Македонското прашање претставува еден од проблемите на Балканскиот полуостров, а се работи за територијалните претензии на соседните држави на Македонија и прашањата за постоењето т.е. непостоењето на македонскиот народ, а со тоа и постоењето на македонскиот јазик. Србија, Бугарија и Грција, секоја од свои „причини“ имаат свои тези за непризнавањето на македонскиот народ, држава и јазик.
Народот којшто денес е населен на просторот на Република Македонија е од античко македонско и етничко потекло, а неговата етничка припадност е и денес предмет за успорување. Народот е македонски, а својот јазик - македонски јазик.
Започнувајќи од Берлинскиот конгрес во 1878 година, каде на Отоманската империја да ѝ се вратат во владение териториите на Македонија и Одринска Тракија од Санстефанска Бугарија. Потоа Србија и Бугарија започнуват со интезивна пропаганда кај населението. Двете пропаганди имале за цел да го идентификуваат локалното население во срби, односно бугари. Една од пропагандите беше и стипендијата која што ја доделуваа на идните интелектуалци и луѓе со високи функции да бидат индиректни заговорници на една од страните.
Во оваа пропаганда, преку Цариградската партријархија, Грција е вмешана уште од многу порано - Од времето на распуштањето на Охридската архиепископија со што најпрво започнува елинизацијата на македонското наеселение.
Бугарите својата теза ја базираат на историски факти, a не врз постојната реалност. Со тоа се прави обид на да се одржи тензија за идни можни конфликти во регионот. Со слични историски факти се користат и српските националисти при докажувањата дека Хрватите и Бошњаците се Срби.
Покрај крутиот бугарски став и инсистирање на сопствената вистина за непостоење на Македонците, во Бугарија сѐ уште никој нема храброст да регистрира партија на Македонците - водени според бугарскиот став за „непостоечка нација“'. Во тврдењето дека македонците се Бугари, Бугарија заборави да побара политички права за таканаречените егески бугари во Република Грција.
[
Србите својата теза ја градат на тоа дека голем дел од населението крајот на 19. и почетокот на 20. век под притисок на бугарите и турците се претопиле и ги промениле своите презимиња од -иќ (на српски јазик -ић) во -ски. (Ивановиќ е сменато во Ивановски).
Веќе беше спомнато дека, преку Цариградската партријархија, Грција е вмешана уште од многу порано - Од времето на распуштањето на Охридската архиепископија со што започнува елинизацијата на македонското наеселение.
Големата идеја (грчки: Μεγάλη Ιδέα) е проект за голема Грција на Балканот во границите на некогашната Византија која се појавува во мислите на Ригас и била публикувана во 1821 година. Како дел од оваа Голема идеја се засилува грчката националистичка пропаганда во Македонија, која во современа форма рефлектира денес во односите на оваа држава со соседите).
Како продолжување на оваа пропаганда денес грчката држава преку неприфаќање на името на македонската држава го негираат постоењето на македонската нација преку ирационалното неприфаќаер на употребата на терминот Македонија, Македонец и македонски јазик, затоа што, според официјалнитот став, Македонија е името на нивна провинција, која постои од минатото од времето на Александар Македонски, и нема врска со Словените кои се населиле неколку векови подоцна. Поради ова, Република Македонија исто така е позната и под називот ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија), меѓутоа се обидуваат и двете страни да изнајдат заедничко име, меѓутоа ниту една од страните не се согласува со издадените предлози.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!
http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
|