Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДЕЛ ОД ВЛАДИЦИТЕ ЗА СМЕНА НА ИМЕТО ДАЛИ ТОА ВОДИ КОН РАСКОЛ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:МПЦ-ОА предлага да го избрише „македонска“ за да биде признаена!?

МПЦ-ОА побарала свое преименување во „Охридска и на Јустинијана Прима архиепископија“, а информацијата за испратеното писмо ја потврди и Вселенската патријаршија


[Image: 16792683_303-640x360.jpg]

Maј 30, 2018
Македонската православна црква (МПЦ-ОА) испратила писмо до Вселенската патријаршија преку кое бара промена на своето име, објави „Ромфеа“, едно од највлијателните црковни гласила во Грција. Како што е наведено, МПЦ-ОА наводно побарала ново име, кое нема да го содржи терминот Македонија, а според посоченото, МПЦ-ОА побарала свое преименување во „Охридска и на Јустинијана Прима архиепископија“
Информацијата за испратеното писмо ја потврди и Вселенската патријаршија, која преку соопштение истакна дека освен барањето на МПЦ-ОА, писмо пристигнало и од македонскиот премиер Зоран Заев, кој побарал од Синодот на Вселенската патријаршија да ја врати МПЦ-ОА во канонскиот поредок под името Охридска архиепископија.
„Светиот синод на Вселенската патријаршија го разгледа барањето на расколничката црква на Скопје, поткрепено со писмото на премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, кој побара од Цариградската патријаршија да преземе иницијатива за враќање на шизматичката црква во канонскиот поредок под името Охридска архиепископија“, наведено е во соопштението на Вселенската патријаршија.
Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, во изјава за „Слободен печат“ призна дека било испратено такво писмо, но како што рече, преку писмото било побарано да се додели автокефален статус и ништо повеќе.
– Ние сме свесни дека Грците многу тешко ќе нè признаат под името МПЦ, но сепак Охридска архиепископија претставува една историја и за нас е достоинствено име. Јас не знам какво писмо испратил премиерот Заев, но ние сме возобновувачи на ОА во лице на МПЦ, па ако ни ја признаат ОА, тоа ќе значи дека имаме 1000-годишна историја. Секој што барем малку размислува треба да биде благодарен ако ни ја дадат ОА, отколку МПЦ, која е создадена во 1946 година – објаснува г.Тимотеј.
Од друга страна, пак, митрополитот европски г. Пимен има различен став од г. Тимотеј, бидејќи пред само три дена истакна дека МПЦ-ОА нема да прифати ново име доколку се промени името на државата.
– Името на МПЦ-ОА се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото народи што ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, бидејќи имаме национално име како МПЦ – истакна г. Пимен за време на прославата за 1000-годишнината од постоењето на Охридската архиепископија.
Мартин Богатиноски
(This post was last modified: 31-05-2018, 12:04 PM by ЈорданПетровски.)
31-05-2018, 02:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Судир меѓу “Охридското” и “Македонското” крило во МПЦ, Вранишковски нуди помош


31.05.2018
Најмалку тројца владици на светиот Синод на МПЦ реагирале остро против барањето на црквата до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј да биде примена во семејството на православни цркви а за возврат да се откаже од првиот дел од своето име Македонска православна црква и да се нарекува Охридска Архиепископија Јустинијана Прима.

Тројцата владици бараат седница на светиот синод и гласање за оваа одлука која што била донесена во координација меѓу поглаварот Стефан, еден владика близок на премиерот Заев и самиот премиер Заев, кој според еден од владиците ниту според црковниот ниту според уставот на РМ не смее да се меша во работата на црквата.
Упатувањето писмо до Вартломеј од страна на политичка фигура е лошо за имиџот на МПЦ – ОА затоа што црквата секогаш била над политиката и тоа мора да остане така, коментира владика кој што смета дека поразот доживеан во авантурата со Бугарската црква не смее да се замени со нова авантура која што исто така може да биде неизвесна.
Цариград слично како и Грција нема да прифати двојна формула за црквата, патријархот Вартоломеј како формален лидер на православието и на блокот грчки цркви мема да се согласи внатре МПЦ да го користи актуелното име а надвор да комуницира со новото.
Сложеноста на собитијата во црквата се гледа и кд изјавата на Европскиот епископ Пимен.
“Името на МПЦ-ОА се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото народи што ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, бидејќи имаме национално име како МПЦ” изјави владиката Пимен пред 4 дена за време на прославата за 1000-годишнината од постоењето на Охридската архиепископија.
Недвосмисленоста на изјавата на епископот Европски Пимен кој е најблизок на Владиката Наум за кого во црковните кругови се смета дека е духовник и близок на премиерот Заев, покажува само делови од судирот во синодот кој засега само тлее но не се исклучува и отворена пресметка меѓу “македонското” и “охридското” крило во МПЦ.
Лани во јуни на средба во владата владиката Наум бил дел од состанокот со бугарскиот тајкун Милен Врабевски и европратеникот Ковачев со кои било договарано барањето за БПЦ да стане црква мајка на МПЦ.

[Image: Screenshot_20180531-121252.jpg?resize=640%2C406]

Да биде состојбата уште покомплицирана српскиот Егзарх Вранишковски деновиве понудил помош до одредени владици на МПЦ. Екс владиката на МПЦ понудил да посредува српски и грчки експерти да помогнат во контактите со Цариградската патријашија и да изнајдат правна рамка за влез на МПЦ во канонско единство со православниот свет.
Од МПЦ сеуште нема информација дали синодот заседавал на оваа тема ниту дали наскоро ќе има седница за прашањето.
Според познавачи на состојбите во МПЦ ако има гласање, според распоредот на силите во Синодот, заговорниците за откажување на “македонскиот дел од името” тесно ќе победат затоа што сега ја имаат поддршката од владата, нешто што недостасуваше за време на потпишувањето на Нишкиот договор.
(This post was last modified: 31-05-2018, 06:22 PM by ЈорданПетровски.)
31-05-2018, 12:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Владата го објави писмото на Заев до Вартоломеј

31 мај, 2018
Макфакс

Владата денеска го објави писмото коешто премиерот Зоран Заев го испратил до вселенскиот патријарх Вартоломеј. Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, на прес-конференција рече дека премиерот Заев испратил замолница до Вартоломеј за решавање на долгогодишното црковно прашање и во неа не е побарано бришење на зборот „македонска“.



[Image: Pismo-upateno-do-Vselenskiot-patrijarh-g...66x800.jpg]


Ваквата изјава следи по информациите дека и премиерот Заев и Синодот на МПЦ испратиле писма до Вселенската патријаршија за враќање на МПЦ во канонските рамки под името Охридска архиепископија.


[img=0x0]https://adserver.mk/revive-adserver/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=100&loc=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25D0%25B2%25D0%25BB%25D0%25B0%25D0%25B4%25D0%25B0%25D1%2582%25D0%25B0-%25D0%25B3%25D0%25BE-%25D0%25BE%25D0%25B1%25D1%2598%25D0%25B0%25D0%25B2%25D0%25B8-%25D0%25BF%25D0%25B8%25D1%2581%25D0%25BC%25D0%25BE%25D1%2582%25D0%25BE-%25D0%25BD%25D0%25B0-%25D0%25B7%25D0%25B0%25D0%25B5%25D0%25B2-%25D0%25B4%25D0%25BE-%25D0%25B2%25D0%25B0%2F&referer=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2F&cb=852c00c2b1[/img]
[Image: Pismo-upateno-do-Vselenskiot-patrijarh-g...66x800.jpg]


Според него, ова е еден вид придонес што треба да биде даден кон решавање на овој долгогодишен црковен проблем.
31-05-2018, 06:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Владика Агатангел за „Ѕид“: Некој манипулира со Синодот на МПЦ, архиереите и со народот, но вистината секогаш победува


Можеби некој си игра и во Синодот, не можам да тврдам, ни да напаѓам, не сакам да си ја грешам душата, но може некој манипулира и во Синодот со нас архиереите, со народот, со верниците, со свештенството.


01.06.2018
[Image: fd_201861144025.png]Можеби некој си игра и во Синодот, не можам да тврдам, ни да напаѓам, не сакам да си ја грешам душата, но може некој манипулира и во Синодот со нас архиереите, со народот, со верниците, со свештенството. Но ќе испадне тоа на виделина, вистината секогаш победува, не можеме да се сокриеме зад вистината. Можеби претпоставуваме кои се тие луѓе, но времето ќе покаже, изјави владиката Агатангел во емисијата Ѕид на Алфа Телевизија зборувајќи за последните информации дека МПЦ се откажува од името Македонска Православна Црква како и за барањето од БПЦ да биде мајка ќерка на МПЦ.

-Македонија секојдневно ја тресат со информации некои се вистинити, некои се лажни, но последнава околу МПЦ е лажна затоа што на светиот архиерејски Синод се донесе одлука да се прати писмо до вселенската патријаршија и да се побара само автокефалност, признавање на нашата света македонска православна црква како автокефална, вели владиката Агатангел.

Според него не постои член на Светиот Архиерејски Синод кој ќе отстапи од светото македонско име на Македонската Православна Црква затоа што таа е тврдина и столб на државата. Тврдина и столб за вистината за македонскиот народ, тврдина и столб на сите оние кои се чувствуваат Македонци.

-Никој не ни размислува да се откаже од Македонската Православна Црква бидејќи тоа е името на нашата држава, на нашата црква, ние сме и национална црква на овој наш македонски народ. Но цела година сме потресени од разни напади, изјави, неправди понижувања, измами, но мислам дека ќе опстоиме, нагласи владиката Агантангел.

Во врска со договорот со Бугарија и барањето на МПЦ до БПЦ за мајка ќерка тој посочи дека договорот со Бугарија кога државата го потпиша, Синодот не го прифати и излезе со соопштение, но наредната седница некој се појавил со идеја да се бара од Бугарската Патријаршија да биде црква мајка и затоа додава дека постојат големи шанси некој да манипулира со Синодот на МПЦ.
(This post was last modified: 01-06-2018, 03:23 PM by ЈорданПетровски.)
01-06-2018, 03:20 PM
Reply