Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ МАНИПУЛИРА?? ЉУПЧО ИЛИ МАЛЕВСКИ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Љубчо Георгиевски на неговиот Фејсбук профил напиша негово објаснување зошто не било спорно некои празници да ги прославуваме заедно со Бугарите



[Image: lubchooooooo-g-768x512-300x200.jpg]



Деновиве се крена прашина околу најавениот договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Не може да не констатирам дека ако не беше колишевистичката политика на Вмро-Дпмне немаше ни да има полу-вето од Бугарска страна и воопшто немаше ни да има потреба од таков договор. Така Заев само прагматично ги откочува процесите што претходната влада ги закочи.
А сега и за содржината, зошто не е спорен овој договор за заедничко прославување на некои настани. Ке се задражам на Илинденско-Преобрженското востание.
- Организацијата која го подготвила востанието се до 1902 се викала Бугарско-Македонско-Одрински револуционерен комитет. Според истиот устав кој го напишале Гоце Делчев и Ѓорче Петров, член на истиот можел да биде само припадник на Бугарската егзархија, сите други милети се до 1902 биле по дефиниција исклучени.
- Главен јазик на писмената комуникација е бугарскиот литературен јазик. Сите документи, писма и било каков писмен документ што постои од организацијата е напишан на истиот.
- Сите високи раководители биле учители на Бугарската егзархија, Делчев, Груев, Петров, Тошев... или бугарски офицери како што е командантот на Илинденското востание Борис Сарафов.
- Најголемата финансиска и вооружена помош идела од Бугарија, а сите бази за повлекување и криење биле исто тамо.
- Во самото име на организациата имаме и технички проблем. Одринско е територија од реката места до Црно Море, во неа живеат и турци, помаци и грци. Но спојот е само со бугарското население од Одринско. Значи и од технички аспект организацијата е партнерска со Бугарите. Гоце Делчев како што бил инспектор во Македонија на воените чети така бил за бугарските чети во Одринско. Конгресот на одринската област од 1902 кога тие пројавиле сепаратистички амбиции лично го претседавал Делчев и ги смирил нивните амбиции.
- Конечно кога била донесена одлука за кревање на востание. Бугарите од Одринската област во целост ја испочитуваа наредбата за кревање на востанието во термин кога им беше наредено десетина дена по Илинден на празникот Преображение. Под истата команда.



Quote:Манипулација на ЉуБчо!

Љубчо Георгиевски пишал дека главен јазик на писмената комуникација бил бугарскиот литратурен јазик на ВМРО. Потоа вели дека сите високи раководители биле учители на Бугарската егзархија, Делчев, Груев, Петров, Тошев …или бугарски офицери како што е командантот на Илинденското востание Борис Сарафов.
ЉуБчо манипулира. Имено, познато е дека во тоа време Македонија како држава не постолеа затоа немала кодифициран јазик, училишта, војска а нејзините водачи можеле да бидат учители во училишта на Бугарија која преку Црквата била најприсутна во Македонија. Тоа што биле учители, војници не е грев, морале некаде да се школуваат и потоа некаде да работат за да можат да се посветат на идејата за македонска држава.
Љубчо ќе додје ден кога треба да објасни и докаже како станал бизнисмен!


Quote:Дилемата на македонското национално единство

ДЕНКО МАЛЕСКИ

Градење или уривање, тоа е дилемата на македонското национално единство денес

[Image: EADCA4C307766345A1493D95D3DE9AC3.jpg]Случајно движење на раката и книгата се отвора на страница со лингвистичка карта на Европа, публикувана во Атласот за европските работи од 1964 година. На картата, македонскиот јазик стои во целосно достоинство со другите четириесет и еден европски јазици. Како стасал нашиот јазик на европската карта на јазиците пред четриесет и три години?

Достигнувањето е дело на генерацијата наши претходници, родена во првите децении на дваесеттиот век, во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна Кралството Југославија. Изложена на српска асимилација, но свесна за својата посебност, младата генерација „јужносрбијанци“, го зграпчува историскиот момент на војни и револуции за да го прокламира раѓањето на македонската нација во рамките на федерацијата на јужнословенски народи. Така, радикалниот дел од интелектуалната елита на еден народ разлеан по рабовите на три посилни балкански држави, ја создава сопствената нација. Се обистинуваат зборовите на Крсте Мисирков: „Не сме нација, но ќе станеме“!

Отфрлајќи го своето српство, но и бугарството на родителите, некогашниот Владимир Малевиќ, образуван во српската гимназија во Битола и на Правниот факултет во Белград, се посветува на создавањето на македонскиот литературен јазик. Коле Чашуле раскажува дека, непосредно по војната, оделе по селата со магариња и собирале зборови, како што селаните собирале дрва. Такви „прости и строги“, би напишал Блаже Конески, биле почетоците на нашиот макотрпен пат до лингвистичката карта на Европа.

Распаѓањето на југословенската федерација во 1991 ја наложи неопходноста македонскиот јазик и национален идентитет да се заштити во границите на сопствена суверена држава. Со приемот во Обединетите нации во 1993 и таа цел успешно е остварена: државата Република Македонија е зацртана сега веќе и на политичката карта на светот.

Меѓутоа, не гледаат сите на македонското минато, па оттаму и на сегашноста и на иднината, со вакви очи. Она што за некои е достигнување, за други се' уште е измама. Имено, во современата македонската демократија постојат политички опции кои на поновиот тек на нашата историја гледаат исклучиво како на комунистички заговор. Разобличувањето на заговорот, пак, сметаат тие, одново ќе го сврти течението на историјата, во бугарска насока. Парадигма за ваквата политичка позиција кај Албанците е нивен политички водач кој изјавува дека не сака да ја земе одговорноста на себе за забрзување на текот на историјата, имплицирајќи дека точно знае каде таа ќе не' одведе. Парадигма за ваквата политичка позиција кај Македонците, пак, е политички водач со бугарско чувство, кој веќе стасал на „крајот на историјата“ и сега - ја чека нацијата да дојде таму!

Ова, сепак, не се тотални бесмислици, затоа што некои настани одат во прилог на оваа бугарско-албанска политичка визија во Македонија. Тоа, пред се', се комплицираните меѓуетнички односи во државата. Имено, една од најмалите нации во Европа, македонската, мора да изнајде успешна формула за живот под заеднички политички покрив со бројно албанско малцинство кое во иднина ќе црпи огромна сила од две албански држави на Балканот - Албанија и Косово. Токму стравот кај Македонците може да ги зајакне политичките сили кои би се обиделе да го надоместат дефицитот на моќ со приближување до Бугарија, дури и по цена на македонскиот идентитет.

Политичките опции чија цел е бришење на поновата македонска историја, засега, се раководат од начелото на „мирното решавање на историскиот спор“ преку унапредување на државата. Меѓутоа, во услови на загрозени позиции или променети меѓународни околности, тие би можеле да се определат за начелото: „што полошо, тоа подобро“. Имено, што полошо за државата, тоа подобро за крајната цел - отфрлање на „комунистичкиот заговор“ кој ја создал. Зашто, теоретски гледано, додека нужните консензуални елементи во македонската политика би требало да произведат стабилност на државата, политичките елити можат да ја користат својата моќ и за да ја поткопаат.

Неснаоѓањето на „македонистите“ во услови на демократија, исто така, оди во прилог на визијата на нивните политички противници. Создавањето на македонската нација, без малку половина столетие, се одвивало во услови на еднопартиска диктатура. Во тоа време, и немало разлика меѓу наука и идеологија, па така, македонската историографија, неопонирана од никого, комотно врши селекција на историската граѓа од која што се создавал македонскиот идентитет. Тука не би имало ништо атипично за процесот на создавањето на која било модерна нација, кога не би се правеле и фалсификати од типот зборот „Бугарин“ да се замени со зборот „Македонец“. Таму каде што тоа не било можно, пак, личностите од историјата биле прогласувани за бугарски агенти внесени во некаков замислен чист македонски простор.

Ерата на Студената војна е зад нас. Македонците не мораат да ја изразуваат својата посебност преку конфронтација со бугарската нација. Денес, во ерата на европското обединување, посебноста треба да ја изразуваме преку соработка со неа. Кога станува збор за одбраната на нашиот национален идентитет, тоа треба да го правиме со помош на вистината. Зашто, само вистината може да ја прочисти интелектуалната атмосфера во Македонија и да го оттргне народот од националната апатија која е производ на недоречености, двосмислености или ординерни лаги. Конечно, само вистината може да им застане на патот и на најновата генерација политички профитери подготвени да направат „од готово (национална) вересија“.

Видовме како, во услови на војна и револуција, настанала македонската нација, како стасала до лингвистичката карта на Европа, а потоа и до политичката карта на светот. Можеме ли, во услови на слобода и демократија, од оваа наша историја да црпиме национално достоинство?

Ако одговорот е потврден, тогаш не' чека макотрпен процес на градење на нацијата. Но, ниту противниците на македонската нација нема да имаат лесна задача - ќе треба, имено, да ни покажат како се урива нација во услови на слобода и демократија. Градење или уривање, тоа, всушност, е дилемата на македонското национално единство денес.


Јас не мислам да бранам никого но само ке укажам на двојните аршини !!
Ниту тогаш ниту од тогаш па до денеска никој не најде храброст да плукне по авторот на  цитираново од мене како што се плука по Љупчо!!
02-07-2017, 03:30 PM
Reply