Зоран Заев ја потпишува македонската капитулација. Тоа е порака од грците и од Запад која можеме да ја разбереме единствено вака: „Овде ве убивавме, овде и ќе ве закопаме“. Во исто време, односот на Зоран Заев е порака дека македонското име нема да биде само закопано, туку во него ќе биде прободен и глогов колец, за истото никогаш повеќе да не застане на нозе. Притоа, посебно е траги-комичен обидот на Зоран Заев, во манир на југо-филмски режисер, трагедијата да ја претстави како победа.
Такви глогови колци во македонското тело се заковувани и во 1913 со Букурешкиот Договор, 1919 во Версај, 1941 со Бугарската Фашистичка Окупација, 1945 со државниот удар против Ченто, 1995 со времената спогодба, 2001 со помошта за шиптарските терористи, 2004 со територијалната поделба... па еве не уште постоиме. Македонија ја надживеа и варварската Отоманска Империја, и Фашизмот, и Комунизот, и бидете сигурни, БИДЕТЕ МНОГУ СИГУРНИ дека ќе ја надживее и ЕУ, како и Големо-Албанските закани кои ни се најавуваат поради евентуалната непослушност.

Христо Рирденов фб статус
17-06-2018, 12:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:[Image: 35347294_10156640342162932_4852323960756...e=5BB003F0]

Зоран Заев:
Се осмеливме, затоа што сакаме успеси, македонски успеси. Ние се определивме за иднина. Затоа стигнавме денес тука. Нека биде Преспа патека кон нашата европска иднина.
17-06-2018, 12:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Обраќање пред потпишувањето на договорот со Грција

Заев од Преспа: Тргнавме и стигнавме до решение, нека ни е со среќа


Колку убав и величествен историски ден, нека ни е со среќа, рече денес во Нивици/Псарадес, во Преспа пред потпишувањето на договорот за промена на името меѓу Македонија и Грција премиерот Зоран Заев. Своето обраќање Заев го започна со парафразирање на мисли од Аристотел, а го заврши со тоа дека е горд на фактот што се става крај на еден тридецениски спор. 

[Image: mkd-379395.jpg?itok=6fa5DhqC]


„Дозволете ми да парафразирам две мисли од Аристоте. Нема да можеш да постигнеш ништо без храброст и надежта е буден сон. Овие две мисли говорат дека кога има надеж и храброст можеш да поместиш планини. Со потпишувањето на овој договор навистина поместивме планини. Кога многумина се сомневаа, потврдивме дека е возможно. Ставаме крај на еден спор. Прашањето беше отворено три децении. Затоа јас и Ципрас и министрите за надворешни работи заедно со нашите претставници, тргнавме во потрага по решение и стигнавме до решение", рече Заев во своето обраќање пред потпишување на договорот со Грција.
Три децении решаваме спор, но за мене е важно дека овие три децении не научија на нешто многу важно.
„Научивме дека треба да учиме од историјата, а не да ја повторуваме. На темелите од минатото градиме иднина. Со овој договор добиваме охрабрување и аспирација за поголема доверба меѓу двете земји. Решението и процесот низ кој поминавме ни донесе пријател. Ќе бидеме партнери и сојузници. Добиваме нова реалност", рече премиерот Заев.
Горди сме на овој наш договор затоа што се обединивме околу еден наш спор кој не делеше, го заврши Заев своето обраќање.
17-06-2018, 12:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Потпишан договорот за името Северна Македонија



[Image: DIMITROV.jpg?resize=696%2C434]

17.06.2018
Договорот го потпишаа министрите за надворешни Никола Димитров и Никос Коѕијас
(This post was last modified: 17-06-2018, 12:49 PM by ЈорданПетровски.)
17-06-2018, 12:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,521
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:„Блиска средба“ на демонстранти со полицијата во Нивици


[Image: .jpeg?resize=768%2C512]



[Image: mkd-379408.jpg?itok=G4LrgCpM]


Грчката полиција употребила зсолзавец да го спречат обидот на група демонстранти да влезат во селото Нивици)сдеарсаП (, каде што претпладнево беше потпишан договорот со кој беше ставен крај на 27 годишниот спор со името.
Грчки медиуми јавија декадемонстрантите се обиделе да го пробијат кордонот на полицајци кои во голем број го обезбедуваа настанот.
Демонстрантите фрлале предмети кон полицајците кои возвратиле со созавец.
17-06-2018, 12:57 PM
Reply