Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
„РЕФОРМАТОРИТЕ“ НА ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Да, дами и господа -Уставни измени, од кои не треба да ви “се крева косата на главата“,затоа што не може постојано да зборуваме за потребата од длабоки структурни реформи, а кога ќе дојде времето за нивна реализација да ги сведуваме реформите на површни и парцијални мерки и решенија, макар срочени и во пакет “реформски“ закони. Според тоа, ако можеме да го менуваме уставот заради националистички барања, редно е еднаш да го промениме Уставот за имплементирање на еден развиен систем на поделба на власта и владеењето на правото, како најважни предуслови за отварање пат за решавање на нашите најголеми економски, социјални, меѓуетнички, еколошки и сите други проблеми на граѓанското општество.Се разбира дека тоа е прашање на дистинкција меѓу стратегија и тактика на актерите на политичката сцена. Во ингеренции на Владата е да ја процени политичката ситуација и одреди тактика, што значи, проценка за времето (динамиката), погодноста на политичкиот момент, погодната констелација на политички сили и односи во Парламемнтот, кога и како ќе се реализира оваа стратешка определба. Сметам, дека сега, пред добивањето на датум за преговори со ЕУ, време е за неколку клучни уставни амандмани за ЈО, СЈО, Уставниот суд и евентуално зајакнување на составот и структурата на Судскиот совет. Другите клучни државни институции (Државниот завод за ревизија, разните регулаторни тела и комисии, како и Анти-корупциската комисија, која неодамна беше законски и фактички промовирана, но се испушти можноста оваа институција да се етаблира како оптимално независна институција), исто така, треба да бидат оптимално независни од извршната и законодавната власт. Но, начинот на конституирање, бројчаниот состав, структурата, место-положбата во системот и односот со другите клучни државни институции, кај овие последниве институции може да се уреди и во законска материја. Просторот не дозволува подетално објаснување зошто е тоа така потребно и како треба да биде тоа конкретно изведено.Во секој случај, Владата, треба да запне со сите сили, реформските зафати да ги оствари во полн капацитет, токму сега, а опозицијата сега треба да покаже пред народот дали навистина се бори за системско владеење на правото или зад демагошките флоскули ги крие своите себични интереси за голо освојување на власта,имајќи предвид дека за Законот за ЈО, потребно е 2/3 мнозинство во Парламентот, исто како и за Уставот. Затоа, сметам дека е подобро да се оди со Уставни измени со кои долгорочно и системски стабилно ќе се решат овие системски проблеми.
Ако Владата и опозицијата не успеат политички да се договорат за потребата од наведените реформски зафати, тогаш Владата треба нив да ги нотира како проектирани, долгорочни системско-стратешки насоки во стратегијата за реформи на правосудството (2017-2022), освен ако аргументирано нема други подобри предлог-солуции, според постулатите на рационалистичката епистемологија а тоа значи –според логичките принципи на аргументација поврзани со неспорни емпириски факти. Притоа, да потсетам дека стратегиите (за разлика од тактиките и акционите планови, кои подразбираат –конкретизирани, детални решенија, субјекти на извршување, динамика на извршување, финансиски средства итн.), треба да имаат иманентна карактеристика на генерален концепциски поглед – СТРАТЕШКА ВИЗИЈА за проектирање на стратешкиот пристап за имплементирање на долгорочни системски стабилни решенија, во најклучните системи и потсистеми на општеството, кои треба да ги надминат мандатите на една конкретна владина номенклатура и да остават зад себе:
 1) Систем од кој најголема корист, покрај најголемиот дел од граѓаните, ќе имаат токму политичките елити, кои ќе го спроведат овој концепт, затоа што ќе остават таков систем позади себе со кој еден ден кога било која од нив ќе замине од власт, ќе се заштити себе од неоснован кривичен прогон, што е неспорен факт кој претставува фолклор во Македонија од самостојноста до денес.
 2) Политичките елити кои ќе го инсталираат овој систем,  ќе остават неизбришлива трага во историјата на својот народ, бидејќи ќе остават зад себе систем, кој што долгорочно и системски стабилно ќе функционира, независно од тоа која партија или коалиција ќе дојде во иднина на власт.
 3) Постои голема веројатност овој концепт на реформи, доколку биде препознаен, усвоен и практично спроведен во Република Северна Македонија, да ги надмине националните и регионални граници и да стане реформска парадигма за преку 80 % земји од светот, кои се соочуваат со слични проблеми  на загрозување на владеењето на правото, како инашата земја.
Меѓународните комисии и експерти се обидуваат да помогнат преку имплементирање на меѓународните стандарди и добрите решенија и практики од нивните високо развиени земји во нашата легислатива и практика. Меѓутоа, тие не можат да ги знаат подобро од нас нашите специфични услови и детерминирачки фактори. Тие не можат наместо нас да прават подлабоки, квалитативни факторски истражувања и анализи и на таа база да предлагаат соодветни системски решенија. Тоа е работа на нашата наука. Меѓународните стандарди претставуваат минимум под кој не може да се оди. Секако дека треба да ги прифатиме. Но, тоа не значи дека не треба да ги надминеме овие стандарди. Напротив, тоа не само што е пожелно, туку според мене, не можат да се надминат нестандардни состојби на системско-ендемска корупција, која систематски и системски го загрозува владеењето на правото во РМ, само врз база на меѓународни стандарди и одлични решенија, кои даваат одлични резултати, но во сосема различни услови и фактори на високо развиените земји. Едно одлично прашање-парабола, многу подобро го илустрира целиот проблем: Дали ако ги превземеме одличните уставни и законски решенија, што даваат одлични резултати во високоразвиените земји, како што се: Германија, Франција, Холандија, Данска или Шведска, ќе станеме и ние како нив? Најголем процент од сите интрвјуирани лица, на ова прашање одговараат негативно. Малиот процент на одговори кои се спротивни на претходните, имплицираат друго логично прашање: зошто, тогаш, ни се нам потребни сите тие силни “научници“. Можеме ли да повикаме преведувачи да ги преведат уставите и законите на овие земји-репери? На овој начин повторно доаѓаме до одговорот на претходно поставеното прашање! И покрај сите овие сознанија, тоа што го правеа досега нашите најекспонирани општествени научници, преку учеството во комисии и работни групи за измени и дополни на законите, претставува некритичка примена на компаративниот метод и еклектичка комбинација на повеќе законодавни решенија од компаративните системи, без да има квалитативна факторска анализа на специфичните детерминирачки фактори, кои се различни од земја до земја, а да не зборуваме за разликите меѓу неразвиените и високо развиените земји на западната цивилизација. Компаративниот метод е значаен метод, но овој метод мора да биде доведен во врска со конкретна квалитатитвна факторска анализа, затоа што специфичните детерминирачки фактори се објективни лимити од кои зависи остварувањето или неостварувањето на секоја една идеја или проект во општеството.
09-03-2019, 02:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Miodrag Labovic
1 hr ·

ОСТАВКА во Советот за реформи на парвосудството.


Ја известувам јавноста дека на седницата одржана на 20. 09. 2019 г.поднесов усмено оставка, како член на Советот за реформи во правосудтсвото, а на 21. 09.2019 г. и официјално доставив писмена оставка до надлежните органи. Оставката ја поднесувам од морални причини, меѓудругото, заради неможноста за одвивање на вистинска дебата во која со рационална конфронтација на аргументи базирани на логичките принципи, кои се поврзани со неспорни емпириски факти, со силата на аргументите ќе бидат утврдени најоптималните стратешки насоки во заклучоците од работата на советот. Имено, веќе подолго време укажувам дека моите предлози за нови стратешки насоки и ревидирање на некои од веќе постоечките во Стратегијата за реформи на правосудството (2017-2022), ( видете подолу во прилог), претставуваат генерални концепциски тези, кои и самите можат да бидат оспорени и заменети со уште подобри, а доколку нема такви, нивната суштина треба да биде запазена. Меѓутоа, во процесот на дебатирање можат да бидат пронајдени и подобри модификации во детали помеѓу бројните варијанти на конкретни предлог-решенија за операционализирање на самите стратешки насоки, отколку што се тие предложени од авторот. И покрај тоа, изостана спремност за вистинска дебата, која ќе ги исцрпи сите валидни аргументи и контра-аргументи во функција на јавниот интерес, наспроти разноразни други интереси и/или неподготвеност за дебата. Длабоко сум убеден дека врз база на аргументи и факти може да се дојде до валидни заклучоци за најоптимални стратешки насоки, ако постои интелектуална способност за “сложување на коцките во сложениот мозаик“ и свест за јавниот интерес изразен преку вредносниот консензус за заемно прифатените цели, како што се владеење на правото, борба против високата корупција и институционалниот тип на организиран криминал.
Во таа смисла, не можам да го прифатам единствениот аргумент што беше искажан, ако тоа е воопшто аргумент, а не е изговор, дека Владата не може да усвои стратешки насоки, колку и да се тие издржани, ако за тоа се потребни уставни измени. Ваквиот став искажан од министерката за правда и претседавач со советот Г-ѓа Дескоска, беше дополнително образложен со тоа дека секое ставање на уставни измени во стратешка насока можело само дополнително да го обремени процесот на преговори со ЕУ при отварање на поглавјата и да ни создаде непотребни тешкотии, имајќи го предвид фактот колку тешко одат преговорите со опозицијата за обезбедување двотретинско мнозинство за Законот за ЈО. Мојот резон е обратен: ЕУ не може да бара од нас нешто што не е предвидено како услов во “бенчмарковите“ и претставува за неколку класи поквалитетно решение од стандардните решенија, кои ЕУ ни ги задава како минимални прагови под кои не може да се оди. Напротив, со проектирањето на најоптимални стратешки насоки Владата ќе искаже јасна подготвеност спрема ЕУ и другите меѓународни партнери дека се стреми кон најоптималните можни, реално одржливи и практично спроведливи решенија, со кои ЈО и судството ќе бидат целосно одвоени од политичките партии. А, не како сега да преговара со опозицијата за ЗЈО, за кој исто така е потребно двотретинско мнозинство, а се преговара за далеку понеквалитетни решнија предвидени уште во изборната програма на актуелната владеачка партија. Што се однесува до опасноста дека опозицијата (без оглед која и да е таа сега или во иднина), ќе го кочи процесот на донесување уставни измени, без оглед колку и да се тие издржани, сметам дека во таква хипотетичка ситуација недвосмислено ќе стане јасно дека опозицијата настапува со декларативни заложби зад кои се кријат други лукративни интереси од дневно-политичка, тесно-партиска и лична природа. Според тоа, гледано дури и од аспект на чисто партиски бенифит, Владата што ќе има “ три пара мудра“ државничка храброст да проектира вакви стратешки насоки може да има само политичка и секаква друга корист, а не штета. Која е тогаш вистинската причина зошто не се прифаќаат најоптималните стратешки насоки?
Впрочем, стратегиите се проектираат долгорочно со цел за создавање стратешки насоки, како репери-визии и идејни правци кон кои што ооштеството ќе се стреми при имплементирањето на системски стабилни решенија. Додека, прашање на тактика на владите е да определат динамика (рокови), најпогодни политички моменти во конкретно дадена констелација на политички сили и односи, како, на кој начин ќе ги спроведат конкретните решенија предвидени во стратешките насоки. Се разбира, во тактиката спаѓа и обезбедување на двотретинско мнозинство за неопходните уставни измени и системски закони. Во случај, ако од објективни причини некоја Влада не може да обезбеди двотретинско мнозинство, никој нормален ниту во домашната ниту во меѓународната јавност не може да обвини ниедна Влада затоа што проектирала стратешки насоки со уставни измени, а не успеала да освои на избори доволен број пратеници за тоа. Сегашната ситуација во која ЕУ го поставува како своевиден услов усвијувањето на ЗЈО повеќе е поврзано со тековната потреба од воспоставување континуитет за предметите на СЈО. Инаку, актуелната влада има искуство за обезбедување двотретинско мнозинство кога беше во прашање промена на уставното име. Зошто не би се обидела и сега, за прашања кои се од многу повитален национален интерес на најголем дел од граѓаните на Македонија, ако се знае дека целта на овие уставни измени е значително подобрување на владеењето на правото, како најбитен предуслов без кој што не може да се решат сите други наши најголеми општесвени проблеми, пред се` во економијата, здравството, екологијата, образованието, медиумите, социјалата, меѓуетничките односи и сите други сфери од јавен интерес.
Неприфатливо е, барем за мене, главните чинители во општеството да се залагаат за длабоки системски реформи во правосудниот систем, како еден од круцијалните сегменти на системското владеење на правото, а притоа крајниот лимит на реформите да го гледаат во донесување пакет-закони, кои се однесуваат само на процедурални, организациски, квантитативни и квалитативни кадровски и материјално-технички прашања. Овие измени секако дека се потребни, но очичгледно е дека не се пресудни за квалитативниот исчекор кон целосна ревитализација на нашето правосудство, без подлабоко, квалитативно зафаќање во структурите на правосудниот систем и неговите потсистеми, со цел за обезбедување внатрешна и надворешна независност на правосудните институции и што е уште поважно – развиен систем на поделба на власта преку меѓусебна контрола и баланс на моќта меѓу клучните државни институции на највисоко државно ниво.
Се надевам дека оваа моја оставка барем малку ќе придонесе за развивање на свеста за потребата од вистински, длабоки структурни реформи во правосудниот систем и другите нераскинливо поврзани системи, како што се политичкиот, безбедносниот, јавната и државна администрација итн.

Скопје, 21. 10.2019 година Проф. д-р Миодраг Лабовиќ
21-09-2019, 01:10 PM
Reply