hristo
Super Moderator
     
Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation:
33
|
(31-12-2009, 12:48 AM)mara-popara Wrote: (30-12-2009, 03:59 PM)Pirinec-Vrhovist Wrote: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ
ЕУ, НАТО И ГОЛЕМИТЕ СИЛИ. Според одговорите на сите анкетирани граѓани, (графикон бр.7) 44% од населението на Македонија има доверба кон политиката на ЕУ кон Македонија, а немаат доверба 36%. Кон политиката на НАТО имаат доверба 41% а немаат 36%, кон политикта на САД имаат доверба 37%, а немаат 39% и кон политиката на Русија имаат 28% а немаат 44%.
Македонците за разлика од Албанците се поскептични кон политиката на НАТО, ЕУ и САД кон Македонија, а во мал процент имаат поголема доверба во политиката на Русија кон Македонија. Така, на пример, ако се видат податоците (графикон бр.8) само 32% од Македонците имаат доверба во политиката на НАТО кон Македонија, само 36% од нив имаат доверба во политиката на ЕУ кон Македонија, само 27% имаат доверба во политиката на САД кон Македонија, а 34% се изјасниле позитивно за политиката на Русија кон Македонија.
Оваа состојба на свеста кај граѓаните од македонско етничко потекло и реално ова незадоволство и недоверба, се веројатно предизвикани од притисокот што Македонија и нејзините граѓани го чувствуваат во овој период околу името на државата. Сето тоа е пак, поврзано и со перипетиите околу влезот во НАТО, со започнувањето разговори за членство со ЕУ, со улогата на Грција во тие процеси, и со Резолуцијата за името во Конресот на САД. Довербата кон политиката на Русија, исто така, не е голема, но недовербата е малку помала од недовербата, веројатно токму затоа што таа меѓу првите ја призна Македонија под уставното име.
За разлика од Македонците, (графикон бр. 9) дури 74% од Албанците во Македонија имаат доверба во политиката на ЕУ кон Македонија, 70% имаат доверба во политиката на САД кон Македонија, 69% имаат доверба во политиката на НАТО кон Македонија и само 8% имаат доверба во политиката на Русија кон Македонија.
Dali ludjevo vo Makedonija koga ke gi vidat rezultative od anketava i ke napravat sporedba kako razmisluvaat Makedoncite a kako Albancite ke razberat deka tuka lezi problemot a ne vo NATO, EU, SAD
Некои центри во Македонија, намерно ја шираат таа недоверба кон соседите. Креирање на внатрешни и надворешни непријатели е многу познат модел на создавање на услови на “ затворена келија’ каде ветрови од околината нема да се протната. А, во “ затворената келија“...рај за владетелите.
|
|
02-01-2010, 01:37 PM |
|