Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЌЕ ГО РАСТРЕСЕМЕ ЦЕЛИОТ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Бестрашната истрајност на СЈО донесе нов ентузијазам


Големи се надежите дека еден ден и политичарите ќе платат за своите криминални дела, пишува австрискиот весник Куриер во репортажата од Македонија посветена на работата на Специјалното јавно обвинителство.

[Image: 0,,19044905_303,00.jpg]

„Ние не сме насочени кон одредено лице или партија, и не ја заштитуваме опозицијата. Но водиме истраги против одредени лица кои го прекршиле законот. Секој, кој го прекршил законот треба да одговара. Дури и ако тоа значи дека ќе го растресеме целиот политички систем“, вели специјалната обвинителка Ленче Ристоска во интервју за австрискиот весник „Куриер“.
Ристоска во разговорот оценува дека предвидените 18 месеци за завршување на обврските на Специјалното обвинителство нема да биде доволни и очекува парламентот да го продолжи тој рок, иако засега нема најави за такво нешто.
„Само за да ги преслушаме 20. илјади тонски записи врз чија основа истражуваме, ќе ни треба една и пол година. Работиме под огромен притисок на времето. Истовремено често не блокираат локалните судови и власти, одбиваат да споделуваат документи или воопшто не соработуваат“.

[Image: 0,,19298570_401,00.jpg]
Ленче Ристоска

Ристоска во разговорот го коментира и значењето на фактот што три жени ги водат истражните постапки за корупција.
„За општеството тука во Македонија, кое во најголем дел е водено од мажи, ова е првпат жените на овој начин да можат да се обраќаат до јавноста и да бидат присутни. Тоа е момент кој придвижува многумина“, вели Ристоска.
Покрај интервјуто со Ристоска, Куриер му посветува и репортажа на СЈО и неговото влијание врз општеството кое „во последните 10 години е во авторитарната прегратка на експремиерот Никола Груевски и неговата националистичка ВМРО-ДПМНЕ“.
(...)„Во меѓувреме се отворени седум случаи- и самиот македонски моќник, експремиерот Груевски мораше да се појави пред суд. Нечуено понижување за некогашниот шеф на владата, кој досега важеше за неприкосновен. Тој оттогаш ги прогласува трите обвинителки за 'марионети на опозицијата'. Провладините медиуми ги напаѓаат уште поостро. Трите жени се навредуваат како 'професионално неспособни' и им се импутираат сексуални врски со различни опозициски политичари.
Но меѓу македонските граѓани бестрашната истрајност на специјалните обвинителки донесе нов ентузијазам. Големи се надежите дека еден ден и политичарите ќе платат за своите криминални дела“, пишува Куриер.


Без покренување на обвиненија за злоупотребите на ДБК од 1991 година па навака нема шанса да се "растресе целиот политички систем".
15-08-2016, 09:55 PM
Reply