Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ ОСУДЕН НА ДВЕ ГОДИНИ И БЕКСТОВОТО - БАРАЊЕТО АЗИЛ ВО УНГАРИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Quote:Nikola Gruevski
5 hrs ·

Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил заради политички прогон во Република Македонија.
Во барањето за политички азил наведов дека истиот го барам заради политички прогон од новата влада предводен од партијата СДСМ.
Наведов дека владата сака да ми ја одземе слободата користејки недемократски чекори и методи и злоупотребувајки го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија.
Објаснив како се започна, со почетокот на објавувањето на нелегално стекнатите аудио матерјали, назначувањето на специјален јавен обвинител кој стана партиска алатка на партијата СДСМ, исто како и судот, ги опишав сите неправди, нерегуларности, незаконско работење, дискриминација, конструирани судски процеси и пресуди, конкретните судски постапки против мене и тортурата која по формирањето на новата влада ја трпам јас но и голем број други мои соработници, давајки конкретни примери и конкретни докази и завршив со бројните закани по мојот живот со кои се соочуваав во последните денови пред да ја напуштам Република Македонија.
Посочив и приложив конкретни примери дека во Република Македонија непостојат услови за фер и законски судски процес, ниту пак начин во една ваква атмосфера на политичка хајка од страна на владата да го заштитам мојот живот од бројните закани кои ми беа упатени.
Во Македонија се соочив со судии кои за секое мое или на мојата одбрна барање, чекаат инструкции како да одлучат од владата или од специјалниот јавен обвинител, од кого и самите судии се плашат, и кого го гледаат како преставник на актуелната влада.
Посебно ги објаснив неколкуте фундаментални прекршувања на законите, меѓу кои, спротивно на закон користењето на нелегално стекнати аудио матерјали кои под надворешен притисок судот ги прогласи за легални, користењето на копии кои не се споредени со оргиналот како докази врз основа на кои се носат пресуди, користењето на вештаци кои спротивно на закон прават вештачења без лиценца за вештачење, флагрантното кршење на законот за приватност и игнорирањето од страна на судот на сето ова, работењето на македонските судови спротивно на праксата на судот во Стразбург, како што е примерот со отфрлањето на актите за прекин на постапка издадени од страна на Претседателот на Македонија во два конкретни случаи, и нивно прифаќање во земја членка на ЕУ, недавањето можност и доволно време за подготовка на одбраната преку свесно набивање на судења секој ден, понекогаш и по цели денови, издаденото мислење на Комисијата за заштита од дискриминација која наведе дека сум предмет на директна дискриминација од страна на судијата Добрила Кацарска и од страна на Основниот суд Скопје 1, објавувањето на пресудата за случајот ,,Тенк,, во смисла дека ќе бидам прогласен за виновен, од страна на актуелниот премиер околу 10 дена пред судијата да ја објави одлуката, и огромен број други факти и докази кои ги образложив и од кој се состави огромен записник од над 30 страни.
Судот и обвинителството се претворија во инструмент за политичка уцена и пресмета со политичките неистомисленици, како и покривање на неработењето на владата.
Последните одмазнички притвори на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои очигледно се притворени само за владата да ја ублажи критиката по моето заминување од земјата и барање политички азил заради политички прогон, со лажни, фабрикувани и непостоечки докази само ја потврдуваат атмосферата во која денес живее Република Македонија.
Денес во Република Македонија се живее во услови на репресија од страна на владата, дискриминација, прогон, политички апсења и целосна контрола на владата врз судскиот и обвинителниот систем, вадење и ставање во притвор или затвор според политичките прилики и потреби.
Наместо унапредување на судскиот систем, Македонија има уназадување. Судот и обвинителството се користат како политичка алатка на владата заради остварување на своите политички цели и уцени.
Јас одлучив да се спротиставам на сето ова, и со мојот чекор да го издигнам ова прашање на повисоко ниво.
Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но неможе да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период а кое го опишувам.
Јас одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација.
Одлучив да ја продолжам борбата за македонската кауза, за каузата на Република Македонија, на начин на кој единствено можам во моментот, на начин на кој многу други личности низ историјата кога имале можност го правеле. И како што кажав во претходната објава, јас никогаш нема да се одкажам од таа кауза.
Јас не избегав од правдата,туку користејки други меѓународно правно регулирани методи продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија.
Јас до последен момент, иако гледав колку неправедно ме обвинуваат и судат, иако беше видливо дека судиите уште пред да го почнат судењето и пред да ги погледнат доказите, ја знаеја пресудата, секојдневно, како никој досега се соочував со правдата, се до моментот кога актуелната влада не одлучи неправедно и со политичка одлука да ме стави во затвор а потоа и да ме ликвидира.
Јас јавно кажав дека сум подготвен да одам во затвор доколку Заев се одкаже од погубните политики за Македонија и малтретирањето други луѓе.
Но тој очигледно сака се. Сака и да ја реализира распродажбата на националните интереси, и да го реализира разграбувањето на државата, и да ги суди и осуди стотици мои соработници и мене да ме затвори и ликвидира.
Одлучив да се борам и да се спротиставам на овој кукавица кој безочно секојдневно го лаже и краде својот народ и ја злоупотребува државната функција на која дојде на нечесен начин.
Македонија не смее да остане земја каде владата владее со судскиот систем и каде има политички прогони секој ден. Огромен број луѓе се под политички прогон во Македонија. Тоа мора да запре.
Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ, но несмее да се дозволи под превезот на оваа цел, актуелната недемократска власт да се пресметува со политичките неистомисленици и да им конструира судски случаи и затворски казни, со цел да може непречено да прави криминал, корупција и распродажба на државните и национални
20-11-2018, 08:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Quote:Димитров: Груевски имаше фер судење, тоа го потврди и Стејт Департментот

Судењето на Груевски било следено од ОБСЕ, од претставници на ЕУ и никогаш немало поплака, а неодамна Стејт департментот го окарактеризирал како фер и транспарентно судење и дека не е доведен во прашање кредибилитетот на процесот.


[Image: dimitrov-samuelsen.jpg]


Напишано од
МИА

21/11/2018
Иронија е и парадокс земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик. Македонија во решавањето на случајот со унгарските власти ќе инсистира на почитување на владеење на правото и ќе ги земе предвид сите национални интереси вклучувајќи и интересот за добри односи со Унгарија, рече на денешната заедничка прес-конференција во МНР шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со неговиот дански колега Андерс Самуелсен.
– Мислам дека во речниците случајот за Груевски може да се води под иронија и парадокс, бидејќи се работи за човек под чие што владеење Европската комисија ја дефинираше Македонија како заробена држава и имаме заклучок од Советот за општи работи од јуни годинава каде се бара правна разврска и одговорност за индициите за кривични дела што произлегуваат од прислушкуваните разговори поддржани од Европскиот совет. И сега Македонија како земја кандидат прави сѐ во Македонија да владее правото и навистина е иронија и парадоксално што човек што има пресуда, осуденик којшто се соочува и со четири други обвиненија и со пет истраги да најде заштита и добие азил во земја членка. Ова е проблем за Македонија, меѓутоа е проблем и за ЕУ и за кредибилноста на принципот на владеење на правото во ЕУ. Ние имаме еден сложен терен сега и ќе ги земеме предвид сите наши интереси меѓу кои и интересот за добри односи со Унгарија во решавањето за тоа што ќе правиме и како ќе правиме – рече Димитров.
Тој најави дека со неговиот унгарски колега Петер Сијарто ќе имаат средба на маргините на министерскиот состанок на НАТО на 4 и 5 декември, на којшто отворено ќе разговараат за овој случај.
Во врска со судењето на Груевски Димитров нагласи дека тоа било следено од ОБСЕ, од претставници на ЕУ и никогаш не добиле поплака, а неодамна Стејт департментот го окарактеризира како фер и транспарентно судење и оти не е доведен во прашање кредибилитетот на процесот.
– Немаме никаква пријава во МВР за закана по живот. Груевски имаше шест обезбедувачи по негов избор согласно Законот. Ако имаше несигурност можеше да побара уште. Така што, по сево ова ние мораме да продолжиме да инсистираме. Ниту за нас, ниту за Европа, ниту за Унгарија е добро кога има неселективна правда – рече Димитров.
Данскиот министер за надворешни работи Самуелсен истакна дека за случајот со Груевски бил информиран денеска на разговорите со Димитров и на темава ќе разговара со унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто на средбата во петок во Копенхаген.
Запрашан дали постои опасност и други земји да го следат овој пример на Унгарија да ги прифатат нејзините приговори во однос на состојбата со правосудството и да нѐ блокираат на нашиот пат кон ЕУ и НАТО, Димитров рече дека Македонија ќе инсистира на своите принципи и државниот интерес.
– Не сѐ што се случува е по наша волја. Наше е да инсистираме на принципите да објаснуваме. Кој било што ја следел ситуацијата во Македонија и сите извештаи од 2015, наваму ќе знае да процени, а тоа меѓу другото и се случува (изјавата на Хан и ставот на Вашингтон). Ќе работиме на тоа да се држиме до нашите принципи и нашиот државен интерес – вели Димитров.
Според него, никој нема корист кога не се почитува владеењето на правото и убеден е дека со оглед на оценките за тој процес нашиот кредибилитет е многу цврст по ова прашање.
– Принципот на владеење на правото е силен државен интерес и тој ќе биде земен предвид при сите идни контакти и чекори што како дипломатија ќе ги направиме со Унгарија. Меѓутоа, да најавувам нешто апсолутно ќе штети на самиот интерес. Ние имаме интерес Унгарија да нѐ поддржи за НАТО членство, за почеток на пристапни преговори. Така што сето ова заедно мора да се земе предвид и треба практично да ги убедиме дека и за нив е голем минус да се прави компромис со принципот на владеење на правото – рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.


Изјавата од Стејт Департментот досега никој не ја видел. Дали димитров ке ни ја скенира и прикачи на ФБ?
21-11-2018, 01:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

Quote:Собранието му го одзеде имунитетот на Груевски

 27 ноември, 2018

[Image: sobranie.jpg]

Пратениците со 62 гласа „за“ изгласаа да му се одзеде имунитетот на пратеникот Никола Груевски. Во салата не беа присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а преостанатите, без дискусија, изгласаа да му биде симнат имунитетот постапувајќи по барањата од кривичниот суд, кој бара притвор за Груевски. Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ, кој беше присутен во салата, не гласаше на седницата.






Ниту еден од пратениците не гласаше „воздржано“ и „против“. Поканет на седницата беше и претседателот Ѓорге Иванов, кој не се појави. Пратениците гласаа за шест барања за притвор, кои стигнале од кривичниот суд до Собранието.

За одземањето имунитет беа потребни најмалку 61 глас ,,за”.
Претходно, пратениците се обидоа да му го одземат и пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски, но не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство.
По бегството на Груевски, претседателот на Собранието во координација со пратеничките групи одлучи по шест месеци неоправдано отсуство, да се обидат уште еднаш да му го одземат мандатот. Дотогаш Груевски ќе зема намалена пратеничка плата.
27-11-2018, 09:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Quote:Се гледа како Груевски ја минува границата, на снимките кои Албанија денеска ги праќа во Македонија

25/01/2019
Албанските власти на своите колеги во Скопје, денеска ќе им ги достават снимките од бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку албанска територија, јави вечерва агенцијата Балкан веб.
Според истиот извор, снимките се обезбедени од сигурносните камери на граничните премини во кои е снимен и моментот кога Груевски влегува во автомобил и ја минува границата меѓу Македонија  и Албанија.
По веста за бегството на Груевски преку територијата на Албанија, преку соопштение Секторот за граница и миграција на албанската државна полиција, на 15. ноември потврди дека Груевски со автомобил во сопственост на амбасадата на Унгарија ја напуштил Албанија преку преминот „Хан Хоти-Муриќан“, на албанско-црногорската граница.
– Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Република Албанија на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на 11. ноември 2018 година во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A, сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана, стоеше во соопштенето.
Сепак, тогаш немаше одговор каде Груевски ја минал македонско-албанската граница, освен шпекулациите дека тоа го направил преку официјалниот премин „Блато“кај Дебар или легален премн во негова близина.
26-01-2019, 11:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

(26-01-2019, 11:21 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Се гледа како Груевски ја минува границата, на снимките кои Албанија денеска ги праќа во Македонија

25/01/2019
Албанските власти на своите колеги во Скопје, денеска ќе им ги достават снимките од бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку албанска територија, јави вечерва агенцијата Балкан веб.
Според истиот извор, снимките се обезбедени од сигурносните камери на граничните премини во кои е снимен и моментот кога Груевски влегува во автомобил и ја минува границата меѓу Македонија  и Албанија.
По веста за бегството на Груевски преку територијата на Албанија, преку соопштение Секторот за граница и миграција на албанската државна полиција, на 15. ноември потврди дека Груевски со автомобил во сопственост на амбасадата на Унгарија ја напуштил Албанија преку преминот „Хан Хоти-Муриќан“, на албанско-црногорската граница.
– Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Република Албанија на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на 11. ноември 2018 година во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A, сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана, стоеше во соопштенето.
Сепак, тогаш немаше одговор каде Груевски ја минал македонско-албанската граница, освен шпекулациите дека тоа го направил преку официјалниот премин „Блато“кај Дебар или легален премн во негова близина.


Quote:Снимките за бегството на Груевски низ Албанија се самоизбришале


January 29, 2019
Албанија не ги доставила снимките од безбедносните камери од бегството на екс-премиерот Никола Груевски низ таа земја.
Државниот обвинител Љубомир Јовески одговарајќи на новинарско прашење рече:
„Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува“ објасни Јовески како што пренесува „Мета“.
Снимките не биле рачно избришани, туку самиот уред функционирал така, објасни Јовевски, пренесува „Мета“.
Албанските власти најавија дека ќе ги достават снимките од бегството на поранешниот македонски премиер, најави пред пет дена агенцијата Балкан веб.
Според агенцијата, снимките се обезбедни од сигурносните камери на грачните премини во кои е снимен и моментот кога Груевски влегува во автомобил и ја минува границата меѓу Македонија  и Албанија.





Smajlito Smajlito Smajlito Smajlito Smajlito Smajlito
29-01-2019, 03:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Quote:Крај на фарсата: Никој не е виновен за бегството на Груевски


Објавено: 06-02-2019
[Image: gruevski-vo-budimpesta-2.jpg]



Основното јавно обвинителство утврди дека ниту едно службено лице не помагало, ниту учествувало во организацијата и реализацијата на бегството на Никола Груевски. Досега прибавените докази упатувале на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, но тие не претставувале кривично-правно дејствие и не биле во надлежност на Јавното обвинителство.

Обвинителството соопшти дека ги побарале снимките од видео-надзорот од камерите на „Сафе сити“ системот во Скопје, од повеќе хотели и други објекти, од патниот правец кон Шпиље и Дебар, од аеродромот во Скопје, како и од сите гранични премини кон Албанија.
Притоа, од три хотели во Скопје, добивме одговор дека не се во можност да го екстрахираат снимениот видеоматеријал, по што надлежниот јавен обвинител издаде наредба за одземање на приемниците за снимање и нивно вештачење.
Целокупниот прибран видеоматеријал со големина од околу 10 терабајти е доставен за анализа до Министерството за внатрешни работи. По таа наредба сѐ уште се постапува“, рекоа од ОЈО.
Од Интерпол, преку МВР доставена е информација со која се укажува дека не постојат податоци за излез на Груевски на ниту еден граничен премин од Македонија во критичниот период. Преку меѓународна правна помош, Обвинителството на 19 ноември доставило барање до надлежните институции во Албанија и во Црна Гора за обезбедување на снимките од видеонадзорот на граничните премини, како и од камерите со кои се покрива околината на амбасадата на Унгарија во Тирана. Црногорските власти по два дена ни ги дале материјалите.
Надлежните органи од Албанија, по две ургенции, на 9 јануари нѐ известија дека побараниот видеоматеријал е обемен и дека не поседуваат опрема за негов пренос. Наши екипи со хард дискови се упатија во Албанија за да го преземат бараниот материјал, но притоа беа усно известени дека материјалот не е сочуван, односно дека времетраењето на чувањето на снимениот материјал се разликува на различните гранични премини и изнесува околу еден месец од последниот баран датум“, објаснуваат од Обвинителството.
Во предметот биле издадени 16 наредби за листинзи од вкупно 60 телефонски броеви, сослушани биле 56 лица, од кои 28 полициски службеници од граничните премини, шестмина членови на обезбедувањето на Груевски, пет службени лица од Министерството за внатрешни работи и 17 други лица. Обвинителството од сите институции добило одговор оти никој не знаел дека Груевски се подготвува за бегство. Потврдено е дека во септември, поранешниот премиер на ист датум од три банки во Скопје повлекол 120.000 евра од своите сметки. Банките за тоа ги информирале Управата за финансиско разузнавање и Специјалното јавно обвинителство. Нејасно е зошто тоа не било симптоматично за институциите.
До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, кои не претставуваат кривично-правно дејствие и не се во наша надлежност“, заклучи Обвинителството.
Иако истрагата продолжува, се потврдија очекувањата дека никој нема да одговара што Груевски, кого во затворот во Шуто Оризари го чекаа на издржување на двегодишната затворска казна поради набавка на луксузниот „мерцедес“, успеа да побегне. По само неколку дена, тој доби азил во Будимпешта и од таму испраќа пораки до македонската јавност дека морал да побегне поради политичкиот прогон врз него и информациите оти му се подготвувала ликвидација во затворот. 
(This post was last modified: 06-02-2019, 02:20 PM by ЈорданПетровски.)
06-02-2019, 02:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47



06-02-2019, 04:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

Quote:MAĐARI TVRDE DA NIJE BILO ZLOUPOTREBA

Okončana istraga: Gruevski sa validnim dokumentima prešao granice do Mađarske


Gruevski je Makedoniju napustio 11. novembra i preko Albanije, Crne Gore i Srbije, stigao u Mađarsku. Makedonija je međunarodnu poternicu za bivšim premijerom raspisala 13. novembra



[Image: 20190227200216_057ac4a6-87e5-4cc3-9753-0...c37f0.jpeg] Gruevski (Foto: Boris Grdanoski)
 
Agencija BETA
27. februar 2019, 20:20 h
Mađarski istražni organi okončali su istragu o dolasku bivšeg makedonskog premijera Nikole Gruevskog u tu državu novembra prošle godine, navodeći da u cijelom slučaju nije bilo zloupotreba službenog položaja, ni bilo kakvih drugih propusta.
"Tokom istrage utvrđeno je da su putni dokumenti Nikole Gruevskog bili validni na ulasku preko srpsko-mađarske granice i na prethodnim graničnim prelazima i da je njegov ulaz u Šengenski prostor bio u skladu sa zakonom", navela je mađarska policija, prenose mađarski portal 444.hu, i Radio-televizija Srbije (RTS).
Policija je time zatvorila istragu o tome kako je Gruevski ušao u Mađarsku.
Ustanovljeno je da procedura dobijanja azila nije bila unaprijed organizovana nego da je on samostalno podnio zahtev za azil u Madjarskoj.
Mađarska je 20. novembra odobrila Gruevskom politički azil, objašnjavajući takav potez mogućim političkim progonom i lošim stanjem u makedonskim zatvorima.
Mađarska je otvorila istragu o dolasku Gruevskog zbog brojnih kritika pošto je bivši makedonski premijer u tu državu stigao u vreme kada je trebalo da se javi na izdržavanje dvogodišnje kazne zatvora zbog zloupotrebe službenog položaja, prenosi Radio-televizija Srbije (RTS).
Gruevski je Makedoniju napustio 11. novembra i preko Albanije, Crne Gore i Srbije, stigao u Mađarsku. Makedonija je međunarodnu poternicu za bivšim premijerom raspisala 13. novembra, kada se Gruevski već nalazio u Mađarskoj.
Makedonske vlasti još nijesu iznele detaljne informacije o tome kako je Gruevski uspio da napusti zemlju, prenosi Makfaks.
28-02-2019, 02:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#49

Quote:Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата





[Image: image.aspx?id=0c622d5b-6a60-4e37-807a-96...4566fbfb2e]

Азилантот Никола Груевски утринава е во судот во Будимпешта на рочиште за барањето за екстрадиција од македонските власти, објави унгарскиот весник „ХВГ“. Поранешниот премиер дојде во судницата со палто врз рацете за да ги скрие лисиците, а носеше темни очила и безбол капче, кои не ги извади ниту кога почна рочиштето.
Адвокатите на Груевски побараа рочиштето да биде затворено за медиумите, а обвинителството се согласи. Судот дозволи затворено рочиште, но одлуката ќе биде јавно соопштена.

Министерството за правда бара екстрадиција за Груевски за правосилната двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, а на 17 јуни министерката за правда Рената Дескоска рече дека наскоро ќе биде испратено и барање за екстрадиција во врска со организацијата на нападот во Собранието на 27 април 2017.
27-06-2019, 01:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50

Quote:Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

[Image: image.aspx?id=cc1845a5-f383-4771-a81e-a0...4566fbfb2e]
27.06.2019
Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.
27-06-2019, 01:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#51

[Image: 2.jpg]
27-06-2019, 01:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52



27-06-2019, 10:17 PM
Reply