Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДИМЕ СПАСОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Соопштение


29.10.2016
На 28.10.2016 година во 23:20 часот Е. А. на бројот 192 пријавил дека во градскиот парк во Скопје, движејќи се по сервисната улица кон хотел  Парк со своето возило ПМВ Фолксваген со скопски регистарски таблици кое што лично го управувал, бил удрен од ПМВ Туарег со скопски регистарски таблици кое доаѓало од спротивен правец. Поради тоа што возачот на ПМВ Туарег по предизвиканата сообраќајна незгода не застанал туку се дал во бегство, Е.А. со возилото се упатил по ПМВ Туарег. Возачот на ПМВ Туарег продолжил да се движи по ул.Франклин Рузвелт, по што свртел десно по ул. М.Т.Гологанов, па потоа по ул.Њуделхиска, каде што предизвикал и втора сообраќајна незгода удирајќи во ПМВ Рено со скопски регистарски таблици, и повторно, без да застане, продолжил кон ул.Алжирска, каде бил сопрен од полициска патрола.


Од страна на полициски службеници лично и непосредно било утврдено дека од возилото ПМВ Туарег, сопственост на Агенцијата за вработување, излегле Д.С. и сопатничката Т.К..

Д.С. на полицискиот службеник му кажал дека тој го управувал возилото, по што од страна на полицискиот службеник била известена Единицата за Информирање и Командување. За време на  утврдувањето на идентитетот на Т.К., лицето кое го управувало возилото Д. С. разговарало на мобилен телефон и се оддалечило од возилото на неколку метри, по што со трчање се дало во бегство во правец на ул„Дрезденска“. Од страна на УПС од ПСОН Карпош заедно со тимови од единицата АЛФА биле извршени обиколки во непосредната околина, но лицето не било пронајдено односно успеало да избега.

Околу 2 часот на ул.Алжирска, односно на местото каде што било оставено ПМВ Туарег дошол М. Т. и на полициските службеници им пренел дека возилото Туарег било управувано од негова страна.  Од дадената изјава на М. Т. може да се констатира дека недоволно ги познавал околностите под кои се случени претходно опишаните сообраќајни незгоди, што наведува на заклучок дека тој не го управувал возилото. Изјавата на М.Т. не кореспондира со изјавата на сопатничката Т. К. и утврдената фактичка состојба на лице место од страна на полициските службеници кои што констатирале дека во возилото се наоѓале само лицата Д.С. и Т. К..  

МВР работи на комплетно расчистување на околносите околу случените сообраќајни незгоди, за што јавноста ќе биде соодветно информирана.  


РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ



Снимка на ДИМЕ СПАСОВ откако е фатен од Алфите
29-10-2016, 03:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Како Диме Спасов мавал возила низ Скопје




29.10.16   15:54  
Либертас, следејќи го официјалниот извештај за сообраќајките на Диме Спасов објавен од МВР, со помош на Гугл Мапс изработи мапа на движењето на дополнителниот заменик министер додека возел низ Скопје и удирал во автомобили, пред да избега од полицијата со трчање. Соопштението ви го пренесуваме во целост под мапата.
Напоменуваме дека мапата и местата обележани со стрелки се според објавеното од МВР и не мора во целост да се точните локации каде се случиле настаните, а мапата треба само да даде генерален увид во синоќешните случувања низ Скопје.

[Image: 984389340943903-670x373.png]

Синоќа во 23:20 часот Е. А. на бројот 192 пријавил дека во градскиот парк во Скопје, движејќи се по сервисната улица кон хотел Парк со своето возило ПМВ Фолксваген со скопски регистарски таблици кое што лично го управувал, бил удрен од ПМВ Туарег со скопски регистарски таблици кое доаѓало од спротивен правец. Поради тоа што возачот на ПМВ Туарег по предизвиканата сообраќајна незгода не застанал туку се дал во бегство, Е.А. со возилото се упатил по ПМВ Туарег. Возачот на ПМВ Туарег продолжил да се движи по ул.Франклин Рузвелт, по што свртел десно по ул. М.Т.Гологанов, па потоа по ул.Њуделхиска, каде што предизвикал и втора сообраќајна незгода удирајќи во ПМВ Рено со скопски регистарски таблици, и повторно, без да застане, продолжил кон ул.Алжирска, каде бил сопрен од полициска патрола.

Од страна на полициски службеници лично и непосредно било утврдено дека од возилото ПМВ Туарег, сопственост на Агенцијата за вработување, излегле Д.С. и сопатничката Т.К..
Д.С. на полицискиот службеник му кажал дека тој го управувал возилото, по што од страна на полицискиот службеник била известена Единицата за Информирање и Командување. За време на утврдувањето на идентитетот на Т.К., лицето кое го управувало возилото Д. С. разговарало на мобилен телефон и се оддалечило од возилото на неколку метри, по што со трчање се дало во бегство во правец на ул„Дрезденска“. Од страна на УПС од ПСОН Карпош заедно со тимови од единицата АЛФА биле извршени обиколки во непосредната околина, но лицето не било пронајдено односно успеало да избега.
Околу 2 часот на ул.Алжирска, односно на местото каде што било оставено ПМВ Туарег дошол М. Т. и на полициските службеници им пренел дека возилото Туарег било управувано од негова страна. Од дадената изјава на М. Т. може да се констатира дека недоволно ги познавал околностите под кои се случени претходно опишаните сообраќајни незгоди, што наведува на заклучок дека тој не го управувал возилото. Изјавата на М.Т. не кореспондира со изјавата на сопатничката Т. К. и утврдената фактичка состојба на лице место од страна на полициските службеници кои што констатирале дека во возилото се наоѓале само лицата Д.С. и Т. К..
МВР работи на комплетно расчистување на околносите околу случените сообраќајни незгоди, за што јавноста ќе биде соодветно информирана.
29-10-2016, 03:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Осудени криминалци го нападнале Диме Спасов


Целата вистина околу слуајот кој медиумите блиски до СДСМ и самата СДСМ целосно го политизираше е сосема различна од она што беше пренесувано во текот на целиот ден а се врзува со заменк министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.


29 октомври 2016 19:32
[Image: dime-640x415.jpg]
Осудени криминалци со албанско етничко потекло кои имаат дебели полициски досиеа го нападнале и следеле возилото во кое се превезувал Спасов.  Возилото во кој бил Спасов било следено од возило Пасат управувано од Даут Динарица кој во полициското досие има дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот. Даут е и осуден насилник  тоа токму поради тепачка користејќи и оружје. Тие го пресретнале возилото во кој се превезувал Спасов и сакале насилно да го застанат
Веднаш до него во возилото пасат бил Омер Аџами зад кој исто така има криминални дела на тешкикражби и помагање во други кривични дела. Во таквата насилна брктоница која ја организирала криминалната група помагал  и Етем Абаз кој исто така има дебело полициско досие загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади, тепачка. Целокупната оваа група е до скопска серава. Абаз иако учествувал во насилна бркотница со возила, МВР во претходна постапка му ја одземала дозволата за управување со возило.
Оваа позната скопска криминална група важи за блиска до СДСМ. Она што фрла сериозен сомнеж  за политичка злоупотреба и се работи за смислено сценарио е што има цела низа на пропусти во постапката од страна на МВР. Веднаш по запирањето на возилото во кое се превезувал Спасов за нецели 2 минути дошла поголема група на алфи истата онаа група која Спасовски ја ангажираше пред извесен период.  Дополнително во текот на бркотницата на два пати откако возилата подзастанеле на скопската раскрсница,  познатите криминалци со тупаници удирале по возилото во кое се превезувал Спасов закајнувајќи се дека ќе го убијат.
Веднаш по бркотницата, од страна на службите на МВР нема ниту збор за оваа криминална група, целиот фокус  во медумите под контрола на СДСМ е насочен кон наводно предизвикување на тешка материјална штета под дејство на алкохол, што воопшто не било точно, ниту пак утврдено.  Предизвиканата е незначителна материјална штета. МВР во својот билтен скандалозно го пропушта насилничкото однесување на криминалната група која е од Скопска Серава,  пишувајќи билтен кој како да е произлезен од сдсмовскиот центар за комуникации.
Ваквите информации оркестрирано се пуштија по медиумите блиски до СДСМ половина час по ваквиот настан. Шилегов уште денес изутрина даде политичка изјава со што јасно се виде намерата на правење на грозоморна и брутална политичка кампања на валкање на личности, каква се очекува да имаме до крајот на кампањата.
Ова е случај каде на дело може да се види целокупната злоупотреба и искривување на фактите кои се далеку од објективната вистина и како од еден случај во кој е предизвикана незначителна материјална штета се прави театар од кој се гледа да се нарави политички бенефит. Додека другите зборат за програма, фокусот на СДСМ е на политички местенки.


KURIR


Дали и полицајците кои го сопреле Диме Спасов биле од Групата на ОСУДЕНИ КРИМИНАЛЦИ??

Малку бре усул кога лажете!!



Quote:Д.С. на полицискиот службеник му кажал дека тој го управувал возилото, по што од страна на полицискиот службеник била известена Единицата за Информирање и Командување. За време на  утврдувањето на идентитетот на Т.К., лицето кое го управувало возилото Д. С. разговарало на мобилен телефон и се оддалечило од возилото на неколку метри, по што со трчање се дало во бегство во правец на ул„Дрезденска“. Од страна на УПС од ПСОН Карпош заедно со тимови од единицата АЛФА биле извршени обиколки во непосредната околина, но лицето не било пронајдено односно успеало да избега.
29-10-2016, 08:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Диме Спасов со кривична пријава до насилниците кои го нападнале


Дознаваме дека заменик министерот Диме Спасов поднел кривична пријава до насилниците кои вчеравечер го нападнале и бркале возилото во кое се превезувал Спасов.

29 октомври 2016 21:12
[Image: dimespasov-1.jpg]

Како што претходно објавивме, групата која го следела и нападнала министерот се од скопска серава, Албанци со дебело полициско досие.
Даут Динарица кој во полициското досие има дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот, тој е и осуден насилник и тоа токму поради тепачка користејќи и оружје.
Во возилото бил и Омер Аџами зад кој исто така има криминални дела на тешки кражби и помагање во други кривични дела. Во таквата насилна брктоница која ја организирала криминалната група помагал и Етем Абаз кој исто така има дебело полициско досие загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади и тепачка.
Во целиот случај МВР под раководство на Спасовски има направено сериозни пропусти и овој случај беше злоупотребен од страна на СДСМ, водејќи валкана и приземна политичка кампања против Спасов.
Фактите говорат дека наспорти тврдењата на медиумите на СДСМ направена е незначителна материјална штета, доказ е фотографијата од автомобилот и Спасов не бил во алкохолизирана состојба и не е направена никаква евиденција ниту пак побаран е исказ за насилното однесување на криминалната група.

[Image: dzipdimespasov-640x480.jpg]




Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
29-10-2016, 11:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Напаѓачите“ на Диме Спасов отишле сами во полиција-ниту го бркале, ниту го виделе

30/10/2016 11:16     

[Image: timthumb.php?src=http%3A%2F%2Fa1on.mk%2F...w=795&zc=1]

„Напаѓачите“ од групата од Серава која ја посочи дополнителниот заменик Диме Спасов дека го бркала ноќта кога удри две возила, а потоа избега од полицијата, го демантирале Спасов уште синоќа, дознава А1он.
Кога ги слушнале своите имиња на некои од провладините медиуми лицата сами синоќа отишле во полициска станица и дале изјави во кои се посочува дека приказната нема никаква врска со нив, ниту е вистинска. Ниту го бркале, ниту го виделе Спасов во ноќта кога заменик министерот удри две возила.
Како што објавија медиумите блиски до власта, Спасов го бркала група од албанска етничка припадност од Серава, и затоа бегал и удирал по возила, а потоа избегал и од полицијата. Тој синоќа во полицијата не поднел кривична пријава против нив, туку пријава-поплака што е нелогично со оглед дека се тврди дека бил во опасност.
30-10-2016, 12:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:„АЛБАНЦИТЕ“ КАКО ПСИХОЛОШКИ КОМПЛЕКС ВО КОЛЕКТИВНОТО НЕСВЕСНО НА МАКЕДОНЦИТЕ.

„Албанците“ се симбол на колективното чувство на несигурност кај македонците. Стравот од промените. Стравот од исчезнувањето. Стравот од смртта („набргу ќе нѐ надбројат“ „ќе нѐ снема“...). Колективната сексуална несигурност. Пред сѐ во сопствената машкост („ни ги ’земаат’ жените,“ „имаат по десет деца“ - значи се „сексуално поактивни“ и „сексуално посигурни од нас“).
„Сонот на Диме“ е парадигматична слика на нашите најдлабоки стравови: сексуално недооформеното македонско маже - македонче (како излезено од песмата „Абре македонче каде се спремаш?“). Голем „патриот“ и „бранител на семејните вредности.“ Го бркаат имагинарните „осудувани албанци.“ Тој пак кукавички им ја остава девојката во неговиот скршен „Туарег“ френетично трчајќи низ „Алжирска“.
Тој всушност бега од себе си во својата лага за себе. Откако лагата е неподнослива, бега од Жената со Девојката. Набргу побегнува и од Девојката. И ја остава. Цело време се крие/бега во „Туарегот.“ Не случајно избран -туарезите се симбол на дивата, нескротлива машка сексуалност, африкански црни џинови, номади. Познати по своите хареми и по борбеноста и мажественоста. Го крши Туарегот. Се себе-кастрира. Бега од лажната слика за сопствената машкост и сила. Трча низ „Алжирска“ - уште една африканска слика, позната по жестоката граѓанска војна. Симбол на жестоката внатрешна борба во ранетото его на нашето колективно несвесно. Бега во ноќната мора на колективните архетипски несигурности на Македончето.
Кога ќе се разбудиме од оваа ноќна мора? Кога ќе се разбудиме од ВМРО?!

Јордан Шишовски фб статус



Одлична анализа имењак ама на крајот си ја уништил со непотребното споменување на ВМРО. Грујовата партија е партија која ја формирал Богдановски а чие оргинални име е НАЦИОНАЛНА КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Парија која, дели субвенции, партија која е над државата, партија која се злагала за блиски односи со СССР. Се она што го прави Груевски во овие години!
[url=https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1116950551722702&set=p.1116950551722702&type=3][/url][Image: 14915477_1116950551722702_17412289177200...e=58949642]
(This post was last modified: 30-10-2016, 03:48 PM by ЈорданПетровски.)
30-10-2016, 03:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Спасов за ТВ Нова: Се работи за полициско-криминална местенка, за да му се наштети на мојот углед


Во ексклузивно интервју за Телевизија Нова, заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов за објаснува како дошло до сообраќајката минатиот петок. Тврди дека се работи за полициско-криминална местенка, само за да му се наштети на неговиот чест и углед.
„Следеше период во којшто дојдоа многу лица, дел во униформа, повеќето неуниформирани. Дел од нив и ми се закануваа. Во една таква тензична атмосфера, каде што најпрво бев следен, потоа и на два пати по ред, на два обиди, се обидоа напаѓачите да ме извадат од возилото и физички да ме нападнат. Потоа се обидов да бегам, бев нападнат и од лице коишто примени сила врз мене и впери оружје, впери пиштол во мене. Покрај тоа,  на напаѓачите коишто ме следеа, не беа преземени врз нив никакви мерки, односно следеа и ја набљудуваа ситуацијата откако застанавме“, раскажува Спасов во ексклузивното интервју за ТВ Нова.
„Заклучив дека се работи за криминално-полициска конструкција, за смислена местенка којашто има за цел да го наруши мојот углед и да нанесе штета врз мене, а постоеше и опасност по мојата безбедност, меѓутоа опасност и по мојот живот“, заклучи Спасов.
Целото интервју во продолжение





03-11-2016, 04:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:МВР: Сопатничката на Спасов изјавила дека никој не им се заканувал со оружје


03.11.2016
МВР денеска извести дека ќе поднесе 3 прекршочни пријави против заменикот за труд и социјала Диме Спасов, за напуштање на место на сообраќајна несреќа, за непостапување по наредба на сообраќајна полиција и за возење со неприлагодена брзина.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека по завршување на истрагата за сообраќајката која се случи на 28 октомври, неколку минути после полноќ, е констатирано дека Спасов кој го возел „туарегот“ удрил во возило „пасат“, ја зголемил брзината и избегал од местото на сообраќајката. Возачот и совозачот во „пасатот“ веднаш се јавиле на полицискиот број 192 и на дежурниот му пријавиле дека возачот на „туарегот“ ги удрил и побегнал.
Цело време тие на полицискиот службеник му јавувале за тоа кај се движи „туарегот“ кој тие го следеле, за конечно возилото да биде запрено на улицата Алжирска во Тафталиџе.
Во текот на истрагата, сопатничката во „туарегот“, скопјанката Т.К. на полициските истражители им рекла дека Спасов го возел возилото и дека никој не им се заканувал, ниту пак, извадил некакво оружје. Таа својата изјава ја напишала на хартија и ја потпишала.
Следниот ден исказ во полициска станица дал и Спасов, кој рекол дека некој му се заканувал со пиштол. За овој став на Спасов, шефот на полицијата рече:
- Ако некој му се заканувал на владин функционер со пиштол, зошто самиот тој не поднел кривична пријава против тие лица. Очигледно Диме Спасов има лоши советници кои сами ја отворија Пандорината кутија, а за се полицијата има докази. За целата бркотница обезбедени се и видео-материјалите од безбедносните камери на улиците.
Во однос на наводниот возач на Диме Спасов со иницијали М.Т., Спасовски рече дека неговата изјава во полиција воопшто не била слична со тоа што се случило на терен, но против него нема да биде поднесена никаква пријава.     
03-11-2016, 04:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Прашања што Biljana Vasileva Trendafilova од ТВ Нова заборави да му ги постави на #ДимеСпасов:

- Господине Спасов, а што баравте со службена кола во 23 часот, дали бевте излезени по работа?

- Зошто не повикавте полиција кога видовте дека некој ве прати, напаѓа, ви удира по возилото?

- Господине Спасов, зошто, освен од бандитите, бегавте и од полицијата? Кога бегате од криминална група, логично е да се препуштите во рацете на полицијата за да се расчисти инцидентот.

- Имавте ли сопатник во автомобилот? Дали сопатникот ја потврдува вашата верзија на приказната?

- Господине Спасов, зошто вашиот шофер се пријави во полиција и рече дека тој ја возел колата?

- Дали, според вашата логика, секој треба да бега од полициски екипи кога е пријавен за одредено дело?

- Господине Спасов....малку е тешко да се следи вашиот поглед на настаните, според сите логики на нештата.... зошто лицата што ве бркале и напаѓале, ве пријавиле на дежурниот телефонски број во МВР?
03-11-2016, 04:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:ФРАПАНТНО ВИДЕО: Алфите и криминалците на СДСМ во потера по Диме Спасов

03.06.2016
СДСМ соработува со подземјето и користи  криминалци за свои политички цели.  Ексклузивните снимки кои денеска ги објави Сител ја откриваат целата вистина за случајот со сообраќајката на заменик министерот Диме Спасов.





Сител телевизија во ДНЕВНИКОТ во 16 часот објави фрапантно видео, на кое се гледа како СДСМ се обидоа со подземјето да изведат физички напад на сегашен заменик министер и доскорешен министер.
Сител излезе со ексклузивно видео на кое е снимена бркотницата и нападот со оружје врз заменик министерот за труд Диме Спасов.  Од снимките кои денеска ексклузивно ги објави телевизијата, може да се види дека Спасов бил нападнат од група насилници кои му се заканувале со пиштол а потоа, истата група, заедно со лица кои се претставиле како полицајци му впериле пиштол.
Група од Серава, место кое е особено познато по криминални ликови, пресретнува џип во кој се вози Спасов. Наводно имало судар, а на снимката се уште има кал на возилото кое го возат момците од серава, потоа го бркаат, го запираат, го удираат возилото и ставаат раце во џебови од каде вадат пиштоли.
03-11-2016, 04:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Од снимките кои ги пушти Латас се гледа како Диме Спасов бегал од полицијата

3.11.16   
Главниот уредник на Сител телевизија, проф. д-р Драган Павловиќ – Латас, во вестите презентираше видео снимки од безбедносни камери на улиците до кои пристап има единствено УБК, како и снимки најверојатно од безбедносните камери на Катастарот, од бркотниците со Диме Спасов вечерта на 28 октомври.
Латас и провладините медиуми се обидуваат да го претстават Спасов како жртва преку видео кое е измонтирано за да се направи конструкцијата. Видеото е објавено на Јутјуб каналот на Сител телевизија и е насловено како „Ексклузивни снимки: На Диме Спасов му се закануваат со пиштоли“.

Сепак, и од ваквото видео се гледа како Спасов бегал од полицискиот „Дефендер“ кој се обидува да го запре на една од скопските улици, откако ја направил првата сообраќајка, односно го удрил првото возило кај Градски парк.
[Image: 8754894389043-670x376.png]
На крајот на монтираното видео, како што потврдуваат извори од МВР за Либертас се гледа како полицајци во цивил конечно го запираат Спасов и го легитимираат.
Спасов и за време на исказот во полиција потврдил дека и бега на полицијата, а исто така потврдил дека лицата коишто го сопреле на ул. Алжирска се легитимирале како полицајци во цивилка, дознава Либертас.





Како што се гледа и од снимката, откако Спасов излегува од службеното возило, полицаец во цивил му наредува да ги стави рацете на возилото за да му изврши претрес, но Спасов не ја послушува полициската наредба. Потоа полицаецот уште еднаш му дава наредба да ги стави рацете на возилото, а откако Спасов и вторпат не ја послушува наредбата, полицаецот сам го турка кон возилото за да може да го претресе. Во тој момент полицајците не знаеле за кого се работи, и кое е лицето кое им бегало преку пола Скопје, ниту дали е вооружено или опасно.
Изворите од МВР прашуваат зошто креаторите на овој, како што го нарекуваат, удбашко-полициски филм, ја исекле снимката и не оставиле до крај да се види како Спасов почнува да бега од полицијата со трчање.
Во снимката која ја пушти Латас го нема ни делот каде Спасов удира уште едно возило.
Од УБК не ги дале снимките од безбедносните камери низ Скопје на МВР за истрагата, но решиле да дадат делови од нив на провладините медиуми.
Ниту Спасов ниту провладините медиуми, не откриваат зошто тој возел службено возило на Агенцијата за вработување во доцните вечерни часови и зошто возач од МТСП отишол лажно да сведочи дека возел тој, а не Спасов.
Инаку, претходно денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави три прекршочни пријави за Спасов
03-11-2016, 08:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Како снимките со Диме Спасов од УБК завршија на провладините медиуми


ноември 3, 2016-4:56 pm

[Image: jankuloska-utrinski-777x437.png]


Лицата на снимките на „Сител ТВ“ кои наводно го вадат Спасов со пиштол од автомобилот се припадници на „Алфите“, а не насилници од коишто тој бегал. Со снимките располагало единствено УБК, а тие одбиле да ги достават снимките од СВР -Скопје, дознава НОВАТВ од извори во скопската полиција. 

Управата за безбедност и контраразузнавање не ги дала снимките од камерите на кои е снимен инцидентот на дополнителниот заменик министер Диме Спасов на СВР Скопје, дознава НОВА од полициски извори. УБК е единствената институција во чие владение се безбедносните камери од улиците, а СВР-Скопје ги побарало за да може да ги расветли случувањата од таа ноќ. Денеска овие снимки завршија во провладините медиуми со наслови кои сугеририаат дека Спасов бил гонет од насилни луѓе со пиштоли.
Денеска попладнето на провладините портали се појави видео од безбедносните камери поставени на бандерите низ градот од ноќта кога Спасов предизвика сообраќајни незгоди со службено возило на Агенцијата за вработвање и бегаше од полицијата.
На видеото кое на одредени места е сечено може да се забележи автомобил марка пасат како вози зад министерското возило. Тие се обидуваат да го стигнгат Спасов, а од она што е веќе познато, станува збор за луѓето чие возило било прво удрено таа ноќ и кои што повикале полиција, откако Спасов продолжил како ништо да не се случило.
Порталот „Прес 24“ тврди дека ова е „ексклузивно видео од насилниците кои со пиштоли го бркаат Диме Спасов“, а ова е воедно и приказната која Спасов ја раскажува во јавноста.
На видеото во првиот дел може да се забележи како на семафорите кај фонтаната кај Градскиот парк луѓето чие возило Спасов претходно го удрил се обидуваат да ја отворат вратата, а до нив вози и полициски дифендер кој според МВР бил пратен од полицијата на повик на оние кои го возат пасатот. Во вториот дел видеото Спасов е застанат од друг автомобил од каде излегуваат лица кои се обидуваат да го приведат Спасов, а зад нив се лицата со пасатот.
Полицијата вели дека лицата кои го вадат Спасов од возилото се полициската единица за брзи интервенции „Алфи“ кои претходно го бркаат спасов на повик од оштетените од пасатот.
На видеото со црвени кругови се заокружени рацете на алфите и се тврди дека тоа се насилници кои со пиштоли го гонеле Спасов.
Нејасно е како снимките завршиле во рацете на овој портал, ако се има во предвид дека истите единствено се во владение на УБК.
Полицијата го поседува целиот аудио разговор со луѓето од пасатот кои повикале полиција. Исто така, сопатничката на Спасов веќе дала исказ дека никој не ги бркал, според изјавите од МВР.
03-11-2016, 08:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Се се гледа и секој може да види - нападот е испланиран од прва до последна минута

Грозно: Насилници и сдсмовски алфи со пиштоли го гонат Диме Спасов (ВИДЕО)


3 ноември 2016 - 16:16
Ексклузивното видео со кое се потврдува дека заменик-министерот Спасов навистина бил мета на криминалци кои вечерта го нападнале, може да се види на видеото на нашата веб-страница
[Image: 429075-grozno-nasilnici-i-sdsmovski-alfi...k=dZC0DyDv]

Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов бил мета на осудени криминалци кои зад себе имаат досиеја за тешки престапи. ВЕЧЕР ексклузивно ги објавува фотографиите, добиени од безбедносните камери, каде јасно се гледа дека Спасов е нападнат од криминална група, нешто што надлежното министерство, предводено од техничкиот министер Оливер Спасовски од СДСМ тенденциозно пропушта да и го презентира на јавноста. 

Случајот од минатата недела во кој дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, беше нападнат од криминална група добива нови димензии. Имено, кратко после настанот проопозициските портали објавуваа дезинформации и полувистини пред МВР да излезе со официјален извештај. Социјалните мрежи беа масовно користени за подметнувања со кои очигледна цел беше лична дискредитација на Спасов.
Откако порталите на опозицијата масовно ширеа шпекулации, утредента политичка изјава даде и Петре Шилегов со која очигледно стана дека целиот случај се користи за црна политичка кампања. МВР, пак, во првиот извештај до јавноста воопшто не ја споменува криминалната група, а и наши извори наведуваат дека и самата постапка која ја води е со низа намерни пропусти. И додека МВР пласира недоречености во јавноста, медиумите блиски до СДСМ ја туркаа информацијата за наводната "алкохолизирана состојба" на дополнителниот заменик-министер која е неутврдена.
Во целата конструкција се добива впечаток дека заканите кон Спасов, обидите за физичка пресметка како и можните мотиви на оваа криминална група се затскриваат и во постапувањето на надлежните служби во МВР во расветлувањето на случајот.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера во изјава за медиумите соопшти дека против Спасов не е поднесена кривична пријава затоа што не настанала голема материјална штета, ниту пак има повредени. За Спасов полицијата поднела три сообраќајни прекршочни пријави.

 Спасов: Ме нападнаа со пиштоли, насилно сакаа да ме извадат од кола!

Со едно смислено сценарио преку криминално полициска местенка сакаа да ми нанесат штета врз мојот углед. МВР испрати партиско соопштение наместо полициски извештај за да ми наштети, истакна Диме Спасов во интервју за ТВ Нова.


Quote:-Очекував транспарентна и правична истрага од страна на МВР, раководено од СДСМ. Меѓутоа, гледајќи го извештајот на МВР, кој повеќе личи на партиско соопштение отколку на полициски извештај, може да се заклучи дека ова е обид за моја политичка и општествена дискредитација и дисквалификација. Ова е класична злоупотреба на една институција како МВР за остварување на политички цели. Ова е еден обид, едно смислено сценарио преку криминално полициска местенка да се нанесе штета врз мојот углед, истакна Спасов.
 

Тој потенцира дека за случувањата во петокот денес говори јавно зашто јавноста треба да ја дознае вистината. Не крие дека се соочил со тежок период.


Quote:- Се соочив со период на навреди, клевети, големи лаги, манипулации, конструкции и местенки на мое име, истакна Спасов.


[Image: 429077-grozno-nasilnici-i-sdsmovski-alfi...k=mvAc21Bu]


На 28.10 околу 23 часот возејќи во правец од "Филип Втори" кон Илинденска свртев на "Илинденска" десно и продолжив право и на семафорите кај Зоолошката свртев лево и застанав на следните семафори, прописно на црвено светло. Чекајќи да се запали зелено светло наеднаш возилото што го управував беше нападнато од непознато лице, односно почна да тропа на совозачките врати и се обиде да ја отвори вратата и истото се закануваше по мојот живот, објасни заменик-министерот за труд Диме Спасов.
Додава дека во тој момент се почувствувал загрозен и почнал да вози.


Quote:-Продолжив право и ги поминав семафорите кај "Партизанска" и застанав кај следните семафори кај фабриката "Треска". Во меѓувреме веднаш кога тргнав забележав дека лицето кое го нападна моето возило и кое на некој начин се обиде да ме извади од возилото со цел физички да ме нападне, влезе во возилото кое возеше одзади и продолжи да ме следи. Застанаа кај фабриката "Треска", најпрво излезе едно лице и започна да тропа по совозачките вратри и се обиде да ги отвори и се закануваше. Веднаш потоа излезе уште едно лице кое се обиде да ја отвори возачката врата, објаснува Спасов.


Во тој момент почувствував опасност врз мојот живот и безбедност и се обидов да им побегнам.
- Свртев десно по булеварот "Митрополит Теодосиј Гологанов"  и пред "Веро 2"


[Image: 429076-grozno-nasilnici-i-sdsmovski-alfi...k=yzPr9Yvd]

повторно свртев десно во обид да ги избегнам. Бидејќи се работи за споредна улица која е навистина тесна и на која има паркирано многу возила, бегајќи од напаѓачите во разминување со уште едно возило се направи мал контакт. Сакам да и се извинувам на госпоѓата на чие возило нанесов минимална штета. Жалам поради таквиот настан и ќе ја надоместам причинетата штета. Да беа околностите други со сигурност ќе застанев, но бев бркан и следен и од непознати лица продолжив да возам и веднаш позади Катастарот застанав, излегов од возилото и забележав дека две возила се паркираат зад моето возило. Од првото возило излегоа лица со огнено оружје со пиштоли во рака, а од второто лицата кое ме следеа и кои ме нападна два пати на две раскрсници. Се обидов да разговарам со лицата со оружје. Наеднаш бев нападнат, беше применета сила и бев турнат над возилото кое го управував, беше вперен пиштол во мене. Досега сум немал работа со криминалци и со ништо не сум заслужил ваков однос да биде вперен пиштол во мене. Неколку моменти потоа се приближи и застана полициско возило од десната страна и во тој момент напаѓачот кој впери пиштол во мене се повлече. Следеше период во кој дојдоа многу лица, дел од нив во униформа, а повеќето неуниформирани. Дел од нив и ми се закануваа. Во една таква тензична атмосфера каде прво бев следен и во два обида сакаа да ме извадат од возилото и физички да ме нападнат, потоа се обидов да бегам и бев нападнат од лице кое впери пиштол во мене. Покрај тоа врз напаѓачите не беа преземани никакви мерки, односно само следеа и ја набљудуваа ситуацијата откако застанавме заклучив дека се работи за криминално полициска конструкција за смислена местенка која има за цел да го наруши мојот углед и штета врз мене и имаше опасност по мојот живот. Токму поради тоа се одлучив да го напуштам местото, објасни Спасов.

Кои се лицата што го нападнаа Диме Спасов?

Во саботата, порталите блиски на опозицијата, информираа дека наведените лица дале изјава во полициска изјава дека не го бркале, ниту го виделе Спасов ноќта кога се случувал настанот.
Даут Динарица кој во полициското досие имал дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот. Ова лице било осудено за насилство, предизвикување тепачка користејќи оружје. До 26.8.2016 издржувал казна според 236 член 3 за кражба на предмети односно тешка кражба од големи размери кои според КЗ предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Екстрадиран од Шпанија.

Омер Аџами кој има дури 16 криминални дела за тешки кражби и помагање во други кривични дела. Учесник во криминално-полициската акција бил и извесниот Етем Абаз кој е со полициско досие за загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади, тепачка. Во претходна постапка МВР му ја одземала дозволата за управување со возило.


[Image: 429078-grozno-nasilnici-i-sdsmovski-alfi...k=cEsNNAxL]

VECER
03-11-2016, 08:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14



03-11-2016, 10:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Контраспин: Спасов самиот се скрши со приказни за мали деца


   Тео Блажевски   03/11/2016 at 17:49
[Image: Untitled-cover.png]


Диме Спасов се чувствува како политичка жртва. Фото: принтскрин

Пишува: Теофил Блажевски
 
Заменикот министер за труд и социјална политика Диме Спасов во кратко интервју за ТВ Нова ја даде следнава изјава што ја сметаме за спин:
 
Quote:Спин:…Ова е стилот на работа на СДСМ и на функционерите на СДСМ, кои што со нивните активности покажуваат голема некадарност, голема непрофесионалност и голема нечесност…со лаги, со манипулации, со местенки, со лаги и со манипулации само да се наштети. Тоа е начинот на кои што тие функционираат е начинот на работа на СДСМ .Тоа се покажува и преку овој смислен настан, преку оваа криминално – полициска местенка која што беше реализирана во петокот вечерта, само со цел да се наштети на мојот интегритет, на мојот углед, само да се направи штета. Ова е голем азлоупотреба на моќта на институција каква што е МВР. Исто така би сакал да истакнам дека ова нема да ме скрши и не смее да ме скрши…

 

[ Извор: TВ Нова, од 9.30 – 10:30 мин., датум 03.10.2016]
[Image: Kontraspin-foto-Vistinomer-1024x281.jpg]

Контраспин: После 5 дена од настанот кој предизвика широк интерес на јавноста, бидејќи станува збор за сомневања за злоупотреба на државен имот и пари, како и за неодговорно однесување на висок функционер на државната администрација и на партијата на власт, заменикот министер Диме Спасов даде кратко интервју, со кое не само што ги поткрепи сомневањата, туку и се обиде да го исползува настанот за политичка кампања.
Спасов во интервјуто тврди дека целиот настан е полициско криминална местенка, тоа го повторува дури четири пати во изјавите од 12 минути – и дека крајна цел била да му се наштети на угледот, честа и интегритетот на неговата личност.
Меѓутоа, внимателно преслушување на изјавата на Диме Спасов и вкрстување на фактите што се собрани првиот ден од настанот, како и оние од извештајот на МВР за целиот настан, покажуваат толку многу нелогичности во исказот на Спасов, што би можеле да се оценат со изразите „шарена лага“ или „приказни за мали деца“. Еве што вели Спасов, откако објаснува дека на два семафора од возило што го следи излегле луѓе и му тропале на прозорците и барале да ја отвори вратата:


Quote:…веднаш позади Катастарот застанав. Излегов од возилот, како што излегов, забележав како две возила се паркираат позади моето возило. Од првото возило излегоа лица со огнено оружје, пиштоли во рака, од второто возило, кое што беше веднаш позади беше, излегоа оние лица што ме следеа и нападнаа на две раскрсници. Се обидов да разговарам со лицата кои што беа со оружје во рака, наеднаш почувствував напад, односно бев ненадејно нападнат, беше применета сила врз мене и бев турнат на возилото на кое што го управував. Беше вперен пиштол во мене. Јас досега сум немал работа со криминалци и со ништо не сум заслужил ваков однос, да биде вперено оружје…неколку моменти потоа се приближи и застана полициско возило од десната страна и напаѓачот кој што впери пиштол во мене, се повлече. Потоа дојдода многу лица, дел во униформа, повеќето неуниформирани, дел од нив и ми се закануваа. Во една таква тензична атмосфера….заклучив дека се работи за криминално-полициска конструкција, за смислена местенка која што има за цел да го наруши мојот углед и да нанесе штета врз мене, а постоеше и опасност и по мојот живот. Токму поради тоа се одлучив да го напуштам местото.


Значи Диме Спасов , откако бегал од непознати лица кои не знае зошто го гонеле и притоа закачил едно возило во тесните улички во Тафталиџе, запрел зад Катастарот. Ако бил уплашен, зошто запрел? Ако видел лица со огнено оружје, но не од тоа возило што го следело, туку од друго, а не знаел кои се, како тоа се обидел да разговара со нив, а не избегал? Ако, кога дошла полицијата и многу лица, дел во униформи, а поголем дел не и ако му се заканувале сè уште, има ли логика да бега од овие лица,  кога лицата со униформи биле до него?
Да не зборуваме дека постои полициски записник за случката што го издаде МВР во својот билтен уште во саботата на 29.10.2016, во кој се опишуваат настаните, дека постојат записници од сопатничката што била во возилото која тврди дека не им се закнувале, дека постојат искази дадени во полициската станица Карпош и конечно, како што беше соопштено денеска и официјално – постојат и аудио снимени материјали во полицијата кои потврдуваат дека Диме Спасов бегал откако најпрво закачил возило, чиј сопственик потоа го пријавил и на двапати на семафор се обидел да го убеди Спасов да излезе од возилото и да се разберат.
Дека немало физичко насилство врз Спасов од лицата кои го следеле, покажуваат дури и снимките што се појавија на дел од провладините медиуми на „волшебен“ начин. На еден дел од снимиките се гледа дека тие се обидуваат да ја отворат вратата и од кај патникот и од кај сопатничката, но воопшто не насилно и грубо, како што тврди Спасов. Она што на овие снимки се гледа е дека навистина еден од припадниците на Алфите, држи нешто во раката што наликува на пиштол и дека во еден момент откако со Спасов нешто се објаснуваат, го врти кон возилото и го потпира на вратата од автомобилот. Но, од кога и како тоа  е забрането во полициска интервенција кога се во потера по некој што бега од место на настанот. Ако не од првиот, бидејќи, нели  вели не бил свесен, тогаш од вториот настан?
Она што го раскажува Диме Спасов и го оценува како криминално-полициска местенка, всушност е интервенција на единицата Алфи, кои поради тоа што возачот од првото возило цело време ја информирал полицијата каде се движи Туарегот возен од Спасов, веднаш се приклучила во потерата и брзо го лоцирала.
Можеби на Диме Спасов не му се допаѓа тоа што во моментов министер е Оливер Спасовски, можеби не му се допаѓа што шеф на Алфа единицата е лице кое е назначено од Спасовски, можеби Диме Спасов воопшто не бил ни под дејство на алкохол, па дури е сосема можно и да не почувствувал дека го закачил првото возило ако имало гласна музика во Туарегот и ако тоа закачување било минорно. Но, Спасов нема никакво логично објаснување зошто конечно избегал кога дошла полицијата. Тој нема и никакво појаснување зошто возачот потоа се обидел да даде лажен исказ – можеби зашто не беше прашан за тоа, но исто така треба да се каже и дека и МВР нема логично објаснување зошто нема да поднесе никаква пријава за него.
Диме Спасов исто така нема никакво логично  објаснување зошто во доцните вечерни часови управува возило на Агенцијата за вработување, па макар и да има договор меѓу Министерството и Агенцијата, а Министерството тврди дека нема. Спасов вели дека возилото му дадено за да ги извршува своите работни задачи, бидејќи министерката не му обезбедила ни канцеларии ни возило. Навистина, кои работни задачи се извршуваат во доцните вечерни часови во близина на стадионот во Градски парк во Скопје?
Замникот министер Диме Спасов наместо да понесе одговорност за своето однесување као државен функционер – нешто што е многу важно во секоја демократија и за што потсетивме неодамна – тој со целосно нелогичен исказ пред јавноста, уште и се обидува да да го заврти вниманието со тврдење дека ова е масло на политичкиот противник, но дека тоа немало да го скрши и не смеел да дозволи да го скрши.
Нема ни потреба. Пред судот на јавноста Диме Спасов со отфрлањето да понесе одговорност и отчетност за своето однесување, скршен е уште од саботата, кога ниту до крајот на денот не дојде во полициска станица да даде исказ, туку тоа го стори во наредниот ден. Денеска е само докршен.
Оттука, севкупната изјава на Спасов е во насока на извртување на вистината, а конкретната што ја анализиравме ја оценуваме како спин без никаква двојба.
 
03-11-2016, 10:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Честото менување изјави е сомневање за кривично дело


04.11.2016 
По трет пат сопатникот во Туарегот вчера доцна го промени исказот за сообраќајната несреќа.
 
[Image: 146418.jpg]Нов променет исказ и од лицето кое ноќта тврдеше дека управувало со возилото. Вкавата разврска следува откако дополнителниот замник министер Сапсов јавно потврди дека учествувал во сообраќајната несреќа ноќта во петокот, но ја оцени како полициско партиска местенка. Сопатничката во Туарегот досега даде три искази, првиот ноќта по настанот, вториот следниот ден и трет вчера по интервјуто на Спасов. Според законсите происи, експертите велат дека промената на исказ но и евентуалтното влијание за промена се кривични дела. 
 
Вчера Спасов по 5 дена молк се огласи  во јавноста и тврдеше дека бил гонет од вооружени лица - Тој изјави дека се работи за полициско политичка местенка која нанела штета на неговиот углед. Од ВМРО ДПМНЕ и денеска го потврдија веќе познатиот став  дека случајот е монтиран. 
 
Еден  од лицата за кои Спасов тврдеше дека учествувал во групата која го бркале односно Даут Динарица за ТВ 21 излезе со изјава  дека токму тие пријавиле во полиција за предизвиканата несреќа при што добиле инструкции од МВР да го следат Спасов.
 
„Ние не сакавме да го тепаме, не сме ни имале оружје. Ако сакавме да го тепаме не би се јавиле во полиција. Кога би имале оружје не би биле сега на слобода“ - вели Даут Динарица
 
Вчера се појави и видео снимка на која според дел од медиумите, се гледало дека Спасов бил бркан и нападнат. МВР, по пет дена од настанот вчера поднесе три прекршочни пријави за Спасов по Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.


[video=dailymotion]http:/http://www.dailymotion.com/video/x50ojtd_gavril-promena-na-iskazi-svedoci-dime-spasov-04-11_news/[/video]
05-11-2016, 04:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:На лагата и се кратки нозете


o6.11.2016
Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Лажго лажго (Игран филм со Диме Спасов)

Има лаги, има големи лаги и има лаги на Диме Спасов. На човекот му беа потребни шест дена да поверува во сопствената лага, да научи напамет невозможно сценарио и да се охрабри да излезе пред јавноста за да ја каже неговата “вистина”.
Да ги погледнеме најпрвин неспорните факти. Господинот Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика заедно со неговата сопатничка биле излезени во доцните вечерни часови со службено возило на Агенцијата за вработување. Прво прашање, што бара човек низ град во полноќните часови со службено возило во нешто што јасно изгледа дека била приватна работа на излегување и забавување?! Никој не кажува дека младиот заменик министер не може да се забавува, иако кога си јавно лице и за тоа има ред како и каде се прави, но сепак, тоа да се прави со службено возило и истото да се вози во наводно алкохолизирана состојба претставува тешка злоупотреба на неговата положба. Второ, се случуваат две сообраќајки во кои младиот господин не застанува туку продолжува да се движи и кога на крај сепак бил сопрен, истиот го напушта местото на настанот, бега од полицијата, оставајќи ја сама својата сопатничка, што освен што е човечки неприфатливо однесување, се коси и со кривичната одговорност како што ќе се објасни понатаму. Трето, во нејзината прва изјава сопатничката јасно кажува дека со возилото управувал Спасов и дека никој не ги следел, барем не на таков драматичен начин како тоа го опишуваше подоцна самиот Спасов. Четврто, на местото на настанот се појавува шоферот на младиот господин кој широкоградо ја презема вината и тврди дека возел тој, меѓутоа, не знае да кажува што точно се случило и лесно се утврдува дека всушност дава лажен исказ.
Овие се непобитните факти кои се утврдиле таа ноќ и за што постојат и официјални записници. Истите факти не се демантираат ни од страна на самиот Спасов на кого како што кажав му требаше малку подолго време да се отрезни и да ја научи неубедливата верзија за случајот со која после излезе на планиран исповед да одговори на досега најсилното новинарско прашање поставено за оваа работа: “Кој и зошто ве намести?”. Многу “силно” интервју, навистина бесконкурентно интервју на наместениот Диме Спасов, во кое тој зборуваше за некаков неверојатен научно-фантастичен акционен филм во кој тој како главен протагонист е следен од криминалци од кои тој бега и пред кои не знае како да постапува бидејќи “никогаш немал работа со криминалци” (ова ми е најсмешно од целата негова изјава, бидејќи како што се гледа, злосторничкото и мафијашко здружение на кое Спасов припаѓа, очигледно за него не е криминално). Притоа, новинарката пропушта да му ги постави најсуштинските прашања, од типот: Зошто бегавте од полицијата ако се чувствувавте загрозен од некакви “криминалци”? Зошто ја оставивте сопатничката сама? Ако навистина бегавте од некакви криминалци, дали знаете дека оставањето на блиското лице во нивните раце исто така опфаќа кривична одговорност, бидејќи постои нешто во кривичното право што се вика “нужна помош” и предвидува дека на лице кое е противправно нападнато должни сме да му укажеме помош? И тоа не е само работа на џентлменство туку и обврска за секое лице. Понатаму, новинарката не постави прашање ниту за првичниот исказ на сопатничката, ниту пак за причината зошто шоферот на Спасов се појавил да даде лажен исказ. Ептен јако истражувачко новинарство, нема што. Сите овие непобитни факти не добија место на ексклузивното интервју на кое главниот акцент беше ставен на “криминалците” Албанци кои бесмислено и бесповодного следеле невиниот млад дечко дополнителен заменик министер и сакале да го убијат, онака за ќеф. Во меѓувреме, во друга телевизија се појавуваат ексклузивни снимки од УБК од безбедносните камери кои би требало да го докажуваат тоа што младиот заменик министер го кажуваше во ексклузивното интервју. Многу е нејасно како тие снимки се појавија во една телевизија кога знаеме колку е тешко да се зема било каква информација од УБК и кога постојат судски наредби за тоа. Истотака, многу е интересно како тие безбедносни камери функционирале беспрекорно за овој случај а не функционирале во други контроверзни случаи како што се убиствата на Мартин Нешковски и Никола Младенов или убиствата кај Смилковското езеро. Како тоа камерите така селективно работат а одредени снимки за кои уште и се тврди од самото МВР дека се монтирани се појавуваат како такви по телевизии поврзани со владејачката партија?!
Поуки од акциониот научно-фантастичен филм
Од сите контроверзии кои беа споменати погоре од кои во една нормална држава политичката кариера на одредено лице би била целосно и завршно запечатена и осудена на пропаст, може да се извлечат неколку заклучоци:
  1. Минатата недела го објаснив казнено-правното начело “In dubio, pro libertatem” штовопреводзначи “при сомневање, одлучи за слобода”. Меѓутоа, во оваа наша чудесна земја, за која музичката група од 90тите “Меморија” пееше “Македонија ти нуди љубов и се”, всушност постои сосема друго начело кое се повторува од година во година, од ситуација во ситуација, и гласи вака: “Кога си сам, и тажно е се, обвини ги Албанците…”. Не знам дали Спасов бил сам во таа мрачна ноќ, бегајќи безнадежно од полицијата на кој не му верувал, не знам ни дали бил тажен, но едно е сигурно, тој ги обвини Албанците како дежурни криминалциза тоа што му се случи, и во тоа го основи целото свое објаснување за настанот, сигурно, инспириран од погрдните зборови со кои Албанците се опишуваат од поранешната министерка Јанкуловкса. Па имал младичот од кого да учи!Непосредно по тоа објаснување, исказите на другите лица вклучени во целата работа се сменија по три пати и се впуштија од една во друга нелогичност. Всушност, објаснувањето кое може да се изведе од погоре споменатите непобитни факти е многу јасно: Пијан човек удрил во две возила со службената кола која противправно ја употребувал за лични работи, потоа побегнал од полицијата, а покасно го натерал или поттикнал неговиот возач да ја преземе вината преку давање на лажен исказ а сведокот на настанот ја натерал три пати да го смени својот исказ. Ова го прави само мртов пијан човек, а не човек кој бега од некакви “криминалци”. И петгодишно дете ако му ги кажете двете верзии на случајот ќе поверува во логичната верзија наместо во акциониот научно-фантастичен филм.
  2. Друга работа која треба да се примети е начинот на кој деловите од државните институции кои се и понатаму под контрола на владејачката партија, експресно приложија докази за другата, помалку веројатна и многу контроверзна верзија на настанот. Во некои други времиња во кои кулминираше МВРО начинот на управување со Министерството за внатрешни работи, работите ни од блиску немаше да излезат вака од контрола, Диме ќе си спиеше мирно дома по лудата ноќ, Туарегот ќе беше уредно паркиран пред неговиот дом, никој немаше ниту да знае за неговите полноќни лудувања по главниот град, а доколку ќе имаше било каква неконтролирана вест околу настанот, “криминалците” Албанци кои се “огрешиле” пред законот и пред Диме, веќе ќе беа во притвор со сигурни затворски казни кои само ќе се потврдуваа пред “чесниот” суд. Убаво е што МВР на крајот почна да признава дека има и монтирани видео снимки за кои Албанците одамна говорат и се жалат.
  3. Трета работа која треба да се примети е начинот на кој одредени лица толку лесно би признавале вина за да заштитат нивен шеф па дури давајќи лажен исказ и самоволно носејќи ги последиците на нечии лудории. Таквото лојално постапување одамна личи на постапувањето на криминално-мафијашките структури кај кои секогаш има по некое лице кое оди во затвор наместо шефот, синот на шефот или некој друг негов близок човек. Таква робовска лојалност на сопствена штета не се приметува ниту во робовладетелските односи од стариот век. А многу е интересен и исказот или исказите на девојката напуштена среде настан, препуштена во рацете на криминалците или полицијата, оставена сама среде ноќ во скопските улици. Неа пак ич не ја разбирам. Прво кажала возел Спасов и не биле следени, после кажала не возел Спасов, за на крај да каже дека сепак Спасов возел ама биле следени. Три пати драстично изменет исказ за лице кое ја оставил така, сама да се справи со целата работа. Е сега човекот или возел или не возел, може детаљ од исказот да биде сменет, ама вакво менување се коси со логиката и станува бесрамно навредувачки.
Целата работа е толку надвор од контрола и секаква логика што веќе излегува од реалната и влегува во суреалната димензија.
Што е уште полошо за власта, ова не е единствената работа која е надвор од контрола. Слушам вести во кои прва вест се лудориите на Спасов и последователните случувања околу нив, втора вест е Братучедот на судење за Трезор, трета вест е кривичната пријава за Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје за нелегално градење. Со Претседателот на судот се поврзува и друга лага на кои веќе и се гледаат кратките нозе. А тоа се поврзува со друга кривична пријава поднесена од судија за незаконско влијание и притисок од друг судија, прва таква пријава со што веќе се појавува доказ дека притисоците врз судството не се само измислени работи на некои луѓе туку се реални работи кои секојдневно се случуваат. Таа кривична пријава е преседан за кој многу ќе се зборува и дебатира, но кој всушност потврдува дека досегашните упорни тврдења дека судството ни е независно и дека никој не влијае врз судиите се една голема дебела лага!
Работите навистина се излезени од контрола и владејачката партија тоне од срам во срам. А сепак е уверена дека сево ова ќе успее да го легитимира со гласот на граѓаните на 11 Декември, на начин на кој Панчевски би ја легализирал својата дивоградба. Ако е во ред да се легализираат дивоградби зошто не би се легализирало и противправното владеење преку избори?! Зошто не би можело да се легализира самоволието на неодговорни министри и функционери, неказнивоста на криминализираните владејачки структури, и целосното суспрендирање на владеењето на правото?! Зошто не би можело целата држава да стане една голема легализирана дивоградба во која ние среќно ќе живееме во “Љубов и се”.
Јас не сакам да живеам во дивоградба. И затоа знам што ќе направам на 11 Декември!
06-11-2016, 01:48 PM
Reply