Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РАСПУШТАЊЕ НА СОБРAНИЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Сугарески: До полноќ може да се решат и законите на СЈО и да се распушти Собранието


12.10.16   
Денеска го поднесуваме барањето со назнака за одржување на итна седница и со тоа кажуваме се. Ние сме за избори на 11 декември и бараме веднаш да се свика итна седница на Собранието бидејќи сме влезени во законските рокови за распишување на избори, рече денеска пратеникот на СДСМ Горан Сугарески на прес конференција.





На новинарско прашање што ќе биде со законите за СЈО, за заштитени сведоци, и со шестата изборна единица ако итно се распушти Собранието, Сугарески вели:

– Бидејќи бараме итна седница уште во текот на денешниот ден, за сите овие работи слободно нека дадат предлог коалиционите партнери, согласно мнозинството кое го имаат во ова Собрание, можат да стават на дневен ред уште денеска сите овие проблеми да бидат разрешени и до полноќ Собранието да биде распуштено.
Тој истакна дека СДСМ е за избори меѓутоа никогаш нема да дозволи уште едни криминални избори да бидат организирани во Македонија како претходните неколку циклуси.
– Тоа нема да се случи. На 11 декември ќе има фер и демократски избори. Предизвикот е многу јасен – денеска даваме предлог за распуштање на Собранието. Почесна и почиста намера не може политичка партија да даде. Слободно, уште веднаш ги повикувам да се изјаснат од оваа говорница, да слеземе долу во пленарната сала и да го распуштиме Собранието – додаде Сугареск
(This post was last modified: 21-10-2016, 09:35 PM by ЈорданПетровски.)
12-10-2016, 04:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Распуштањето на Собранието Вељаноски го стави на дневен ред на 17 октомври

„Одуката е донесена во согласност со договорите што беа водени со посредство на меѓународната заедница“, соопшти Кабинетот на Вељаноски.

Кабинетот на собранискиот спикер Трајко Вељаноски соопшти дека точките за распуштање на осмиот состав на Собрането ќе бидат дополнети на дневниот ред на седницата која е закажана за 17.10.2016 година, после точката која се однесува на усвојувањето на Буџетот за 2017 година. 

Претседателот на Собранието е уверен дека на овој начин, македонските пратеници ќе успеат истовремено да остварат две суштински цели: прво, да ја исполнат до крај својата обврска да работат до последниот ден во интересот на државата, стабилноста на институциите и непреченото функционирање на системот со носењето на најважниот акт, Буџетот, кој секоја година го усвојуваат претставниците на народот; второ, да ја испочитуваат преземената обврска за распуштање на Собранието, бидејќи законските рокови во целост и без исклучок дозволуваат тој чин да се направи на 17 октомври за да може да се одржат изборите на договорениот датум на 11 декември.
Вељаноски очекува од пратениците на опозицијата да застанат зад споменатиот план бидејќи, нагласува, така на најдобар начин ќе ја покажат својата посветеност кон преземените обврски од договорите, како и одговорноста кон Македонија.

„За Претседателот на Собранието, секој поинаков став на опозицијата, како тој за распуштање на Собранието на 12 октомври, ќе биде оценет како уште еден акт на политичка неискреност и како дел од планот на опозицијата да издејствува ново, трето по ред одложување на изборите“, се наведува во соопштението.
Неговиот кабинет наведува дека одуката е донесена во согласност со договорите што беа водени со посредство на меѓународната заедница.
12-10-2016, 04:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



17-10-2016, 01:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote: Собранието се распушти – избори на 11 декември




17.10.16   16:40  
Пратениците предмалку со 110 гласа „за“ изгласаа распуштање на Собранието во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

[Image: 895893490340934-670x382.png]

Претходно на дневниот ред имаше повеќе закони, од кои не беа изгласани законите за СЈО, но беше изгласан новиот Буџет без гласовите на опозицијата.

[Image: 7834894309324-670x384.png]

Собранието претходно во текот на пролетта се распушти за изборите закажани за 5 јуни, но подоцна со одлука на Уставниот суд пратениците повторно се вратија на работа, со оглед на тоа што не беа исполнети условите за избори.
Сега, евентуална закана за одржување на изборите на 11 декември, е доколку Уставниот суд го укине СЈО. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во свои јавни настапи изјави дека не очекува такво нешто, но доколку тоа се случи, 200 илјади граѓани ќе излезат на улиците.
17-10-2016, 04:12 PM
Reply