Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 13 Vote(s) - 2.54 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Стефан Влахов Мицов
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#21

(06-08-2010, 12:00 AM)Вовата Wrote: Халтура е когато пишеш нещо, което предварително знаеш, че ще се хареса и ще ти донесе похвали, позиция и най-важното пари. Също кога сликар по време на комунизмот црта петокраки. Интелектуален курварлък.

А, тоа е. Е, па таман одговара за делото на Стефан Влахов МицевIcon_lol
06-08-2010, 10:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Иднината на односите меѓу Македонија и Турција


Стефан Влахов Мицов

Во предговорот на својата книга „За македонцките работи“ Крсте Мисирков провидениски пишува: „Јас сум Македонец и интересите на мојата татковина ми се претставуваат така: не Русија и Австро-Унгарија се непријателите на Македонија, а Бугарија, Грција и Србија. Само енергичната борба со тие три држави ќе ја избави од погубување нашата татковина... За нашите односи кон Турција јас можам да речам само едно: ние сме должни да направиме се што се бара од нас за да и докажеме на Турција оти нејзиното останување како европска држава среќава во нас полно сочувство“. И малку потаму: „Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турската Влада и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат...„Ете пример за стратегиско мислење за иднината. Мисирков ја издава својата книга во 1903 г. , далеку пред двете светски војни и многукратните „ослободувања“ на Македонија од нејзините соседи. Далеку пред смената на општествените системи во Западна Европа и на Балканот, создавањето и распаѓањето на политичките, воените и економските блокови. Сето тоа се временски процеси. Мислител и стратег како Мисирков се интересира за главното - македонските непријатели и македонските пријатели, односот кон едните и односот кон другите во името на македонска Македонија. По избувнувањето на Младотурската револуција во 1908 година другиот македонски стратег, Јане Сандански, сфаќа дека единствена шанса за иднината на Македонија е да биде дел од мултиетничко општество. Не само тоа. Според него, мултиетничкиот модел бил единствената шанса за просперитет на целиот Балкански Полуостров. Денес веќе може да се рече дека тој модел е единствената шанса на Европа за да не ја повтори историјата од минатиот век. За жал, на прстите од едната рака се бројат македонските политичари и државници, кои можат да расудуваат стратегиски. Во знаењето за стратегиско мислење влегува и познавањето на стратегијата на претходниците. Само што, како што вели еден македонски новинар, македонската „стратегија“ е врз принципот „од денес за утре“ и „од Влада до Влада“. Затоа, за стратегиски се земаат или локални вредности или фактори, кои може да бидат само средство (членство во НАТО и ЕУ) за остварување на македонската стратегија. Денес самата Европа нема стратегија за својата иднина, зашто државниците од европските водечки држави се лишени од стратегиско мислење. Германската економија се смета за мотор на ЕУ, но ниедна економија нема иднина без глобална цел. Според претседателот на Европската централна банка Жан-Клод Трише, економијата на еврозоната е исправена пред „нејасни времиња“. Причината не е во самата економија, ниту во сегашната економска светска криза, туку во фактот дека големите европски држави се оддалечуваат една од друга како галактики што бегаат. Секоја со своите интереси, претензии, сфери на влијание. Според документот на Европскиот совет за надворешна политика „Призракот на една поливалентна Европа“, напрегањето меѓу државите расте, а востановениот ред за безбедност по Студената војна се распаѓа. Авторите на документот препорачуваат координирани дејства меѓу ЕУ, Русија и Турција не само за прашањето на европската безбедност, но и на економски план и на зацврстување на европскиот идентитет на Турција преку нејзино членство во ЕУ. Со тврдењето дека концептот на мултикултурна Германија пропаднал, канцеларката Меркел демонстрира недостиг на стратегиско мислење не само за својата држава, ами за цела Западна Европа, во која само Турците се околу 10 милиони. Дека „моторот“ на ЕУ, Германија, е на политички крстопат, потврдува посетата на германскиот министер за надворешни работи на Турција и неговата критика на Франција и на Австрија, кои се спротивставуваат на влегувањето на Анкара во ЕУ. Гидо Вестервале изјави дека исламот е дел од германското општество, но Меркел европската иднина ја гледа низ стереотипи од минатото. Т. е. низ призмата на односите меѓу Германија-Франција-Русија. Затоа Меркел учествуваше на трилатералната средба со Саркози и Медведев. Треба да се подвлече дека влегувањето на Турција во ЕУ е од суштинско значење и за самата Европа, а не само за Турција. И во двете варијанти Турција не губи. Би ве вратил на ситуацијата од крајот на Римската Империја. Ако тогашното римско општество го избереше мултиетничкиот и мултикултурниот модел во односите со надоаѓачките нови етноси во Западна Европа (како што направи Византија) немаше да пропадне. Не случајно, турскиот претседател Абдула Ѓул дипломатски ги обвини Меркел и Саркози за кратковидост. И ги повика противниците на членството на Турција во ЕУ да мислат стратегиски - 25, 50 и дури 100 години напред. А турскиот министер за надворешни работи Давутоглу посочи дека Турција веќе е „активна страна, а не само објект на разговори“. Ако Република Македонија е стратегиски партнер на Турција, ние ќе добиеме, без оглед на тоа дали таа држава ќе стане членка на ЕУ. Членството на Турција во ЕУ практично ќе значи дека и Македонија станала членка. Во таков случај, неопходно ќе ни биде евентуално членство во НАТО, како дополнително обезбедување. Велам „евентуално“ затоа што имаме време да процениме дали ќе ни одговара тоа членство. Се разбира, крајната отстапка на македонската држава за членство во НАТО може да биде референцата ФИРОМ. Го користам изразот „дополнително обезбедување“ зашто главната безбедност за Македонија единствено може да бидат билатерални договори за меѓусебна помош со Турција, Кина, евентуално Русија итн. Во никој случај не можеме да се чувствуваме заштитени само со членство во блок, во кој членуваат Грција и Бугарија. Лично мислам дека Турција во блиска иднина ќе стане членка на ЕУ. Предвидувам доста драматичен начин на прием и засилени конфликти меѓу членките на ЕУ. Меѓутоа, таква варијанта уште повеќе ќе го зголеми авторитетот на македонското пријателство за самата Турција. Кога се разработува стратегија, секогаш треба да се обмислат сите варијанти. Да претпоставиме дека Турција нема да стане членка на ЕУ. Од тоа ниту Турција, ниту Македонија ќе изгубат. За 15-20 години Турција ќе стане стомилионска држава, турската економија ќе биде меѓу десетте, а не е исклучено и меѓу петте најразвиени економии во светот, а турската економска експанзија ќе отиде далеку на Исток и на Запад. Економијата на ЕУ буквално ќе биде смачкана. Азбучна вистина е дека економската моќ води до политичка моќ. Со два збора - којзнае дали ќе се најде сериозен аналитичар, кој може да се сомнева во идното светско лидерство на Кина и регионално (Европа, Балканот, Блискиот Исток) на Турција. Останатите квадратчиња од политичкиот внимавал допрва ќе се местат, но тие две се јасни. Кога ги читам зборовите на турскиот претседател, имам чувство дека произлегуваат од тоа што го напиша Мисирков пред повеќе од век, дека „интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите“. А и да не го прочитал, турската долгорочна стратегија води сметка дека македонската држава може да биде најверниот сојузник на Турција на Балканот. Се разбира, и во иднина Турција ќе ги поддржува економските и политичките контакти со сите балкански држави, ќе ја активира својата инвестициска политика, т. е. својата економска експанзија во нив. Трговијата и влијанието се едно, а пријателството - сосема друго. Турција, на пример, никогаш не ќе има доверба во Бугарија. Едно, заради големото турско малцинство врз кое од 1878 година до денес се правени многукратни обиди да биде бугаризирано; второ, заради бугарската националистичка доктрина, која стана дел од бугарската психологија дека Турција е главниот бугарски непријател, а Македонија главна цел на завојување; трето, заради отсуството на стратегиско мислење кај бугарските политичари и државници, кои на Турција гледаат како на бугарски должник, во парламентот допуштаат присуство на фашисоидни формации со антитурски заложби, провоцираат смешни закани за референдум за членството на Турција во ЕУ итн. Со два збора - и денес, по 50 години, искрено пријателство меѓу Бугарија и Турција не е можно. Слични се и односите Грција-Турција, Србија-Турција, Црна Гора-Турција. Тие христијански држави се оптоварени националистичко-историски и религиозно (по линијата христијанство-ислам) во однос на Турција. Хрватска и Словенија гледаат во друга насока, а на Романија и претстои тешка одбрана на досегашните територијални придобивки. Освен тоа, сите балкански држави практично се мултиетнички и мултикултурни, но со исклучок на Македонија, тоа не го признаваат. Така, тие се доживуваат како бранители на христијанската цивилизација, се плашат од таканареченото исламско виножито на Балканот и тоа е уште една причина на Турција да гледаат со недоверба. Вистина е дека идејата за активирање на „исламското виножито“ е на САД, но во иднина нивното влијание ќе биде контролирано од Турција. По тој повод добро е да се потсетиме на шеговитото тврдење на турските државници за време додека правеле обиколка на Балканот, дека во Турција има повеќе Босанци, отколку во самата Босна и повеќе Косовци отколку на Косово. Пораката, всушност, била едноставна: не правете импровизации, зашто вие може да бидете само инструменти на стратегијата, а не и нејзини создавачи. Во таа смисла, Турција може да игра важна улога и во односите со македонските Албанци. Лидерот на ДУИ Али Ахмети е исто човек со стратегиско мислење и добро сфаќа дека долготрајните интереси на Македонците и на македонските Албанци се совпаѓаат. А интересите на некои македонски соседи ги навредуваат и едните и другите. Во последно време и ЕУ и НАТО и останатиот свет се повеќе осознаваат дека македонската држава има долготрајна стратегија за иднината. Засилениот притисок и отворените закани однадвор и однатре покажуваат страв од таа стратегија и од се поголемата самоувереност на македонскиот државен врв. Порано опозицијата го критикуваше дека нема јасна надворешна политика, потоа го обвинуваа дека бил тврд на домашен терен, а надвор бил плашлив. Денес критиките веќе се дека „отвораме фронт со светот“. Самоуверен може да биде само тој кој има добитна стратегија. Барањето за вклучување на Македонија во Организацијата на исламската конференција беше великолепен тактички и стратегиски чекор. Тактички, зашто во таа организација има 57 држави, од кои дел уште не ја признале Македонија под уставното име. Стратегиски, зашто при евентуален глобален конфликт, Македонија може да биде модел за мултиетничка и за мултирелигиозна толерантност и да ја игра улогата на една Австрија по Втората светска војна. Одлична беше иницијативата на МАНУ за организирање на Четвртиот меѓународен конгрес на исламската цивилизација на Балканот. При посетата на претседателот на ЕУ Ромпуј во Скопје првпат Македонија покажа дека не може само да прима пораки од ЕУ, туку и да испраќа. „Мерцедесот“ на Тито, со кој го возеа Ромпуј, беше прекрасен симбол. Пред тоа, во Советот на Европа во Стразбур, претседателот Иванов го кажа тоа што требаше да биде приоритет на сите македонски влади и претседатели од 1991 година до денес - дека односите на македонската држава спрема останатиот свет ќе бидат врз принципот почит за почит. Авторот е универзитетски професор


Со текстов Мицов уште еднаш ја потврди карактеистиката што му ја даде Вовата : Интелектуален курварлък.
27-10-2010, 01:10 PM
Reply
realkpolitik Offline
Member
***

Posts: 125
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#23

[quote='ЈорданПетровски-ЦРНИ' pid='22045' dateline='1288181454']
[quote]
Иднината на односите меѓу Македонија и Турција

[/quote]

Uzhas... Shok Tozi chovek naistina e mnogo bolen. Ne znam kak mozhe njakoi makedonci da smjatat, che tozi poburkan ekzempljar e njakakuv makedonski patriot. Zhalko e, che chovek s podobni idei i razbiranija namira pochva za izjava v Makedonia, kudeto mu se pridava njakakvo znachenie, naistina zhalko.
27-10-2010, 02:04 PM
Reply