Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ ОСУДЕН НА ДВЕ ГОДИНИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Никола Груевски осуден на две години затвор во случaјот Тенк

[Image: gruevski-na-telefon-696x423-696x423.jpg]

Две години затвор за екс премиерот Никола Груевски, како обвинет во случајот Тенк, односно набавката на мерцедесот од 580.000 евра. Поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски пак е осуден на шест години и шест месеци.
Судијката Добрила Кацарска образложувајќи ја осудителната пресуда истакна дека Груевски побарал од Гордана Јанкулоска да спроведе јавна набавка за мерцедесот, а таа го потикнала Ѓоко Поповски да ја фаворизира компанијата Мак Ауто Стар.
Таа истакна и дека Груевски ги потценил и омаловажил граѓаните бидејќи зад нивне грб во тајност го набвавил мерцедесот по лижна желба.
„Чест е да се биде носител на јавна функција, а особено премиер. Легитимитетот го добил од граѓаните па заради тоа требало да се грижи за нивните интереси. Но, наместо тоа тој ги омаловажил и потценил – истакна судијката Кацарската.
(This post was last modified: 23-05-2018, 04:18 PM by ЈорданПетровски.)
23-05-2018, 04:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:[Image: Grujo_presuda.png]










Човекот кој амнестирајки ги Албанците убијци на цивили Македонци и со тоа ја изневери Македонија и Македонците, продава лажен патриотизам.
(This post was last modified: 23-05-2018, 05:35 PM by ЈорданПетровски.)
23-05-2018, 05:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3






Моето предупредување кое му го пренесов на Груевски се изполни многу пожестоко!

[Image: 90c8a860751b252e58c26f97e05856c4_XL.jpg]
04-09-2018, 05:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4






Quote:Апелација: Не се точни тврдењата на Груевски дека веќе е донесена осудителна одлука за него


 4 септември, 2018
Од
Mak Fax


Апелациониот суд Скопје, во целост ги демантира наводите изнесени на прес-конференцијата од страна на обвинетиот Никола Груевски, во врска со предметот „Тенк“.
„Наводите на обвинетиот се во целост невистинити, исконструирани и тенденциозни со цел да се дискредитира судот и да создаде лажна перцепција во јавноста, дека судството е под притисок на власта и носи нарачани одлуки. Тврдењето на обвинетиот Никола Груевски на прес-конференцијата дека поседува сигурни извори дека судиите на Апелациниот суд Скопје, биле повикувани поименично еден по еден кај ВД Претседателот на судот, дека подлегнале на притисоци и дека веќе е донесена одлука за негова осуда, за предмет за кој се уште е во тек јавната седница, претставува груба невистина и манипулација со јавноста“ се наведува во соопштението од Апелација.

Од таму ја информираат јавноста дека предметот е распределен кај судијата известител согласно АКМИС системот, а советот постапува според годишниот распоред за работа на судиите донесен од страна на Претседателот на судот, согласно Судскиот деловник.
„Јавната седница е закажана согласно Закон, по барање на обвинетите и нивните бранители, за која беа определени два дена, со цел одбраната и обвинетите да ги изнесат нивните наводи во врска со обжалената пресуда. Времетраењето на јавната седница одржана на 31.08.2018 година беше пролонгирано поради последователни- едно подруго поднесувани барања на одбраната за изземање на судиите, со јасна цел истата да не се одржи, поради која причина и се одолговлекуваше траењето на јавната седница, а која по нејзиното започнување беше прекината и за продолжението на истата дополнително беше определен уште еден термин, усогласен со одбраната и обвинетите“ се додава во соопштението.
(This post was last modified: 05-09-2018, 02:40 AM by ЈорданПетровски.)
05-09-2018, 02:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ГРУЕВСКИ: Апелацискиот суд денеска го потврди тоа што вчера го објавив
/ 05.09.2018

[Image: gruevski.jpg]

Сосема очекувано беше дека судот ќе ги демантира сознанијата изнесени во мојата денешна изјава. А што друго би направил, се огласи денеска поранешниот премиер Никола Груевски, преку својот Фејсбук профил.
– Но, од соопштението – демант на Апелацискиот суд, не само меѓу редови, туку и директно се чита пристрасноста на оној кој го креирал текстот на овој демант и се наѕира веќе донесената одлука за мое прогласување за виновен, иако ниту имам сторено кривично дело, ниту постојат докази за такво нешто, ниту судската постапка во прв степен е соодветна, ниту пак по закон можат да вршат гонење за нешто што има и релативна и апсолутна застареност а во корелација со член член 30 од КЗ. Судот си дозволил во одговорот јавно да се пресметува со мене, обвинувајки ме дека со остварувањето на моите права кои се сосема оправдани во правец на барање неколку изземања, всушност дека сум сакал да го одолговлекувам судењето. На пример за изземање на судија за кого е отворена постапка за одговорност веќе има и судска пракса за негово изземање од кога во 2017та истото се случи во Кривичниот суд, пишува Груевски.
Тој натаму додава:
– Притоа забораваат дека максимумот што го бараше адвокатот на другиот обвинет од името на сите адвокати беше одложување за еден работен ден, со цел наместо во петок, во понеделник да бидат присутни сите адвокати. Не може да стане збор за одолговлекување кога се бара изземање на судии кога се знае дека тоа се решава за еден час, како и што беше направено, или најмногу ден-два доколку се прифатеше барањето за изземање, вклучително и она за кое одлучува врховниот суд, додава поранешниот премиер на Република Македонија.
Со ова соопштение-демант, вели Груевски, за жал Апелацискиот суд само го потврди она што го објавив, а наскоро и на дело ќе го покаже тоа кога ќе ја објави одлуката.

05-09-2018, 11:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Апелација ја потврди зарворската казна на Груевски за „Тенк“


[Image: gruevski_sud.jpg]


– Апелацискиот суд во Скопје како неоснована ја одби жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за затворска казна од две години.

Судот делумно ја прифати жалбата на обвинетиот поранешен помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски и го преиначи делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од четири години и шест месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
Кривичниот суд Скопје на 23 мај година за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.
Двајцата потоа поднесоа жалби на првостепената пресуда до Апелацискиот суд Скопје.
05-10-2018, 11:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,606
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Груевски: Затворот е политички прогон

[Image: 43224579_241757753168201_6325808591542419456_n.jpg]


25 минути - 5 октомври, 2018
Васко Маглешов


Затворот е политички прогон, нема да ги поддржам уставните измени и да го изневерам мојот народ, изјави експремиерот Никола Груевски по соопштувањето на одлуката на Апелациониот суд со која му се потврдува двегодишната затворска казна за случајот ,,Тенк”.
Тој вели дека ќе ги искористи правните лекови пред Врховниот суд и дека нема нови докази за пред највисокиот суд. Груевски соопштението на Апелација го дочека во судница дури ги слушаше бомбите во ,,Титаник”.
05-10-2018, 12:24 PM
Reply