Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
1 МАЈ ДЕН НА ЦРВЕНИОТ ВАРВАРИЗАМ !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,424
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Денот на црвениот варваризам 1 мај, да се избрише од историјата

[Image: 31687376_1654739494610469_69899725373754...e=5B512363]

Чикаго 1 Мај 1886 година, анархистичкиот радикал (како што се опишува себеси) Дејвид Спајс (David Spice) фрла бомба врз полицијата која ги обезбедува работничките протести, убивајки притоа 7, повредувајки преку 30 полицајци.

Пишува: Виктор Трифуновски
Чикаго 1 Мај 1886 година, анархистичкиот радикал (како што се опишува себеси) Дејвид Спајс (David Spice) фрла бомба врз полицијата која ги обезбедува работничките протести, убивајки притоа 7, повредувајки преку 30 полицајци. Вработен во локалната самоуправа, но и како колумнист во еден локален врсник, Спајс со недели претходно објаснува дека само реку добро организирано насилство може да се дојде до поголеми „работнички права“. Историските факти велат дека Спајс ниту потекнува од работничко семејство, ниту пак воопшто имал прилика да го искуси животот на работниците во фабриките. Тој бил политички екстремист, со огромна желба за создавање на нов политички субјект, кој наводно се грижел за работниците. Негова најголема поддршка бил Алберт Парсонс (Albert Parsons) ветеран од Граѓанската Војна во која се борел како војник на Конфедерацијата (Југот). По Граѓанската Војна, Парсонс најнапред членува во Кју Клукс Кланот формиран 1868 годин, најрадикалната расистичка организација во историајта на САД, за подоцна, повторно од расистички причини да ги формира синдикатите во државите Илиноис и Алабама. Според Парсоснс, синдикатите морале да ја сочуваат цената на „белиот труд“ од безвредното работење на „Нигерите“(погрден израз за афро-американците). Парсонс исто така немал никаква врска со „експлоатацијата“ на работниците која наводно се случувала по фабриките. И тој потекнува од богато аристократско семејство, кое пред Граѓанската Војната во САД држело стотици робови, а имале и фабрика за чевли и производи од крзно. Друг значаен лидер на овие настани е Оскар Нибе (Oscar Neebe) син на германски трговец со злато и сребро, чие семејство се доселува во САД 1850 година, отворајки ланец на продавници за скапоцености во Бостон, Њу Јорк, Филаделфија и Чикаго. Понатаму, Самуел Филден (Samuel Filden), протестантски свештеник, Михаел Шваб (Michael Schwab) германски публицист и ко-сопственик на весникот Arbeit Zeitung (Работнички Весник).
Целата оваа банда нема никаква врска со работничките права, сите до еден се или аристократи, или државни службеници, обединети во омразата против слободниот пазар и претприемништвото, против слободното формирање на цените и социјалната динамика-според која работник на долг рок можел да стане и инвеститор. Имајки во предвид дека истите на почетокот имаат целосна поддршка во тогашниот градоначалник на Чикаго, Катер Харисон Сениор (Carter Harrison Sr) станува јасно како ваквата група лузери добива на серозност и силна поддршка од неупатените и економски неписмените работници. По фрлената бомба од оваа група кон полицијата на 1 Мај 1886 година, и по страдањето на десетици полицајци, полицијата возвраќа со оган врз групата, во која исто така има погинати и ранети.
Во годините кои следат, некогашниот индустриски шампион Чикаго, се претвора во вистинско анти-бизнис дувло, во кое анархистите, синдикалистите, комунистите, како и разно-разните самопрогласени „работнички лидери“ …создаваат невиден антагонистички менталитет кон инвеститорите, банките, трговците и сите други работодавачи. Конечно, градоначаникот Харисон Сениор престанува да ги поддржува во 1893 година, по што е убиен од Патрик Прендергаст (Patrick Prendergast) еден од најрадикалните комунисти во тогашно Чикаго. Индустријата од Чикаго, масовно почнува да се сели во соседен Детроит, а со него и богатите и претприемчиви луѓе. Во првата половина од 20-тиот век, Чикаго прераснува во најкриминализираната зона во светот, во која работничките организации и синдикатите делуваат синхронизирано, па неретко и заедно, со мафијашките групи. Ал Капоне и Чарли Лучијано, најголемите криминални имиња од чикашкото подземје од тоа време, отворено се заканувале до сите корпорации кои одбивале да платат рекет со зборовите „Ако не платите, ќе ви ги пуштиме синдикатите“. Френк Нити (Frank Nitti) сметководителот на Ал Капоне, со чија помош Федералното Истражно Биро доаѓа до релевантни податоци за негово апсење и затворање, својата кариера ја почнува токму како синдикален лидер на рударите кои копаат јаглен. Френк Нити oрганизирал штрајкови исклучиво по барање на чикашкото подземје, а бил влијателен од Големите Езера, па се до Галвесон-најголемиот рудник за јаглен во Тексас.
Целиот овој хаос, чии епилог се многу невини животи, и осиромашување на некогаш богати градови и региони, е почнат токму на фамозниот 1 Мај 1886 година во Чикаго… и незнам од кои причини, истиот датум е прогласен за ден на трудот и солидарноста. Се што останало во Чикаго после тој датум, е хаос, безредие, највисока можна стапка на криминал и корупција, невини жртви чии точен број засекогаш останува непознат, како и многу сиромаштија поради заминувањето на индустријата, или поголемиот дел од неа.
Вистината за намалувањето на работното време е сосема поинаква, и таа врска нема со никакви штрајкови, синдикати, или друг облик на т.н „Класни Насилства“. Прво автоматизацијата и електрификацијата на производството доведоа до повисока продуктивност на родителите, со што е исчезнат детскиот труд, додека механизацијата на земјоделското производство го стори одприлика истото во земјоделието. Фергусон, Тесла, Форд, и сличните на нив, направиле многу повеќе за обичните луѓе, одколку сите анти-капиталистички душегрижници заедно. Зголемувањето на инвестициите и продуктивноста е она што ни носи раобита, пари, но и поевтини производи кои не прават побогати. За таквите резултати да бидат побрзи и поизразени, потребна е десоцијализација на економијата, а не нејзино дополнитено оптоварување со социјални трошоци, и поготово не вредности превземени до 1 Мај.

ЛИДЕР
01-05-2018, 10:46 PM
Reply