Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОЧНАА ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ОД БОМБИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Апелација им одреди притвор на Грујовски, Јакимовски и Бошковски




[Image: goran-grujoski-696x570.jpg]

Како што претходно објави  Судство.мк, Aпелациониот суд одлучи да им одреди притвор на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, сите вработени во МВР. Тројцата се обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство.
Сашо Мијалков останува само без својот пасош.
„Апелациониот суд Скопје по одржаните седници минатиот понеделник донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „ТАРГЕТ“ и „ТВРДИНА“, со кои за тројца обвинети ја уважи жалбата на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, на начин што ги преиначи првостепените решенија и жалбите на Обвинителството ги уважи, а према обвинетите Г.Г., Н.Б и Т.Ј. заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка, определи мерка притвор, додека за останатите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани“, се наведува во соопштението од Апелациониот суд.
Горан Грујовски е поранешен началник на Петтата управа на МВР каде биле прислушувани илјадници граѓани без судска наредба.
Никола Бошковски е вработен во Петтата управа и според обвинението на СЈО тој е извршител на наредбите од неговиот шеф Грујовски за прислушувањето и за уништувањето на опремата.
Тони Јакимовски беше шеф на Кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Тој е обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“ за истите дела поврзани со нелегалното прислушување и уништувањето на опрема. Јакимовски во меѓувреме стана генерален директор на Југоисточниот европски центар за спроведување на законот (СЕЛЕК), меѓународно тело за борба со криминалот, вклучувајќи организиран криминал во Југоисточна Европа, со седиште во Букурешт, Романија.
(This post was last modified: 18-07-2017, 06:15 PM by ЈорданПетровски.)
18-07-2017, 06:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Грујевски, Јакимовски и Бошковски нема да бидат спроведени во притвор, ќе се чека одлуката на Врховен


19/07/2017

[Image: Goran-Toni.jpg]

Иако Апелација вчера ги прифати жалбите на СЈО и им одреди мерка притвор на Горан Грујевски, поранешен началник на Петта управа, Тони Јакимовски, екс шеф на кабинетот на Сашо Мијалков и Никола Бошковски, поранешен вработен во УБК, сепак тие нема да бидат спроведени зад решетки, бидејќи ќе се чека одлуката на Врховниот суд.
Како што вчера информираа од Апелација, осомничените за кои е поднесено обвинение за случаите „Таргет и Тврдина“ имаат право на жалба до Врховниот суд која што го одлага извршувањето.
Иако има поделени мислења за тоа дали жалбата го одлага извршувањето, правниците кои ги консултираше „Фокус“ појаснуваат дека во Законот за кривичната постапка постојат недоречености кои во овој случај можат позитивно да се искористат во полза на осомничените.
Поточно законот пропишува дека по одлуката на првостепениот суд одлуката за притвор станува извршна и жалбата до Апелација не го одложува извршувањето, додека не е пропишано што во ваков случај по поднесена жалба на одлуката на второстепениот суд. Затоа адвокатите се повикуваат на член 442 за суспензивно дејство на жалбата каде што пишува„ Ако во овој закон поинаку не е определено, со поднесувањето на жалбата на решението се одлага извршувањето на решението против кое е изјавена жалба“.
Сега одбраната на осомничените, велиме осомничени, бидејќи обвинети ќе станат откако обвинителните акти поднесени против нив ќе добијат позитивна оцена, имаат рок од 24 часа да поднесат жалба. Врховниот суд пак има рок од 48 часа да донесе одлука.
Грујевски и Бошковски немаат пасоши, односно им ги одзеде судот, додека Јакимовски кај себе ја има дипломатската патна исправа, која му беше оставена за да може да патува во Романија, каде што е генерален директор на Центарот СЕЛЕК.
Валентина Вурмо
19-07-2017, 12:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Одлагањето на притворот отвора „нови можности“ за обвинетите

19.07.17   
Додека трае жалбената постапка и натаму постојат основите и околностите поради кои е одреден притворот – опасност од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото, предупредуваат правни експерти за Дојче веле.

[Image: 36033591_3021.jpg]
[Image: hit.xiti?s=531599&s2=20&p=maz-VEU_libert...1%98%D0%B0]
Со оглед на обемниот број докази понудени од СЈО, нема изненадување во експертската јавност за одлуката на Апелацискиот суд да ги уважи жалбите на СЈО и да определи мерка притвор за обвинетите во предметите „Таргет“ и „Тврдина“: Горан Грујевски – поранешен началник на Петтата управа во УБК, Никола Бошковски – службеник во УБК и Тони Јакимовски – поранешен шеф на кабинетот на директорот на УБК Сашо Мијалков, а денес генерален директор на Југоисточниот европски центар за спроведување на законот (СЕЛЕК) во Букурешт. Единственото изненадување е ставот дека жалбата на обвинетите го одложува спроведувањето на изречените марки.
„Ова е апсурдно, и веројатно е ‘резултат’ од преседанот што го направи Врховниот суд, кога во случајот со Сеад Кочан ‘утврди кршење на законот од страна на Кривичниот совет и Апелациониот суд’, бидејќи ценеле дека жалбата не го одложува извршувањето на одлуката. Па сега се воведува некоја обратна пракса. Ако судот утврдил основа за изрекување мерка притвор, тогаш решенијата за притвор се итни, бидејќи додека трае жалбената постапка и натаму постојат основите поради кои е одреден притворот – опасност од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото“, предупредуваат правни експерти.
На пример, додека трае жалбената постапка, обвинетиот Горан Грујевски може да оди на работа во УБК, каде и натаму е помошник директор за координација, бидејќи не постои можност да биде разрешен од таа функција. Во време на една од „пржинските влади“, тој беше суспендиран од министерот Оливер Спасовски, но по завршувањето на неговиот времен мандат, директорот на БЈБ, Митко Чавков, веднаш го врати Грујевски на работа и ја прекина дисциплинската постапка против него. Бидејќи оттогаш поминала повеќе од една година, спред регулативата дисциплинската постапка не може да се обвнови, а со оглед дека Грујевски со месеци е на боледување, во таква ситуација МВР нема законска можност да го разреши. Под лупа на СЈО беа и неговите боледување – првите потпишани од лекарка од внатрешноста (сопруга на еден од пратениците кој е снимен како ги отвора вратите на парламентот на крвавиот 27-ми април), а натамошните – од здравствени установи во Скопје.

Писмо до Зврлевски, Илиевски и Панчевски
СЈО до судот доставило огромен број докази што укажуваат зошто е неопходно обезбедување на присуство на обвинетите во кривичната постапка по повеќе основи, меѓу кои, најмногу заради вршење влијание врз сведоците од страна на двајца од обвинетите. Имено, при извршениот претрес кај Грујевски од страна на СЈО бил пронајден тефтер со евиденција за тоа кој сведок во колку часот влегува во СЈО и од кој обвинител е испрашуван, а потоа истите лица биле повикувани од обвинетите, кои ги распрашувале каков исказ дале во СЈО и им давале натамошни упатства како понатаму да се однесуваат и што да одговараат на одредени прашања. Иако дел од подотоците претходно биле бришени, со помош на информатички форензичар дел од нив биле повратени, а меѓу нив откриена папката со наслов „СЈО“ во кои биле сместени упатствата и евиденцијата за лицата што давале исказ во СЈО. При претресот бил пронајдено и писмо адресирано до Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, до тогашниот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, и до тогашниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Во писмото тројцата биле известени и алармирани дека одземањето на компјутерите и нивната проверка од страна на СЈО ја загрозува националната безбедност и се барало да се забрани и запре таквата активност. Од СЈО велат дека таа проверка не ја загрозувала работата на УБК, бидејќи се одвивала во текот на една ноќ и следното утро компјутерите биле вратени во институцијата.

Судството партнер на полицијата

Писмото за кое СЈО нема потврда дали било примено од лицата до кои е адресирано, навестува партнерски релации меѓу раководните лица од УБК со раководители во обвинителско-судскиот систем. Таквата практика ја потврдува и лично Горан Грујевски во неговата докторска дисертација „(Зло)употреба на посебните истражни мерки“, одбранета во 2014 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ. Во дел од неа го опишува партнерскиот однос на судството со полицијата.
„Колку и да сакаме да биде поинаку, мора да признаеме дека судството кај нас сѐ уште нема сфатено дека заштитата на правата на граѓаните од државата е негова примарна задача, туку напротив, себеси се гледа повеќе како партнер на полицијата и обвинителството во спроведувањето на законот, отколку како нивен контролор. Судиите имаат развиено премногу пријателски пристап кон извршната власт и еден бирократски пристап во толкувањето на правото. (стр.167)
Грујевски во трудот опишал и кон што води злоупотребата на специјалните мерки. (…) „Иако во јавноста мерките се најавуваа како стриктно насочени кон најсериозните закани од организираниот криминал, тероризмот и сл., се отвора пат специјалните мерки широко да се користат. Како што сега стојат работите (…) приватноста и слободата многу лесно ќе се маргинализираат кога ќе се пристапи кон одмерување од случај до случај, а во тоталитетот на случаи ќе добиеме сериозна закана од полициска држава“ (стр. 168).
19-07-2017, 12:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Во МВР не стигнале налози за апсење на Грујевски, Бошковски и Јакимовски


[Image: MVR(85).jpg]


Веднаш штом ќе пристигнат полицијата е подготвена да постапи според налозите за апсење, велат од министерството.

До Министерството за внатрешни работи (МВР) до овој момент не пристигнале налози за апсење на тројцата осомничени, за кои Апелацискиот суд вчера донесе одлука за притвор.

Ова го потврдија од МВР откако во јавноста се појавија разни толкување за тоа кога стапува на сила одлуката на Апелација односно, дали веднаш или правото на жалба на осомничените до Врховниот суд го одлага одењето во притвор или не.

Меѓутоа, од МВР велат дека кога и да пристигне налогот за приведување кај нив, тие се подготвени законски да постапат според него.

Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски се опфатени во предметите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Откако кривичкиот совет во Основниот суд Скопје 1 ги одби барањата за притвор, второстепениот суд ги уважи жалбите на обвинителството.

Сите тројца обвинети се вработени во МВР, Грујевски е екс началник на петтата управа, Јакимовски беше шеф на кабинетот на Сашо Мијалков кога тој беше директор на УБК, а во истата управа беше вработен и Бошковски.
19-07-2017, 12:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ПРИТВОР ЗА ГОРАН ГРУЈОВСКИ И ЗА НИКОЛА БОШКОВСКИ, ЈАКИМОВСКИ ОСТАНУВА И БЕЗ ДРУГИОТ ПАСОШ


[Image: Toni-Jakimovski.jpg]

26 јули 2017
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
На Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Гордана Јанкулоска, му е преиначена одлуката за притвор. (Фото: СДК.МК)
Ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и неговиот соработник Никола Бошковски од Управата за безбедност и контраразузнавање одат во притвор, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од Врховниот суд.
Петчлениот казнен совет, со кој раководи претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, на третиот обвинет кој доби притвор од Скопска апелација, Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Гордана Јанкулоска, му ја преиначил одлуката за притвор. Со одлука на Врховниот суд, покрај македонскиот пасош, одземен му е како мерка за обезбедување и дипломатскиот пасош.
Јакимовски работи во СЕЛЕК центарот во Романија. Тој е генерален директор на југоисточниот центар за спроведување на законот. Со тоа што му се одзема пасошот, според неофицијалните информации, тој веќе нема да може да ја извршува функцијата.
Сите тројца се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права. Тоа се предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои сега се споени во еден предмет.
Грујовски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.
Неофицијално, Врховниот суд, кој одлучуваше по жалбите на одбраната на одлуките за притвор на Апелациониот суд од 18 јули, овие одлуки треба да ги објави околу 14.30 или 15 часот.
С. К. ДЕЛЕВСКА
26-07-2017, 01:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Горан Грујовски недостапен за полицијата, Никола Бошковски наводно приведен во „Шутка“


26.07.2017 223800
[Image: tn1_20170726_225354_tvrdina%20sudenje.png]


Полицијата вечерва, по добивање на налогот за притворање на Горан Грујовски, екс началник на Петтата управа во МВР влегла во неговиот дом, но Грујовски не го нашла дома.

Горан Грујовски од тој момент ќе се води во бегство, а по него се очекува да биде распишана телеграма за пронаоѓање и апсење.

Quote:Горан Грујовски, покрај живеалиштето во Скопје, има каде да се засолни и во Велес и велешко, од каде што потекнуваат и тој и неговата сопруга, а како можни локации за престој се посочуваат и станот во Охрид и викендичка во едно од планинските места.

Сопругата на Грујовски Росица и нејзината сестра се вработени во УБК.

[Image: goran%20grujovski.jpg]

Вториот вработен во УБК, Никола Бошковски, за кого Врховниот суд го потврди притворот според првичните информации бил најден во неговиот дом и ќе биде однесен во истражниот затвор во Шуто Оризари, но подоцна полициски извори лиферуваа информација дека и тој не е пронајден.
Врховниот суд денеска донесе решенија со кои се одбиени жалбите на бранителите на Горан Грујовски и Никола Бошковски и ги потврди решенијата на Апелациониот суд Скопје за определување на мерка притвор во траење од 30 дена

Quote:Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права. Тоа се предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои сега се споени во еден предмет.


[Image: goran_gruevski_so_lisici_pred_kola%281%29.jpg]

Грујовски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.
Интересно ќе биде и пронаоѓањето на третиот обвинет во овој случај, Тони Јакимовски, кој работи во Букурешт, за кого Врховниот суд донесе одлука за одземање на двата пасоша, обичниот и дипломатскиот.
Јакимовски, според информации на Сведок се наоѓа на обука во САД и неизвесно е кога ќе се врати и дали доброволно ќе ги предаде пасошите. Претходно, за него беше определена мерка да се јавува еднаш месечно во судот во Скопје.
26-07-2017, 10:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Полициски приказни: Грујовски и Бошковски заминале без телефони и не им кажале на жените каде одат

27.07.2017 12:42:00
[Image: tn1_20170727_125409_goran%20grujevski.jpg]


Двајцата вработени во УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски, вчера на „изненадување“ на многумина не седеле дома да ја дочекаат полицијата да ги приведе, туку заминале во непознат правец, заборавајќи си ги дома телефоните, а на нивните сопруги не им кажале каде одат!

Ова е епилогот, откако Врховниот суд ја потврди приказната со притворите, со двајцата обвинети во Таргет и Тврдина кои треба да завршат зад решетки.  
Горан Грујовски е поранешен началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање и е обвинет во предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“. Никола Бошковски беше вработен во УБК и тој е обвинет во истите предмети.

[Image: tvrdina%20sudenje.png]

Полицијата синоќа го добила решението од Врховен суд за нивен притвор од 30 дена. Сопругите на обвинетите синоќа на полицајците им изјавиле дека не знаат каде се нивните мажи. Мобилните на обвинетите биле „заборавени“ дома.
Грујовски и Бошковски вчера не биле регистрирани дека легално поминале на некој од македонските гранични премини.
Во целиот овој случај, интересно е однесувањето на судиите од Апелацискиот суд и од Врховниот суд. Апелациските судии го потврдија притворот од првостепениот суд, но во решението додадоа една реченица дека е извршно по разгледувањето на жалбите на обвинетите. Досега, решенијата на апелациските судови секогаш беа извршни, без разлика на правото на жалба до Врховниот суд. Одредбата во Законот за кривична постапка е јасна: „Жалбата на обвинетите не го одлага спроведувањето на изречената мерка притвор“.
И тоа разгледување траеше 9 дена - додека предметот дојде од Апелациски суд до Врховен суд (зграда до зграда), додека во Врховниот суд го оформија предметот, па најдоа некои пропусти за кои никогаш не кажаа кои се, па имало смртен случај кај некои од блиските на еден од судиите, па една судијка се разболе... и на крајот почна да тече рокот од 48 часа за одлука. Откако вчера беше донесена одлуката и објавена околу 14 часот, решението МВР го добило дури синоќа.
Предметите „Таргет“ и „Тврдина“ се однесуваат на незаконското следење на комуникациите на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од опремата со која било сторено кривичното дело.

[Image: apelacija%20boskoski.jpg]

СЈО сметаше дека притворот за обвинетите во кривичната постапка е неопходен и заради вршење влијание врз сведоците од страна на двајца од обвинетите. Уште во истражната постапка, при извршениот претрес кај Грујовски од страна на обвинителите на СЈО бил пронајден тефтер со евиденција за тоа кој сведок во колку часот влегува во СЈО и од кој обвинител е испрашуван. Потоа истите лица биле повикувани од обвинетите, кои ги распрашувале каков исказ дале во СЈО и им давале натамошни упатства како понатаму да се однесуваат и што да одговараат на одредени прашања.
Дел од подотоците биле бришени, но со помош на информатички форензичар дел од нив биле повратени, а меѓу нив била откриена папка со наслов „СЈО“ во кои биле сместени упатствата и евиденцијата за сите лица што давале исказ во Специјалното јавно обвинителство.
Горан Грујовски, чија сопруга исто така работи во УБК, има повеќе престојувалиште каде што може да се засолни, почнувајќи од Скопје, Велес, Охрид. Во последниов период, додека траеше судењето за уништување на документацијата за набавка на опремата за прислушување, Грујовски често го менуваше и личниот опис, со пуштање на брада или без брада.
27-07-2017, 12:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:АПСУРД на Македонски начин.

Медиумите уште попладнето знаеа за одлуката на врховен суд дека им е одредена мерка притовор на Грујовски и Бошковски.Значи први медиумите кој ја пренесоа веста со жив радост дека имаат екслузива за народ.Судот ја добива одлуката во 17 часот и дури во 21 часот стига налогот кај најбитната алка во цела оваа апсурдна ситуација на Македонски начин,во МВР, лујѓето кој треба да ја завршат цела работа.За 6 сати најаден со коњски бифтек и полн со коњска брзина ќе стигнам во Дагестан,евентуално Казахстан [Image: 1f642.png]:) СЕ НАОПАКУ. Наместо први МВР да се информираат,први се информираа медиумите. Се сејаќавам на 2001 и конфликтот,тргнале единици на МВР или АРМ накај Скопска Црна Гора и оппп новинари по нив и извештај од лице место,еве конвој од МВР/АРМ (небитно) се упати кон Малино Маало,дел од конвојот два оклопни транспортери се стационира на патот помејѓу Љуботен и Љубанци................. па маме ви ебам,што не ги кажавте со име и презиме кој се,кај живеат,колку се на број,марка на оружје,број на лична карта,пасош со година на издавање...........Ебави новинарите,басимити судот мајчин !!

Злате Мирчевски ФБ статус
28-07-2017, 11:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Горан Грујевски имал уште еден идентитет – Владимир Варелов!

26/08/2017
Горан Грујевски кој точно еден месец е во бегство и за кого е издадена меѓународна потерница имал уште еден идентитет – Владимир Варелов, објави ТВ 21, повикувајќи се на извори во Министерството за внатрешни работи.
Истите извори од полицијата за телевизијата велат дека и Интерпол е известен за ова име под кое се претставува Грујевски кој од СЈО е обвинет во предметот Тврдина и Таргет.
МВР официјално не ги потврдува информациите.
Официјално велат дека во рамките на овластувањата и обврските ги преземаат сите мерки со цел лоцирање на Горан Грујевски и Никола Бошковски, и се прават проверки на повеќе локации во земјава. Но, со оглед на, како што велат од МВР, упатеноста на овие лица со можностите кои им стојат на располагање, потрагата е отежната.
27-08-2017, 01:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Грујевски и Бошковски уапсени на аеродромот во Солун со лажни пасоши

 


[Image: poternica.png]

19.10.2017
Горан Грујевски и Никола Бошковски вчера се уапсени на аеродрoмот во Солун, со лажни пасоши, кога сакале да заминат во земја од ЕУ, дознава НОВА од полициски извори.
Грујевски и Бошковски се фатени во група со уште четворица други, со лажни, бугарски пасоши. Од шестмината, само Грујевски и Бошковски се барале со меѓународна потерница, и со нив се занимава грчкото разузнавање.
Иако се уште нема официјална потврда од МВР, двајцата денеска се пред истражен судија.
Процедурата и целата постапка за екстрадиција би можела да трае од 3 до 8 месеци, во зависност дали ќе има жалба.
Министерството за правда треба да ја почне со постапката за екстрадиција откако ќе го добие известувањето од Интерпол, а такво известување, како што велат се уште немаат добиено.
Грујевски и Никола Бошковски, обајцата бивши началници во Петтата управа, од 18 јули не се достапни.
Одлуката за притвор Апелациониот суд во Скопје ја донесе на 18 јули, но тие останаа на слобода чекајќи го изјаснувањето на врховните судии. Оттаму информацијата дека треба да одат во притвор беше позната во јавноста на 26 јули околу 14 часот, а Врховен официјално преку соопштение ја потврди еден час подоцна. Процедурата потребна за решенијата, односно налозите за апсење да пристигнат од судот до МВР траеше околу седум часа, што според познавачите, е повеќе од доволно за засегнатите да се пуштат во бегство.
Биле барани на шест-седум локации за кои МВР се сомневала дека таму може да ги пронајде, но не биле најдени. Исто така, не можеле да ги лоцираат ниту преку мобилните телефони бидејќи наводно ги „заборавиле“ дома.
На четвртиот ден од бегството МВР објави потерници.

Двоен идентитет
Во меѓувреме, беше откриено и дека Грујевски имал двоен идентитет и друг пасош на име Владимир Варелов, негов сограѓанин од Велес кој е вработен во ЕБР.
Директорот на УБК Горан Николовски во интервју за Телма рече дека истрагата ќе покаже како тој добил двоен идентитет. Според него, најверојатно се злоупотребени правилата за заштита на заштитени сведоци.
-Според законската реглатива, тоа е во делот на заштита на заштитените сведоци. Двојни идентитети постојат и тие се регулирани законски.  Што се однесува до УБК можам да потврдам дека ние немаме пракса на двоен идентитет, бидејќи нашата работа е внатре на територијата на РМ и ние немаме потреба од двоен идентитет за нашите вработени. Веројатно се злоупотребени правилата за заштта на заштитените ведоци, рече Николовски.
Грујевски и Бошковски се обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство кои се однесуваат на злоупотребата на системите за прислушкување на УБК и на уништувањето на опремата. Бошковски е вработен во Управата, а Грујевски беше началник на петтата управа во УБК.
19-10-2017, 12:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Грујевски и Бошковски уапсени на солунскиот аеродром!?

Македонската полиција повеќе од еден месец имала информации за местото на престој на двајцата бегалци, дознава ДВ. Наводно се криеле на Халкидики, па во Солун, а на крајот се обиделе да заминат на нова дестинација

[Image: 37509496_303.jpg]

Во Грција вчера биле упсени поранешните функционери во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, и двајцата обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и таргет“,  за незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од таа опрема. Крај на нивното тримесечно бегство ставила грчката полиција, која постапувала по меѓународната потерница што ја објави македонското МВР,  откако во јули не ги пронајде во нивните домови за да ја спроведе наредбата на судот за мерка притвор за двајцата. Според неофицијални информации, двајцата наводно биле уапсени на аеродромот во Солун, од каде што планираале да отпатуваат со фалсификувани бугарски патни исправи.
Како што неофицијално дознава ДВ, македонската полиција повеќе од еден месец имала информации за местото на престој и движењето на двајцата бегалци. Наводно, пред два-три дена високи претставници на македонската и грчката полиција имале и заедничка средба на која биле разменети последните информации за овој случај, по што следело апсењето на Грујевски и Бошковски од страна на грчката полиција.    
[Image: 16867251_401.jpg]
Горан Грујевски и Никола Бошковски се обвинети од СЈО за незаконско прислушување на илјадници граѓани

Како влегле во Грција?
Засега не може да се дојде до податок каде сакале да патуваат, ниту како го нашле своето привремено прибежиште кај јужниот сосед.  За второто прашање постојат две неофицијални верзии. Според едната, тие илегално ја поминале и македонската и грчката граница. Според втората верзија, македонската ја поминале на граничен премин, но со претходно договорена логистика да не бидат евидентирани, односно да бидат пропуштени без контрола од надлежното лице во таа смена, а на грчкиот премин поминале со лажни пасоши. Наводно, откако МВР соопшти дека е утврдено оти Грујевски има и двоен идентитет, грчките гранични служби во евиденцијата нашле податоци дека лице со таков идентитет ја поминало нивната граница. Од МВР до утрово не соопштуваат никакви детали, со што ниту една од овие две верзии засега нема официјална потврда. Нема официјални податоци ни за локациите каде што престојувале двајцата бегалци. Според неофицијални извори, тие во почетокот биле сместени во викенд-куќа на македонски државјанин лоцирана на првиот крак на Халкидики, но подоцна се преселиле во стан во Солун. Дали и каде сакале да отпатуваат потоа, треба да открие МВР. По апсењето и двајцата биле префрлени во истражен затвор, каде ќе ја чекаат постапката за екстрадиција. Наводно и двајцата го смениле изгледот - пуштиле долги бради. Тоа за Грујевски и не е нова промена, бидејќи во еден период тој имаше таков изглед.

Добија време за бегство
На поранешниот началник на Петта Управа, Горан Грујевски,  и на поранешниот вработен во УБК, Никола Бошковски, им беше одредена мерка притвор на 18 јули, која тие ја обжалија. Апелациониот суд Скопје ја потврди мерката, но во решенијата напиша дека таа „ќе стапи во сила по правосилност на решението“, со што нејзиното спроведување го одложи до завршувањето на жалбената постапка пред Врховниот суд. Тоа беше резултат од преседанот што го направи Врховниот суд, кога по Барање за заштитата на законитоста поднесено од ЈО за притворот за Сеад Кочан, „утврди кршење на законот од страна на Кривичниот совет и Апелациониот суд“, бидејќи ценеле дека жалбата не го одложува извршувањето на одлуката. Така, со одложување на спроведувањето на мерката притвор, обвинетитите добија една недела за да го организираат бегството. МВР тогаш во соопштение објасни со каква „динамика“ стигнале наредбите за спроведување на обвинетите во притвор, и какви активности биле преземени потоа.
„Вчера, 26 јули 2017 година, во 21 часот Апелацискиот суд во Скопје до МВР достави наредби за спроведување на Г. Г. и Н. Б. во Истражниот затвор Скопје. Иако телефонски Судот во 17 часот го извести МВР дека ќе бидат испратени наредбите, тоа се случи дури во 21 часот“, соопшти МВР.
[Image: 36158728_401.jpg]
МВР најави сопштување повеќе детали
19-10-2017, 01:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Грујевски како Христо Атанасов, Бошкоски како Неџби Хасан






19-10-2017, 06:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Македонија нема договор за екстрадиција со Грција


Бидејќи Македонија и Грција немаат договор за екстрадиција, двајцата приведени може брзо да и бидат предадени на Македонија со договор на двете министерства за внатрешни работи, вели Павле Трајанов ексминистер во МВР
„Македонија нема договор за екстрадиција со Грција“, вели поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, осврнувајќи се на тврдењата дека таа правна постапка може да трае неколку месеци во однос на осомничените од СЈО - Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои вчера беа приведени од грчката полиција на аеродромот во Солун. 
„Со оглед дека немаме потишано договор за екстрадиција со Грција, согласно со досегашната практика, депортацијата на двајцата приведени може да се заврши многу брзо со директна комуникација меѓу двете министерства за внатрешни работи. И досега практиката во вакви случаи одеше по скратена постапка и на ист начин. Односно, бараните лица во договорено време се предаваа на некој граничен премин“, вели Трајанов.


[Image: 15440633_404.jpg]

Павле Трајанов тврди дека Македонија и Грција немаат договор за екстрадиција
Според него, тоа значи дека Грујевски и Бошковски може многу брзо да бидат испорачани во Македонија. 
Специјалната обвинителка Катица Јанева во изјава за ДВ денеска изрази надеж дека екстрадициската постапка за двајцата обвинети ќе заврши брзо и тие наскоро ќе се најдат на обвинителна клупа. 
Грујевски и Бошковски беа уапсени од грчката полиција која постапувала по меѓународна потерница на аеродромот во Солун. Двајцата припадници на УБК се во бегство од 26 јули годинава, кога Апелацискиот суд издаде наредба за нивно спроведување во Истражниот затвор Скопје. Оттогаш по нив се трага со меѓународна потерница. Во меѓувреме беше откриено и дека Грујевски си создал двоен идентитет, односно лажни лични документи на име Владимир Варелов.
19-10-2017, 11:35 PM
Reply