Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВИ ИСТРАГИ НА СЈО-ДАЛИ СЕ ЗАКОНСКИ -КОЈА ИМ Е ЦЕЛТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Три нови истраги на СЈО: „Попис“, „Моќник“ и „Актор“






21.03.2018
Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека отвора три нови истраги со кодни имиња „Попис“, „Моќник“ и „Актор“.
Како што кажа обвинителката  на СЈО Фатиме Фетаи во првата истрага „Попис“ осомничени се поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и актуелниот лидер на ДУИ Али Ахмети – според прислушуваните разговори постојат основани сомневање тие во октомври 2011 ја злоупотребиле службената  положба и овластување за да го прекинат започнатиот попис.

 
Quote:-Осомничените во половина од октомври се договориле да го стопираат процесот, бидејќи сметале дека пописот ќе им нанесе штета на партиските рејтинзи , но за да избегнат одговорност одлучиле образложението за прекинување на пописот преку медиумите да го презентираат како последица од техничка природа и наводна некадарност на пописната комисија да ја спроведе постапката.  Парите предвидени за пописот, соомничените одлучиле да ги фрлат во вода со што го оштетиле буџетот за над 175 милиони денари, рече Фетаи.






Во втората истрага „Моќник“ осомничени се пратеникот Антонио Милошоски, неговиот татко, екс градоначалникот на Македонски брод и уште десетина лица за измама и злоупотреба на службената положба и овластување, а во врска со купување на државен имот. Пратеникот и неговиот татко преку градоначалникот, ги довел во заблуда презентирајќи им лажни факти на советниците на Македонски Брод кои во 2011 година донеле одлука за продажба на објект на задружен дом преку јавна набавка.


Quote:-Градоначалникот одлуката за јавна набавка не ја објавил во службен весник со што за неа знаеле само прво и второ осомничениот кои биле единствени на аукцијата. Инаку тие знаеле дека  објектот е во државна сопственост и е на територијата на општина Пласница, во кој биле сместени  службени простории. Откако дознал дека објектот  е продаден градоначалникот  на оптштина Пласница повел постапка за случајот по што била формирана владина комисија која одлучила случајот да биде ревидиран. Но, и покрај вакавта одлука не било постапено по неа. Знаејки за блискоста на градоначалникот на Пласница со судија во кичевскиот суд, пратеникот искористувајки го своето влијание поттикнал да му престане функцијата на судијата односно да биде лустриран, образложи Фетаи.






Третиот случај е за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, каде тендерот го доби грчката фирма „Актор“. СЈО ги сомничи поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески с за злоупотреби при доделување на тендерот за изградба на автопатот. При зделката, „Актор“ се здобил со добивка од повеќе од 7 милиони евра. Според обвинителката Фетаи, на тендерот учествувала и фирма од Италија, која по налог на првоосомничениот Груевски, не била избрана зашто била поврзана со „комуњарите“. Италијанската фирма имала најниска понуда.

Quote:-Оваа истрага отвора за сомневање за перење на пари. Постои сомнение дека во 2012 година кога се оценувале понудите, првоосомничениот Никола Груевски го искористил своето влијание и не дозволил понудувач од Италија, „Тото“ да биде избран на тендерот“. Јанакиески ги повикал во својот кабинет да ја фаворизираат фирмата Актор од Грција. Иако биле свесни дека Актор не ги задоволува техничките критериуми, се соогласиле со барањето со што го злоупотребиле институтот на мнозинско избирање и дале позитивен одговор за оваа фирма, истакна обвинителката Фатиме Фетаи.

Таа додава дека од Актор кон други правни субјекти биле исплатени 31.856.811 евра.
-За илустрација, некој работник добивал од 6 до 7 илјади евра, а некој што бил прекваликуван добивал и повеќе. На вработени им биле исплатени 1.173.000 во денарска противвредност и во ист момент биле подигнати во готовина, рече Фетаи.




Прашањето во насловот е од причина што мандатот на СЈО за покренување истраги е завршен. Прашање кое за мене е битно е зошто власта нели ДУИ и СДСМ беа за СЈО не го продолжи досега законот за СЈО??
21-03-2018, 07:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Коментар на Груевски за новите истрагите кои се врзани за него:






21-03-2018, 07:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(21-03-2018, 07:19 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote: Истраги на СЈО: „Попис“






21.03.2018
Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека отвора три нови истраги со кодни имиња „Попис“, „Моќник“ и „Актор“.
Како што кажа обвинителката  на СЈО Фатиме Фетаи во првата истрага „Попис“ осомничени се поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и актуелниот лидер на ДУИ Али Ахмети – според прислушуваните разговори постојат основани сомневање тие во октомври 2011 ја злоупотребиле службената  положба и овластување за да го прекинат започнатиот попис.

 
Quote:-Осомничените во половина од октомври се договориле да го стопираат процесот, бидејќи сметале дека пописот ќе им нанесе штета на партиските рејтинзи , но за да избегнат одговорност одлучиле образложението за прекинување на пописот преку медиумите да го презентираат како последица од техничка природа и наводна некадарност на пописната комисија да ја спроведе постапката.  Парите предвидени за пописот, соомничените одлучиле да ги фрлат во вода со што го оштетиле буџетот за над 175 милиони денари, рече Фетаи.



Наместо СЈО да обзнани некој сериозен криминал на Ахмети и врвот на ДУИ тие сега не замајуват со приказна која е тешко да се докаже. Се договориле Груевски и Ахмети да го стопираат пописот за да ОСТАНАТ НА ВЛАСТ, бидалија без граница.

Со оваа „истрага“ СЈО 100% се стави во првите „борбени“ линии на пропагандната војна за дефокусирање на јавноста од НЕУСТАВНИОТ закон за Албаскиот јазик, дефокусирање од промената на името, идентитетот која ја подготвува Заев, дефокусирање од задолжувањата, ....

Инаку со изјава на директорот на Заводот за статискика во старт се руши обинението/истрагата на СЈО за пописот 2011:


Quote:„Ако не се прекинеше, ќе произлезеше дека во земјава има 3 милиони жители со оглед на тоа што очигледно се попишуваа и лица кои беа единици на попис, но и лица кои не беа. Голема е веројатноста дека имаше и повеќекратно попишување на исти лица, со единствена цел, на крајот, некоја од етничките заедници да биде со поголема, односно со помала застапеност во вкупното население“,
23-03-2018, 08:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Ахмети: Јас сум погрешна адреса за „Попис“

Според него, одлуката за прекинување на пописот во 2011 година ја донело Собранието.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека обвинението против него од СЈО во врска со прекинот на пописот во 2011 година е на погрешна адреса. Според него, одлуката за прекинување на пописот во 2011 година ја донело Собранието.
– Тоа е одлука на Собранието на Република Македонија, а јас сум погрешна адреса – рече Ахмети.
СЈО во случајот „Попис“ ги сомничи Ахмети и неговиот тогашен коалициски партнер Никола Груевски дека ја злоупотребиле својата службен положба и како претседатели на партии и коалициски партнери се согласиле да се прекине пописот на населението во 2011 година.
23-03-2018, 08:31 PM
Reply