Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 3.29 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Панче Шаламанов
Author Message
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#1

Тајното писмо на македонскиот осуденик за идеата на ВМРО ,Панче Шаламанов го објавувам со цел да се прикаже целата онаа антимакедонска хистерија на југословенските и македонските комунисти кон сите македонски патриоти кои се залагаа за Независна Обединета Македонија.Во своето писмо Панче Шаламанов вели:

Државата во сталинистички стил уништуваше се што ќе и се испречи на патот кон социјализмот создавајќи култ на неуништивост, кој го бранеше со садизам, омраза и со одмазда кон своите идејни и идеолошки противници. Во 1950-51 год. во „Идризово“ и по логорите низ Македонија вриеше како во улиште. Политичката атмосфера секојдневно се вжештуваше не само во затворот, туку и во државата, оти незадоволството се зголемуваше на секој чекор. Македонија се повеќе стануваше експериментален полигон на сталинистичко-титовистичките идеолошко законодавство. Кардељевиот Закон за формирање на селски работни задруги, тоа најдобро го потврдува, со што и ја прелееја горчливата чаша. УДБ-а и милицијата спроведуваа терор по сите македонски села и врз сите што се спротивставуваа на законот за колективизација. Востана македонското село! Се спротивставуваа голораките, гладните и босите селани: мажи и жени, старци и деца, бранејќи го сопственото огниште и секоја педа од дедовската земја. Црвените, брутално го кршеа отпорот на ограбените и истоштени селани. Со сила, со експериментални идеолошки закони, селанецот требаше да стане најобичен роб на сопствената земја; присилуван да мигрира в град каде Партијата ќе го трансформира во индустриски лумпенпролетер. Требаше да се растури традиционалното македонско село и вештачки да се создаде работничка класа, преку која Партијата демагошки ќе владее со државата. Судските фарси, масовно ги полнеа затворот во Идризово и логорите, а во еден миг во смртничката соба педесетмина селани очекуваа извршување на смртните казни. Овој бескраен ешалон од чесни земјоделски патриоти беше нашиот вмровски сојузник, кој се вклопи во општата борба против македонските игноранти. Партиската полиција УДБ-а имаше полни раце и нозе работа, со императив, да од вмровската идеја за самостојна и суверена македонска држава не остане ниту камен врз камен, оти таквата помисла беше анатема, а еретиците завршуваа на клада. Но, ние заколнатите на светата идеја, бевме пиреј, македонски троскот, неуништлив! Со долгогодишен затворенички стаж, поминати низ бури и урагани, политички се повеќе зреевме и национално се дефиниравме, способни за автохтоно расудување и за спротивставување на антимакедонската медуза. И покрај тоа што формално не бевме организациски поврзани, ние претставувавме хомогенизирана целина, а нашиот политички и морален авторитет и рејтинг беше евидентен на секој чекор. УДБ-а знаеше дека не може идејно и идеолошки да не скрши и покори, но затоа пак, се интензивира тешката присилна работа со примена на зголемена репресија и секојдневни провокации, со единствена цел во затворот да се создаде атмосфера на страв и покорност. Во таа смисла УДБ-а во Идризово инсталира свој погон за секојдневно иследување со своите познати методи. Со нас деноноќно работеа измислените подуправители: Василе Конески-Цевката и Пецо Јаничот, двајцата од Прилеп; Таки Маја, од Крушево и Перо Тодоровски- Тумачот, од Кавадарци. Монструозното сценарио проектирано во партискиот врв почна доследно да се спроведува. Така, во идризовскиот затвор, трето одделение, се изврши селекција на непоправливите фанатични млади вмровци, при што се оформи 4-та соба, врз која се примени посебен карантин и грозоморен третман за нашето превоспитување или ликвидирање. За илустрација, еве ги имињата на нецелосниот состав на ова политичко гето: свештениците-Јонче Кузмановски, од с. Жван, Демирхисарско; Ванчо Божиновски, од Крушево; Методи Гогов, од Штип; Борис Чаракчиев, од Радовиш; Славчо Петров, од Крива Паланка, Ѓорѓи Пандилов од Битола. Учениците: Пецо Петков, Крсте Велјанов, Никола Коларов, Димче Папакоч, Коста Христодулов, Бруно Котев, Ѓорѓи Христов, Благој Нечевски, Глигор Чулев, Киро Мојсов, Тодор Велков, Наум Којзеклиев, Ацо Рунтев, Јосиф Јосифов, Тодор Мицев, Панче Шаламанов. Земјоделците: Киро Коцев, Илјо Петрушев, Коте Стојанов, Васил Чурлинов, Ванчо Пичулов, Методи Шапкаров, Крсте Цветкоски. . . По тоа: Борислав Градишки, Ратко Градишки, Ефтим Гашев, Цветко Чолак, Киро Матрак, Ристо Тасев, Томе Мазнејков, Ацо Унев, Ѓорѓи Атанасов, Перо Пиштолов, Јордан Коцанов, Јордан Теодосиев, Блажо Ципушев (Младиот) , Славе Петровски, , Никола Карајанов, Блажо Давчев, Ванчо Барбутов...
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
03-06-2010, 05:40 PM
Reply