Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МИТИНИГ НА ВМРО ДПМНЕ 02.06.2018
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:МВР изненадена, оперативните бројки на протестот драматични

[Image: Screenshot_20180602-212652.jpg?fit=300%2C165]

02.06.2018
Оперативните бројки кои што циркулираат во комуникацијата меѓу полициските сили кои го обезбедуваат протестот на опозицијата се неколку пати повисоки од очекуваните во работната група во МВР која го планирала обезбедувањето.
Според полициските оперативци кои досега биле дел од голем број митинзи и протести на протестот на опозицијата вечерва има најмалку 60 илјади луѓе.


[Image: Screenshot_20180602-212634.jpg?resize=640%2C586]


Според оперативните анализи на експертите на МВР кои имаат пристап до сите потребни податоци од локациите што се обезбедуваат и информациите од полициските дронови вечерва се случил еден од најголемите митинзи во последниве десетина години.

ЕКСПРЕС.МК



Според посетеноста на митингот, незадоволството од владата на Заев и Ахмети е големо!!
02-06-2018, 09:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Мицкоски пообара избори на пролет


[Image: MICKOSKI.jpg?resize=696%2C465]
 
02.06.2018
Во своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара одржување парламенатарни избори на пролет. Заедно со претседателските.
„Затоа, да ги застанеме додека не е предоцна. Избори мора да има. Ајде да избереме претседател на ДИК од опозицијата. Ајде да формираме техничка влада сто дена пред избори, каква што имаше за Заев“ рече тој.
02-06-2018, 09:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: 34339936_10156323100389192_1604005500045...e=5B78A346]
02-06-2018, 09:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: 2388d099-2981-4040-8c77-ab0976d8cf74.png]


[Image: 837129b8-66e1-4107-9cfa-20b990d38bc6.png]


[Image: 3f346e9c-5559-440e-bfe8-16d13c65b012.png]
02-06-2018, 09:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Нема да поддржиме промена на Уставот за промена на уставното име, вели Мицкоски

[Image: mickoski-govor-696x389.jpg]


Ми паѓа тешко како власта си игра со достоинството на сите и ја распродава честа како на пазар, она што е на сите го продава многу евтино иако тоа е бесценето, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Се решава прашањето за името, многумина го очекуваат нашиот став, јас овде пред вас немам друга опција, ќе бидам искрен и отворен, затоа што освен што знам дека таа тема е меѓу првите две од интерес, едиствените информации се тие што ги дознаваме од јавноста и медиумите, а грчките медиуми се непресушен извор на информации. Влегов во политиката затоа што ми е важна Македонија, иднината на нашите деца. За мене достоинството и честа немаат цена, а немаат цена затоа што чистиот образ е огледало по кое треба да се препознае една личност, рече Мицкоски.
Вели, иако Заев кажувал дека нема да има промена на Уставот и ќе се штител идентитетот, потоа рекол дека промената на Уставот не е промена на идентитетот, нешто што според Мицскоски е исто.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на устав за промена на уставното име. Добија доволно јасен одговор. Историјата ќе суди кој бил во право, а името на нашата партија била и ќе биде, Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство, вели опозицискиот лидер.
Мицкоски вели дека ќе се обиделе да ги заплашуваат и да им се закануваат, но тие не се плашеле кога Македонија е во прашање.
-Јас сум само 5 ипол месеци претседател на ВМРО-ДПМНЕ, некој ќе рече прекратко, некој доволно време за акција. Велат сум нечија сенка, некој дека се оградувам од старото раководство, некој дека ме донеле да направам нешто и да си заминам, но за почеток не барам целосно да ми веруваме мене, барам да си верувате во самите себе, вие сте народот на Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој при говорот извади и дел од партиската програма, која рече, наскоро ќе допрела до сите граѓани.
Ќе ветиме помало ДДВ, ќе ветиме за сите компании кои ќе вложат во развој еден куп даночни олеснување, ќе ја укинеме зголемената акциза. Ќе изградиме нов лик на здравството, ќе вложиме во нов медицински кадар, директна понуда за вработување на 500 студенти секоја учебна година. Ќе се обвземе да ги зголемиме за 50% примањата на здравствениот кадар, а за 40% пензиите, рече Мицкоски.

ФОКУС
(This post was last modified: 02-06-2018, 09:38 PM by ЈорданПетровски.)
02-06-2018, 09:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Заев: Внимателно ќе ги слушнам пораките од протестот на опозицијата

[Image: zaev-1-696x463.jpg]

02.06.2018
Опозицијата има право да си протестира, истакна премиерот Зоран Заев, прашан за коментар на протестот кој го најави за вечер во Скопје опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Како што изјави, внимателно ќе ги слушне пораките од протестот.
– Секако мене ми е важно граѓаните кои сакаат да се приклучат безбедно да стигнат на протестот, секоја опозиција е многу важна и има улога во општеството. Јас внимателно ќе слушам за пораките кои што ќе излезат од самиот протест заради тоа што во нормална демократска, слободна држава опозицијата е таа која што и критикува и дава предлози како да го унапредиме севкупното работење во Република Македонија, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при увидот на градежните работи за изградба на експресниот пат Штип-Радовиш.



Зар некој ке му верува на лажгово ??
02-06-2018, 10:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: 34133914_2058437704198948_92206474985807...e=5B774DA4]


02.06.2018
02-06-2018, 11:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Митингот на ВМРО-ДПМНЕ снимен со дрон





03-06-2018, 01:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Conservatives protest in Macedonia, demand early elections

[Image: BFJKR2DGT4I6RAOKXMKFSOWKUY.jpg]
People demonstrate in front of the Government building in Skopje, Macedonia, Saturday, June 2, 2018. Thousands of people gathered Saturday in Skopje on an anti-government protest, organized by the main conservative opposition VMRO-DPMNE party. (Boris Grdanoski/Associated Press)
by Associated Press June 2 at 5:32 PM  
SKOPJE, Macedonia — Tens of thousands of conservative opposition supporters protested outside Macedonia’s main government building Saturday demanding early elections.
The conservative VMRO-DPMNE party, which governed in 2006-2017, called for the demonstration saying the left-wing government has taken “apocalyptic” moves during its year in power.
The leader of the party, Hristijan Mickoski, said the protest was “the beginning of the end” for the current government and called for early elections to be held next March or April. He said a government of technicians should be formed to govern until the elections.
Prime Minister Zoran Zaev took power in May 2017 after 11 years of conservative rule amid a deep political crisis sparked by a wiretapping scandal in 2015.

ВАШИНГТОН ПОСТ
03-06-2018, 01:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Conservatives protest in Macedonia, demand early election
  •  [Image: 1527970170275.png?ve=1&tl=1]

SKOPJE, Macedonia –  Tens of thousands of conservative opposition supporters are protesting outside Macedonia's main government building in the capital of Skopje to demand an early election.
The VMRO-DPMNE party, which ruled from 2006 to 2017, was holding a large anti-government demonstration Saturday against the left-wing government's one-year rule and wants an early election held in March or April next year.
Prime Minister Zoran Zaev, 43, took power in May 2017 after 11 years of conservative rule amid a deep political crisis sparked by a wiretapping scandal in 2015.
The opposition claims the government is incompetent, has devastated the economy, lowered wages and pensions and allowed corruption to flourish. It also claims the government has damaged national interests by negotiating with Greece over a possible new name for the country.

ФОКС




Гласилата блиски до Трамп со вести за минтингот на антизаевистите предводени од ВМРО ДПМНЕ!
03-06-2018, 01:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:СДСМ вечерва со жесток одговор до ВМРО-ДПМНЕ: Еве што власта и одговори на опозициската ДПМНЕ


 Јун 3, 2018

СДСМ излезе со реакција после вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од соопшетението на СДСМ:
Вечерва, како и на секој митинг на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 12 години, повторно се слушнаа истите пораки за поделби на ваши и наши, за враќање назад.
Граѓаните не видоа никаква разлика. Нема никаква разлика – Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски и за жал повторно одбива да им се извини на граѓаните за пустошeњето што ВМРО-ДПМНЕ го вршеше врз Македонија цели 11 години.
Наместо да се извини, Мицкоски повика Македонија да запре. Но, тоа нема да се случи. Граѓаните избраа напредок.
Мицкоски вечерва повика Македонија да се врати назад, во темното минато на криминалот, корупцијата, осиромашувањто на граѓаните, на газењето на човековото достоинство, на оддалечувањето на земјата од европските вредности. И тоа нема да се случи.
Граѓаните избраа просперитет, повеќе инвестивии, повисоки плати, еднаквост, слобода, демократија, правда, избраа едно општество, едно семејство за сите.
Од јавна говорница денеска Христијан Мицкоски бранеше насилници под превезот на патриотизмот. Мицкоски треба да знае дека неговата партија треба да се качи на вагата на правдата. Криминалот не може да биде патриотизам колку и да викаш гласно.
Христијан Мицкоски излажа дека „во Македонија има нула инвестиции“. Може да вика колку сака, но не може да биде погласен од фактот дека во првите три месеци во Македонија влезе рекорден износ на странски инвестиции.
Барањето за предвремени избори заедно со претседателските, е класичен партиски блеф на Мицкоски, кој е соочен со слабиот рејтинг и немањето поддршка од граѓаните. Не е лесно да го следиш Груевски во време кога СДСМ добива огромна поддршка на локални избори со освоени 57 градоначалници. Денес, СДСМ е фаворит на било какви избори, а тоа го покажуваат и сите релевантни истражувања на јавното мислење. Поддршката на граѓаните е силно изразена за владејачкото мнозинство, за СДСМ, и за претседателот Зоран Заев.
СДСМ ја доби довербата од граѓаните и се фати за работа. Владата што ја предводи СДСМ се определи за реформи кои Македонија ја движат напред. После изгубени 11 години, Македонија нема време за губење. Граѓаните немаат уште еден живот да му го доверат на некој нов Никола Груевски, со кого еднаш веќе расчистија.
Заветот на Мицкоски се поделбите и минатото. Мицкоски треба да разбере дека Македонија има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина, економски раст и членство во ЕУ и НАТО.
03-06-2018, 01:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:МАКЕДОНИЈА, ВЧЕРА, ЈА ДОБИ СВОЈАТА ОПОЗИЦИЈА


Христијан Мицкоски, вчеравечер, народот го инаугирираше за лидер на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата. Бидејќи, лидер се раѓа од толпата, а не од канцеларија. И тоа го знае секој дипломиран политиколог.
И тоа се случи во моментот кога скокна од бина и со микрофон в рака, почна да чекори на мостот од 20 метри пред бината, популарно наречен ,,cat walk" и се претопи со демонстрантите. Ја избриша дистанцата меѓу него и народот. И создаде дистанца меѓу него и Никола Груевски, екс лидерот на партијата. Излезе од неговите чевли.
Во моментот на тој драматичен скок од бина кон луѓето кои му се придружија, настана вистинска еуфорија во делот каде бевме, ние, луѓето од медиумите-блицеви на сите страни, камери, демонстранти кои вклучија мобилни да сликаат, снимаат, луѓе кои имаа желба да го пипнат, да го овековечат моментот со него.
На Македонија, очајно, и` е потребна опозиција, и конечно вчера ја доби.
Мицкоски, на народот, на тој ,,cat walk", му порача дека малку го знаат, не побара да му веруваат, но им рече да веруваат во себе.
СДСМ, по една година власт и со целосно истрошена артилерија, е послаба од кога и да е. Се наоѓа среде катастрофални преговори за ,,името" и со усвоен закон за двојазичност, кој не е стапен на сила и не е излезен во ,,Службен весник", за да нема немири во оваа фаза на спорот со името.
Раскантана партија без хиерархија, дисциплина, со градоначалник на метропола со милион луѓе, кој пишува мртви смешки на социјални мрежи, наместо да работи она кое го вети. ,,Смешки" кои речиси секогаш завршуваат со три точки, бидејќи Шилегов има вечно незавршена мисла.
Во моментов, СДСМ, нема проблем само со вмровците. Кои, вчера, пред Владата на Македонија, беа многубројни-според моја проценка околу 30.000.
Поголем проблем на Заев му се оние кои гласаа за него, меѓу кои и јас. Е, тие, повеќе нема да гласаат за него.
На следни избори и ДУИ, која зајакна благодарение на Заев, ќе си ги прибере гласовите кои отидоа на контото на СДСМ.
И колку ќе освои СДСМ кој вети многу, а не исполни ништо, а донесе поголема сиромаштија ?
Главното прашање е-Кој ги донесе оние луѓе вчера и кој им бил мотивот за да биде толку масовен ?!
Никола Груевски, веќе две години е минато, од формирањето на техничка Влада, а ВМРО-ДПМНЕ, една година е опозиција. Тие луѓе немаат ништо од партијата, немаат што да добијат. Падна во вода она дека администрацијата била насилно носена на партиски митинзи. Паднаа во вода сендвичите, сладоледите...
Никој не ги довлечка за уши на тој митинг. Но, од она што го слушав и видов, сфатив дека дошле затоа што имаат овојпат што да изгубат- Македонија. И идентитетот.
Е, тој народ во моментов не смее и не може никој да го игнорира. Ни тие луѓе, ни клучните пораки на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски за ,,името", економскиот крах на Владата на Зоран Заев, за безидејноста, фамилијарните бизниси на премиерот и неговите пајташи, неработењето и на министрите и градоначалниците, за младите и невработеноста, општо за катастрофалните политики околу зачувување на Македонија.
Особено не смее тој народ да го игнорира Зоран Заев, на кој му се собраа масовно толку луѓе. На митинг. Не на протест. А, пазете, нема избори на повидок.
Македонија доби опозиција. Коректор.
И тоа е добра вест за сите нас, затоа што СДСМ не` изневери. Нас и нашите надежи.

Јорданка Ивановска -Јоци фб статус
03-06-2018, 09:41 PM
Reply