Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,424
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Турски документи за последната битка на Гоце Делчев!

[Image: Goce-Delcev-Bitkata-kaj-Banica-696x371.png]

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев, роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, а починува на 4 мај 1903 година во Баница. Делчев е македонски револуционер и национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
Претпоставките за убиството на Гоце Делчев и натаму остануваат во „превезот на таинственоста“ се додека не бидат отворени „трезорите на цариградските, софиските, атинските и другите архиви“, како што констатира еден од најупорните истражувачи на Гоцевото време и дело д-р Христо Андонов Полјански.
Во прилог следат дел од оригиналните документи со нивен превод на македонски јазик:
04-05-2018, 12:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,424
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:[Image: Turski-dokument-za-ubistvoto-na-Delcev-5-1903_1.jpg]

„Четата на Гоце Делчев, еден од прочуените челници, составена од дваесет и еден бунтовник, на кои им се придружија и бесрамници од бугарското население, так што сега достигнаа приближно седумдесет до осумдесет (души) биле опколени од страна на одредите на царската војска во селото Баница, оддалечено два и половина часа од Сер. Во резултат на судирот кој траел триесет часа, мртви во раце паднаа единаесет бунтовници, меѓу нив и Делчев. Од бомбите и динамитот што го употребиле бунтовниците, дел од куќите изгореле. А дел од куќите кои бунтовниците вообичаено ги употребуваат како складишта за оружје,самите ги запалиле па и тие , исто така, изгореле. Под урнатините беа пронајдени и очекуваните бунтовнички постројки. Кај Царската војска имаше пет лица загинати и осум ранети. Од фатениот еден ранет бунтовник добиени се информации за другите нивни челници. Кај Делчев е најдена една карта на која е прикажан Серскиот реон иедно упатство за уривање на железничката пруга. Со оглед на дадената сигурна вест за избувнување на бунт во Сер во утврдениот ден, според текот на настаните се заклучува дека бунтовниците, со префрлување во Сер на употребените динамит и бомби во рамките на овие ден два, биле во состојба да поредизвикаат безредие. Направен е обид за смсестување на населението кое во времето на судирот било изгонето надвор од селото од страна на царската војска. Се доставува врз снова на податоци. Заповед.“

(Турски документи за убиството на Гоце Делчев, Превод, редакција и коментар Александар Стојановски стр.32-33 Архив на Македонија, 1992)
04-05-2018, 12:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,424
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Телеграма на Солунскиот валија Хасан Фахми од петти мај 1903 година. Како причина за доцнењето се зема оддалеченоста.


[Image: Turski-dokument-za-ubistvoto-na-Delcev-5-1903_2.jpg]
„Дополнување. На 22 април 1319 година (05 мај 1903), при судирот во серското село Баница, фатениот ранет бунтовник Ѓорѓи Стојан од Савјак, според признанијата што ги дал пеи сослушувањето изјавил: Загинатиот Делчев, на чело на триесет лица пред извесно време го дигна во воздух железничкиот мост во близина на Анџиста. Споменатиот, со неговиот другар Димитре Стојан, неодамна одејќи за Солун, се нашле во него за време на тамошните настани.Делчев заедно со своите истомисленици положил клетва дека ќе го крене селското населени на општо востание. Отсега натаму за појавените спорови меѓу селаните да не се обраќаат на власта, а желбите да им ги доставуваат на бугарските селски учители. Самите тие, при своите посети на селата секогаш ќе ги разгледуваат нивните жалби. Изговарал празни зборови, како што е востанувајќи сите наеднаш, дека ќе ги преземат тукашните места. Заради извршување на уште еден сатански злочин во Сер, при тајното одење за Сер, Делчев ги опковувал локолните села. Откако пристигнале во селото Баница, биле блокирани од страна на царската војска и жандармеријата. Делчев, како и другите, меѓу кои имало челници, паднале убииени и ранети. Во сите села сообразно со нивната големина, пронајдено е оружје. (Фатениот Ѓорѓи) изјавил дека од две илијади пушки што ги очекувале да им пристигнат, илјада ќе биле испратени од Бугарија, а илјада од Грција, преку Солун. Преку оваа изјава, едновремено потврда на Делчевото убиство, одново излегоа на виделина неговите сатански намери. И покрај сомневањето во степенот на веродостојноста на иакажувањата на споменатиот за сите настани, извршено е тајно известување во однос на потребните мерки за спречување на внос на секаков вид оружје и за внимавање околу сочувување на мирот. Од друга страна чинејќи да продолжи сослушувањето на споменатиот бунтовник, сда се упростувада продолжи со давање на информации. Доставено е.“

(Турски документи за убиството на Гоце Делчев, Превод, редакција и коментар Александар Стојановски стр.42-43 Архив на Македонија, 1992)
04-05-2018, 12:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,424
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Изјава со која се потврдува убиството на Гоце Делчев и се потврдуваат неговите намери за организирање на востание во Серскиот регион.


БИТКАТА КАЈ БАНИЦА


[Image: Goce-Delcev-Krst.jpg]

Битката кај Баница е борба водена помеѓу четата на Македонската револуционерна организација на чело со Гоце Делчев против турскиот аскер кај селото Баница (Шарлија) во 1903 година.
Пред почетокот на самата битка турските власти добиле точни подтоци за бројот на четниците и каде точно тие биле сместени, во кои куќи. Ноќта на 3 мај селото било опколено од страна на османликста војска. Бројот на турските сили се состоел од 300 војници и жандармериски и башибозлучки формации, од. Од друга страна пак бројот на четата изнесувала 21 четник на кои им се придружиле и околу 40 селани.
Борбата започнала утрото во 10 часот на 4 мај, Гоце Делчев прв припукал кон аскерот по што бил погоден и паднал на земја, при обидот да стане повторно бил погоден и загинал, а останатите продолжиле да стрелаат. Битката траела 30 часа и завршила на 5 мај во 16 часот.
Во текот на борбата загинал еден од најистакните водачи на Организацијата зедно со 11 четници. По судирот турците го запалиле селото, а 166 селани биле затворени. Османалиите од своја страна имале 8 ранети и 5 загинати.

(Турски документи за убиството на Гоце Делчев, Скопје, 1992)
04-05-2018, 01:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,424
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:МИСТЕРИЈА: Последната кавга на Гоце и Даме за востанието

04.05.2018
Една од најголемите загатки на македонската историја од илинденското време е солунската средба на Гоце Делчев и Даме Груев на Велигден 1903 година за решението од јануари таа година да се крене востание. За едни, средбата била големо разочарување за Гоце, за други, тој и Даме на крајта сепак постигнале некаква согласност. Што навистина зборувале двајцата војводи?
 ‘Отидов во гимназијата (чиј објект одамна не постои, н.з.) и го сретнав Делчев во долниот салон крај скалите кои водеа кон горниот салон, пред кабинетот за физика и математика. Беше облечен во нова европска облека. Ме пречека насмевнат и се поздравивме празнично. Потоа ми кажа дека ме викнал за да ми соопшти дека се сретнал со Груев’, сведочел војводата Крсто Лазаров во 1930 година, на барање на неговите пријатели да каже се што знае за средбата во Солун.
Една од клучните епизоди пред Илинденското востание, но и пред загинувањето на Гоце Делчев во Баница, е неговата средба со Даме Груев во Солун за време на велигденските празници во 1903 година. Таа веќе со децении го предизвикува вниманието на нашите историчари, дури и на тие кои сметаат дека во врска со нејзе нема веќе што да се каже или открие. Од многумина, прифатено е мислењето дека, помалку или повеќе, и двајцата останале на своите гледишта: Даме за поддршка на решението од Солунскиот конгрес за кревање востание, а Гоце за продолжување на борбата со акции далеку од населените места кои ќе ја спречат одмаздата на Османлиите врз цивилното население.
Што навистина се зборувало на таа средба? Прашањње е дали тоа  некогаш дефинитивно ќе биде откриено. Интересно е сведоштвото на војводата Лазар Димитров (1869 г. с. Дренок, Дебарско – 1945 г. Пловдив), публикувано на 5 мај 1930 година во Пловдив во спомен на загинувањето на Делчев.
‘По желба и настојување на пријателите да го кажам тоа што го знам за становиштето на Гоце Делчев за Илинденското востание, за средбата со Даме Груев за време на Велигден 1903 година во Солун и за порамнувањето на нивните гледишта по тоа прашање, решив да ги напишам подолу изложените мои спомени’, започнува Лазаров.
Тој го опишува нашироко познатото влегување на Делчев во Солун во селска облека, со кошница вапцани јајца, а потоа вели дека на вториот или третиот ден од Велигден, претпладне, бил итно повикан од еден служител да се јави во Учителската гимназија во Солун.
‘Се јавив во гимназијата (чиј објект одамна не постои, н.з.) и го сретнав Делчев во долниот салон крај скалите кои водеа кон горниот салон, пред кабинетот за физика и математика. Беше облечен во нова европска облека. Ме пречека насмевнат и се поздравивме празнично. Потоа ми кажа дека ме викнал за да ми соопшти дека се сретнал со Груев и дека го разгледувале прашањето за востанието. Крајниот резултат бил дека и тој, Гоце, се согласил да се прогласи востанието на крајот од летото, но партизанско-четничко, а не масовно. Такво беше и решението на конгресот. Со тоа се стави крај на спорот за кревање на востанието и не остануваше ништо друго, освен да се брза со подготовките. Се разделивме со желби за успех. Тоа беше мојата последна средба со Гоце’, запишал Димитров пред 90-тина години.
Христо Поп Коцев (1869, Ново Село, Штип – 1933, Варна), учител и член на ЦК на ВМРО, на 9 јули 1922 година во зборникот Илинден, за солунските настани од тие денови во кои главно се задржува на случувањата поврзани со атентатите на гемиџиите, меѓудругото запишал:
‘На Велики Четврток, тогаш кога се читаа евангелијата, едно момче дојде и му прошепоти на Гарванов дека Гоце пристигнал. Гарванов излезе од црквата и го пречека скапоцениот гостин. Следниот ден дојде до средбата. Даме и Гоце нашироко разменија мислења за востанието. Даме веќе беше убеден во неопходноста од востанието, додека Гоце продолжуваше да биде партизан на анархичните акции. Најпосле и тој се согласи.’

Чакаларов против Даме
Како што може да се забележи, станува збор за двајца непосредни сведоци на настаните, но нијансите во нивните записи воопшто не се мали. За Лазаров, Гоце се согласил само на партизанско востание, а од сведоштвото на Поп Коцев се стекнува впечаток дека на крајта Гоце се приклонил кон размислувањата на Даме.
Истата 1922 година, во истиот зборник, објавено е и сведоштвото на Козма Георгиев (син на човекот во чија куќа е одржан Смилевскиот конгрес) кој на Коста Црношанов му го прераскажал тоа што го чул од илинденскиот војвода Димитар Кромидаров од Смилево, кој пак бил другар со Даме и кому овој му го раскажал целиот разговор со Гоце во Солун. Целта на сведоштвото на Козма, како што самиот навел, е да побијат тврдењата кои и тогаш владееле, а според кои ‘содржината на разговорот меѓу Гоце и Даме никому не е познат’.
И според Димитар, средбата се случила на Велики Петок. Гоце сметал дека решението за востание е избрзано, зошто сите окрузи не се доволно подготвени. На тоа, Даме, меѓудругото, одговорил:
‘Не сме целосно подготвени, но тоа се чини невозможно. Секое одлагање за да се подготвиме уште повеќе, може да биде причина да го изгубиме и тоа што сега го имаме, без да се ангажираме во отворена борба… Сите востанија се случувале за да се предизвикаат светските фактори да се справат со состојбата создадена од востанието. На истиот начин, и ние го очекуваме нашето ослободување. Колку и да се подготвуваме, ние нема да ја скршиме турската власт, но ќе го предизвикаме тоа што го предизвикале сите востанија – вмешуваwето на големите сили во работите на Турција’.
Димитар раскажувал дека и Гоце и Даме дошле до едно исто становиште – дека востанието е неизбежно. Во некои реони како масовно, во други според можностите. ‘Во тие востанички дејствија, нема да можат да се избегнат ни атентатите до кои толку многу држел Делчев’, се сеќавал Димитар пренесувајќи го кажаното од Даме.
Ова е отприлика на линијата на сфаќањата кои поаѓаат од тоа дека Груев имал една, а Делчев друга идеја за начинот на ослободување на Македонија. Меѓтоа, во Дневикот на Васил Чакаларов, легендарниот костурски војвода, Даме е сместен во групата луѓе врз кои треба да се врши притисок за да се крене востанието. Кога на 19 април 1903 година (според стариот календар) во Смилево стигнала веста за солунските атентати, Даме Груев се обидел да објасни дека бил направен обид атентатите да се спречат или барем да се одложат до почетокот на востанието. Чакаларов тоа го сфатил сосема поинаку, па запишал:
‘Како и да е, јас се радувам (на Солунските атентати, н.з.) и нека си говорат Груевци и компанија, тие мислат и следната година да не дигаат востание. Но, тоа само по себе ќе си дојде…’. Овие зборови на Чакаларов се неверојатни: Даме, човекот кого сите го обвинуваат дека е еден од виновниците за предвременото востание по 500 години ропство, од костурчанецот е обвинет дека всушност сака да го оддолговлекува кревањето против Турците. А, Чакаларов бил многу нешта во животот, но не и човек кој не знае што зборува.

Разочаран Гоце                                                        
Од друга страна, за многу македонски историчари, меѓу кои и проф. Михајло Миновски, дилеми нема. Врз основа на неговите истражувања, меѓу Даме и Гоце немало согласност. Во ‘Златна книга – 100 години ВМРО’, објавена во 1993 година, за средбата во Солун запишал: ‘Наместо сомисленик и соработник, Делчев сретна опонент… По разидувањето со Груев, Делчев немаше веќе што да очекува од актуелниот состав на ЦК во Солун. Му преостануваше акцијата – менувањето на донесената одлука за востание да ја води со окружните раководства и со војводите… Делчев го напушти Солун и се упати во Серскиот револуционерен округ каде закажа окружен конгрес на кој требаше да се донесе решение против кревање востание’.
Ваквите заклучоци, исто така се поткрепени од сведошта, како, на пример, тоа на Ѓорче Петров кој во неговите ‘Спомени’ тврди дека во Солун ‘Делчев го доживеа последниот удар на разочарувањето’. Рафаел Камхи, единствениот македонски Евреин, илинденец, кој живееше до 1970 година, забележал:
‘Изутрина отидов во хотелот. Даме веќе беше станал. Порачав кафе и чекав тој да ми каже нешто за средбата во Солун со Гоце. Но, тој не зборуваше ништо. Го запрашав: Кажи нешто за Гоце, што прави тој, ме поздрави ли? Ми одговори дека имам многу здравје од Гоце. Друго ништо не зборувавте?
Најпосле ми одговори: ‘Со Гоце не можевме да се разбереме и многу студено се разделивме’.
Михаел Герџиков, човекот кој подоцна се оженил со девојката на Гоце (за што имал добиено аманет), по повод неговото загинување во Баница навел: ‘Судбината отстрани една голема пречка во борбата да се спроведат решенијата од Солунскиот конгрес’.
Дел од овие сведоштва се базирани врз основа на кажувањата на Пејо Јаворов, првиот биограф на Делчев, кој некаде во Серско, од него лично слушнал што разговарале двајцата војводи во Солун, по што се разделиле, а Гоце се упатил кон Баница.
Така доаѓаме до тоа дека и едната и другата верзија се базирани на документирани сведоштва, но во нив постојат прилично спротивставени вистини. Според првите, Гоце на крајта се согласил со Даме, според вторите на средбата само било зацврстени нивните разлики. Што од тоа е точно? Веројатно ќе треба да помине уште време, уште истражувања, и во секој случај, разгледување и на околностите во кои различните сведоштва се дадени. Колку што е неразумно да се каже дека некој од сведоците не ја говори вистината, толку е разумно во барање на вистината да се претпостави дека, на пример, сведоштвото на Лазаров е дадено во услови на потреба од глорификација на настаните и затскривање на евентуалните несакани моменти. Значи можно е неговиот запис за согласноста меѓу Гоце и Даме да е малку ‘разубавен’. Но, од друга страна, и тврдењето на Ѓорче, кое е спротивно на тоа на Лазаров, а кој бил во ‘војна’ со цело ВМРО и кој повеќе ги сакал столиите и ладната кригла со пиво во софиските меани, мо`еби не би издржало посеопфатна анализа. Оттука, тешко е да се долови апсолутната вистина за тој настан, а со тоа и апсолутната вистина за самото востание, но истовремено и за загинувбањето на Делчев во Баница со оглед на сведоштвата дека тој бил предаден уште во Солун. И додека тоа не се случи останува секој да му поклони верба на гледиштето кое лично го смета за поиздржано.
 
05-05-2018, 12:42 AM
Reply