Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИНТЕРПЕЛАЦИЈА-ИНТЕРПЕЛАЦИИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот Николовски поради пожарите


[Image: mkd-246713.jpg?itok=1aSq6eaj]




07 Август, 2017
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесоа Интерпелација за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. 
Велат дека поради несериозноста, неодговорноста и некомпетентноста на Николовски, Република Македонија скоро еден месец е во пламен.
„Во Македонија на целата нејзина територија се случуваат серија отворени пожари, односно опожарување на огромни површини високостеблеста формирана шума со непроценливи последици од трајна загуба и деградирање на шумскиот појас, сериозни еколошки последици врз животната средина, уништување на приватната и јавната сопственост и доведување во животна опасност на жителите на опожарените региони и населени места“- изјави Зоран Илиоски на прес-конференција.
Пратеникот додава дека информациите за нови пожари,  но и за никаква помош од институциите при што граѓаните биле оставени сами да се справуваат, водело до заклучок дека дека периодот на појавата на шумските пожари и локациите на кои тие се јавија, се намерно предизвикани од актуелната власт сè со цел да се свртело вниманието на граѓаните од погубните политики кои ги спроведува актуелната Влада. 
„Министерот Љупчо Николовски како најодговорен за грижата и заштитата на шумите согласно Законот за шуми наместо извршување на овласувањата, задолженијата и обврските кои ги има министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство уште од самиот почеток на состојбата со масовната појава на отворени пожари покажа очигледна несериозност во пристапот за решавање на овој проблем“- рече Илиоски. 
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Николовски нема капацитет да се справи со настанатата ситуација на терен и дозволил состојбата да ескалира.
12-08-2017, 06:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Поднесена интерпелација за министерот Димитров

9 август 2017

МРО-ДПМНЕ подготви иницијатива за интерпелација, гласање недоверба на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Како што изјави на прес-конференција Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, има повеќе работи кои се наведени во интерпелацијата, но тој ги наведе трите клучни.
„Првата работа е брзоплетото штетно потпишување на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија. Избегувањето за него да се дискутира, лажењето дека се работи за нацрт-текст кој може да се подобри, каде што би била вклучена и опозицијата, а потпишувањето финален текст кој не бил воопшто предмет ни на преговарање, туку бил само прифаќање на бугарските позиции за што ѝ честитаме на бугарската влада што се изборила за своите интереси, но не и на министерот за надворешни работи на Македонија, кој не ги застапувал македонските национални интереси и потпишал одредби што ќе бидат штетни за Република Македонија со спроведувањето“, изјави Милошоски.
Според него, втората работа е неименувањето и неупатување ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Европската Унија во Брисел. „Иако господинот Александар Николовски ги помина сите законски, уставни и процедурални фази за неговото именување и назначување за амбасадор, вклучително и добиени 28 агремани од 28 земји членки на Европската Унија, од Министерството за надворешни работи добивме само еден заклучок дека постапката се прекинува без да се биде повикано на ниеден член од Законот за надворешните работи или на ниту еден член од Уставот, што е прекршено за оваа постапка да не биде почитувана“, вели високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако можеше ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ заради приоритетот за ЕУ и НАТО и обединувањето на позицијата и опозицијата да испрати пратеник од СДСМ, господинот Нано Ружин, како амбасадор во НАТО во Брисел и со тоа да добиеме препорака за членство во НАТО, која ќе беше реализирана доколку не беше блокадата од Грција, тогаш зошто не би можела денешната Влада, која најавува инклузивност, и министерот за надворешни работи, кој најави дека сака опозицијата да ја вклучи во сите големи национални проекти, посебно за ЕУ и НАТО, незаконски да го попречи упатувањето на господинот Николовски за амбасадор во Брисел и ЕУ.
Третата работа што исто така е наведена во барањето за гласање недоверба на Никола Димитров е немањето категоричен, одречен и јасен став по однос на притисокот што се врши врз Република Македонија да изгради прифатни центри и бегалски кампови за мигрантите.
„Населението во Република Македонија не сака да има дополнителен буџетски и социјален товар и да има 10, 20, 50 или 80 илјади мигранти на својата територија, чии буџетски товар и финансии ќе бидат на сметка на тоа што треба да го плаќаме како плати, пензии, социјални осигурувања, детски градинки, спорт, образование и сè друго што е од интерес на граѓаните на оваа држава. Немањето категоричен став по ова прашање, кога ова прашање е доминантно и во регионот и во ЕУ, од страна на министерот за надворешни работи, е во најмала рака недозволиво, а истовремено е немање и национален став кој е во интерес на граѓаните на нашата држава. Тоа се трите точки наведени во самата интерпелација која денес ја доставуваме и она што беше оневозможено од парламентарното мнозинство да се дискутира на една нормална отворена седница за договорот склучен помеѓу Македонија и Бугарија, сега по повод оваа интерпелација ќе имаме можност да го дискутираме“, вели Милошоски.





12-08-2017, 06:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за финансии Драган Тевдовски

[Image: timthumb.php?src=http%3A%2F%2Fa1on.mk%2F...w=795&zc=1]

10.08.2017
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе интерепелација за работата на министерот за финансии Драган Тевдовски.
– Како клучни причини за поднесување на Интерпелацијата за работата на Тевдовски го потенцираме целосно неразвоен ребаланс на Буџетот за 2017 година, значителното намалување на капиталните расходи, засилено и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемување на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски пазари, непочитување на народните претставници во Собранието на Република Македонија и манипулирање со економски податоци, параметри и индикатори, изјави пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Кузмановска, Тевдовски не ја оправдал довербата дадена од Собранието. Единствено се грижел за обезбедување средства со кои, како што рече Кузмановска, на големо се спроведуваат партиските вработувања во државните и јавни институции додека потребите на граѓаните воопшто не се ни разгледуваат.
– Поради демонстрираното незнаење и неспособност да ја извршува оваа функција сметаме дека е потребно што поскоро Драган Тевдовски да замине од функцијата министер за финансии и на негово место да дојде способен министер кој нема да прави катастрофални грешки во работењето, рече Кузмановска.



12-08-2017, 06:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА МИНИСТЕРОТ САДУЛА ДУРАКУ

10.08.2017
ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, информираше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска.
Според неа, причина е крајната неодговорност на Дураки и на новата Влада за дивите депонии кои се наоѓаат во Струга, Куманово и други градови низ Македонија.
Според неа и ВМРО-ДПМНЕ, ниту една институција не излегла во пресрет на граѓаните да им помогне бидејќи за новата Влада партиското вработување е поважно од дивите депонии.
– Потребна е смена на министерот Дураки за да се спречат други еколошки катастрофи, со кои можед да се направат огромни штети на граѓаните - рече Затуровска.
Пратеничката рече дека на местото на сегашниот министер треба да дојде човек кој ќе може да се справи со овие проблеми. 





12-08-2017, 06:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за министерот Алаѓозовски



 [Image: alagjozovski-640x482.jpg]




12.08.2017
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија поднесоа интерпелација  за работата на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
Претничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ во изјава во Собранието обвини дека веднаш по назначувањето на Алаѓозовски на функцијата министер во земјава има тренд на уназадување на културата и културниот развој, преку, како што рече, преземање на голем број иницијативи во насока на партизација на културата, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци, не водење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата,...
- Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека со доаѓањето на Роберт Алаѓозовски на финкцијата Министер за култура, оваа област во Република Македонија за кратко време од седумдесетина дена го допре дното. Затоа сметаме дека треба што поскоро да си замине од позиција и на негово место да дојде искрена и чесна личност со изграден однос, кредибилитет и грижа кон културното и историското наследство, со почит кон сите уметници и културни работници. Личност која ќе се залага за подобар статус и подобри услови за уметниците, и ќе се грижи за промоција и презентација на културата и уметноста на нашата држава во домашни, меѓународни и светски рамки, рече Лашкоска.
Во изминатиот период, додаде, сведоци сме на незаконско разрешување на професионалци во институциите од областа на културата и вдомување на партиските послушници во Министерството за култура.
- Мораме да потенцираме дека ребалансот на Буџетот и кратењето на средствата во културата се најеклатантен пример за тоа колку Владата на СДСМ и министерот Алаѓозовски немаат никакво чувство на припадност, никакво чувство за култура и за културните и уметничките вредности, за нашето непроценливо културно наследство кое го поседуваме и кое е еден од главните атрибути за препознатливост на Република Македонија, посочи Лашкоска.
Министерот Роберт Алаѓозовски, потенцира, од самиот почеток на неговото работење во ресорот наместо да започне да работи во интерес на културата и културните работници, се фрли на политички пресметки и незаконски разрешувања на раководни лица во институциите од областа на културата, без да биде испочитувана законски пропишаната процедура.
- Една од првите одлуки како министер му беше да скрати 30 милиони денари и да запрат археолошките истражувања. Скратени се и 30 милиони денари за филмска дејност или дури половина од Буџетот предвиден за финансирање филмски проекти на конкурс за Агенцијата за филм. Дополнително, Алаѓозовски формира совети, работни групи и назначува советници без компетенции и со биографии кои се единствено богати со закани, омраза, бес, гнев и фрустрации кои ги артикулирале со бројните најави дека ќе ги рушат, минираат и уништат спомениците на културата само затоа што ги изградила владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порача Лашкоска.
Алаѓозовски, додаде, ги скрати средствата за реконструкција на новата Универзална сала во Скопје, за изградба на новиот објект на Охридскиот театар, за изградбата на Струмичкиот театар, а под знак прашалник е ставена и изградбата на новиот објект за Драмски театар во Скопје.



12-08-2017, 06:07 PM
Reply