Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВЕРУШЕВСКИ ДИРЕКТОР НА УБК ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1






Quote:Заев: Верушевски ги исполнува критериумите за да биде директор на УБК

[Image: zaev-pred-sjo-777x437.jpg]

13.06.2017

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на прислушувањето, кој би бил новиот директор на УБК, и дали постои можност Верушевски да дојде на таа позиција, Заев рече дека ексдиректорот на оваа институција ги исполнувал сите услови, но дека, најважно му е на чело на УБК да застане експерт кој ќе биде соодветна гаранција дека во Македонија службите работат соодветно.




Quote:За шпекулациите дека Зоран Верушевски би можел да биде нов директор на УБК, Заев рече:

- Тој ги исполнува сите критериуми, но тој би претпочитал за таа позиција да се бара друго решение, односно кандидат кој би дошол однатре, имајќи ги превид сериозните реформи што треба да бидат спроведени во Управата за безбедност и за контраразузнавање.
13-06-2017, 05:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Горан Николовски, новиот директор на УБК

[Image: goran-nikolovski-ubk.jpg]



19 јуни , 2017
Денеска на веб страницата на МВР осамна биографијата на новиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски.
Педесетгодишниот Николовски во 1991 година дипломира на Факултетот за безбедност.
Од 1992  – 1997 година е оперативен работник во УБК (поранешна ДБК), од 1997  до 1998 е началник на Сектор во УБК. До 1999 е главен инспектор во УБК, а од 1999 до 2001 е главен инспектор по контраразузнавање.
Две години, од 2001 – 2013, е началник на Секторот за контратероризам, а од 2013 – 2015, е началник на Оддел за контраразузнавање и од 2015 – 2017  помошник директор за контраразузнавање.
Учествувал на конференции/ семинари /обуки од областа на контратероризмот и контраразузнавањето во земјата и странство.



Гаранцијата дека ке се ВРАТИ деморатијата и слободата лежи во оваој податок: Од 1992  – 1997 година е оперативен работник во ДБК  Tuktuk0ni Tuktuk0ni
19-06-2017, 04:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Николовски, денеска преку упати писмо до вработените во УБК, преку кое ја презентираше мисијата и визијата на Управата. Писмото ви го пренесуваме во целост:
[Image: goran-nikolovski-670x530.jpg]

Почитувани колеги,

Припадници на УБК

Ми претставува чест и задоволство, да ви се обратам како директор на УБК, но пред сè како долгогодишен припадник и ваш колега.
Со ова мое прво обраќање би сакал да ја презентирам мисијата и визијата за УБК кои ќе нè водат на патот кон создавање нова служба согласно европските стандарди.
На оваа позиција доаѓам во време кога сликата за УБК е нарушена и перцепцијата на јавноста е негативна, а со тоа и за сите нејзини припадници. Состојба која значи перманентна критика како од јавноста, така и од меѓународната заедница. Но уверен сум дека со заеднички напори ќе успееме да ја промениме досегашната слика за УБК. Затоа сите ние, треба заедно да покажеме дека можеме и знаеме како УБК да ја врати почитта, професионалноста за која сите ние со децении се залагаме.
Случаите на непрофесионалност и злоупотреба треба да бидат минато, свесен сум дека пред нас е период на големи предизвици и реформи, кои најнапред ќе значат инвестиција во самите себе, а на тој начин ќе создадеме служба на здрави основи, која ќе биде подготвена да одговори на сите современи безбедносни закани и ризици создавајќи поволен амбиент за просперитет на нашата држава и нашите граѓани.

Свесен сум дека сме исправени пред сериозен и тежок предизвик, кој уверен сум дека успешно ќе го надминеме, нè очекува напорен период кој ќе бара сериозна посветеност и висок професионализам на сите припадници, период во кој нема да има простор за компромиси. Поради тоа, ја барам вашата поддршка и ве поттикнувам на професионално и тимско работење, иницијативност и креативност што е основен услов и гаранција за успех.
Заеднички успех ќе биде создавањето на департизирана, модерна, независна, професионална, добро опремена, обучена и ефикасна Служба, во согласност со европските стандарди и под демократска контрола. Нашиот приоритет треба да биде создавање безбедна држава за нашите граѓани преку почитување на демократските вредности и човековите права, а единствено на тој начин ќе го вратиме угледот на службата како респектиран и сериозен партнер во меѓународната безбедносно разузнавачка заедница, која ќе биде достојна за почит и со која сите ќе се гордееме.
На крај, би сакал да го истакнам и големото значење кое го придавам на комуникацијата со сите вас, на дневна основа, за што подготвен сум да ги слушнам сите ваши сугестии, забелешки, коментари, проблеми, иницијативи, мислења кои би биле во насока на подобрување на нашето работење и изнаоѓање најсоодветни заеднички решенија.
Затоа, ве повикувам директно на овој мејл да ми се обратите секогаш кога ќе имате одредени прашања и дилеми.

Ви благодарам
Директор на УБК
Горан НИКОЛОВСКИ



Lazgo Lazgo
05-07-2017, 02:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: 1t72v0.jpg]
28-07-2017, 04:26 AM
Reply