Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
„РЕФОРМАТОРИТЕ“ НА ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Да, дами и господа -Уставни измени, од кои не треба да ви “се крева косата на главата“,затоа што не може постојано да зборуваме за потребата од длабоки структурни реформи, а кога ќе дојде времето за нивна реализација да ги сведуваме реформите на површни и парцијални мерки и решенија, макар срочени и во пакет “реформски“ закони. Според тоа, ако можеме да го менуваме уставот заради националистички барања, редно е еднаш да го промениме Уставот за имплементирање на еден развиен систем на поделба на власта и владеењето на правото, како најважни предуслови за отварање пат за решавање на нашите најголеми економски, социјални, меѓуетнички, еколошки и сите други проблеми на граѓанското општество.Се разбира дека тоа е прашање на дистинкција меѓу стратегија и тактика на актерите на политичката сцена. Во ингеренции на Владата е да ја процени политичката ситуација и одреди тактика, што значи, проценка за времето (динамиката), погодноста на политичкиот момент, погодната констелација на политички сили и односи во Парламемнтот, кога и како ќе се реализира оваа стратешка определба. Сметам, дека сега, пред добивањето на датум за преговори со ЕУ, време е за неколку клучни уставни амандмани за ЈО, СЈО, Уставниот суд и евентуално зајакнување на составот и структурата на Судскиот совет. Другите клучни државни институции (Државниот завод за ревизија, разните регулаторни тела и комисии, како и Анти-корупциската комисија, која неодамна беше законски и фактички промовирана, но се испушти можноста оваа институција да се етаблира како оптимално независна институција), исто така, треба да бидат оптимално независни од извршната и законодавната власт. Но, начинот на конституирање, бројчаниот состав, структурата, место-положбата во системот и односот со другите клучни државни институции, кај овие последниве институции може да се уреди и во законска материја. Просторот не дозволува подетално објаснување зошто е тоа така потребно и како треба да биде тоа конкретно изведено.Во секој случај, Владата, треба да запне со сите сили, реформските зафати да ги оствари во полн капацитет, токму сега, а опозицијата сега треба да покаже пред народот дали навистина се бори за системско владеење на правото или зад демагошките флоскули ги крие своите себични интереси за голо освојување на власта,имајќи предвид дека за Законот за ЈО, потребно е 2/3 мнозинство во Парламентот, исто како и за Уставот. Затоа, сметам дека е подобро да се оди со Уставни измени со кои долгорочно и системски стабилно ќе се решат овие системски проблеми.
Ако Владата и опозицијата не успеат политички да се договорат за потребата од наведените реформски зафати, тогаш Владата треба нив да ги нотира како проектирани, долгорочни системско-стратешки насоки во стратегијата за реформи на правосудството (2017-2022), освен ако аргументирано нема други подобри предлог-солуции, според постулатите на рационалистичката епистемологија а тоа значи –според логичките принципи на аргументација поврзани со неспорни емпириски факти. Притоа, да потсетам дека стратегиите (за разлика од тактиките и акционите планови, кои подразбираат –конкретизирани, детални решенија, субјекти на извршување, динамика на извршување, финансиски средства итн.), треба да имаат иманентна карактеристика на генерален концепциски поглед – СТРАТЕШКА ВИЗИЈА за проектирање на стратешкиот пристап за имплементирање на долгорочни системски стабилни решенија, во најклучните системи и потсистеми на општеството, кои треба да ги надминат мандатите на една конкретна владина номенклатура и да остават зад себе:
 1) Систем од кој најголема корист, покрај најголемиот дел од граѓаните, ќе имаат токму политичките елити, кои ќе го спроведат овој концепт, затоа што ќе остават таков систем позади себе со кој еден ден кога било која од нив ќе замине од власт, ќе се заштити себе од неоснован кривичен прогон, што е неспорен факт кој претставува фолклор во Македонија од самостојноста до денес.
 2) Политичките елити кои ќе го инсталираат овој систем,  ќе остават неизбришлива трага во историјата на својот народ, бидејќи ќе остават зад себе систем, кој што долгорочно и системски стабилно ќе функционира, независно од тоа која партија или коалиција ќе дојде во иднина на власт.
 3) Постои голема веројатност овој концепт на реформи, доколку биде препознаен, усвоен и практично спроведен во Република Северна Македонија, да ги надмине националните и регионални граници и да стане реформска парадигма за преку 80 % земји од светот, кои се соочуваат со слични проблеми  на загрозување на владеењето на правото, како инашата земја.
Меѓународните комисии и експерти се обидуваат да помогнат преку имплементирање на меѓународните стандарди и добрите решенија и практики од нивните високо развиени земји во нашата легислатива и практика. Меѓутоа, тие не можат да ги знаат подобро од нас нашите специфични услови и детерминирачки фактори. Тие не можат наместо нас да прават подлабоки, квалитативни факторски истражувања и анализи и на таа база да предлагаат соодветни системски решенија. Тоа е работа на нашата наука. Меѓународните стандарди претставуваат минимум под кој не може да се оди. Секако дека треба да ги прифатиме. Но, тоа не значи дека не треба да ги надминеме овие стандарди. Напротив, тоа не само што е пожелно, туку според мене, не можат да се надминат нестандардни состојби на системско-ендемска корупција, која систематски и системски го загрозува владеењето на правото во РМ, само врз база на меѓународни стандарди и одлични решенија, кои даваат одлични резултати, но во сосема различни услови и фактори на високо развиените земји. Едно одлично прашање-парабола, многу подобро го илустрира целиот проблем: Дали ако ги превземеме одличните уставни и законски решенија, што даваат одлични резултати во високоразвиените земји, како што се: Германија, Франција, Холандија, Данска или Шведска, ќе станеме и ние како нив? Најголем процент од сите интрвјуирани лица, на ова прашање одговараат негативно. Малиот процент на одговори кои се спротивни на претходните, имплицираат друго логично прашање: зошто, тогаш, ни се нам потребни сите тие силни “научници“. Можеме ли да повикаме преведувачи да ги преведат уставите и законите на овие земји-репери? На овој начин повторно доаѓаме до одговорот на претходно поставеното прашање! И покрај сите овие сознанија, тоа што го правеа досега нашите најекспонирани општествени научници, преку учеството во комисии и работни групи за измени и дополни на законите, претставува некритичка примена на компаративниот метод и еклектичка комбинација на повеќе законодавни решенија од компаративните системи, без да има квалитативна факторска анализа на специфичните детерминирачки фактори, кои се различни од земја до земја, а да не зборуваме за разликите меѓу неразвиените и високо развиените земји на западната цивилизација. Компаративниот метод е значаен метод, но овој метод мора да биде доведен во врска со конкретна квалитатитвна факторска анализа, затоа што специфичните детерминирачки фактори се објективни лимити од кои зависи остварувањето или неостварувањето на секоја една идеја или проект во општеството.
09-03-2019, 02:50 PM
Reply