Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЈО & БАНДА, ЕЛОКВЕНТНОСТА НА ЈАНЕВА КЕ СЕ ЦЕНИ ВО СУДНИЦА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:„Елоквентноста“ на Јанева ќе се цени во судница


Катица Јанева не е оратор. И не мора да биде. Ниту тоа се очекува од неа. Таа нема никакво искуство пред камери. Но, едно е јасно. Не калкулира и не глуми. Коментар на Катерина Блажевска

[Image: 0,,18719191_303,00.jpg]

„Договорени прашања - празни одговори, „квази -интервју“, „скандалозно интервју во дневникот на јавниот сервис“, „Јанева станува уште една црна дамка и вистински удар врз професионалните стандарди“... Ова се само дел од обвинувањата од провладини медиуми по првото гостување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во дневникот на МТВ. На нејзина адреса беа ставени тврдења дека „немала капацитет ни да ги научи на памет прашањата кои самата си ги нарача да и бидат поставени од МТВ“.
Секако, не понудија ниту еден аргумент за последново тврдење, но затоа јасно потврдија како некои други вешти „оратори“ успевале да се прикажат на ТВ во „најдобро светло“ - преку учење на одговорите на памет.
Да, Јанева имаше хартии пред себе. И не беше тешко од тв - кадрите да се види дека станува збор за Извештајот за шестмесечната работа на СЈО. И треба да го има пред себе, доколку во дел од одговорите треба да презентира бројки, со какви што изобилува извештајот - од податоци за истраги или сослушани лица, па се до кадровски или финансиски бројки. Нив не мора да ги знае на памет, бидејќи се менлива категорија. Како расте бројот на истраги, така се менуваат и тие.

[Image: 0,,2553816_4,00.jpg]
И подобро е да ги има хартиите пред себе, отколку да импровизира или да продава „сувереност во владеењето со податоците“ како што тоа го правеше еден поранешен премиер, кој заради создавање на таква лажна перцепција со години одговара само на договорени прашања. И затоа нема хартии пред себе. Но, дури и во такви случаи се случува пад на концентрацијата, па во едно тв-интервју кажа три различни податоци за бројката на нововработени во државата. Така јавноста беше почестена со божем „сигурен говорник“, но во исто време и со куп сомнежи - која бројка е точна?
Да, Катица Јанева не е оратор. И не мора да биде. Ниту тоа се очекува од неа. Таа нема никакво искуство пред камери, бидејќи тие никогаш не биле дел од нејзината професионална средина. Но, едно е јасно. Таа не калкулира. Не глуми. Не се претставува поинаку и повеќе од она што е - специјален јавен обвинител. Нејзината „елоквентност“ не се цени во ничиј тв -дневник, туку во судница. Таму каде што се презентираат доказите, каде се образложува обвинението. Тоа е нејзиниот терен. Таа не е, ниту треба да биде тв - барбика или лото-девојка која ќе ги задоволи нашите стандарди за јавен настап. Не е ниту кандидат за оратор на годината, ниту посетувала школи за односи со јавност, ниту школи за млади лидери, ниту пак е приврзаник на „уличните школи“ за штанцање празни фрази и полна логореичност. Таа треба да ги задоволи очекувањата за владеење на правото и правдата, во однос на предметите за кои ова обвинителство е надлежно според законот.
Но, дека ваквите обвинувања не се „конзистентни“ ни во главната линија на нападот, сведочат и „рецензиите“ од провладините медиуми за првите јавни настапи на обвинителките Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи. Тие, пак, беа обвинувани дека немале хартии пред себе, дека очигледно вежбале пред огледало, дека презентацијата на предметите ја учеле на памет, дека се однесувале како филмски ѕвезди. Ајде да се договориме - важна е „хартијата“ или не е важна? Или нападот ќе се конструира и димензионира зависно од случајот и потребата?
Сосема е јасно е дека ова е само еден од начините на кои специјалната обвинителка треба да биде демотивирана за јавен настап, односно замолчана. Ова е одличен метод за тоа кој мириса на оние користени во некои одамна минати времиња, а кои кај нас доживуваат современа рециклажа поради стравовите на оние коие се засегнати од истрагите на СЈО.

[Image: 0,,19146197_401,00.jpg]

Секако, ваквиот сеопшт процес на субверзија против СЈО прилично добро напредува, ако се има предвид како скромно започна - со дрес-кодот на Јанева, односно со чипката на нејзиниот фустан. Од тогаш до денес преку разни хајки и исплетоа многу повеќе „чипки“ отколку што можевме да претпоставиме.
Но, оваа таканаречена ТВ-премиера на Јанева, се покажа всушност како претпремиера на сликата за владејачкиот страв. Експресно видовме мала показна вежба во која власта преку нејзините медиуми откри какви ниски медиумски хајки може да мотивира, само за да се одбрани себе си од оние кои и будат страв и неспокојство. „Принципот“ е проѕирен: напад врз нечија елоквенција, како одговор на стравот од приведување со полициска асистенција.
Но, ни тоа веќе не врши работа. Граѓаните се изморени од слаткоречивовста и манијачната логореичност на оние кои во еден здив ќе изрецитираат се што божем направиле за земјата, форсирајќи игра на зборови кои губат секаква комуникациска ведност, а истите тие немаат ниту еден одговор кога на ред ќе дојдат прашањата за малверзации и индиции за криминал.
Заради таквиот дисбаланс, сега ќе зборува СЈО. Од него не очекуваме ни фрази, ни елоквенција. Единствено чесно и професионално да си ја заврши работата.



Quote:Ексклузивно: Што сакаше МТВ да скрие во интервјуто со Катица Јанева


[url=http://republika.mk/category/vesti/makedonija][/url] 20.09.2016 14:13
Загрижен „Свиркач“ од фактот дека јавноста не ја добила вистинската слика од интервјуто со Катица Јанева, го достави севкупниот снимен материјал до Република, за да може јавноста вистински да се увери во непрофесионалноста на Аргирова





Целиот материјал од снименото интервју, без никакви монтажи и корекции, до нашата редакција го достави анонимен извор со цел да се прикаже во вистинско светло непрофесионализмот на МТВ и нејзиниот главен уредник на информативната редакција. Од материјалот може да се заклучи дека интервјуто е однапред договорено, со однапред договорени и одговорени прашања кои специјалната обвинителка Катица Јанева има потешкотии дури и да ги прочита. За резилот на обвинителката да биде помал, нејзините одговори се буквално искасапени и во најголем дел покриени со инсерти. При тоа од 18.15 минути снимен материјал, на екраните беше прикажан околу 10 минути. Не може да не се забележи дека обвинителката не може да каже дури ни „добра вечер“ без да згреши и да погледне во подготвениот текст.

[Image: najavata-pak.jpg]
„Само не и давајте да чита“

Јавна тајна во МРТВ е дека „техничката“ уредничка на информативната програма Санта Аргирова поставена како кадар на СДСМ директно со Јанева со денови ги подготвувала прашањата и интервјуто во целина. Сепак, и покрај обидите сѐ да мине во најдобар ред, снимениот материјал ја покажува неподготвеноста на Јанева барем да ги научи одговорите кои, ако се споредат нејзините обиди за одговарање и тоа што го чита, воопшто и не се напишани од неа. Токму затоа техничката уредничка морала да се ангажира во сечење, лепење и монтирање на материјалот за да може да се емитува парче од неполни 10 минути во вестите на јавниот сервис.
Интервјуто онака како што е презентирано, всушност, е класично засрамување на Јанева и на СЈО пред севкупната јавност, особено со зафатите на Аргирова најголемиот дел од интервјуто гостинот отпосле да биде „покриен“ со инсерти, во функција на козметички зафат за прикривање на читањето одговори и сечењето на искажаните неповрзаности на Јанева.

[Image: kj-520x271.jpg]
Одговорите тешки за паметење


Катастрофата на Катица Јанева е најголемата тема во медиумските кругови.  Невозможно е да се најде новинар и медиумски работник кој не го дели ставот дека Катица Јанева едноставно нема капацитет за одговорноста која ѝ е доделена. Интервјуто во целина е под сите стандарди, а јавниот сервис, во позиција со партиски војник во овие 100 дена на чело на информативната програма, наместо да има критички поглед кон институциите, меѓу кои и СЈО, без срам политички се додворува на Катица Јанева.
Главниот и одговорен уредник на информативната редакција на МТВ, Санта Аргирова, беше поставена на функцијата директно од опозициската СДСМ со цел да покаже пример за професионално известување. Аргирова најави дека ќе наметне стадарди какви досега не се практикувале. За неполн месец, главната уредничка на МТВ успеа да постави невидени стандарди за непрофесионално информирање на јавноста.
20-09-2016, 09:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:МТВ: И се извинуваме на Јанева, вработен во телевизијата го злоупотреби интервјуто


20/09/2016

[Image: katica-janeva-1200x545_c-696x316.png]
Од јавниот сервис јавно се извинија што целото интервју без монтажа, на специјалната обвинителка Катица Јанева,  протече во јавноста откако го објавија дел од провладините портали.
Од МТВ велат дека некој од вработените го злоупотребил интервјуто и најавуваат дека ќе биде поведена дисциплинска постапка, со цел утврдување на одговорноста.
– Првиот програмски сервис на МТВ ѝ се извинува на јавноста, Специјалното јавно обвинителство и на обвинителката Катица Јанева, за ситуацијата во која снименото интервју за МТВ протече во јавноста… МТВ со професионални и најискрени намери, со цел запознавање на јавноста за работата на Специјалното јавно обвинителство, продуцираше интервју, кое беше подготвено максимално професионално и коректно во доменот на новинарската работа. Ги отфрламе сите обвинувања и напади за режирано интервју, со нарачани прашања, оградувајќи се од сите инсинуации, подметнувања и толкувања. Првиот програмски сервис на МТВ ги осудува сите злоупотреби од вработените кои свесно ја изложија телевизијата на медиумски напади и хајки – стои во соопштението на јавниот сервис.
Инаку провладините портали утрово го објавија целото интервју на Јанева, повикувајќи се на „свиркачи” од телевизијата кои им ја пратиле снимката.



Quote:Реакција на Колегиумот на Првиот програмски сервис на МРТ по емитуваното интервју на обвинителката Катица Јанева

20.09.2016 

Иако одговорниот уредник, пред една недела беше известен дека постои желба да се направи интервју со г-ѓата Јанева, сепак уредничката Аргирова сосема недоследно и без одобрение на Колегиумот на Првиот програмски сервис, на своја рака го продуцираше интервјуто и без консултација со Колегиумот го емитуваше истото, за потоа да следат лавина од реакции за тоа како било сработено?



[Image: mrt-logo_8_0.jpg]
Случувањата и настаните поврзани со интервјуто на специјалната јавна обвинителка во Дневниците на МТВ1 и настаните кои следствено се случуваа потоа со протекување на снимката ги карактеризираме како неуспешен обид да се даде нова професионална слика на Јавниот сервис преку вештачко билдање на програма која што, не смееше да му случи на ниеден уредник и Телевизија без потребната подготвеност и професионалност во продуцирање на истата. Иако одговорниот уредник, пред една недела беше известен дека постои желба да се направи интервју со г-ѓата Јанева, сепак уредничката Аргирова сосема недоследно и без одобрение на Колегиумот на Првиот програмски сервис, на своја рака го продуцираше интервјуто и без консултација со Колегиумот го емитуваше истото, за потоа да следат лавина од реакции за тоа како било сработено? Се разбира и уредничкиот Колегиум на МТВ1 имше прашања кои сакаше да ги постави до обвинителката Катица Јанева, но завршеното инкогнито интервју не претече сите, надвор од нормалните и професионални принципи на работа (пријава на интервју на колегиум, план за реализација и продукција и емитување на истото). Овие работи повеќе и ги нема како реалност во МТВ, по преземањето на уредничкото место во Информативната програма. Ако ништо друго, очекувавме, барем консултација по однос на содржината и монтажата на истото. И повеќе од убедени сме дека така измонтираното и реализирано интервју не му е местото на ниедна телевизија. Но на желбите и нарачките им нема крај...
Доколку, одговорниот уредник на МТВ1 или Колегиумот на Првиот програмски сервис беа директно инволвирани во реализацијата на интервјуто, за истото да изгледаше по сите стандарди и нормативи на професионално работење, сега немаше да дојдеме до ситуација никој да извинува на никого. А кога сме кај извинувањата сметаме дека токму главното извинување треба да дојде од другата страна, Информативната програма, која што во максимално непрофесионален процес го продуцираше истото и емитуваше без согласност и увид на Главниот и одговорен уредник и програмскиот Колегиум на МТВ1, извинување кое треба да биде упатено, не само кон Специјалното јавно обвинителство туку и кон колегите од Информативната програма и целокупниот новинарски тим од МТВ1.   
Првиот програмски сервис на МРТ се извинува на гледачите за објавеното интервју и недоследностите кои излегоа од него.

Програмски колегиум на МТВ1
20-09-2016, 09:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Biljana Vankovska
8 hrs ·

Кате Блажевска високо ја ценам - како светулка во темнината на медиумскиот простор, но овој пат не се сложувам со неа. Прво, Катица Јанева е многу повеќе од (специјална) обвинителка - таа, сакале да признаеме или не, доби и симболичка улога во смената на режимот и борбата за враќање на правдата, демократијата, и што ли уште не! Второ, за опстанокот на институцијата која ја води - слушнавме од лидерот на опозицијата (инаку човек против кого Катица води предмет и тврди дека има докази дека извршил тешко кривично дело) - се мобилизираат луѓе на протести, ставаат маици со нејзиниот лик и на нејзините две најдобри обвинителки. Катица се поврзува и преку медиумите и преку јавната дебата со политички земјотрес кој треба да каже „ќе не` биде или не“. Трето, вистинските судски процеси БАРААТ врвни оратори, тоа е поврзано со способноста да се презентираат доказите, да се увери судот во нивната основаност и поврзаност со наводите на обвинението. Не случајно современите студиски програми по право воведоа предмет (простете ако грешам за точниот назив) Реторика и ораторство, а од студентите (на сите три степена на образование) се очекува елоквенција и способност да направат усна и јавна презентација за да добијат високи оценки. Интервјуто беше скандалозно за секој и просечно интелигентен човек, но високо професионално стокмено од екипата на МТВ - секогаш кога Кејти зборува, одат снимки на згради, ѕидови, луѓе во движење и што ли уште не - ама не и на најважната личност на изминатата година, бидејќи таа кутрата ЧИТА! ЧИТА за работи кои и среде ноќ да ја разбудат мора да „пее“, да ги знае наизуст! На крајот ќе бидам и помалку груба, ама секој професор низ годините развива способност веќе по првата минута-две од усмениот испит да оцени не само дали студентот научил или не, туку и колкави му се интелектуалните способности. Мојот став за оваа жена е ист како и пред една година: и тогаш и сега оценувам дека таа има интелектуална, ама и професионална инсуфициенција! За нејзина, а можеби и наша среќа, тука се две персони кои се во функција на ПР и таа работа ја вршат сјајно (иако и од нив се очекува во судница да бидат елоквентни, а не пред камери и амбасадори) - но и еден куп советници, од кои секој поединечно е подобар правник од нејзиниот тим. Катица е само уште еден доказ дека немаме мерит-систем, дека на круцијални позиции се доаѓа со се` ама не со ум и знаење, а дека вистински умните се во сенка и суфлираат. Катица е доказ и за (не)квалитетот на Правниот факултет во Скопје, моја alma mater :-( Нејсе! Си коментираме, но се сложувам дека она што на крајот ќе остане запомнето ќе бидат резултатите од работата на СЈО. Па, да почекаме и да видиме - а дотогаш, побогу, нека не ја пуштаат пред камери! За општо добро!



Оваа уште не е во Бардовци!! Da_ne_si_lud
20-09-2016, 10:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Контраспин: Бламираат фактите што ги открива СЈО, а не настапите на Катица Јанева
[Image: FireShot-Capture-40-Makedonskata-Radio-T...y_2185.png]


  20/09/2016 at 19:34

Нема никакво сомневање дека дел од медиумите направија спин од првото поголемо интервју на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за МТВ по подолг период, при што главен таргет беше СЈО, а спореден СДСМ и уредничката на информативната програма на МТВ, Санта Аргирова. Мотивите не се во „бламажата“ на Јанева, туку во бламажата за одредени лица во ова општество, вклучувајќи дел од нив поврзани со медиумите, што произлегува од досегашната документирана работа на СЈО

 
Пишува: Теофил Блажевски
 
Неколку интернет медиуми, кои се оценети во дел од стручната јавност како провладини, веднаш по вчерашното интервју на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на Македонската телевизија во централните вести, излегоа со содржини кои уште во насловите се јасно определни кон дискредитација на првиот човек на ова обвинителството:
Спин:  
[Image: Kontraspin-foto-Vistinomer-1024x281.jpg]
 
Контраспин: Станува збор за воспоставена и детектирана технологија на спинување, која поаѓа од порталите, се пренесува на т.н. провладини телевизии и утредента завршува во дневните изданија на дел од весниците, а во деспинувањето на ова оркестрирано извртување на вистината, ќе се позанимаваме со факти.
Првиот факт е, дека Јанева, која на покана на МТВ, а во врска со едногодишнината од работата на СЈО дала снимено интервју, одговараше на новинарските прашања мошне прецизно. Ако се проанализира интервјуто во времетрање нешто повеќе од 8 минути, ќе се забележи дека се одговорени сите новинарски прашања, при што на некои, како на пример на првото и второто, се дадени одговори онолку колку што му е дозволено на еден од учесниците во судските постапки, во овој случај Специјалното јавно обвинителство.
 
ХАРТИИТЕ БИЛЕ ЗАБРАНЕТИ?

Вториот факт е дека Јанева навистина има пред себе хартии и делумно при одговорите гледа во нив, но, од кога тоа е нешто што е забрането за соговорниците при интервјуата? Според тврдењата на порталите што го пласираат спинот, станувало збор за однапред подготвени одговори на однапред договорени прашања. Според други медиуми, станува збор за шестмесечниот извештај за работатата на ова обвинителство што веќе ѝ е достапен на јавноста, а наскоро ќе биде презентиран и во Собранието. Според спинот, тоа било доказ за „бламажата“ на Јанева!?
За да ѝ биде спинот појасен на јавноста, таа треба да знае дека новинарските постапки при подготовките и изведувањето на интервјуто можат да бидат различни. Од тоа однапред да се испратат прашања, како што бараат многу соговорници не само во Македонија, до тоа да се договорат, евентуално, само темите на разговорот, па сè до правење интервју без никакво посочување на темите, туку само со наведување дека тие ќе бидат од „делокругот на работа“ на интервјуираниот. Каков пристап ќе се одбере меѓу новинарот и соговорникот, е право на избор на двајцата, а каков ќе биде крајниот производ, цени јавноста.
Факт е дека од страна на новинарите се претпочита интервју „во живо“, бидејќи може повеќе да се извлече од соговорникот, исто како што е факт дека тоа не мора ништо да значи и дека одлични интервјуа се правени дури и по „меил-технологија“, со пратени прашања и одговори. Но, како што може да се види, тука ова се користи за спин, во насока на лична дискредитација Јанева и тоа затоа што имала хартии во рака, т.е „одговори на однапред доставени прашања“. Ќе повториме – од кога тоа на соговорниците им е забрането да имаат хартии во рака при интервју, а на медиумите им е забрането да ги илустрираат и монтираат интервјуата што се претходно снимени?
Третиот факт, кој говори дека станува збор за извртување на вистината, е всушност заокруженоста на темите – од конкретни случаи, до проблемите во соработката со институциите и потребата од законски измени за поуспешна работа на СЈО, до лично прашање, но поврзано со работата.
 
ПРВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈАВНИОТ СЕРВИС

Четвртиот факт, кој ја потврдува спинерската позиција, е дека интервјуто со Катица Јанева, барем откако СЈО почна сериозно и ефективно да работи, е прво интервју за Јавниот сервис, кој по природата на нештата би требало постојано да се занимава со темата на работа и на СЈО, зашто тоа е интерес на јавноста од прв приоритет. Наместо тоа, дел од спинерите, што ги наведовме како примери, ја извртуваат вистината дека ова интервју било доказ за неспособноста и на опозициската СДСМ и на уредникот на информативната програма именуван по предлог од опозицијата:

Quote:Иако СДСМ ветуваше професионализација на МРТВ со инсталирањето на својот партиски уредник, денешното интервју со Катица Јанева беше вистински пример за тоа како изгледа новинарството замислено од опозицијата. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вечерва имаше скандалозно свое интервју во Дневникот на јавниот сервис (Прес 24).

Како што може да се види, спин до спин. Мотивите не треба да се бараат многу длабоко. Доволно е да се прочита последниот извештај за работа на СЈО, во кој веќе има информации за две обвиненија, четири истраги, 38 предистражни постапки од кои 22 се поврзани со прислушкувани материјали кои досега не биле објавени во јавноста, дека има над 60 осомничени лица, итн. Дел од предистражните постапки, пак, се однесуваат на незаконско финансирање на медиумите:

Quote:Предистражните постапки се однесуваат на незаконското следење на комуникациите – прислушувањето, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, разни злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и разни злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, како и незаконитости во постапките кои се однесуваат на градежни работи, итн. (Извештај на СЈО, стр.9)

Оттука, нема никакво сомневање дека дел од интернет медиумите направија спин од првото поголемо интервју на Јанева за МТВ по подолг период, при што главен таргет беше СЈО, а спореден СДСМ и уредничката на информативната програма на МТВ, Санта Аргирова.
 
(This post was last modified: 20-09-2016, 10:17 PM by ЈорданПетровски.)
20-09-2016, 10:15 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#5

Кој тоа не калкулира и не глуми?! Пола саат проби и вежбање одговори за пола саат “интервју“.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
24-09-2016, 01:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:СЈО и хистеријата во народното Собрание

24.09.2016
Три дена македонската јавност со подзината уста ја следи работата на собраниската комисија за извештајот на СЈО за прислушуваните разговори.

[Image: 18719190_303.jpg]

Најнапред: правните факти. Според правниците, Основното јавно обвинителство уште од 2005, а цели 11 години не само што не доаѓало на собраниските седници за да даде отчет за својата годишна работа, туку во последниве години, Основното обвинителство веќе воопшто и не доставувало годишен извештај за својата работа до Собранието. Во една деценија владеење, од 2006 до 2016, ДПМНЕ успеало од земјава да направи правна пустелија, во која правните институции станале режимски декор, па повеќето народни пратеници од сегашниот состав на Парламентот ниту се сеќаваат, ниту лично учествувале во собраниски комисии на кои некогаш се разгледувала работата на Основното јавно обвинителство.
Така беше се’ до средата, 21.9.2016, кога народните претставници по цели 11 години „обвинителен мрак“, за првпат се соочија со извештај за работата на едно македонско јавно обвинителство, овојпат во форма на т.н. шестмесечен извештај на Специјалното јавно обвинителство. Формирано со посредство на меѓународната заедница за гонење на криминал содржан во прислушуваните разговори, во едногодишната работа, СЈО покрена 2 кривични обвиненија против владини функционери, едно против поранешниот премиер, отвори 4 истраги, 38 предистражни постапки, а досега сомничи вкупно 60 лица за кои има над 300 сведоци. Заради овој правен контекст, кога во средата, на 21 септември, специјалната јавна обвинителка за првпат во многу години се појави во парламентарниот дом за отчет за својата работа, македонската јавност остана нем сведок на еден специфичен тридневен просторен, ментален и културолошки феномен на хистерија!

[Image: 19246309_401.jpg]
Јасна Котеска

Хистеризација

Се’ започна со „хистеризирањето“ на просторот. Уште од доцниот 18 век познато е дека најдобрата просторна архитектура за „надѕор“ е структурата на затворот Бентам, именуван според името на неговиот пронаоѓач, англискиот социолог Џереми Бентам. Нацртот на затворот на Бентам подразбирал централна позиција и прстенест распоред на „ќелиите“, а тоа освен другите работи, овозможувало и повратно набљудување на прстенестите седишта кон централната позиција, овојпат на „чуварот“ на редот. Структурата гарантирала дека секој чувар, па и најневнимателниот, е „доволно добар“, едноставно затоа што позицијатата на чувар сега е делегирана на секој еден присутен во салата. Ваков делумно „прстенест“ распоред гледавме во тридневното соочување на јавната обвинителка со пратениците на парламентарната седница. Седната во средината на просторијата, а опколена со тела кои набљудуваат, дофрлуваат, напаѓаат, викаат, етикетираат, се потсмеваат, дискредитираат, дофрлуваат, критикуваат..., специјалната обвинителка истовремено беше и епитом на мирот и „чуварот“ на редот, но и на местото што е владеено од „сегледачкото око“ на народните пратеници, кои во секој момент се обидуваат да ја дискредитираат.
Дури и да бил инцидентен, распоредот на седењето на народните пратеници околу Јанева, необично потсетува на медицинските амфитеатари на старите психоаналитичари, во кои патологиите на едно општество биле прикажувани како јавна претстава, во која размената била сместена „внатре“, во затворениот простор – како што обвинителката беше сместена помеѓу глутницата народни пратеници, кои и’ се обраќаат со чудна мешавина од иронија, патронизирање, гнев, а сепак најмногу со страв дека е инстанцата што најмногу знае. Токму затоа го видовме сиот садизам на пратениците кои зборуваат, се кикотат, вознемирени се, се удираат по челото, го разобличуваат „туѓото тело“ меѓу нив, додека обвинителката мудро го одмолче поголемиот дел од „сеансата“.
Во меѓувреме, пак, гледачите, посведочија една геометризирана птичја перспектива на мапата на собраниската седница. И додека садизмот на народните претставници беше упатен кон гледачите за стекнување симпатии, за среќа ниеден човек не стекнува симпатии преку садизам, па набрзо секому стана јасно дека пратениците се тие што се’ всушност хистеризирани.
Поради оваа хистерија, она што дотогаш беше впечаток за моќ во собраниската сала одеднаш се претвори во својата спротивност, а што во психоанализата го нарекуваме - „ротација на агентурата на моќта“! И додека за македонската правна иднина ќе биде пресудно кои од доказите на СЈО фактички ќе се потврдат на суд, а кои нема, овие три дена беа практичен доказ дека кога се случува масовно хистеризирање на политички моќници, ние всушност зборуваме за ротација на моќта! Со влезот на Јанева на собраниската седница имавме уникатната можност да видиме како би изгледало нашето општество во кое моќта ја губат силеџиите, а кога животот станува побавен и попријатен. На собраниската седница (а всушност во она што стана „судницата“ за СЈО - и тоа од страна на речиси сите народни пратеници: од целата ударна десна партија, па изненадувачки, до независните - во недостаток на подобро име - да ги наречеме центристички политички позиции) видовме што значи кога народните пратеници се соочени со тезата дека се нелегитимни.
За разлика од хистеријата на народните претставници, специјалната јавна обвинителка покажа и комоција во една фактичка Бентам садистичка просторија, но побара и три правни работи. Прво, иако врз основа на прислушуваните материјали народните пратеници од изборните циклуси од 2012 и 2014 ги прогласи за нелегитимни, од нив сеедно побара продолжување на својата работа додека не заврши гонењето на криминалот (овој парадокс, инаку, не само што не е чуден за психоанализата, туку е кодиран во самото социјално ткиво на заедниците). Второ, побара да се заштитат нејзините сведоци во истражните постапки против моќниците, преку промена на законите. И трето, побара да се почитуваат одредбите на Венецијанската комисија. Истовремено, таа нагласи дека Основниот суд Скопје 1 не дозволува да се открие кој прислушувал илјадници граѓани во тек од седум години, од 2008-2015 (тема на нашата минатонеделна колумна), а потсети и дека за својата работа ја има поддршката на поранешниот премиер, да го гони меѓу другото - и него самиот!

[Image: 19524197_401.jpg]

Во моментов СЈО се чини посилно од кога и да е

Одговорот на пратениците беше очекувано хистеричен. Така на пример, претседателот на собраниската комисија рече дека постои „Вмровската компонента во македонската држава“, потоа дека таа компонента се состои од „500,000 гласови, а сосе децата е 800,000 луѓе, граѓани на Република Македонија.“ Координаторот на Партијата ја дезавуираше идејата за продолжување на мандатот на СЈО. Еден пратеник од ДПМНЕ на специјалната обвинителка и’ објасни што се’ е нејзина должност: „Вие треба да знаете, без разлика дали ви се допаѓа или не ви се допаѓа, дека имате одредени обврски кои треба да ги испочитувате. Прво треба да сте присутни тука...“. Секако, сите овие работи, ниту тој ниту некој негов колега во сите 10 години власт на ДПМНЕ не ги беше побарал од Основното јавно обвинителство, туку пак од кој било орган од својата партија. А сепак, највосхитувачкиот момент на хистеријата не беа индивидуалните говори, туку сеопштата атмосфера на детска жовијалност и непослушност... Некои од пратениците критикуваа, други пцуеја, трети се фаќаа за главите, четврти вртеа со мобилните, некои си дошепнува иако се смртни политички непријатели според она што го знаеме... а сите заедно делуваа како извадени од ренесансна слика на војници во една земна изгубена битка. Овие војници, „фатени во кадарот“ насреде битката, а „попречени“ од некоја инстанца од „горе“ се најдоа какви што се: ранети, или такви што допрва ќе бидат ранети, фатени за рацете иако не се пријатели, со дошепнувања иако не се сакаат, а во сето тоа - шефот беше отустен, а командантот на тајните служби го нема веќе одамна, па војската де факто е оставена самата на себеси. Кога обвинителката на еден од пратениците му рече дека добро го познава неговиот глас од прислушуваните разговори, хистеријата порасна значително, не само кај водечкиот, туку кај сите политички табори.
Овие три дена стоично издржување на ваквата ренесансната слика на моќта во Република Македонија се чинат ултимативниот доказ дека Јанева има капацитет да биде обвинител во многу сложени кривични процеси во нашата држава
Доказ за тие капацитети не се телевизиските интервјуа, туку токму ова сочелување со една тешка и мрачна, речиси затвореничка Бентам структура. Затоа во моментов СЈО се чини посилно од кога и да е, и тоа - парадоксално токму заради позицијата со која Јанева дополнително се стекна оваа недела! Тоа го препознаа и граѓаните кои за в понеделник најавија граѓански собир за поддршка на СЈО. Поддршка на СЈО според анкетата на ИРИ од пролетта е 2/3 од населението во земјава. Граѓаните за в понеделник не најавија протестити на Шарената Револуција како што беа во времето на аболицијата на Иванов, туку најавија граѓански Собир, кој се чини во моментов целосно соодветствува на смиреноста што токму Јанева ја внесе во парламентарните клупи.

[Image: 19524136_401.jpg]

Пораз на пропагандата на Груевски

Конечно, со подемот на Јанева, во овие три дена за првпат се чини пропагандата на Груевски како да доживува фактички пораз. Овој пораз можеби не се гледа на кратки патеки, но секој кој работи со теориската психоанализата (чие десничарско, налудничаво дете е токму Бернајс пропагандата) тоа може сосема фактички да го конкретизира.
Иако во моментов е нејасно што овој пораз во пропагандата на Груевски точно би значел во правни термини, јасно е само дека појавувањето на Јанева во Собранието донесе неочекуван удар за ДПМНЕ. Додека одеше со реалните шоуа и со кратките инсерти од теренот, пропагандата на Протуѓер сепак имаше мерлив и фактички ефект кај гласачите, иако кај интелектуалците тие настапи беа само смешни. Но, смиреноста на Јанева опфаќа далеку поголема маса луѓе, а може да стане дел од сегментот кој ќе го развласти ДПМНЕ на долги патеки. Досега оваа партија играше на комбинации од три стратегии: капиталистичките, комунистичките и постсоветските тактики (за нив, некоја друга прилика). Но, без вождот, војската на ДПМНЕ овие три дена во Собранието не покажа дека е достојна самата да се носи контра-нападите, а нивната хистерија нема да донесе добро за машинерија на власта. За разлика од почетокот на неделата кога СЈО беше предмет на постмев на МРТВ, тридневниот престој на Јанева во Собранието на Република Македонија, обратно покажа дека таа има капацитет да преживее дури и синхронизиран напад од многумина, и тоа од најударните луѓе на ДПМНЕ. А тоа преживување не е мала работа.
Јасна Котеска е теоретичарка и универзитетска професорка
25-09-2016, 10:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7







Bravo Bravo Bravo

Quote:Сопштение за јавност
26.09.2016
Скопје – „Нема повеќе да присуствувам на расправата на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците поради работни обврски. Штом ќе биде закажана пленарна седница, се разбира дека ќе присуствувам на истата.“ изјави Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Појаснуваме дека иако предмет на разгледување на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше вториот шестмесечен извештај за работатата на ова Јавно обвинителство, сепак Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева транспарентно одговараше и на сите поставени прашања кои не беа поврзани со извештајот.


Јанева со одлукава да ја напушти комисиската расправа покажа дека не и требаат ШАРЕНИТЕ да ја бранат. Таа со нејната екипа е доволна да се справи со криминалната банда
(This post was last modified: 26-09-2016, 11:31 PM by ЈорданПетровски.)
26-09-2016, 11:28 PM
Reply