Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИМЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Заврши координацијата - детали нема, Заев оптимист дека е можен консензус, Мицкоски вели одговорноста за процесот е на Владата




28.01.2018
По повеќе од шест часа заврши координацијата на државно-политичкиот врв .
[Image: 187583.jpg]
„Вечерва имавме информативна средба, на која беа презентирани идеите на Нимиц, како и деталите од средбата меѓу мене и Ципарс“, изјави премиерот Зоран Заев.
Заев порача дека  за решение кое ќе биде достоинствено и нема да задира во идентитетот, треба да бидат вклучени сите.
Тој најави и други вакви средби.  „Ќе се разменуваат  мислења, се со цел да има решение, напоменувам, решение , а не одложување“, изјави Заев.
Премиерот рече дека е оптимист, не сакаше да каже детали, не сакаше да ги коментира ниту грчките позиции, но само рече дека тој смета дека може да се обезбеди национален консензус.




Претседателот Ѓорѓе Иванов вели дека сите вакви средби се неопходни. Информираше дека бил презентиран предлогот на Нимиц, но не сакаше да открие детали.
„Процесот се води во рамките на Обединетите нации и потребно е тоа да биде одговорно во рамките на македонските интереси и да не биде на штета на граѓаните“, изјави Иванов.




Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со  став-дека од овој момент па натаму , одговорноста за процесот е на Владата.
„ВМРО ДПМНЕ е силен поддржувач на евроатланските интеграции и останува на браникот на националните интереси. Оваа средба требаше порано да се случи, сега ги имаме информациите, од сега па натаму  одговорноста за процесот е на Владата“, рече Мицкоски, но не сакаше да одговори дали тоа значи дека опозицијата се дистанцира од процесот на национален консензус.




Детали не откри ниту Али Ахмети за да не му наштети како што рече на процесот.
„Ова е почетокот на крајот на еден важен процес. Многу е важно Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО и актер на стабилност во регионот“, рече Ахмети.



28-01-2018, 02:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Ахмети за „Катимерини“: Ако спорот за името не се реши, тоа може да биде многу опасно за сите нас!


28.01.2018
Според моделот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија, да се затвори прашањето за името, предлага лидерот на ДУИ во интервју за „Катимерини“. Тој, вели дека подобро време за договор од сега не постои и објаснува дека владата ќе преговара за да се постигне договор, а не само за да преговара.
Под наслов „Решение сега, без референдум“, неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“ ги пренесува ставовите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во врска со преговорите за името меѓу двете земји.
-Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, преку консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија – вели Али Ахмети, објаснувајќи дека владата и опозицијата имаат историска одговорност да постигнат решение и да ги одведат граѓаните и земјата во НАТО и ЕУ.
Во однос на предлозите и идеите на Нимиц, вели дека владата заедно со опозицијата ги разгледува и се обидува да има позитивен и конструктивен пристап. Лидерот на ДУИ, објаснува дека терминот „Македонија“ бил дел од предлозите и во 2008 во Букурешт, но и во 2011, во рамките на предлогот „Република Северна Македонија“.
– Терминот Македонија во името на нашата земја не претставува закана за територијалниот интегритет и суверенитет на Грција – вели Ахмети за „Катимерини“ и им порачува на Грците да бидат сигурни дека нашата земја нема никаква територијална или каква било друга претензија од нивната земја, и дека е апсурдно да се претпоставува такво нешто.
Ахмети предупредува дека не решавањето на проблемот може да ги негува старите ставови за нови граници на Балканот.
– Ако овој спор не се реши работите може да бидат многу лоши. Кога работите одат на лошо за нас, тоа секако ќе има последици и за Атина и со тоа може да се негуваат стари амбиции на различни кругови со архаични ставови за поделба, за нови граници на Балканот. Сметам дека ова е многу опасно за сите нас во целост – објаснува лидерот на ДУИ.
Во однос на тоа дали и колку е можен политички консензус во Македонија за прашањето за името, Ахмети упатува критики до претседателот Ѓорѓе Иванов, а за опозицијата објаснува дека поддржува решение на проблемот.
– Господинот Иванов испушти одлична можност за да ја подобри неговата слика кај албанската заедница, оставајќи и негов белег во завршувањето на регулативниот дел на Охридскиот договор. Тој одбра да остане на патот на законитоста заглавена на линиите од партијата. Јас очекувам да нема ист пристап и за толку сериозното и долгогодишно прашање за името – вели претседателот на ДУИ во интервјуто за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“.
28-01-2018, 01:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:“Името и умот”


1999 година
„На дело е уште еден удар по македонското национално битие во негативна традиција на Берлинскиот конгрес (1878), на Букурешкиот договор (1913) и на комунистичкиот удар против АСНОМ-ската држава (четириесеттите). “Спорот” со Грција, од почетокот е во функција на таа традиција; во него Јенсен ја препозна стратегијата на геноцидот врз македонскиот народ, а Џонатан Ејал виде камуфлажа за “вистинскиот проблем” на Македонија, што го претставува самото македонско раководство – делегитимираната “комунистичка клика”. Во конвергенција со автономниот стратешки интерес на македонскиот народ беа гестовите на Бадентер, на Желев и на други државници кои го поддржаа неговото легитимно право на своја држава – Република Македонија. Судот на најмеродавното тело на Европската заедница (Бадентеровата комисија) беше недвосмислен: името на државата (Република Македонија) не подразбира територијални претензии, односно закана по идентитетот на друга држава. Од каде, тогаш, таа толкава сила на грчката “инерпретација”, која, практично услови, пред повеќе од две години, промена на името во БЈРМ, измена на Уставот, а сега условува нови измени на Уставот и одземање на знамето? Зад тоа гледам, надвор, робување на хипотеката од споменатата негативна традиција од страна на европските, на светските институции и на најсилната држава; а, дома – континуитет на недемократската, ненародна власт која практикува велепредавство. Народната волја кристално се изрази на митингот против Лисабонската декларација, во Манифестот за одбрана на името, во изјавите на многубројни асоцијации: на Сојузот на студентите, на Светскиот македонски конгрес, на Хелсиншкиот парламент, на Синодот, на “Достоинство”, на опозиционите политички партии итн. Таа народна волја инспирира и една широка граѓанска асоцијација за одбрана на името, на државата, на нацијата: на Националната конвенција. Власта во неа виде свој противник и одби да ја регистрира. Така, суштински македонскиот народ и натаму е предмет на манипулации, без свое автономно и демократско (ре)презентирање. Аранжманот на сегашниот чин, надвор и дома, е понижувачки, срамен и апсурден. Се користи војната во Босна и во Хрватска за притисок врз нас, а ние со Словенците сме надвор од војната! Словенија се остава на мир, и така треба да биде, зашто таа е Република Словенија, а нас не (мал)третираат како југословенски проблем, зашто ние сме Бивша Југословенска Република Македонија. Претседателот на републиката, два месеца перманентно присутен на Охридско лето, на Струшките вечери и на Охридскиот маратон, кукавички се крие; валканата работа му ја врши еден недоветен министер; Парламентот, во контрадикција со поимот, молчи; новинарството се ставa во пандурска улога на беспоговорно алиби на власта, како опиум за народот. А ништо не се решава: името (БЈРМ – тој ковчег за нацијата) си останува, исто, визно-пасошкиот режим. Укинувањето на ембаргото не е соодветен еквивалент; тоа е домен на реципроцитет. Материјалната помош како награда на “македонската кооперативност”, извинете, смрди на проституција, како и недамнешната идеја за централна балканска република што ја обелодени Тупурковски. Македонскиот народ е пред судбински тест. На политичката опозиција и на граѓанските ассоцијации им претстои одговорна работа на проект на темелно движење на отпорот, од кое ќе произлезе влада на национален спас и вонредни избори. Раката да му се исуши – кој ќе стави потпис на најавената спогодба!“



Димитар Димитров



Quote:Навистина, чудни се патиштата Господови, особено оние поврзани со личната карма. Споредбата на актуелниот политички миг со оној од времето кога е пишувана колумната, на користената терминологија, па ако сакате и на личностите, кои се препознаваат, останува работа на субјективна процена и оценка. Не знам дали актуелниот министер за надворешни работи се сеќава на тоа што пишувал неговиот татко, но би било добро да се потсети, посебно пред почетокот на завршниот чин за расплет на македонскиот јазол. Зашто, шармот во надворешната политика не минува и бргу се заборава, ама татковата клетва останува. До деветтото колено.
(This post was last modified: 01-02-2018, 01:00 AM by ЈорданПетровски.)
29-01-2018, 11:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Коѕијас најави Спогодба за решавање на спорот со името



30 јануари, 2018 

[Image: -2.jpg]

Предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда се четирите точки во нацрт-спогодбата што Грција кон средината на февруари ќе ѝ ја достави на Македонија, откри шефот на грчката дипломатија за грчката државната телевизија ЕРТ.
Според Коѕијас, спогодбата уште е во фаза на формулација, а потоа најпрво ќе ѝ биде презентирана на грчката, а потоа на македонската влада. Доколку биде прифатена, ќе претставува основа за решавање на проблемот, ќе треба да добие зелено светло од парламентите на двете земји и ќе го отвори патот на Македонија до НАТО и ЕУ.

„Во оваа спогодба ќе бидат вклучени сите теми што се отворени во врска со името. Посебно поглавје за иредентизмот, но и за темите што се однесуваат на иднината на земјата, за нејзината интеграција во меѓународни организации и позитивна агенда, како што можат дополнително да се развијат нашите односите“, рече Коѕијас и објасни дека грчката страна сѐ уште ја подготвува нацрт спогодбата, а очекува кон средината на следниот месец да ѝ биде доставена на македонската влада.

Шефот на грчката дипломатија, потврди дека медијаторот доставил пет конкретни предлози, четири имиња на македонски јазик и едно Македонија (Скопје), додека пак во однос на грчките позиции рече дека, според негово мислење, името треба да биде сложено со терминот Македонија, „да не биде на англиски да биде на јазикот или јазиците на оваа земја, без превод“. Како примери дека постои меѓународно искуство за ваква формула, шефот на грчката дипломатија ги спомена Шри Ланка како земја што има едно непреведено име и Авганистан, Узбекистан, Казахстан, Пакистан како држави, чии имиња се сложени зборови што го имаат истиот збор „стан“.

„Во разговорите првата работа ќе биде кое ќе биде името, содржината на името и придавката на името, бидејќи вториот елемент на името ќе го содржи терминот Македонија како географска област. Втора работа, дали ќе биде 1 или 2 збора. Трето дали ќе се воведе на јазикот на земјата или на меѓународен јазик и четвртото дали ќе биде преведено или не“, открива Коѕијас.

Во однос на преговорите за името, шефот на грчката дипломатија, ја повтори неговата позиција дека името вклучува седум прашања: името, употребата на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.
Никос Коѕијас објасни дека ако постои согласност од македонска страна за спогодбата, тогаш таа ќе треба да биде изгласана од парламентите на двете земји, согласно уставните одредби за одобрување на меѓународен договор.
Шефот на грчката дипломатија во опширното и детално интервју за националната телевизија ЕРТ рекол дека за кој било договор за решение меѓу двете земји потребно е Македонија да направи уставни промени. Запрашан за тоа што би требало да се промени во Уставот, Никос Коѕијас ги посочи преамбулата и два члена, без да открие дополнителни детали.

„Кој било договор што ќе го склучиме, ако не е придружен од уставни промени или, ако сакате да ги кажете, приспособувања, ќе може подоцна кој било нов премиер, од друга политичка област, да го смени. Ќе се најде во тешка позиција сегашната влада на оваа земја, ако не се смени Уставот, а склучи меѓународни договори и следната влада ќе им каже дека дејствувале противуставно“, објасни Коѕијас и додаде дека владата на Заев во овој момент нема двотретинско мнозинство за промена на Уставот, а прво што треба да направи е да го отвори процесот за измени.

Коѕијас вели дека нема да го поделат проблемот на делови, со што индиректно го отфрли и предлогот на Нимиц, објавен во грчките медиуми, за постепено решавање на прашањето.
Шефот на грчката дипломатија вели дека сака целосна употреба на решението, што според него значи и промена на македонските пасоши и лични карти.
Министерот за надворешни работи на Грција не сакаше да говори за конкретни временски рокови за решение, а во однос на тоа ако не се постигне договор до Самитот на НАТО, истакна дека Македонија без договор не влегуваат во Северно-атлантската алијанса.

„Процесот за НАТО не е дека ние сакаме да ги внесеме во НАТО, туку дека самите го бараат тоа. Ние во преговорите го користиме фактот што тие сакаат да станат членка на НАТО“, рече Коѕијас, додека, пак, во однос на евентуални притисоци од трети страни, истакна дека тој има испратено порака до сите, и до ЕУ, НАТО, и до САД и Русија да не се мешаат, бидејќи „тој што се меша прави лошо и не сака да се најде решение“.

Говорејќи за изведените зборови што произлегуваат од името, Никос Коѕијас, откри дека терминот „македонски јазик“ бил признат од Грција во 1997 на конференција на ОН одржана во Атина.

„Знаете кога е прифатено во ОН името македонски јазик? Знаете кога првпат беше направен договорот од страна на Грција, јазикот на оваа земја да се вика македонски? Јас ќе ви кажам. Во 1997 за време на Константинос Караманлис. Знаете каде се случи ова? Се случи на конференција на ОН организирана во Атина“, открива шефот на грчката дипломатија.
извор: МИА
01-02-2018, 12:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Силјановска: Не може да се менува Уставот, Нимиц ги надмина своите овластувања


[Image: .png]

31 јануари, 2018
Уставот е елемент кој е врзан за суверенитетот на една земја, тој е суверено право на граѓаните на една земја, тоа стои и во Повелбата на Обединетите нации. Начелото на самоопределување вклучува име, химна, грб, знаме и така натаму, ама вклучува и Устав. Не може да го менуваме.
Ова е ставот на професорката по уставно право Гордана Силјановска-Давкова во вечерашната Топ Тема на Телма, коментирајќи ја изјавата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас во која тој бара уставни измени во нашата земја при евентуално прифаќање на неговата нацрт-спогодба за решавање на спорот со името.
„Јас се обидов она што го бара Коѕијас да видам како стои во Грција, односно во грчкиот Устав. Во членот 107 и 108 од нивниот Устав се вели дека „Ниту еден Грк не смее да се откаже да биде Грк“. Многу поучно. Сакам да кажам: ние имаме обврска да го смениме Уставот, кога ќе сакаме, или во моментот на влегувањето во Европската Унија или пак претходно како што го сторија некои држави, заради поделениот суверенитет“, посочи професорката Силјановска, додавајќи дека тоа е внатрешна работа на една земја.
„Како што ние донесовме одредба дека нема да се мешаме во внатрешните работи на една земја, а персонификација на тоа право е Уставот, истото важи во случајов и за Грција и за нас: ниту ние можеме да се мешаме во внатрешните работи на Грција, ниту таа во нашите“, додаде Силјановска.
Според неа, Нимиц иако врвен правник, веќе ги надминал овластувањата кои ги има во спорот согласно Резолуцијата 817 на Обединетите нации во која јасно стои дека предмет на разговорите е разликата околу името, а не идентитетот, бидејќи тоа прашање е веќе апсолвирано.
01-02-2018, 12:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Заев во Давос договорил промена на уставното име, Коѕијас бара македонската влада јавно да го соопшти




Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за „Еуроњуз“ побара од македонската влада јавно да го соопшти договореното сложено име во Давос.
Имено, тој е загрижен што Скопје не ја подготвува јавноста за промена на името како што било договорено, додека грчката влада веќе работи на тоа. Имено во Давос било договорено сложено име ерга омнес односно за севкупна употреба, што по автоматизам значи промена на уставот. Името ќе го содржи терминот ,,Македонија’’ , а била договорена и придавка која Заев требало да јавно да ја обелодени.
За Еуроњуз тој вели:
,, Грчката влада превзема одговорност да и соопшти на јавноста дека сака промена на името, името ќе биде комплексно за севкупна употреба, специјално дефинирано и ние ова го соопштивме јавно и потенциравме дека ќе го содржи терминот ,,Македонија’’. Ние ја завршивме својата работа, јас сеуште очекувам официјално Скопје да излезе во јавноста и да каже која придавка ќе биде пред именка и јавно да ја обелодени. ‘’
Според Коѕијас во Давос двата премиера дале збор и постигнале договор, а во однос идентитетските прашања ставовите на Грција ќе бидат соопштени во понатамошниот тек на разговорите. Јазикот и националноста се дел од договореното.


ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ
06-02-2018, 12:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Д-Р Гордана Силјановска-Давкова, професор на Правниот факултет во Скопје:

„Повелбата на ООН (ius cogens) и Привремената спогодба (која упатува на Повелбата во Преамбулата), со актуелните преговори и предлози се СУСПЕНДИРАНИ од медијаторот и од ПРВАТА СТРАНА, како и “ЗАБОРАВЕНИ“ од ВТОРАТА (чии претставници, нелегитимно се самопрогласија за „НИЕ“/народот!!
„ Предлозите“, во духот на “carpe diem”, на Република Македонија гледаат/посегаат клептократски, небаре, 84 годишната старица (родена 1944) се „трансформирала“ во младата Елена Тројанска.
Ние, македонските граѓанки и граѓани, родени и растени во Република Македонија, изморени од 28 годишната европска Одисеја, наместо за просперитна економија, судски реформи, компетитивно образование, културни и спортски дострели, фрлени сме во „спор“ за сопственото име!!
Не, нема друга држава со исто име, ниту друг македонски народ!!
Да, има три области во соседна Грција со име Македонија. Има таква област и во Бугарија. Па, кој споредува држава со провинција, кој меша државен и национален, со регионален идентитет? Соседот, во името на историјата и историското наследство, кое е цивилизациска придобивка!!
Во тек е обид за деноминација, заради силните чувста на Грците (Хан) кон името Македонија (иако го немаше до 1988) година и невидениот меѓународен притисок врз бесчувствителните „македонски народ“ и „македонски граѓани“ кои и „не знаат кои се и зошто се викаат така“, па мора да сфатат дека патот кон НАТО и ЕУ води преку демакедонизација/деноминација, зошто homo macedonicus не може без тоа да стане homo europicus!!
Република Македонија е како Телемах без Ментор, ту Пенелопа, сардисана од прагматични и лукративни младоженци….
Вчудоневидени од текот на настаните, односно од она што го гледаме и слушаме од преговарачите и интерпретаторите, но и од запалените протестанти на плоштадите, ја препрочитуваме Привремената спогодба за да провериме дали (не)виденото и (не)чуеното има некаква врска со договорената правна рамка, особено низ призмата на Хашката пресуда која беше прогласена за палома хартија!!
Па, нели е НАТО не само воен остатоток од студената војна туку и организација заснована на демократски начела? Зарем неговата воена политика не е заснована на владеењето на правото?
Во Привремената спогодба, во првиот член јасно пишува дека: првата страна ја признава втората како НЕЗАВИСНА И СУВЕРЕНА ДРЖАВА под привременото име!! Во членот 3, пак се вели: дека ПРВАТА страна ќе го почитува СУВЕРЕНИТЕТОТ на ВТОРАТА.
Па, каква е врската меѓу горенаведените одредби и „ПРИФАТЛИВИТЕ“ решенија за обете страни, односно „ПРИФАТЕНИТЕ “ од ВТОРАТА страна ???? НИКАКВА…
Кој, каде, како и кога ја избриша Привремената спогодба на која се повикавме кога покренавме постапка во Хаг и на која се повикаа Хашките судии кога пресудија дека Грција ја прекршила, но не и Република Македонија?
Да потсетам:
1. Согласно член 1: „ВТОРАТА страна, како призната независна и суверена држава од ПРВАТА, како и сите други независни и суверени држави има право сама да си го одреди името и јазикот.“
2. Согласно Член 2: „ ПРВАТА страна, штом се обврзала да го почитува СУВЕРЕНИТЕТОТ на втората, се обврзала да не ја попречува во изборот на името и јазикот..
Власта во Република Мкаедонија, во 1995, во духот на bona fide и добрососедски односи, прифати да преговара со јужниот сосед за разликите во перецепцијата на нашето име, во надеж дека ќе се надминат.
Но, никаде во Привремената спогодба не пишува дека со Грција треба да договориме НОВО ИМЕ. Секои преговори може, но не мора да доведат до договор, односно може, но не мора да бидат успешни.
Дури и во самата Спогодба стои можност за отстапување од неа. Се разбира, не треба многу ум за да се сфати дека претставниците на Република Македонија направиле огромна жртва кога прифатиле да прегиваараат со друг за сопственото име и да прифатат акроним на кој ќе им се обраќаат во рамките на ООН.
Веројатно поверувале дека преговорите ќе бидат куси и дека брзо ќе ја (раз)убедат Грција во добрите намери кон неа, како и во решеноста за евроитеграција. За жал, нашиот евроинтеграциски пат стана најдолгиот и најкомплицираниот, зошто се врза не само за реалниот напредок на Република Македонија во исполнувањето на критериумите, туку и за претходно решавање на спорот за името!!!
Всушност, можно ли е Давид ( Република Македонија) и Голијат ( Република Грција) , низ (не) рамноправни преговори да ги надминат разликите??? ЕУ илузија. Грција, наместо, во духот на Привремената спогодба да не турка во НАТО и ЕУ, не попречува, условува и уценува, кршејќи ги превземените обрски од Привремената спогодба и трансформирајќи го „привременото“ во прекувремено!!!
Сиве овие години, нашите државни претставници и ние, граѓаните, бевме жртви на своевидна духовна тортура во меѓународниот политички, економски, научен и културен простор, стоички трпејќи го оспорувањето на националниот и индивидуален интегритет, заради перипетиите со името.
Трпевме бизарна дискриминација, бевме мета на апсурден именски мобинг. Преживуваме , свесни дека кованицата – новоговор, „бивша југословенска Република Македонија“ не говори за нас, туку за самопрогласените „КУМОВИ“.
Ние, подржани од добронамерните и правични претставници на многу држави, кои се однесуваа(т) кон нас како другите кон нив, кога пристапувале кон семејството на ООН, не од љубов или од лукративни причини, туку заради верба во она што остана од меѓународното право и правда , преживува(в)ме, верувајќи дека апсурдната приказна со името ќе трае кусо, односно дека ќе ја убедиме Република Грција дека не сме никаква закана за неа, па посегавме по промена на Уставот, промена на знамето, во убедување дека ќе ја зголемиме довербата, ќе ги отстраниме „стравовите“, ќе ги надминеме недоразбирањата. Ама, попусто.
Република Македонија нема долга државна традиција, но има своја историја и култура. Македонскиот народ опстанал низ вековите и премрежијата, благодарение на националната свест, односно името, негувано и пренесувано од генерација на генерација низ преданијата, песните, ората, литературата, личните имиња Македонка и Македон, литературата, меморијата…
Ние не го избравме името на нашата држава, ниту имаме легитимитет да го смениме. Го наследивме од мајките и татковците, бабите и дедовците, прабабите и прадедовците… Тоа е дел од нашито национален идентитет. Како е можно да прифатите промена на име за erga omnes употреба, ако 140 држави ве признале под името со кое сте аплицирале за прием во ООН?
Зарем не е национален мазохизам да барате од трета страна да ве вика не така како што ве признала, туку како што Грција бара? Како е можно по кој знае кој пат, да го менувате Уставот, негирајќи си го правото на самоопределување и суверенитет? Како е можно себе да се третирате како нерамноправни во ООН?
Никој, никогаш не ги овластил актуелните политичари наместо да преговараат за грчко- македонските разлики за името Република Македонија, да „КУМУВААТ“ на ново име.
Во нашиот Устав нема основ, ниту постапка за промена на името. Да, колонијализмот и идеолошката конфронтација на големите сили креираа држави со име: Горна и Долна Волта, Конго( Бразавил) и Конго ( Киншаса), Северен и Јужен Виетнам, Источна и Западна Германија, Северна и Јужна Кореја….
Ама, кога ќе кажете „ Република Македонија“, правите јасна дистинкција меѓу држава и провинција/област, зошто република е форма на државно управување, кое не оди со провинција/област. Во правниот и меѓународен сообраќај, не се споредуваат различни ентитети, држава со провинција, туку држава со држава, провинција со провинција.
Нашата држава не се вика Античка Македонија. Таа настанала во 20век, по германскиот модел на држава-нација!! Античкото наследство е цивилизациска и заедничка придобивка и не е ексклузивно право на Грција. Нека си ги негуваат трите грчки области грчкиот регионален идентитет, а ние – државниот и националниот. Иредентистичките стравови се не само беспредметни, туку и правно отфрлени од Бадентереовата комисија и од Меѓународниот суд во Хаг!!
Кога, покрај Централна, Источна и Западна Македонија во Грција, ќе ја прекрстите Република Македонија во Северна или Горна, ќе призведете целосна конфузија во многуте „Македонии“ , со тоа што, последнава, ќе го изгуби именскиот континуитет од 1944 (!!)
Ако се прифати придавката „ Нова “, тоа е не само неточно зошто не станува збор за невеста од 27 години( Коциас), туку за државна старица од 84 години….а, згора внесува тешка конфузија во поглед на националниот идентитет, името, јазикот.
Ако кумовите смислија „ бивша југословенска Република Македонија“, можеби е најдобро да се фокусираат на „ Демократска Република Македонија“..еден од низата предлози на Нимиц…. Звучи инспиративно, во недостиг….“.
* објавено во Експрес.мк
Професор Гордана Силјановска-Давкова е водечки експерт за политички систем и уставно право. Членува во низа европски и светски организации и асоцијациите на правници а била член и на Венецијанската Комисија.
10-02-2018, 02:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Ципрас: Сложено име што ќе важи за сите, и за меѓународна и за домашна употреба

[Image: 189193.jpg]

12.02.2018
Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот, според грчкиот премиер.
Алексис Ципрас, на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА, освен за економијата и скандалот Новартис, говореше и за прашањето за името. Рече дека грчката влада има преземено одговорност за да се затвори проблемот „со достоинство и патриотска одговорност“ и ја повтори позицијата на Атина и барањата на грчката страна во разговорите.
„Решението не може да биде друго од едно сложено име што ќе важи за сите, за севкупна употреба. Нешто за што секако, предуслов е и уставна промена, за името навистина да биде ерга омнес, односно за севкупна употреба. Не може да биде една употреба надвор, а друго да биде името во Уставот. Секако предуслов е и повлекување на секаков сомнеж за иредентизам. Ова е единствената рамка што го гарантира решавањето на проблемот и поминување во нова ера за целиот Балкан, далеку од национализмот, фанатизмот и нетолеранцијата“, рече Ципрас, пренесува МИА.



Што ке лаже Заев, Шекеринска и Димотров после оваа изјава на Ципрас!!
12-02-2018, 04:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Албански интелектуалци готват меморандум за албанска додавка на името

[Image: %d0%a8%d0%bf%d1%82%d0%b8%d0%bc-%d0%9f%d0...%d0%b8.jpg]

13.02.2018
Битно е со евентуалното ново име на државата да не се идентификуваат само етничките Македонци, вели Положани.

Албанци да бидат активно вклучени во преговорите за името и доколку Македонија и Грција постигнат договор, тоа да не биде име со кое би се идентификувале само Македонците. Ова начелно ќе бидат клучните барања од меморандумот кој го подготвуваат интелектуалци - Албанци и кој ќе се најде на маса пред премиерот Зоран Заев, политичките партии и меѓународниот фактор, потврди за Плусинфо Шптим Положани, претседател на Здружението на поранешни затвореници и еден од иницијаторите на меморандумот.

Иницијативата експерти Албанци директно да бидат вклучени во решавањето на спорот кој Грција го има со нашето уставно име, тие ја покренуваат, бидејќи според нив, ДУИ не е легитимен претставник на Албанците и оттука учеството на лидерот Али Ахмети и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се нерелевантни.

- Албанците имаат историски легитимитет на овие простори и треба да се вклучат во процесот за решавање на спорот за името. Не ни пречи да остане уставното име, ниту пак, да се дојде до решение за ново име. Но, битно е со евентуалното ново име на државата да не се идентификуваат етничките Македонци. Во меморандумот што го подготвуваме бараме експерти Албанци да бидат вклучени во процесот, бидејќи ДУИ само дава бланко подршка на одлуките на македонската Влада - вели Положани.

Освен Положани, меѓу иницијаторите на меморандумот се споменуваат и професори и интелектуалци како Абдула Мемети, Арсим Синани, Авни Авдиу, Нијази Муамети...

Дел од иницијаторите кои ги контактиравме не беа расположени да зборуваат за меморандумот со образложение дека документот се уште е во фаза на подготовка. Коментираат само дека присуството на Ахмети на лидерските за парашањето за името не е легитимно, бидејќи ДУИ не е претставник на сите Албанци.

Тие забележуваат дека опозициските партии на Албанците како Алијансата за Албнаците и Беса се целосно исклучени од процесот.

Иницијаторите апелираат меморандумот да го поддржат сите Албанци каде и да живета за во преговорите за иметот настапат со единствена позиција.

Со ваква забелешка неодамна излезез и лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села. Тој бара опозициските партии и партиите на Албанците да бидат вклучени во преговарачкиот процес.

– Ние како Алијанса за Албанците сме против тенденциите за словенизација на името. Како што рековме дека сме против словенско име Македонија, исто така сме и против предлогот кој кружи во дипломатските кругови, околу идејата да бидат употребени имиња со географска одредница напишани само на македонски јазик, како на пример „Горна Македонија“. Ние сме против ова бидејќи и ова е тенденција за словенизација и присвојување на името – рече неодамна Села.



Заев како да не беше свесен дека прифаќањето на Заев на платформата на Албанците е прифаќање на делба на Македонија.
13-02-2018, 08:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:ТРИ ОД СЕДУМ ТОЧКИ НА ПРЕГОВОРИТЕ СЕ ОТСТРАНЕТИ, КАЖА ЗАЕВ ЗА СРЕДБАТА ДИМИТРОВ-КОЅИЈАС ВО ВИЕНА

14.02.2018
Премиерот Зоран Заев вели дека преговарачкиот процес меѓу Македонија и Грција околу спорот за името почнал вчера со средбата на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас со посредникот Метју Нимиц во Виена, каде што биле отстранети три од седумте појдовни точки.
„Во суштина, вчера почна преговарачкиот процес, досега беа презентирани позициите на двете страни. Не очекувавме премногу. Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае работите кои што можат да поминат и кои не можат да поминат кај двете страни. Разглобени се сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции кои беа појдовни точки, знам дека тоа е веќе намалено на четири позиции. Три се веќе отклонети. Република Македонија сака решение, се обидуваме да градиме внатрешен консензус и сме оптимисти за наоѓање на решение“, кажа Заев за време на денешната посета на Неготино.
Министерството за надворешни работи вчера кусо соопшти дека Димитров и Коѕијас се согласиле да ги продолжат напорите под покровителство на ОН за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името по нивната средбата со Нимиц во Виена.
16-02-2018, 09:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(16-02-2018, 09:03 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ТРИ ОД СЕДУМ ТОЧКИ НА ПРЕГОВОРИТЕ СЕ ОТСТРАНЕТИ, КАЖА ЗАЕВ ЗА СРЕДБАТА ДИМИТРОВ-КОЅИЈАС ВО ВИЕНА

14.02.2018
Премиерот Зоран Заев вели дека преговарачкиот процес меѓу Македонија и Грција околу спорот за името почнал вчера со средбата на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас со посредникот Метју Нимиц во Виена, каде што биле отстранети три од седумте појдовни точки.
„Во суштина, вчера почна преговарачкиот процес, досега беа презентирани позициите на двете страни. Не очекувавме премногу. Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае работите кои што можат да поминат и кои не можат да поминат кај двете страни. Разглобени се сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции кои беа појдовни точки, знам дека тоа е веќе намалено на четири позиции. Три се веќе отклонети. Република Македонија сака решение, се обидуваме да градиме внатрешен консензус и сме оптимисти за наоѓање на решение“, кажа Заев за време на денешната посета на Неготино.
Министерството за надворешни работи вчера кусо соопшти дека Димитров и Коѕијас се согласиле да ги продолжат напорите под покровителство на ОН за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името по нивната средбата со Нимиц во Виена.



Лагите на Заев се со кратки нозе!


Quote:Коѕијас го демантира Заев: Нема договор за ниту една точка во преговорите

[Image: 134114508.jpg?itok=7galkLIq]

16.02.2018
Соседната земја, терминот Македонија, долги години го разбираше како национална, а не како географска карактеристика, сега треба да се најде географска или територијална придавка. Моја желба е името да биде непреведно, на словенски јазик, таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија, Горна Македонија, вели Никос Коѕијас, а доколку тој би бил кум на земјата, немало да сака да биде вклучено името Македонија. Сепак, објаснува дека „за жал веќе 25 години, Грција официјално користи сложено име за соседната земја“.
Министерот за надворешни работи на Грција во синоќешното интервју за грчката телевизија Алфа, снимено само неколку часа по маратонските преговори во Виена, откри детали за грчките позиции, за нацрт спогодбата, за нашата евро-атлантска перспектива, за медијаторот Нимиц, но и каде се наоѓаме во преговорите,  јавува дописникот на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија вели дека во Виена имало речиси 12-часовни континуирани преговори, но сѐ уште не постои договор за ниту една точка, барем според неговата перцепција. Во однос на изјавата на македонскиот премиер дека се отстранети три од седумте точки во разговорите, Коѕијас, вели дека понекогаш е важно како се толкуваат работите, затоа што „можеби господинот Заев мисли дека сме договорени за генералните принципи за решение на некои проблеми, а јас можеби мислам на попрактичното решение“.
- Мислам дека господинот Заев изразува оптимизам што е добар за преговорите. Имавме разговор, точка по точка, и кога преговараш точка по точка во основа за ништо не можеш да се согласиш. За секоја точка имаш мислење, има и другата страна свое мислење. Она што можеш да направиш е овие различни мислења да ги ставиш во еден пакет. Академски, ова го викаме пакет решение, што значи јас ќе ти дадам нешто што не е толку важно за мене, но за тебе е поважно, а ти ќе ми дадеш едно прашање што е важно за мене, а за тебе е малку помалку важно. Затоа што во спротивно нема да има договор, објасни шефот на грчката дипломатија.
Географска или територијална одредница на македонски јазик
Во однос на името и одредницата, Коѕијас рече дека постојат различни имиња, како што се „Горна Македонија“, „Северна Македонија“, „Вардарска Македонија“ итн.
- Но, тука постои една дискусија. Името ќе биде на латиница, ќе биде на англиски, со можност да се преведува на сите јазици? Ова мислам дека е нешто што би го сакале Скопјаните. Мојата желба е малку посложена. Би сакал да биде едно име што како што ќе се слуша и ќе се гледа, ќе се сфаќа дека е некоја друга Македонија, географски ентитет, а не историско наследство од грчката Македонија, рече шефот на грчката дипломатија, а како пример ги спомена имињата (сите ги изговори на македонски, без превод на грчки) „Нова Македонија“, за кое рече дека некои дебатираат дали е со географска или времена одредница, потоа „Вардар Македонија“, за кое рече дека содржи нешто добро за нас, бидејќи „и на албански на словенски првите два слогови се исти „Вардар“, а како друг пример го спомена името „Горна Македонија“.
Коѕијас додаде дека постојат различни зборови, бидејќи е „богат е словенскиот јазик со зборови што може да ја изрази оваа реалност“.
- Преферирам името како што ќе се слуша на меѓународно ниво, да е јасно дека станува збор за тој дел од Македонија што е во денешна ПЈРМ, во Скопје со Албанци и Словени,  и дека овој дел нема никаква врска со грчката Македонија. Не сакам да се меша со грчката Македонија. И да биде на нивниот јазик. Но, ова не значи дека некој може да го наметне, ме прашавте што би било најдобро, објасни шефот на грчката дипломатија.
Говореше за придавка што ќе даде географска или територијална дефиниција, затоа што како што рече „многу години во самата ПЈРМ, терминот Македонија го разбираа како национална, а не како географска карактеристика.“
- Грчката страна веќе 10 години поддржува сложено име, ако ме прашавте кое име би сакал да ѝ го дадам, како кум на оваа земја не би сакал да го има името Македонија. Но за жал веќе 25 години, дури и името што официјално го користи Грција е сложено име, поранешна југословенска Република Македонија,што го содржи името Македонија,  објасни Коѕијас.
Спогодбата ќе биде на 20 страници
Шефот на грчката дипломатија, откри дека првиот дел на нацрт спогодбата што Атина ќе му ја предложи на Скопје е подготвен, а на средината од месецов ќе биде доставена до македонската страна. Документот ќе биде околу 20 страници, а според Коѕијас се однесува на името и на она што произлегува од името, односно каква употреба ќе има името, изведени зборови односно идентитет, националност и јазик, а потоа и другите прашања како што се трговските имиња, акронимите и кратенките.  Тој повторно рече дека Грција бара името да биде и за внатрешна употреба, и во билатералните односи со другите земји и за меѓународна употреба.
Евро-атлантската интеграција и уставните промени одат заедно
Коѕијас во синоќешното интервју за ТВ Алфа го спомена и македонскиот Устав, за кој рече дека „оние што викаат сега веднаш да се смени, знаат дека не може да се случи тоа и тие не сакаат решение“, но сепак потенцираше дека се неопходни уставни промени за евро-атлантска интеграција на Македонија.
- Постои временски рок во кој може да се обезбеди имплементирање на двете работи. Она што го бараат пријателите од Скопје, интеграција во евро-атлантските институции и она што ние бараме, уставна промена. Тие две работи одат заедно. Не може да се имплементира едното, без да биде имплементирано другото, објасни Коѕијас, кој рече дека е свесен дека Македонија во овој момент не може да направи уставни промени поради недостатокот на мнозинство, но изрази надеж дека за еден договор да има долгогодишна стабилност и да се консолидира во земјата, потребени се уставни промени.
Шефот на грчката дипломатија ја коментираше и содржината на македонскиот Устав, за кој рече дека го нема иредентизмот што постоеше пред промените во 1995, но посочи дека постојат спорни прашања во преамбулата, во член 3 и во член 49, параграф 1 како што е „македонска нација“ и „македонски традиции“
- За да ви објаснам, на пример, член 49 параграф 1 говори за „македонска нација“ вон ПЈРМ. Ние кога говориме за грчка нација вон Грција, говориме за грчка дијаспора. Кога говориш за грчка дијаспора мислиш на Грци што заминале во странство. Кога говориш за, под наводници, македонска нација, мислиш на тоа дека делови од твојата нација постојат во друга земја, како малцинства, рече шефот на грчката дипломатија.
Нимиц ни е потребен
Коѕијас објасни дека медијаторот Нимиц е потребен во разговорите, затоа што е претставник на Генералниот секретар на ОН и ќе треба да направи извештај за договорот, но и поради тоа што преговорите во одреден дел се водат под палката на Нимиц, а еден дел директно меѓу министрите за надворешни работи.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во деталното и опширно интервју за грчката телевизија Алфа, Никос Коѕијас изрази уверување дека евентуалниот договор ќе помине во грчкиот Парламент и без да добие поддршка од коалициониот партнер Независни Грци.
16-02-2018, 09:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Радев: Новото име да не содржи географска одредница на штета на Бугарија



[Image: ivanov-radev-r-701x394.jpg]

16.02.2018
Новото име на Република Македонија да не содржи географска одредница која ќе биде на штета на Бугарија, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев, кој е во дводневна посета на земјава, по однос на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Тој потенцираше дека Бугарија не се меша во решавањето на спорот помеѓу двете земји, но се разбира, како што истакна, како соседна земја овие прашања ја заесегаат и Бугаруја. Додаде дека нема да има никакви санкции од страна на Бугарија. Воедно, бугарскиот претседател кој е во посета на земјава на покана на Иванов, на заедничката прес-конференција истакна дека Бугарија е еден од најсилните адвокати на Македонија во врска со евро-интегративните процеси.
Во однос на формирањето комисија меѓу двете држави за заедничко чествување на празниците, Радев рече дека се работи интензивно од двете страни и важно е да се процени дали има спорни прашања меѓу двете дражави и како тие да се решат.
„Ние имаме заедничко минато и од тоа зависи евроитнеграцијата и иднината на Македонија. Покажавме дека две држави со заедничко минато може да ги решаваат пробелмите за заедничка иднина“, рече Редав. Тој воедно ја возврати поканата и го повика Иванов на 6-ти мај да ја посети Република Бугарија.
Г.Н.Р



Договорот за добрососедство на дело!! Заевата успешна надворешна политика Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
(This post was last modified: 16-02-2018, 09:09 PM by ЈорданПетровски.)
16-02-2018, 09:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИДЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:ШЧО НАПРАИФМЕ И ШЧО ТРЕБИТ ДА ПРАИМЕ ЗА ОДНАПРЕД?


Над 200 интелектуалци се потпиша. Бидете и вие дел од нив.
Писмото можете овде да го најдете: https://www.facebook.com/notes/we-are-macedonia/отворено-писмо-до-политичките-лидери-на-република-македонија/223480261531160/
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИДЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:
ШЧО НАПРАИФМЕ И ШЧО ТРЕБИТ ДА ПРАИМЕ ЗА ОДНАПРЕД?
Длабоко загрижени и вознемирени од начинот на кој Владата на Република Македонија го води процесот на разговори со Република Грција околу нашето уставно име и национален идентитет, чувствуваме историска одговорност да не молчиме и да ѝ се обратиме на целата македонска и светска јавност, во духот на мислата на Мисирков: шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?
Сакаме да истакнеме дека:
1) Република Македонија е мирољубива членка на меѓународната заедница, и нема ниту еден активен спор со ниту една држава членка на ОН. Нашето право на самоопределување и на самоидентификација не потекнуваат од 1991 година, туку се резултат на историски процес на самоафирмација и на борба за сопствена држава која симболично започна со првиот Илинден во 1903 година, а беше крунисана со вториот – со Заседанието на АСНОМ од 1944 година. Третиот Илинден, од 8 Септември 1991 година беше само чин на континуитет, легитимиран со наодите на Извештајот на Бадинтеровата комисија и со пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2011 година.
2) Приемот на Република Македонија во ОН беше извршен со флагрантно кршење на Повелбата, при што на државата ѝ беа наметнати два дополнителни и згора нелегални услова – обврска во меѓународните односи да биде претставувана под референцата „БЈРМ“, како и да разговара со Грција околу разликите во врска со името. Поради слабоста на државата, неспособната дипломатија и плашливото и субмисивно државно водство, разговорите прераснаа во преговори. Денеска сме исправени пред ултиматум да го промениме уставното име на државата, нашата заедничка политичка заедница.
3) Одлучувањето за ова прашање излегува од рамките на уставот утврдените надлежности на носителите на власта. Никој, вклучително и Владата, Собранието и Претседателот на Републиката, нема уставно овластување да одлучува за промена на името, дури и ако е „само“ за меѓународна употреба. Ветувањето дека народот ќе одлучи на референдум, исто така, не е засновано ниту на Устав ниту на закон, бидејќи за промена на името на државата, а особено за одредбите за идентитетот, не постои норма од позитивното право за распишување референдум, ниту консултативен ниту задолжителен.
4) Во изминатите 27 години, дури 137 држави нѐ признаа под уставното име, а нашите официјални државни претставници во меѓународната комуникација го користат уставното име (the Republic of Macedonia, во англиската комуникација). Интелектуалците, културните работници, писатели, научници, уметници, лекари и професионалци од сите области, со своите меѓународни постигнувања успеаја да се изборат нивните колеги и партнери да ги почитуваат и да ги ословуваат на начин вообичаен за сите други државјани на трети земји.
Оттука, сведочејќи дека Владата не ги користи сите правни, политички и морални адути што се недвосмислено на страната на Република Македонија, прашуваме:
1) Зошто молчите во врска со Бадинтеровиот извештај?
2) Зошто се однесувате како виновник/ иредентист кога в рака ја имате пресудата на Меѓународниот суд на ОН, во која експлицитно се аргументира дека ниту едно дејствие на нашата држава не е или не било иредентистичко?
3) Кој ве овластил да преговарате за името и за идентитетот?
4) Зошто вршите притисок врз јавноста дека е ова историски миг за влез во НАТО, кога фактите зборуваат дека самит не е потребен доколку членките на НАТО одлучат да ја примат земјата без уцени, согласно со Времената спогодба и со пресудата на Меѓународниот суд на правдата на ОН?
5) Без политичка визија, храброст и доблест, вие, политичарите и од власта и од опозицијата, се обидувате да задушите секаква суштинска дебата и да избегнете отчет пред граѓаните, за чиј идентитет преговарате. Дали и ова прашање планирате да го „киднапирате“ и да го решавате вонинституционално и вонуставно, доведувајќи ја јавноста пред свршен чин?
Цениме дека е израз на крајна политичка ароганција, граѓаните да се третираат како поданици или како инфантилни, и од нив да се крие за што, всушност, се преговара. Недемократско е замолчувањето на оние што не се согласуваат со преговорите, преку етикетирање – директно или индиректно – на националисти, реакционерни елементи и антизападно ориентирани кругови.
Укажуваме дека на овој начин власта се отуѓува од сопствениот народ (демос), ставајќи го како влог сето она за што многу генерации умирале во зандани или на бојно поле со името „Македонија“ на устите, а уште повеќе сето она што е изградено и со што Република Македонија е афирмирана надвор од нејзините граници благодарение на успесите на нејзините највредни научници, професионалци, спортисти, уметници и други, без оглед на етничкото потекло.
Граѓаните имаат ПРАВО да бидат информирани, и никакви причини на дипломатска тајновитост не можат да се користат како оправдување кога се во прашање права за кои се избориле нашите предци, а не вашите гласачи. Ова се права што му припаѓаат на секој поединец, но и на секој народ на светот, согласно со Повелбата и Универзалната декларација на човековите права на ОН. Од нас се бара нешто што никому никогаш не му се случило, да ја видиме смртта на својот народ во текот на нашиот живот!
Затоа, бараме:
1) Да престанете со пропагандата дека постои национален консензус и дека преговорите се водат „само“ за промена на името на државата. И на обичниот човек му е јасно дека станува збор за македонскиот идентитет, нашиот овде и оној на Македонците што се малцинство не само во Република Грција, туку и во другите соседни земји.
2) Да признаете дека немате ниту елементарна стратегија или изградена позиција за ова прашање! Бараме веднаш да почнете консултации околу пристапот којшто упорно се обидувате да го сокриете. Да ги прекинете преговорите со посредство на Метју Нимиц и да се обратите до Генералното собрание на ОН како единствена меѓународна инстанција во која Република Македонија не е Давид наспроти моќниот Голијат, туку е рамноправна членка со сите држави кои ја признаваат под уставното име; да се стави крај на употребата на референцата и да се донесе резолуција на Генералното собрание на ОН со која на РМ би ѝ се гарантирал непречен прием во меѓународни организации под уставното име.
3) Обидете се да ја сплотите нацијата и да создадете вистински национален консензус околу внатрешните приоритети и демократски вредности, наместо да ѝ давате приоритет на надворешната политика што ја водите по диктат, вршејќи притисок и делејќи ги своите граѓани, а во полза на туѓи геополитички интереси. Свртете се и погледнете го сопствениот двор, затрупан од скршени ветувања и разочарувања. Ниту една меѓународна инстанција нема да може да го направи она што е наша домашна задача, а за што сте првенствено одговорни вие! Убедете ја ЕУ дека имаме капацитет за членство спроведувајќи ги реформите дома! Македонија ни е поважна од која било меѓународна организација!
Предупредуваме дека инсистирањето на ургентно „решавање на спор“ во кој ни Соломон не би се впуштил, директно предизвикувате несигурност, страв и можен внатрешен конфликт. Тргнувајќи од фактот дека Република Македонија е сѐ што имаме, дека таа е нашата единствена политичка заедница, а политичка заедница нема без идентитет, без есенцијални вредности околу кои се создала и кои ги негува, и без демократија и заемно почитување, ние долупотпишаните одлучивме да истапиме јавно во битката за нашите човекови права, достоинство и интегритет кои не се предмет ниту на преговори ниту на пазарења. Доколку политичарите од власта и опозицијата се оглушат на овие укажувања, треба да имаат предвид дека ќе се соочат со ненасилен отпор и дека ќе бидат запаметени поради нивната недржавничка, капитулантска и предавничка улога од идните генерации Македонци.
17-02-2018, 12:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Република Македонија меѓу фиромизацијата, македониџизацијата и демакедонизацијата (1)


[Image: Screenshot_20180218-180614.jpg?resize=696%2C448]



18.02.2018
Во неколкуте, од Нимиц предложени сложени имиња, клучниот збор „Македонија“ за надворешна употреба, фигурира како „Makedoniјa” на светските и други јазици, значи, без превод. Вообичаениот профил на македонски граѓанин, кога го гледа и чита овој нему познат и близок збор, не наоѓа ништо СТРАШНО!!
И на евентуалниот референдум за кој се залагаат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за композитно име во кое ќе фигурира зборот „ Македонија“ / Makedonija, можно е граѓаните да не се потресат при заокружувањето на ливче со : Република Нова Македонија, или Република Северна Македонија, или Република Горна Македонија…Вардар Македонија…. зошто, во сите се споменува зборот „Македонија“ !!
Ама, македонскиот граѓанин заслужува информација дека надвор нема да бидеме: Republic of New Macedonia, Republic of Nothern Macedonia, Republic of Upper Macedonia…. туку „ Мејкдониџа/МАКЕДОНИЏА….и/или „Македонија“ на кирилица)!!!
Во прашање е нов поим и збор, кој што, освен ние и македонистите, секој друг тешко ќе може да го изговори, а камоли идентификува.
Чесно е кон предлозите да се приложи аудио материјал/изговор на предложените имиња. Најдобро би било да ги чуеме имињата како звучат изречени од г-дин Нимиц, премиерот Ципрас и премиерот Заев.
Сигурна сум дека најновите предложени имиња ќе звучат неартикулирано и неразбирливо. Тие се во духот на ДЕНОМИНАЦИЈАТА и ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈАТА!!
Предлагам, во дебатите за името и новинарите да презентираат прилог со изговор на новопредложените имиња на англиски, француски, германски, руски…. како и на грчки!!
Ова мора да го чујат граѓаните пред да бидат анкетираните нивните ставови при испитувањето на јавното мислење. Да не говорам за опасноста од сугестибилни и капциозни комбинации при формулацијата на референдумското прашање, врзани за замена на референцата, членството во ЕУ или почетокот на преговорите.
Во потрагата по „ДОСТОИНСТВЕНО КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ“ (НОВО ИМЕ), како билет за Брисел, среќни за усогласените три позиции (ЗАЕВ), или седум (ГРУБИ: кој, каде, кога и како го овластил да разговара и преговара!!), треба да фрлиме еден ДОЛГ, ОСТАР И ДЛАБОК поглед на овој линк, на кој има слика од првата (од четирите) страници од најновиот предлог на Нимиц:
https://www.mkd.mk/makedonija/politika/s...-skopje-do . Се разбира, може и на друго место да се најдат предлозите, а најдобри се грчките извори.
Патем,клучното прашање е: дали решениот спор за името е клучот за решавање на нашите енормни внатрешни проблеми, на егзодусот на младите, на европеизацијата, како што постојано слушаме и читаме? Не верувам. Со „БАЛКАН ЕКСПРЕС“, БЕЗ ЕВРОПСКИ ВОЗЕН РЕД не се стигнува во БРИСЕЛ. Сеуште не сме „полетале“ од место. Останавме недовршена и слаба(weak), а на моменти и пропадната(failed) држава.
Знаете ли дека сеуште не е довршена конститутивната седница на Собранието, зошто не се избрани потпретседателите? Се разбира, по деценија авторитаризам, треба време за ДЕМОКРАТСКИ ЖИВОТ. Ама, не препознавам јасни демократски тенденции. Гледам: опасна криза на лидерството и уште поопасно кокетирање и кооперирање со креаторите и генераторите на политичката и правна криза; понатамошна етнизација/етнократија; јакнење на етносот, наместо на демосот и закана од општествена дезинтеграција; етатизација и слабеење на автентичното цивилно општество; континуитет на партизацијата на државата и конзулство; репартизација, наместо департизација на администрацијата; релативизирање на фашизмот и потценување на антифашизмот како темел на модерна Европа; медиумско конвертитство; еколошка деградација /катастрофа и енормна закана по нашето здравје и ЖИВОТ.
Верувам и е се надевам дека македонските преговарачи знаат дека предлозите на НИМИЦ, со “Makedonija” како дел од сложеното име, се заканувачки не само за АСНОМ-скиот државен и именски континуитет, (што не бил нарушен со придавките: народна, федеративна, или социјалистичка, како што тврдат некои експерти) туку и за МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН и ГРАЃАНСКИ ИДЕНТИТЕТ.
Не смее да се превиди како се изговара БУКВАТА „Ј“ на англиски, француски, или друг јазаик во именката „Macedonija”, зошто може да биде ТРОЈАНСКИ КОЊ во новопредложените имиња.
Чувме дека Министерот Козиас преферира име напишано на „словенски“ (на кирилица) за да не може никој да го прочита, а камоли разбере.
Се поставувуваат неколку прашања врзани за генезата на името на Република Македонија и следат неколку одговори:
1. КАКО станавме членка на Југословенската федерација? Како Народна Република Македонија, врз основа на правото на самоопределување на македонскиот народ, што го вклучува и правото на здружување.
2. КАКО излеговме од СФРЈ? Врз основа на правото на самоопределување до отцепување, згарантирано со Уставот на СФРЈ од 1974 година за шестте републики.
3. КАКО почнува Преамбулата на Уставот од 1991? Со македонскиот народ.
4. КАКО почнува изменетата Преамбула во 2001 год (единствен пример во компартивното уставно право на измена на Преамбула со амандман!)? Со „ граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од другите народи.
Со децении, пред и по осамостојувањето, Република Македонија во меѓународните односи, учествуваше и фигурираше како “Macedonia” (на англиски и шпански), “Mazedonien” (на германски) или “Macédoine” (на француски).
Се разбира, ние мора да инсистираме ова решение ДА ОСТАНЕ, зошто, она што , според Повелбата на ОН важи за сите држави, треба да важи и за Република Македонија, согласно начелото на еднаквост на сите членки на ОН.
Тезата дека името нема врска со идентитетот и дека ние си знаеме КОИ СМЕ, не значи многу во меѓународно-правната комуникација на држави- нации (демос, етнос), зошто, подеднакво важно е кои сте како нација за ДРУГИТЕ и како Ве перцепираат и третираат ТИЕ!! Освен тоа, бесмислено е да се тврди дека тоа што еден народ се вика „македонски“ , а државата „ Македонија“ нема врска!!
Со име на држава, чија транскрипција е “MAКEDONIJA”, таа и НИЕ како нација и граѓани не сме ни ДОСЕГАШН(А)ИТЕ, ни ВЧЕРАШН(А)ИТЕ, туку сме ДРУГ(А)И/нов(а)и, односно ТАА/НИЕ сме „ ОД СЕГА“(EX NUNC), a не „ОД ТОГАШ“ (EX TUNC), што е не само неточно, туку и нехумано и антиисториско.
Во мегународната комуникација , Република Македонија, од 1944 до 1993 беше ословувана како Република Македонија, а од 1993 ( прием во ОН) до денес , во рамките на меѓународните организации и односи, главно, иако не секогаш и во сите , ни се обраќаа со „бивша југословенска РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Пристојни и културни странски политичари и бирократи, свесни за бизарноста на октроираниот акроним, но и за нашата нелагодност и фрустрација, не само како државјани, туку и како индивидуи , посегаа по креативни еуфемизми. Си ги замислувам можните варијациите на тема: изговор на зборот “MAKEDONIJA” !!!
По 25 години преговори (толку долго г-дин Нимиц бил вклучен и во РЕШАВАЊЕТО на Кипарското прашање !!), македонските преговарачи, во стартот треба(ше) да ги отфрлат сега актуелните предлози на г-динот Нимиц и да предложат „СВОИ“, од (богатиот) именик на г-дин Нимиц или надвор од него, зошто тој е само МОДЕРАТОР, а не КРЕАТОР на име на „ суверена“ држава, како што се однесува.
Гордана Силјановска – Давкова
21-02-2018, 03:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Република Македонија меѓу фиромизација, македониџизација и демакедонизација (2)


Гордана Силјановска – Давкова 19.02.2018
Јас, bona fide и заради кооперативност, веднаш би прифатила две имиња од Нимицовиот именски арсенал : „НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ ИЛИ „ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“, се разбира, со превод на англиски, француски, германски… како и во случајот на другите држави за меѓународна употреба. За обата, верувам дека нема да има проблем ниту за erga omnes употреба, ниту за идентитетот, се разбира, „доколку“ јазикот и народот си останат македонски!!!
Ако Грците инсистираат на јасна дистинкција меѓу името на нашата држава и нивните три, новосоздадени географски региони во 90-тите години (Централна, Источна и Западна), тогаш, нема подобро решение од двете горенаведени, зошто тие се differentia specifica меѓу нашата држава и регионите, оти епитететите „ демократска“ и „независна“ и приличат на држава, но не се соодветни за географски региони.
Впрочем, како што укажува проф. Вилијам Дан, во прашање е КОНСТРУИРАН СПОР. Имено, Грција не го користела зборот Македонија за ниту еден дел од својата територија до 1988 година, кога Владата на Папандреу решава да ја замени Северна Грција со Македонија.
Република Македонија беше единствената новосоздадена држава по распадот на СФРЈ ословувана како „ БИВША ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА“, иако здравиот разум ни говори дека само Југославија беше бивша.
Како може македонскиот јазик, кој беше службен покрај српско-хрватскиот и словенечкиот во рамките на југословенската федерација, сега да биде „СПОРЕН“, „ПРОБЛЕМАТИЧЕН“ и „ВЕШТАЧКИ“ ?? Како што знаеме, денес, во листата на ОН и Советот на Европа со право фигурираат и храватскиот и црно-горскиот јазик и никој не ги оспорува, па ни Република Србија , зошто се работи за елемент на правото на самоопределување на секој народ.
Тажно , па и морбидно е по толку многу вредни книги на македонски јазик, по дузина книги од македонски автори преведени на светски и други јазици, по светската слава на една од најпрестижните поетски манифестации „ Струшките вечери на поезијата“, по многу слависти- македонисти ширум светот, бројни отворени и за жал запоставени и затворени лекторати, политичари и бирократи од соседната држава да ни диктираат како да ни се вика ЈАЗИКОТ, небаре сега се појавува!
Па, кои се оние Македонци и нивниот македонски јазик , забележан(и) во американските и канадските пописи уште од 1897? На кој јазик беше отпечатен Букварот/АБЕЦЕДАРОТ во 1925 година во Грција и за кои деца, ако не за македончињата?
Ја помните ли прочуената сцена кога г-дин Васкопулос и го предаде Абецедарот на г-га Дора Бакојани на конференција на ОБСЕ??? На кој јазик зборуваа нашите баби и дедовци, мајки и татковци, на кој јазик учевме ние и учат нашите деца?
Во „надминувањето“ на разликите за името на достоинствен начин, „првата“ и „втората“ страна мора да признаат/обзнанат дека Античка Македонија не е ничие ексклузивно право, туку е цивилизациско културно наследство, дека Република Македонија не е Античка Македонија, како што ни модерна Грција не е Античка.
Ниту е проблем, ниту е непознат феномен истоименоста на различни ентитети: од Република Ирска и Северна Ирска, преку Бретања и Британија, државата Луксембург и истоимената белгиска провинција, до САД и Јужна Америка….. Ама, денес , ниту има друга држава Македонија, ниту некој друг народ се нарекува „ македонски“, ниту има друг македонски јазик, освен нашиов.
На ова укажаа, на 9. 03. 2006 година, 56 ГРЧКИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ, главно левоориентирани , како и универзитетски професори во Петицијата објавена во „Елефтеротипија“ со која изјавуваат дека ќе не ословуваат под уставното име, како наше „ ЕДИНСТВЕНО, ЛЕГИТИМНО И ВИСТИНСКО ИМЕ“!!
Уште нешто. Во „ пакетот“ за името влегува и предлогот, во рамките на erga omnes употребата, НОВОТО ИМЕ да важи и за 137 –те држави,небаре тие не признаа под уставното име заради љубов, или моќ, а не заради вербата и почитта на Повелбата на ОН.
Некој сака и она малку меѓународно право што остана во ОН да го згази.
Најголем СРАМ НА XXI век и на ООН ке биде, Советот за безбедност да бара од 137 држави, кои не признале под нашето име, да посегнат по „ (ре)признавање“ под НОВО ИМЕ ( непознат феномен во дипломатското право), кршејќи ги одредбите од ПОВЕЛБАТА на кои се повикале при сопствениот влез.
Врвен мазохизам и кршење на меѓународното право ќе биде (билатералните договори не може да воспоставуваат обврски за трета страна) од нас да се бара „НИЕ“, наместо да им бидеме благодарни за почитување на начелото на еднаквоста на сите членки на ОН , да бараме/ „да ги замолиме“ 137-те држави да заборават на Повелбата и на претходното признавање , зошто само така и тогаш ќе може да влеземе во НАТО и да ги почнеме преговори со ЕУ!! Како може ние кои се повикуваме на Повелбата да повикуваме на нејзино кршење.
Зарем не е државен и национален суицид сами да бараме да не не викаат така како што се викаме, туку така како што Грција, Нимиц и неколку моќни држави (меѓународна заедница!) сметаат дека треба да се викаме, во името на „добрососедските“ односи и евроинтеграцијата. Кој добар сосед се меша во вашите приватни работи?
Зарем не е правно- логичен и џентлеменски резонот на британските лордови за нашот влез во НАТО без условување со решение за името?
ЕУ е вредносно втемелена заедница. Како таква, таа не смее да се однесува евромандарински (Weiller). Преговорите под притисок и уцена не се преговори,туку диктат, заради нерамноправниот статус на оние внатре и оние надвор, кои тргнале кон ЕУ. „Спорот“ за НАШЕТО со Грција нема врска со евроинтреграцискиот капацитет. Тој, ниту ги влоши, ниту неговото евентуално решение ќе ги подобри реалните грчко-македонски односи. Која е логиката да го подржите кандидатскиот статус на Република Македонија, а да го кочите почетокот на преговорите ?
Која е логиката да прифатите привремено име во меѓународните односи( иако со Резолуцијата 817 ова важи само за односите во ОН) за да можете да се интегрирате во меѓународните организации, асоцијации и заедници, а ова да не важи за НАТО и ЕУ? Која е логиката еднаш да изјавувате дека „ името не е проблем на НАТО ( изјава на Крег Ретклиф , портпарол на НАТО во Р. Македонија во 2002 год), а во 2006 да поставите услов: прво решете го спорот за името, а потем ќе влезете во НАТО).
Не можам , а да не го споменам прагматизмот, но и цинизмот и хипокризијата на оние земји што не признаа под уставното име, а потем изјавуваа(т) дека ќе прифат било кое име што ќе го договориме со Грција!!
Да се вратам на насловот : фиромизација, македониџизација, демакедонизација..
Ги помнам протестите со јасни и духовити пораки: не ме ФИРОМИЗИРАЈ!! Зошто сега нема протести под мото: не ме македониџизирај???
Дури и ако некој решил да не МАКЕДОНИЏИЗИРА, НИЕ немаме право да ги ДЕМАКЕДОНИЗИРАМЕ генерациите пред нас и по нас, прифаќајќи предлози кои што странец не може ниту да ги прочита, ниту да ги изговори… Не смееме од „БИВША“ држава ( име што ние не го користевме и не моравме да го користиме)да станеме НИКОЈА и НИЧИЈА ЗЕМЈА / TERRA INCOGNITA
Не говорам за XIX век, туку за XXI век. СРЕДЕ ЕВРОПА, при постојни ОН, СОВЕТ НА ЕВРОПА, СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА, МЕЃУНАРОДЕН СУД НА ПРАВДАТА…
О TEMPORA, O MORES!!!
21-02-2018, 02:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Срамна сурија

 
22.02.18 
Писмото за 200 македонски интелектуалци за прекин на преговорите со Грција околу спорот за името или спорот произлезен од грчкиот проблем со нашето име, сеедно, е крик на оштетениот интелектуалец од гумното на нацијата жртва и нејзиниот национализам!
Тој и таков интелектуалец не може да мисли и делува надвор од координатите на национализмот на нацијата-жртва, а тоа е главно паранојата на провинцискиот ум на конспирации и закани. Потка на тоа мислење се состои од наоѓање алиби зошто тој и неговата нација не можат, не се кадри, неспособни се и то. Не можат да бидат слободни, делотворни, еманципирани, со поглед напред и со самодоверба – бидејќи ги мразат соседите, ги оспоруваат соседите, ги отфрла и не ги разбира меѓународната заедница, малцинствата ги роварат одвнатре, либералните интелектуалци ги предаваат одвнатре. Или со речникот на оваа патетична сурија: на македонскиот народ му се подготвува и води (отсекогаш впрочем) духовен и физички геноцид од соседите… му се копа гробница однадвор и одвнатре…).
Тоа е нивниот хоризонт на мобилизација и „творештво“ и отсекогаш таков бил. Со тој аноректичен интелектуален ангажман не можете да аргументирате бидејќи своите убедувања ги базираат на фантазии за конспирација, а со фантазии не можете да полемизирате (Конисберг). Идентитетот на Македонецот кој во своите фантазии го бранат е негативно определен: Македонецот е тој кој се чуствува негиран, поделен, омразен и згазен, а од таа перспектива онемоќен и гневен. Тој не може бидејќи некој друг му оневозможува, но еве тој ќе крикнел и сите (ерга омнес) ќе дознаеле за неправдата кон него (јебао вас крик)!  Од тој аспект тоа во основа е и здодевна сурија.
Но, 200-тоте од Термопилите-под-Мариово сега се мобилизираат во еден посебен паничен момент – кога на тоа држење на Македонија заложник на изолацијата, на Македонија „во дупка“ и на Македонецот „кој не-може“, може да му се види крајот! Кога има геостратешка шанса да се излезе од таа дупка, секако, ако се сака, ако се мобилизира граѓанството во еманципаторската насока, ако за тоа се има критичка интелектуална мобилизација и човечки материјал секако. 200-те во Суријата се симбол на Македонија која останува назад, како талог на дното од дупката во која толку долго, предолго нацијата битисуваше. Тие не се предводник кон никаде и ништо, тие се талог кој останува. И тоа може да биде интелегенцијата секако – талог на нацијата.
Не е вредно труд и напор на овој профил на заробен ум да му објаснуваш дека националниот интерес на Македонија е едиствено можно и впрочем најефикасно да се одбрани ако се има среќа и способност да може да се направи „плетенка“ со геостратешките интереси на крупните меѓународни актери на балканската е европска сцена: она што го означуваме како стратешки партнери на Македонија! Дека националните интереси ќе ги загрозиме ако останеме сами и изолирани уште еден период во иднината! Дека на тој пат заедно со тие партнери треба да ги нормализираме односите со соседите и да ја симнеме постојаната алиби-ситуација за јаловоста на нашата интелегенција (дека некој постојано не блокира и затоа сме неспособни). Треба да исчекориме во слободата која за нас е моќна и досеглива сега и тука. За која услови сме создале, за кои услови нашиот народ платил висока цена на одрекување и страдање и сега треба неговата граѓанска интелегенција да ги одигра потезите на одговорно предводење, на лидерство (храбро и паметно) за да со последните потези на можната еманципаторската излезна политика и евентуално се оствари.

Каков е тој ум што ова не може и не сака да го види? Кои се тоа плачипич…..аргументи од Вучичевски маштап во чокајлиева интерпретација: нечемо у ЕУ ако је услов признавање Косова) „нејќеме у ЕУ разнебитени, обезличени и сл. Кој хохштаплерај во лажење и фалсификување на позиции и факти е тоа? Го грабнале и го држат јорганот -алиби кој ги покрива аноректичните интелектуални телца од можната слобода и соочување со тоа дека Македонецот може да биде слободен и не-омразен можеби. Признат, а не-негиран можеби! Во тој нов момент во нашата историја ќе се соочиме конечно со тоа што можеме кога не сме оспорувани и негирани како алиби за откажување! Со тоа кои сме и што вредиме конечно сами за себе и со слободата во наши раце?
Нормално е на некој начин што 200-те од Термопилите под Мариово – во моментот кога е можен пробив, се во панична мобилизација! Сега се бара прекин на преговорите и пад во тотална изолација која ја оценуваат како доблест! Како гордост на пропаѓање – што со Лакaновски речник би бил порив на смртта (death drive ) можно разнебитување – но гордо во нивните умови! Некои од нив се во карактеристична интелектуална какофонија (како што секогаш биле) па предлагаат поприфатливи имиња за државата (???) што значи не се баш за прекин туку за поприфатливи солуции за крајот на преговорите! Некои од нив предлагаат за излез други алијанси и статешки сојузи (и јасни анти-американски) анти-европски и анти-НАТО позиции ! Трети во таа срамна сурија предлагаат конечно во тој расплет раздружување и со Албанците бидејки ова била Македонија на Македонците и сега е моментот на расчистувањето и на тоа прашање во котелот на кризата која ќе се појави по евентуалниот колапс на преговорите и изолација на земјата.
Дел од нив (а тие се посебно драматични) се нудат како жртва) ја антропоморфизираат заедницата и ситуацијата во која замислуваат дека е таа: еден вели се родил во Македонја, а ке умре демек во Не-Македонија? Поколенијата и претците (Ахх…) им ја подале – завештале Македонија – мајка да ја чуваа, а тие сега рацете им треперат пред предавствто што демне да го изгубат завештанието, да немаат на децата што да им остават?
Жртвата како знаете, драги мои ја пополнува и закрпува (дупката) процепот меѓу светото и профаното, Божјото и она на заедницата – со процесијата на жртвувањето (Бре! бре!) Сето тоа дополнето со ритуалното присуството на старите погани глави на генетското мудросерство од МАНУ!
Со еден збор, драма на лажни појавности (drama of false appearances) симулакрум на интелектуален ангажман кој не можете за жал (demenatio memoriae) ниту да го прогоните од сеќавањето) бидејќи се поредиле ете тука, токму се, толку се 200-те од Термопилите!
Имам некое мало задоволство во погледот на нивните испотени чела, не е да немам! Во погледот на нивните две меѓувеѓни брчки насобрани од грижа за идентитетот! Се секавам на зборовите на американскиот кантри пеjач Вили Нелсон: кога некој е неуспешен во некоја работа доволно долго – исто станува легенда!
Љубомир Д. Фрчкоски  



Одговор на повраќаницата на Фрчко


Quote:Кого, всушност, плукаат Најчевска, Тричковски, Фрчкоски…

23.02.2018 Горан Момироски
Дебатата по прогласот на групата од 200 интелектуалци станува сè поостра и пониска. Откако во петокот професорките Ванковска и Грчева, во име на околу 200 македонски интелектуалци, ги објавија барањата упатени до македонските политички лидери, не запираат реакциите.
Позитивните најчесто се во форма на полуотворена или прикриена поддршка за потписниците на социјалните мрежи, а негативните објавени на провладините медиуми се прилично отворени, брутални и директни.
Во вторите потписниците се опишуваат со најпогрдни зборови, кои, од разбирливи прични, нема да ги повторам овде. За да се дискредитираат, се користат „аргументи“ од расправија пред кооперација или поради еден потписник автоматски се исклучуваат сите останати. Само ретки изблици на контрааргументи на тезите на прогласот.
Искрено, не очекуваав толку високо ниво на омраза и отворено непријателство и лични навреди од луѓе кои што одлично се познаваат и речиси извесно повторно ќе се сретнат во малата Македонија.
Нивото на злоба во нападите покажа дека потписниците чепнале во нешто многу големо и важно, дека некој центар на моќ е длабоко уплашен од потписите и затоа и се случи оваа координирана операција на напади. Ако навистина прогласот и потписниците не беа важни и релевантни, немаше да бидат потрошени толку многу зборови и пари за „бустање“ на социјалните мрежи.
Но, и тоа е дел од дебатата. Kаква и да е таа, треба да се води дури и ако во неа нема сериозни контрааргументи и љубов. Всушност, сметам дека со секоја колумна/напис потписниците на прогласот се сè посреќни.
Дури и кога гледаат дека нападите се вршат во име на друга многу поголема сила, која што преку своите „прокси воини“ се обидува да поништи една автентична енергија, која, дури и со за мене спорното барање за прекин на преговорите за името, ја раздвижи Македонија како ретко кога претходно.
Она што во целата „дебата“ е фасцинантно е тоа што одбраната на Владата од прогласот се труди целосно од целата слика да елиминира дел од потписниците и затоа се фокусира на неколку имиња кои што и претходно биле дел од жестоки јавни дебати.
Не е случајно тоа што во отсуство на интерес на вообичаено мрзеливите медиуми (или поради медиумска стратегија на партиите) дебатата се сведе на професорките Ванковска, Силјановска, Грујевска-Маџовска, Улчар, Донев и неколкумина други.
Мало истражување на списокот на потписниците ќе покаже дека горенаведените, иако и како единки се повеќе од релевантни за промовирање на која било идеја, се само врв на сантата мраз. Ако навлезете подлабоко во списокот, доволни ви се само 10 минути за да разберете дека тежината на прогласот и во смисла на наука, и во смисла на успех, и во смисла на меѓународно влијание, е далеку поголема од првично проектираната.
Само едно име на списокот е доволно за да паднат во вода сите наводи дека „станува збор за неуспешни квази интелектуалци, кои имаат политички задачи и својот неуспех како научници сакаат да го компензираат со политички прогласи“, како што со една реченица може да се опишат нападите врз потписниците.
На списокот има многу имиња што поединечно за науката, за Македонија и во глобални рамки постигнале повеќе од сите нивни „плукачи“ заедно, но можеби е добро да се започне со најстариот на него.
Академикот Ратко Јанев, за кого слушнала само мал дел од македонската јавност, е доволен аргумент разумни луѓе, ако не да запрат со нападите, тогаш барем да ги редефинираат методите на напаѓање.
Човекот кој е роден во 1939 година во Свети Врач (денес градот Сандански), Пиринска Македонија, Република Бугарија, во својата биографија има материјал кој не можат да го побијат ни 100 напаѓачи како овие во насловот на оваа колумна. И токму поради тоа, тие се обидуваат луѓето како Јанев да бидат турнати под тепих.
Ним и им е јасно дека водат загубена битка и затоа речникот е толку суров. Не затоа што барањата во прогласот ќе бидат прифатени или преговорите ќе запрат, туку затоа што јавниот простор во иднина ќе биде проширен со гласот на други, најмалку десетици умни луѓе, и тој ќе биде заситен за луѓето кои со децении се присутни во јавноста без да дадат или да направат нешто важно за Македонија.
Иако една од главните тези на напаѓачите е дека потписниците на прогласот имале политички амбиции, најмалку тројца од нив самите биле дел од политиката и сите тројца преживеале тешки политички порази.
Стојан Андов, кој речиси 3 децении е дел од македонската политика, стана спикер на Парламентот со гласовите на Анте Марковиќ, а неговата партија сега е маргинална политичка сила, без реална можност да влезе во Собранието ако не е привезок на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.
Љубомир Фрчкоски беше министер за надворешни и за внатрешни работи, а претрпе тежок пораз од актуелниот претседател Ѓорге Иванов во 2009 година.
Мирјана Најчевска беше кандидат за градоначалник на Скопје на ЛДП во 2009 година, кога освои околу 7 илјади гласови, односно 3 проценти од гласовите на сите скопјани кои излегоа да гласаат.
И сега овие луѓе, заедно со сите останати, го дисквалификуваат човекот кој како дел од Нобеловиот комитет предлагал кандидати за добитници на Нобелова награда за физика и кој според меѓународни извори важи за физичар од светски маштаб.
За крај, за сите оние што немаат време да го анализираат списокот, еве дел од резимето на академик Јанев, човек кој според дел од македонските колумнисти и професори е „квази интелектуалец, параноик, провинциски ум или дел од патетична сурија“.
Академик Ратко Јанев
[Image: -јанев.jpg?resize=235%2C285]
Занимање, нуклеарен физичар
Гимназија завршил 1957 г. во Скопје, а 1963 г. дипломирал на Електротехничкиот факултет (група техничка физика) на Универзитетот во Белград. Постдипломските студии ги завршил во 1965 г. на Природно-математичкиот факултет, и потоа се вработил во Институтот за нуклеарни науки Борис Кидрич во Винча. Од 1966 до 1967 г. се наоѓа на специјализација на Ленинградскиот државен универзитет, каде што работел на својата докторска дисертација „Процеси на електронскиот зафат во бавните атомски судири“ која ја одбранил 1968 г. на Природно-математичкиот факултет во Белград.
Работи како научен советник во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча од 1981 г. Од 1969 г. држи курсеви на постдипломските студии на ПМФ во Белград (Отсек за теориска физика), а 1970-73 г., а држел предавања по атомска физика на ПМФ во Скопје. Како професор-гостин држел предавања на повеќе европски и американски универзитети.
Јанев е професор со светски углед во областите на атомската и нуклеарната физика, член на МАНУ, професор и консултант на повеќе светски познати универзитети и институти. Има објавено голем број научни трудови во водечките меѓународни научни списанија. Со над 600 научни трудови во меѓународни списанија со импакт фактор (SCIndex ili IF [1]) академик Ратко Јанев[2]е еден од најпродуктивните физичари во втората половина на двадесеетиот век во светската физика. проф. Ратко Јанев држел позиции во Нобеловиот комитет (како предлагач на кандидатите за Нобеловата награда за физика во осумдесетите и деведестите години на минатиот век и претставува еден од најцитираните физичари во областа на атомската физика. Ратко Јанев е, мегу другото, и добитник на престижната Хумболтова награда за физика.
Неговата научна дејност се одвива, главно, во областа на општите и методолошките проблеми на квантната теорија на меѓучестичните заемни дејствувања, теоријата на заемните дејствувања и судирните процеси меѓу атомските честички, кинетичките и транспортните процеси во јонизираните средини, физиката на заемното дејствување и судирните процеси меѓу атомските честички и површината на цврстите тела, физиката на гасните ласери и физиката на контролираната термојадрена фузија. Покрај ова, неговиот научен интерес е насочен и кон некои специјални проблеми во астрoфизиката, физиката на јоносферата, на тешките јони, на јонските извори и др.
Ратко Јанев има објавено трудови во различни полиња од модерната физика, од кои најзначајните се од областа на атомските заемни дејствувања и судирните процеси, заемните дејствувања и судиирните процеси на атомските честички во цврсти површини, физиката на јонизираните гасови, гасните ласери и контролираната термојадрена фузија. Активно соработува со Скопскиот универзитет и со МАНУ и неговиот придонес за развитокот на науката во Македонија е исклучително забележителен. За член на Македонска академија на науките и уметностите е избран во октомври 1988 година.
Ратко Јанев бил претставник на Република Македонија во Мегународна агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена, Австрија, и прв мегународен функционер во мегународните установи во системот на ОН од Македонија, по осамостојувањето на Република Македонија. Ратко Јанев во 1993. година помогнал во процесот на зачленувањето на Македонија во МААЕ.
23-02-2018, 04:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Павлопулос исцрта нови „црвени линии“ во спорот за името



Грчкиот претседател излезе со ново толкување на црвените линии во неговата земја околу преговорите во спорот за името и дефинираше што се подразбира под „иредентизам“ од македонска страна во Атина.

[Image: 18985905_303.jpg]

05.03.2018
Грчкиот претседател Прокопис Павлополус вели дека предуслов за договор во спорот за името се промена на Уставот во Република Македонија и име без иредентизам. Од новото име на Република Македонија Павлопулос очекува три гаранции: дека нема да имплицира промена на границите, дека нема да имплицира постоење на етнички заедници вон границите на матичната земја, и во иста насока, и промена на името на јазикот.
Кога велиме иредентизам мислиме на три работи: не може во никој случај ова име да подразбира промена на границите. Второ, не може ова име да упатува на етничка припадност вон границите на ПЈРМ. И трето, не може ова име да упатува на јазик надвор од границите, што би предизвикало малцински права и во оваа област“, изјави Павлопулос.
Грчкиот претседател го критикува и ставот на македонскиот премиер Зоран Заев, кој инсистира договорот со Грција да се заокружи преку меѓународен договор, а не со промена на Уставот.
„Премиерот на оваа земја не разбира каква опасност предизвикува самиот кога изјавува дека е спремен да потпише еден договор што е спротивен со Уставот? Можете да си замислите некој лидер од Западот, од ЕУ, да кажеше такво нешто?“, ја пренесува изјавата на Павлопулос, агенцијата Миа.
05-03-2018, 07:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Премиерот доби директен „непристоен предлог“ од лидерот на опозицијата

[Image: -сител.jpg?resize=696%2C407]
11.03.2018
Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ со нова политичка стратегија во која премиерот Заев е ставен во тешка дилема.
Христијан Мицкоски на Зоран Заев му нуди подршка за спроведување на реформските закони дури и ако ДУИ замине од владата. Во случај СДСМ да не гласа за законот за јазиците и ДУИ замине од владата Мицкоски се обврзува да даде поддршка за сите закони кои што се поврзани со евроинтеграциите иако владата ќе нема мнозинство во Собранието.
Опозицијата му дава „карт бланш“ на СДСМ односно на премиерот Заев кој сега има избор. Да ја прифати поддршката на ВМРО – ДПМНЕ во одложување на Законот за јазиците и да ги спроведе сите закони кои што се на Агендата 3 – 6 – 9 или да продолжи да го носи законот за јазиците заедно со ДУИ и да ги блокира реформските закони.
По овој потег на Мицкоски, Заев веќе не може да ја обвинува опозицијата за запирање на реформите како што тоа го направи вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи кој смета дека реформите ги кочи ВМРО – ДПМНЕ.
Проблем за Заев е што Законот за јазици не се смета за дел од реформските закони како што тоа во два наврати прецизно го кажа францускиот амбасадор во Скопје.
Мицкоски понудата за Заев ја даде во интервју за Сител



Quote:СДСМ: Мицкоски да не шири лажен патриотизам и да ги блокира реформите

[Image: SDSM-696x343.jpg]
11.03.2018
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажниот патриoтизам на Никола Груевски, наместо штетно делување Христијан Мицковски треба да ги напушти политките на поделби и омраза, реагира СДСМ на предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Владата за го напушти законот за јазици за да добие поддршка на реформите од страна на опозицијата.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажниот патриотизам. Блокирајќи го Законот што тие го прифатија во надеж дека ќе формираат Влада, впрочем ги блокираат реформите со што го кочат развојот на Македонија. Со тоа дејствуваат на директна штета на граѓаните и на државата“, стои во реакцијата.
според СДСМ, Христијан Мицкоски продолжува да ги води истите политики што ги водеше неговиот претходник Никола Груевски, а коишто нанесувааат штета врз државните и интересите на граѓаните.
„Мицковски треба да смогне сили, вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ и да ги надмине политиките на поделби и омраза на неговиот претходник во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го прифатат концептот на едно општество, а не напразно да го споменуваат во јавноста и низ медумите. Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна демократска држава и едно општество за сите граѓани“, стои во реакцијата.
12-03-2018, 12:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Мицкоски до Заев: Те разбирам, ама не те оправдувам

12-03-2018
[Image: .jpg]  
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш ја повтори понудата од неговата партија до премиерот Зоран Заев да се откажат од Законот за јазици, а за возврат да добијат подршка за реформските закони што треба да ги изгласа Собранието.
„Очигледно е и видливо постоењето на политичка концесија на премиерот Заев во поглед на прашањето на законот за јазици. Жалам што за вакво крупно прашање не се земаат во предвид аргументите и фактите, туку практично се погазува Уставот и по секоја цена се обидува да се донесе закон кој не е уставен. Не е возможно законот да се донесе по демократски пат, а без притоа да се прекрши Деловникот на Собранието и не се изврши упад во процедурите, бидејќи нема да отстапиме од единствениот начин на покажување на демократски пркост, а тоа се 36 илјади веќе поднесени и прифатени амандмани“, истакна Мицкоски.
Според него, Македонија не смее да функционира по принцип на преседани и доколку се прекршат процедурите за носење на ова законско решение, тоа ќе значи воспоставување на нова незаконска пракса што ќе биде применувана во иднина.
„Зоране, јас те разбирам дека наспроти тебе стои човек кој што нема никаква концесија во минатото и нормални се твоите изјави, не можам да те оправдам, но можам да те разберам. Ќе мораш да научиш да живееш со тоа, политичките кариери на политичарите не траат вечно, за некои се подолги, но за некои се пократки. Но, она што ќе остане позади нас е дали ние како политичари сме додаде вредност и сме направиле нешто за оваа држава и за овој народ. Затоа уште еднаш апелирам за разум од твоја страна, да се посветиме на реформските закони, да се посветиме на реформите што ќе значат поквалитетен живот за нашите граѓани“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.



Пак мицковски избриша под со Заев.
12-03-2018, 05:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Мицкоски до Коѕијас: Името не смее да допира во државните и националните интереси

[Image: mickoski-kozijas-696x365.jpg]

23.03.2018
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, базирани на искрено пријателство и меѓусебно почитување.
– Македонија и Грција треба да имаат заеднички интерес за засилена соработка во многу полиња кои се од интерес на граѓаните од двете држави, на економски и политички план. Македонија мора да продолжи со својата евроатланска агенда и процесот да биде одблокиран. Тоа ќе придонесе и за интеграција и стабилизирање на регионот преку засилена соработка во рамките на глобалните структури кон кои тежнее Република Македонија и природно припаѓа – рекол Мицкоски.
На средбата тој ги афирмирал официјалните ставови и позиции на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорт за името.
„На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативи чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните и националните интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
23-03-2018, 08:57 PM
Reply