Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИМЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Quote:Време на одлука во Њујорк, нема време ни за ручек – пишува Горан Момироски





[Image: -Нимиц.jpg?resize=696%2C386]


24.05.2018
Тешки и мачни разговори се водат денеска во Њујорк меѓу медијаторот Нимиц, и двајцата министри за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас.
Разговорите што започнаа околу 10 часот по локално време не се прекинати ни поради пауза за ручек, според информациите од Њујорк предвидената пауза за ручек се претворила во работен оброк на кој што продолжуваат разговорите.
Според процедурата медијаторот Нимиц треба да одлучи кои од позициите на двете земји ќе ги прифати како прифатливи и за Скопје и за Атина по што треба да склопи еден заеднички предлог, но според сегашната ситуација сеуште таквата разврска е далеку.
Медијаторот речиси извесно нема да даде предлог за кој знае дека нема да биде прифатлив за една од страните.
Според информации од извори блиски на грчката преговарачка екипа, Коѕиас во Њујорк настапува со позиција дека Грција искрено сака да се реши спорот и дека предлогот Илинденска Македонија е добар како основа на која што треба да се гради идното решение но дека мора да се направат дополнителни отстапки за да се затвори прашањето.
Добрата воља која што Грција сака да ја претстави и во Њујорк и во Берлин, Париз и Брисел каде што Коѕиас патува по Њујорк беше најавена во анализа на агенцијата Ројтерс објавена на неколку часа пред средбата во „Големото јаболко“.
Грција сака да покаже дека навистина е заинтересирана да го реши проблемот пред светската јавност, особено по телефонските повици од Пенс и Меркел и откако Македонија го прифати контроверзното решение „Република Илинденска Македонија“.
Најновите позиции на Атина откако го отфрли предлогот Илинденска е истиот пакет кој што Македонија веќе го прифати во саботата по лидерската средба да се аплицира на другите 4 предлози на медијаторот: Нова, Горна, Вардарска и Северна. Предлогот Република Македонија – Скопје (Скопје) за Грција не е прифатлив.
Практично Грција бара Македонија да прифати уставни измени и Ерга Омнес но наместо Илинденска Македонија да прифати да се именува како Горна.
Ваквите позициите Коѕиас ги образложува со острите реакции на грчката јавност и едногласното одбивање на македонскиот предлог од страна на опозицијата. Коѕиас пред Нимиц се брани дека без поддршка од опозицијата СИРИЗА нема доволно пратеници за договорот да може да биде прифатен во грчкото собрание.
И покрај тоа што Премиерот Заев најави дека Грција прифаќа чисто решение за јазикот кој треба да биде Македонски со англиска транскрипција macedonian, тоа според грчки извори не е точно претставување на ситуацијата. Сеуште има долг пат да се изоди до надминување на овие проблеми кои што можат да бидат помалку тешки но само доколку се решат „големите проблеми“ за кои сеуште нема договор.
Прв сигнал дали преговорите се во вистински правец и има напредок ќе биде информацијата дали тие ќе продолжат и во текот на утрешниот ден. Според информациите од Њујорк засега нема официјална најава дека Нимиц, Димитров и Коѕиас ќе се сретнат и утре.
24-05-2018, 09:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Quote:Нимиц: Нема конечно решение, се бранат националните интереси

Уште нема конечно решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција, но двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде, изјави кусо денеска во Њујорк медијаторот на Обединетите нации во преговорите меѓу двете земји Метју Нимиц, по разговорите со шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас.

[Image: ime-pregovori.jpg]

Уште нема конечно решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција, но двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде, изјави кусо денеска во Њујорк медијаторот на Обединетите нации во преговорите меѓу двете земји Метју Нимиц, по разговорите со шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас.
– Како што знаете имавме средба вчера и денеска, разговаравме еден и пол ден. Можам да кажам дека многу работевме. Прашањата се добро дефинирани, прецизирани. Можам да кажам дека ова беа преговори на кои многу работевме – рече Нимиц, по завршувањето на состанокот со двајцата министри.
Медијаторот истакна дека Димитров и Коѕијас заминуваат за Брисел, каде ќе продолжи дијалогот и додаде дека иако се уште нема конечно решение двете страни се подготвени напорно да работат за да го најдат.
– Преговорите се значително интензивирани, како што рекоа двете страни имаат важни позиции, во прашање се националните интереси. Двете страни ја препознаваат важноста од постигнување решение и се одлучни да го сторат тоа – додаде Нимиц.
Димитров и Коѕијас вчера речиси шест часа разговараа со медијаторот Нимиц, а денеска преговорите траеја околу два часа.
Двајцата министри вчера во пресрет на новата рунда преговори имаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација.
– Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор – порача Димитров по средбата со Гутереш.
Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, пак, по средбата со генералниот секретар на ОН, спроти денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц, изјави дека другата страна треба да покаже прагматизам и реализам за да најде решение.
Прашан дали од Нимиц очекува да достави синтетичен предлог од сето она што го доставиле двете страни, Коѕијас вели дека Грција го сторила тоа, но останува отворено прашањето со името.
– Од Нимиц ја очекуваме неговата мудрост за време на преговорите – вели шефот на грчката дипломатија и објаснува дека преговорите се поделени на два дела, оние меѓу министрите за надворешни работи кои разговараат за централните политички прашања и меѓу техничките групи.
Грчкиот премиер Алексис Ципра, пак, денеска од Солун порача дека Грција во преговорите не оди за да даде нешто.
– Не одиме за да го дадеме името Македонија, како што тврдат некои, одиме да земеме назад нешто што е дадено пред 70 години, рече Ципрас.
Ципрас смета дека името без одредница, „упатува на античкиот грчки свет и на големото културно наследство на грчката Македонија“, а во преговорите Атина се стреми ова да го добие назад, нешто што според Ципрас, „не е лесно“.
Грчкиот премиер додаде дека е време двете земји да постојат заедно, да соработуваат и да живеат во мир во корист на целиот регион.
Средбата во Њујорк следеше по минатонеделните разговори на премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија на кои опцијата „Република Илинденска Македонија“ беше издвоена како најприфатлива.
Македонската страна пред средбата во Њујорк изјави дека останува на ставот дека тоа е добар предлог за конечно решение, додека грчката го отфрли предлогот и нагласи дека преговараат врз основа на четирите имиња од пакетот – предлози од Нимиц.
26-05-2018, 12:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

Quote:Грчката ТВ „Скај“ ги објави чекорите од договорот за името



Објавено на 29 мај 2018[url=https://kapital.mk/author/kapital/][/url]
Ако премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во клучниот телефонски разговор следниве денови стигнат до решение за името и закажат средба во Преспа за официјализирање на договорот, потоа ќе следат неколку фази до ратификацијата на спогодбата во двата парламенти.
Грчки медиуми, како ТВ „Скај“, објавија сценарио со чекори што ќе следат до финализирањето на евентуалниот договор. Тоа предвидува штом завршат преговорите на експертските тимови за техничко-правните прашања, да следи телефонски разговор меѓу Заев и Ципрас, кој, како што објави државната телевизија „ЕРТ“, би се случил до четврток или петок.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според „Скај“, по Преспа, каде што би се потпишал договорот, ќе следи процес што содржи неколку фази:
-        Првиот чекор е премиерот Заев да го донесе договорот во македонското Собрание на изгласување, но не со зголемено мнозинство.
-        Откако договорот ќе добие зелено светло од македонските пратеници, Грција со допис ќе го извести НАТО дека одобрува влез на Македонија во Северно–атлантската алијанса, но под услов да има уставна ревизија.
-        На 28 и 29 јуни, на Самитот на ЕУ, на Заев и официјално ќе му биде доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со унијата.
-        На 11 и 12 јули ќе следува официјална покана за влез во НАТО на Самитот во Брисел.
-        Во септември или во октомври, во Македонија ќе се одржи референдум за новото име.
-        По референдумот, македонското Собрание со двотретинско мнозинство ќе треба да одобри уставна ревизија.
-        Откако ќе се заврши со референдумот и ревизијата на Уставот во Македонија, договорот ќе стигне во грчкиот Парламент на ратификација.
Според грчките медиуми, решението ќе биде со име од трите предлози на Нимиц: „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“.




Неверувам дека ваков предлог ке прифатат Грците.  А бидејки се работи за ерга омнес неверувам дека ке помине и во Македонија.
(This post was last modified: 29-05-2018, 12:18 PM by ЈорданПетровски.)
29-05-2018, 12:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Quote:Зошто еден советник на Заев е поважен во преговорите за името од Димитров?!

[Image: 34030202_2084275774935024_75778528646896...e=5BB7CF09]

Според упатени дипломатски извори грчко-македонските преговори на 25ти Мај во Њујорк влегле во ќорсокак. Министерот Димитров најпрвин долго се обидувал да го убеди Коѕијас дека Republic of Ilinden Macedonia е единствениот достоинствен предлог за кој и тој лично е подготвен да лобира за ерга омнес и менување на Уставот, а со силна кампања истото да добие и поддршка од мнозинството граѓани на референдум. И посредникот Нимиц имал симпатии за овој предлог. Но Коѕијас не попуштил, аргументирајќи дека во Грција опозицијата е изрично против овој предлог.
Откако напорите на Димитров за Republic of Ilinden Macedonia пропаднале тој кажал дека за секоја од другите одредници, Северна, Горна или Вардарска, Македонија ја застапува двојната формула, без согласност за ерга омнес и без измена на Уставот. Грчката делегација ова го оценила како националистичка тврдоглавост и кажала дека со таков став преговорите губат смисла. За да не пропаднат преговорите, Нимиц дал пауза за консултации со Премиерите.
Но, бидејќи Грците го претпоставувале ставот на Димитров, еден ден порано веќе стапиле во контакт со еден близок советник на Заев, контраверзна политичка фигура, агент на една НАТО држава, близок пријател на Вице и Трајче Заеви, а за кој се говори дека има свој посед и бизнис во Грција, како и дека е близок со Ципрас и неколку негови битни соработници. Согласно инструкциите дадени од советниците на Ципрас, советникот агент навреме го подготвил Заев дека министерот Димитров ризикува со тврдоглавост да ги упропасти преговорите, посебно за изборот на новото име и за барањето за смена на Уставот. Главната поента на советникот била дека принципите на Димитров како министер не се поважни од кариерата на Заев како премиер. Но Заев бил потсетен дека за него и советникот и некои други битни странци знаат работи што не би било добро да ги дознае и јавноста.
Затоа во телефонскиот разговор Димитров - Заев на 25ти Мај, на министерот му било наложено да го одработи делот од договорот со Грција за чекорите за неговата примена, за тајмингот на изјавите од Грција до ЕУ и НАТО, за јазикот, а делот за новото име, за ерга омнес и за менувањето на Уставот да му го остави на Премиерот Заев. Така министерот за надворешни е буквално бајпасиран од советникот на Заев во однос на дијалогот за трите најбитни грчки барања:
- ново име со одредница по Грчка желба,
- ерга омнес и
- беспоговорна смена на Уставот.
Дипломатските извори укажуваат на тоа дека за овие три битни прашања главен преговарач, со овластување од Заев, е неговиот советник, кој заедно со советниците од кабинетот на Ципрас треба да одлучи дали државата од која зема советничка плата ќе се вика Северна, Вардарска или Горна Македонија и кога и како ќе превземе обврска да си го самоизмени Уставот во мирнодопски услови. Вчера (29.Мај) преку овој советник и агент одела и организацијата на тел.разговор Заев - Ципрас во кој првиот имал обврска да одбере меѓу Нова, Горна и Северна Македонија, а за националност јасно му било ставено до знаење дека не може да биде Nationality: Macedonian, како што е сега запишано во Обединетите Нации.
Лошата вест е што ова е многу големо понижување за Македонија.
Случајно или намерно истото е и деградирање на Министерот Димитров, кој пред неколку дена даде изјава дека доколку не помине пакетот со Republic of Ilinden Macedonia тој ќе си поднесе оставка.

Антонио Милошоски фб статус




Молкот и неподнесувањето на оставка го прави Димитров соученик во злосторот.
После оваа некој ке каже дака Заев не ги штити интересите на Србија??
(This post was last modified: 30-05-2018, 12:00 PM by ЈорданПетровски.)
30-05-2018, 11:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

Quote:Иванов не прифаќа ерга омнес за името

[Image: ivanov.jpg]

30.05.2018
За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија.
– Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.
Воедно,оттаму информираат дека шефот на државата во текот на утрешниот ден ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров.




Bravo Bravo Bravo Bravo
30-05-2018, 07:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

[Image: IMETO_IVANOV.png]
31-05-2018, 11:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47

Quote:Ципрас со свој Нон Пејпер за името, Заев ќе почека на телефонски повик



June 1, 2018

[Image: -Ципрас.jpg?resize=696%2C464]


Се чини дека ФИРОМ не е подготвена да одговори на се што е договорeно во Брисел меѓу двајцата министри за надворшни работи Никола Димитров и Никос Коѕиас, се вели во брифингот од грчката влада за expres.mk.
“Затоа можноста за договор во наредните денови се чини дека е подалечна“, се вели во документот таканаречениот Нон Пејпер на грчката влада во врска со најавите на дел од медиумите дека се е подготвено за финално решение.
Во исто време грчката влада порачува дека и можноста за телефонска конверзација меѓу двајцата премиери Ципрас и Заев е помалку можна поради позициите на Скопје.
Премиерот Заев во средата најави дека очекува повика од Атина кој што требаше да се случи меѓу завчера и денеска.


Повторно бришење под со Заев.
01-06-2018, 06:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

Quote:Предавство во центарот на Македонија



June 10, 2018

[Image: Screenshot_20180610-201219.jpg?resize=696%2C448]


ЕУ веќе кажа “Не” но Заев се уште сака да го смени името на Македонија за да ја задоволи Грција, пишува на најновите билборди за кампањата „Нашето Име е Македонија”.
Билбордите се поставени од страна на Меѓународното движење за човековите права на Македонците (MHRMI) со седиште во Канада.
Главната порака на билбордите е зборот “Предавство” и фразата “Запрете ги преговорите за името сега”, напишана врз фотографија на која се смеат и ракуваат премиерите на Грција и Македонија, Ципрас и Заев.


[Image: Screenshot_20180610-201243.jpg?resize=640%2C748]
(This post was last modified: 10-06-2018, 09:05 PM by ЈорданПетровски.)
10-06-2018, 09:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#49

Quote:Иванов до Заев: Не го плаши народот и не преговарај за името по телефон



June 12, 2018

[Image: -ири-рејтинг.jpg?resize=696%2C461]

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, оценува дека вчерашната изјава на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, дадена во емисијата „Топ Тема”, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО и зголеми внатрешните опасности претставува очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално референдумско изјаснување.
“Стратешките определби на Република Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО се јасно дефинирани и непроменети. Зачувувањето на уставното име и изнаоѓањето на решение кое нема да предизвика уставни промени, во никој случај не е насочено против интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Склучувањето на меѓународен договор содржан во еден или повеќе поврзани меѓусебни документи треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена”, смета претседателот Иванов.
Во врска со повикот на премиерот Заев за поддршка на евентуалниот договор од страна на сите политички чинители, претседателот Иванов уште еднаш укажува дека е потребен широк национален консензус за изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните.
Претседателот Иванов смета дека е несериозно и неодговорно прашањето за името, кое е исклучително важно прашање за граѓаните на Република Македонија, и наметнати технички барања, да се решаваат телефонски и по пат на личен договор меѓу премиерите на двете држави.
12-06-2018, 12:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50

Quote:Што содржи договорот Ципрас – Заев


June 12, 2018

[Image: Screenshot_20180612-113115.jpg?resize=696%2C342]
Името Северна Македонија со Ерга Омнес, односно во целосна домашна и меѓународна употреба откако ќе се направат уставни измени е суштинскиот дел од договорот што вчера го постигнале премиерите Заев и Ципрас. Треба да биде потпишан до крајот на неделава во Преспа дознава expres.mk од добро упатени извори.
Јазикот и нацијата со договорот се решаваат на следниот начин:
Република Северна Македонија со договорот признава дека Македонскиот јазик (Macedonian language) е со словенско потекло согласно рамката во ОН.
Со договорот Македонија се согласува националноста да се именува како Македонски/граѓани на Република Северна Македонија но со објаснување дека Македонците не се во никаква врска со античката грчка култура.
Со Договорот Македонија целосно се откажува од македонското малцинство во Грција односно се обврзува да ја избрише реченицата од уставот со која се предвидува заштита на македонските малцинства во соседните земји и членот 49 од уставот со кој се регулира ова прашање да се направи по истиот урнек како во грчкиот устав кој говори за дијаспората.
Периодот на транзиција односно на промена на сите внатрешни документи во Македонија ќе биде поврзан со почетокот на пристапните преговори за влез во ЕУ.
За трговските марки ќе биде формиран комитет кој треба дополнително да го реши овој проблем.
Договорот најпрвин ќе треба да биде изгласан во македонското Собрание по што ќе следува писмо од грчката страна до ЕУ и НАТО со кое ќе се охрабри Северна Македонија да започне пристапни преговори за ЕУ и да влезе во НАТО, но дури откако ќе бидат спроведени уставните измени.
На самитот на ЕУ на 28/29 јуни Северна Македонија треба да добие позитивен сигнал и покрај противењето на Франција и Холандија но со поддршка на Германија.
Самитот на НАТО на 11 јули да повика на прием на Северна Македонија која за да влезе ќе мора да направи уставни измени.
Северна Македонија ќе мора да испрати писмо до сите земји членки на ОН во кое ќе побара сите што ја признале како Република Македоннија да ја именуваат како Северна Македонија во билатералните односи и во меѓународните организации.
Меѓу јули и декември оваа година Северна Македонија ќе одржи референдум и доколку резултатите се позитивни ќе се продолжи со уставната ревизија. Ако се негативни постои план Б за одржување на парламентарни избори со референдумски карактер.
Откако Северна Македонија ќе ги заврши сите обврски договорот ќе биде ратификуван во грчкиот парламент и во исто време ќе биде ратификуван влезот на Северна Македонија во НАТО.
12-06-2018, 12:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#51

Quote:Таки Фити: Име за севкупна употреба значи менување на Уставот и обезличување на Македонците

Неодамна, претседателот на МАНУ, Таки Фити јасно го изрази ставот на академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, како ниту име за севкупна употреба, што според грчката страна сега значи дека евентуалното ново договорено име треба да биде и за внатрешна употреба.
– Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација – кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити на едно медиумско гостување.
Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во „Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија“, на пример. Од тоа произлегува дека освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писатели на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно!
12-06-2018, 01:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52

Quote:Коалициониот партнер на Ципрас не поддржува име со терминот Македонија


[Image: kamenos-696x465.jpg]


12.06.2018
Коалицискиот партнер во грчката влада, министер за одбрана на Грција и претседател на Независни Грци, Панос Каменос останува на неговиот став дека нема да поддржи договор што ќе содржи име со терминот Македонија и смета дека потребна е лидерска средба под покровителство на претседателот на државата за да се промени одлуката донесена во 1992, според која името треба да биде без терминот Македонија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Панос Каменос непроменетата позиција ја повтори на денешната прес-конференција, на која рече дека партијата има јасен, познат и цврст став, но изрази и резервираност дали договорот би поминал кај нас.
– Не се согласуваме и нема да гласаме за ниеден договор што ќе го вклучува терминот Македонија. Ова е одлука што излезе со формирањето на движењето, рече Каменос и објасни дека е во континуирана комуникација како со Ципрас, така и со Коѕијас, а од она што вчера го слушнал од шефот на грчката дипломатија, лидерот на Независни Грци рече дека од условите во договорот смета дека „во никој случај овој договор нема да биде прифатен или на референдум или од мнозинството во собранието на Скопје“.
Во однос на условите во договорот, Каменос, без да открие детали, коментираше дека се доста силни и дека доколку не беше вклучено името Македонија, тие како партија немаше да се обврзат да гласаат против.
– Гледам услови кои се доста силни во однос на тоа што се однесува на словенското потекло, на словенскиот јазик, на расчистувањето на историјата на Македонија, на Александар Велики, на Филип итн. Такви услови што Грција ги вклучи во нејзиниот предлог, до сега немам видено, рече Каменос.
12-06-2018, 01:52 PM
Reply