Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА ПРОТЕРА РУСКИ ДИПЛОМАТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,651
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Соопштение на Министерството за надворешни работи на Република Македонија


Објавено: 26 Март 2018
Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
 Користењето на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји.



[Image: 29684211_1491481327641872_19750531828572...e=5B72545D]


По обичај Македонија се прави во погрешно време. Сега не е време Македонија да избира страна.
26-03-2018, 11:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,651
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Димитров: Рускиот дипломат се обидел да добие класифицирани информации


27.03.2018
Одлуката за протерување на рускиот дипломат од Македонија ја донесовме по внимателно размислување и анализа. Одлуката се заснова на два елемента, едниот е меѓународен, односно настанот што се случи – труење со хемиско оружје во Велика Британија и солидарноста што ја побараа нашите сојузници, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на прес-конференцијата со својата австриска колешка Карин Кнајсл.
Според него, има и домашна основа за чекорот на Министерството за надворешни работи. Како што кажа Димитров, се работи за лице што излегло од својот дипломатски мандат.
– Се работи за обид за добивање класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија. Но, должни сме да го заштитиме идентитетот на дипломатот и ќе биде штетно да се шпекулира. Нашите сознанија се потпираат врз цврсти докази и немаме дилеми околу тоа, рече Димитров.
Оцени дека меѓу пријателите има и недоразбирања, а кога тие ќе се надминат пријателството ќе биде посилно.
Австриската министерка Кнајсл од своја страна истакна дека Австрија се изјаснила за солидарност со Велика Британија, а кога станува збор за протерување на дипломати тоа е билатерално прашање за проценка.
– Во тешки времиња особено е важно да ги оставиме отворени каналите за комуникација. Австрија има политика на неутралност, политика што гради мостови. Тоа е традицијата на австриската дипломатија, додаде Кнајсл на прашањето дека Австрија нема протерано руски дипломат.
Македонското Министерството за надворешни работи синоќа соопшти дека протерува еден дипломат на Руската Федерација, поради случајот Скрипал. Одлуката на македонското МНР е донесена по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.
Случајот „Скрипал“ го предизвика најмасовното протерување на руските дипломати во историјата. САД и европските сојузници прогласија „персона нон грата“ над 100 претставници на Кремљ во своите земји како кооидиниран одговор на случајот „Скрипал“.
Сад протераа 60 дипломати, од земјите членки на ЕУ- Франција, Германија, Полска протераа по четворица руски дипломати, Чешка, Литванија, Данска, Холандија, Италија, Шпанија, Естонија по двајца дипломати, Хрватска, Финска, Унгарија, Романија, Шведска, Летонија донесоа одлука да протераат по еден руски дипломат. Украина исто така ќе протера 13 дипломати, Канада 4, Албанија и Австралија двајца, Норвешка и Македонија по еден.



Една поговорка вели: Мајката не го тепала синот коцкар што ги изгубил парите на комар, туку го тепала што повторно отишол да се коцка за да се извади.
Изјавата на министерот за понадвор Димитров е класино вадење. ако имале сознанија за шпиунска дејност на дипломатот или требело порано да реагираат и да го протераат или треба да сочекаат да помине оваа протерување според барање на Англија.
27-03-2018, 12:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,651
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Позадината на дипломатската војна помеѓу Македонија и Русија или накратко - си го пикаме носот кај што не нѐ збира
Чувствувам дека малку од вас се запознаени зошто воопшто започна оваа дипломатска пресметка помеѓу Македонија и Русија, па еве накратко да ви објаснам од она што јас го знам.
Сергеј Скрипал е Русин кој што работи за руската разузнавачка служба. Него го врбуваат Британците како двоен агент и тој работи за нив. Русите го фаќаат, го судат и го ставаат в затвор.
Се случува размена на шпиони помеѓу Русија и Британија, меѓу кои се наоѓа и Скрипал. Русите му велат - ќе бидеш ослободен и пратен во Британија под услов до крај на животот да не издаваш никакви други тајни. Скрипал живее во Британија, нема никаков проблем, но Британците после извесно време го убедуваат дека е на сигурно и дека треба да каже се што знае. Русите го откриваат, бидејќи издава информација за случај кој претходно го знаел само тој.
И тогаш почнува пеколот. Синот му гине под неразјаснети околности, потоа неговата сопруга. Сега се случува напад со нервен гас врз него и неговата ќерка среде Британија. Британците тврдат дека рускиот хемиски агенс познат како "Новичок" е користен при нападот. Русите бараат мостри за самите да испитаат и утврдат, Британците одбиваат да ги дадат.
Логиката вели дека го трујат Русите, но тоа не е докажано. Логиката вели дека Русите испраќаат порака до нивните руски граѓани по светот - ако работиш против сопствената земја, никој не може да те заштити од нас.
И тука започнува оваа дипломатска војна. Британија брка руски дипломати, Русија возвраќа, сега Македонија и возвраќа на Русија.
27-03-2018, 01:19 PM
Reply