Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ставрески си заминува од Владата
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Ставрески си заминува од Владата поради здравствени причини, нов министер Кирил Миновски


Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување, напиша Ставрески.

[Image: stavreski-2.jpg]




Плусинфо ● 14:29 14 јуни 2016 
Поради здравствени причини Зоран Ставрески поднесе оставка од позицијата вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија.
„Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, поради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на владата на Република Македонија“, истакнува Зоран Ставрески во оставката.
Инаку, Ставрески е дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година и на позицијата министер за финансии. 
„Ми беше задоволство да бидам дел од овој економски тим, кој со голем жар, ентузијазам, одговорност и посветеност работеше за Македонија и донесе резултати кои многу граѓани ги почувствуваа, тргнувајќи од сериозното намалување на невработеноста, значително подобрување на бизнис климата, високи растови на економијата и извозот, носењето на многу инвеститори и водењето здрави макроекономски и финансиски политики. Сето ова е остварено во исклучително тешки години на глобална финансиска криза, европска должничка криза, а еве речиси две години и домашна политичка криза“, пишува Ставрески во оставката.
Тој се заблагодарува за плодната и професионална соработка со претходниот претседател на Владата Никола Груевски во чиј владин тим беше 9 години.
„Со него имав одлична соработка и голема поддршка. Заеднички со него и со другите колеги од Владата направивме економски резултати за Македонија како никогаш досега, признаени и потврдени од најзначајните меѓународни финансиски институции“, истакнува Ставрески.
Тој се заблагодарува и за соработката на премиерот Емил Димитриев и останатите членови на Владата особено за доброто функционирање во услови на длабока политичка криза, како и на одличните односи и соработка со приватниот сектор, НБРМ и меѓународните институции.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во однос на оставката на Ставрески во име на Владата на РМ го изјави:

– Поради лични здравствени причини, вицепремиерот Ставревски поднесе оставка на функцијата министер за финансии и вицепремиер на Владата. Причините се наведени во текстот на неговата оставка и ние тоа го разбираме и почитуваме. Владата истакнува огромна благодарност до вицепремиерот Ставревски за неговата работа, за ангажманот и придонесот кој тој го оствари во реализација на владините мерки, програми, и политики, за што сведочат неговите постигнати извонредни резултати. Му посакуваме пред се добро здравје, и надминување на предизвиците со кој се соочува, а Владата секогаш ќе остане отворена за соработка со личност каква што е тој.
МИА дознава дека на позицијата нов министер за финансии премиерот Димитриев ќе го предложи актуелниот директор на Управата за јавни приходи, Кирил Миновски.
Тој има плодно 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси. Дополнително поседува 13-годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании Booz Allen Hamilton во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење/развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно опкружување.
Миновски поседува и искуствo во работа на државните институции. Пред раководењето на Управата за јавни приходи, тој во периодот мај 2014 – ноември 2015 беше прв човек и на Државниот пазарен инспекторат.
Претходно бил ангажиран како менаџер на компоненeнти во рамките на УСАИД, како и повеќе други проекти од оваа организација, поврзани со подобрување на конкурентноста, извозот, банкарскиот сектор.
МИА дознава дека премиерот Димитриев ќе направи ротација и на позицијата на заменик министер за надворешни работи, односно дека ќе биде побарано разрешување и на заменик министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска, а на нејзино место претседателот на влада на РМ Емил Димитриев ќе го предложи Илија Исајловски кој е дипломат од кариера со богато искуство во меѓународни организации и разивање на дипломатски односи. Во Министерството за надворешни работи Исајловски е вработен уште во 1996 година и поминува низ сите професионални скалила. Тој извесен период работел и во одделението за политички билатерални односи со државите од Западна и Централна Европа, како и амбасадор на Македонија во Украина, Руската Федерација и е актуелен амбасадор во Народна Република Кина, од каде ги покриваше и ДНР Кореа, Виетнам, Кралството Тајланд и Монголија.
Се очекува во текот на утрешниот ден Собранието на Република Македонија да расправа и ги констатира за оставките, по што ќе бидат именувани новиот министер за финансии и заменик министер за надворешни работи.
14-06-2016, 07:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Зоран Ставрески: Министер и кум кому му изгоре државното „ќесе“


Катерина Блажевска
Негови поранешни соработници го опишуваат со неколку зборови: Интелегентен и арогантен, понизен пред надредените, суров кон подредените. Но, по серијата прислушувани разговори што ги објави опозицијата, се појави нова, неоткриена верзија на вицепремиерот: искрен опонент на сопствените и владини политики. Граѓаните кои се прашуваат колку лица има тој, се повеќе одбираат да му веруваат исклучиво на „телефонскиот“ Ставрески.

16. мар. 15.

[Image: Zoran-Stavrevski.jpg]
Фото: МИА

„Лицето со црвена вратовска и крената рака е македонскиот министер за финансии.“ Со ваква легенда под фотографијата, Си-ен-ен пред три години им објаснуваше на читателите кој е еден од главните протагонисти на бурните настани од 24 декември 2012 година, познат како „црн понеделник“. Тоа беше денот кога расправата за буџетот за 2013 година заврши со насилно исфрлање на опозициските пратеници од нивниот дом - Парламентот. Ставрески со гестикулации му даваше налог на собраниското обезбедување да ги избрка опозиционерите кои се противат на донесувањето на буџетот.
Да имаше повеќе професионална искреност, Си-ен-ен можеше да го опише и како човек „со широка рака“. Со негов потпис, на таа ТВ-мрежа се свртеа најскапо платените спотови за рекламирање на Македонија - од природните убавини, преку туристичките дестинации, до рајот за странските инвеститори.
Секој што ги гледал тие колоритни спотови, сигурно посакал да дојде во инвестицискиот и финансиски рај на Ставрески. А секој што е сограѓанин на Ставрески, повеќе би сакал да го запознае миграцискиот пекол. Тие два екстрема се парадигма и за човекот со „две лица“, иако многу негови колеги би се обложиле дека ги има и повеќе.
Зоран Ставрески (51), сопруг и татко на една ќерка, од 2006 година е вицепремиер на десничарската Влада на ВМРО-ДПМНЕ задолжен за економски работи, а од 2009 до денес чувар и менаџер на државната каса во семејството од над 2 милиони жители.
Овој економист со магистерски труд „Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти - случајот на Република Македонија“, е еден од ретките кој влезе во Владата без книшка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, набрзо доби важен сертификат: Стана кум и го круниса вториот брак на премиерот. Подоцна и официјално беше инкорпориран во партиските органи. На оние кои го прашуваа зошто не ја вратил членската книшка од опозициската СДСМ, лаконски им одговори: „Не ја вратив, зашто жена ми ја испра. Ми беше во задниот џеб од панталоните“.

Јапиевец од нашето маало


[Image: 038.jpg]
Ставрески беше претседавач на Годишните собранија на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд за 2008 година / Фото: Министерство за финансии

Ставрески се наметна кај премиерот исклучиво со имиџ на македонски јапи со американско искуство. По првото вработување во „Автомакедонија“, продолжи како истражувач и директор во Народната банка на Република Македонија (1993-2000). Потоа следи петгодишното искуство во Светска банка - од советник на Извршниот директор во Холандската конституенца, преку консултант, до економист за развојни политики.
Се врати во Македонија во 2006 година, а во САД, како што пишуваа медиумите, остана само неговиот имот - стан во близина на Вашингтон, општината Монгомети во Сојузната држава Мериленд. Токму поради познавањето на политиката и оперативните процедури за пристап до средства од меѓународните финансиски институции, тој стана посакуваниот „далечински управувач“ на премиерот за сите големи задолжувања.
„Македонската економија е оценета како најдобра во регионот и со највисок раст. Македонија е рекордер по привлекување странски инвестиции. Македонија е прва во регионот по индексот на економска слобода. Македонија е прва во Европа и трета во светот во реформите за олеснување на водењето бизнис“, изјавуваше Ставрески во стил на провинциска мис, накитена со ленти „шампиони во сѐ“ .
На забелешките од домашните економисти дека Македонија е лидер во Европа, но според три клучни егзистенцијални параметри - невработеност (30 отсто), нееднаквост (според џини-индексот е социјално најраслоена држава во Европа) и сиромаштија (30 отсто), министерот одговара со други бројки. Дел од нив се постигнати со масовни партиски вработувања во гломазната државна администрација, а уште повеќе со административно бришење на невработените од евиденцијата.
„Во последните години креирани се околу 130.000 работни места. Само во индустријата отворени се нови 30.000 работни места. Невработеноста е на историски најниско ниво од 27,6%. Трендот ќе продолжи и до 2018 невработеноста ќе падне до 22%“, најави Ставрески.
Податоците од Државниот завод за статистика, дека бруто домашниот производ (БДП) во 2014 година се зголемил за 3,8%, тој го прогласи за втор најдобар резултат во Европа.
„Ова е добар показател дека владините политики даваат добри резултати. Ниските даноци, привлекувањето странски инвестиции, капиталните инвестиции во инфраструктурата ќе овозможат трендот на раст да продолжи и во наредниот период, кога стапките на раст на БДП ќе се движат меѓу 4 и 4,5%“, најави министерот за финансии.
Шлагот што тој го стави на многу пропагандни торти, гласи дека и Европа учи од Македонија: „Политиките што ги спроведуваме во Македонија, им се советуваат на сите земји со цел да остварат економски раст, бидејќи според оценките што ги слушаме, состојбите во Европа не се најдобри и европската економија не е во најдобра кондиција“.


Ставрески против Ставрески


[Image: %D0%B010592671_673706996038680_791406700...3947_n.jpg]

Колку лица има Ставрески - се прашуваа граѓаните. Негови поранешни соработници го опишуваат со неколку зборови: Интелигентен и арогантен, понизен пред надредените, суров кон подредените / Фото: Официјална фејсбук страница на Зоран Ставрески
Но, деветгодишниот напор во градењето на Потемкиново село за успешена економија и финансиска стабилност, се распадна за само 15 минути. Толку траеше телефонскиот разговор на Ставрески со министерката за внатрешни работи, кој го слушна целата јавност, откако опозицијата обелодени скандал за незаконски прислушкувани разговори на над 20.000 граѓани. Меѓу прислушкуваните беше и Ставрески.
„Не се издржува, ги дувам приходите вештачки“, „Сѐ повеќе и повеќе должиме“, „Ние не сме нормални“, „Ние сме лудаци“, „Па на дрво ли ги берам парите?“, „Кога нема пари, значи нема пари“, „Трошиме на чоколади, а немаме дома леб“, „Ситуацијата станува неиздржлива“... „Америка да бевме, немаше да издржиме“, „Премиерот изгубил контакт со реалноста“...
Овие изјави, кои покажаа дека главен критичар на министерот Ставрески е економистот Ставрески, следниот ден од владина говорница беа демантирани од вицепремиерот Ставрески: „Македонската економија е во добра состојба и никакво сценарио за банкрот нема да се случи. Државниот долг е под 35 проценти од БДП или меѓу четирите најниски во Европа, пензиите континуирано се зголемуваат и стапката достигна до 62 отсто, се зголемува социјалната помош, а над 600 милиони евра се издвоени и за земјоделците“.
Колку лица има Ставрески - се прашуваа граѓаните. Негови поранешни соработници го опишуваат со неколку зборови: Интелигентен и арогантен, понизен пред надредените, суров кон подредените.
Едно од многуте лица на Ставрески беше откриено со уште една аудио-снимка во која се слуша неговиот глас: „Орав, тој копиљот од ЕУ (амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав н.з.) тужел, затоа што ИПА средства не ќе се искористеле, а ресорите финансии и екологија биле виновни. Сељак. И второто што ми нудат е буџетска поддршка од 20 милиони евра, замисли, а со тоа сакаат да ми влезат во трезор и да копаат“.
Следеше поважното прашање: Што сака да сокрие Ставрски? Можеби колкав е јавниот долг? Тие податоци со години не се достапни, па економистите се обидуваат да го состават мозаикот преку други податоци достапни на веб-страницата на Министерството за финансии.
Според тие податоци, во 2008 година јавниот долг (по редуцирана дефиниција, а не според таа што е пропишана со Прирачникот на ММФ) изнесувал околу 1,6 милијарди евра или 23% во БДП. Во 2014 година во четвртиот квартал јавниот долг изнесувал речиси 4 милијарди евра, или околу 46% од БДП.
Според овие нецелосни податоци, се забележува дека од доаѓањето на Ставрески во ресорот финансии, јавниот долг е двојно зголемен. Но, во овие податоци не се вклучени достасаните, а неисплатени обврски кон приватниот сектор, кои по дефиниција треба да се дел од буџетскиот дефицит, а со тоа и од долгот. Таа бројка е најчуваната државна тајна: ја знаат само Ставрески, Груевски и евентуално два-тројца службеници во Министерството за финансии.
За илустрација, само долговите на Фондот за здравство кон домашните коминтенти се над 60 милиони евра. Огромни се и доцнењата во исплатите по основа на ДДВ, обрските кон градежни и други компании и социјалните трансфери. Не е искажан и долгот на општините. Во објавените податоци фигурира бројка од само 16 милиони евра, а јавен податок е дека само две општини заедно должат над 50 милиони евра. Не е вклучен ни долгот на јавните претпријатија за кој Владата не дала гаранција, не е вклучен вкупниот долг на компаниите во кои државата има удел од над 50% сопственост, ниту долгот на НБРМ.
Според пресметки на експертите, ако се вклучат сите овие ставки, би се покажало дека јавниот долг изнесува далеку над 50% од БДП. Но, министерот Ставрески досега нема дадено изјава што кореспондира со фактичката состојба во јавните финансии. Неговото продавање илузии подеднакво е насочено и кон домашната и кон меѓународната јавност.



Почеток на крајот


[Image: stavreski%20gasovod%20mia.jpg]
Од започнувањето на изградбата на гасоводот Клековце-Штип / Фото: МИА

Сите овие резултати го враќаат на „црниот понеделник“, ден кој стана почеток кон извесниот крај на неговата министерска кариера. Денес стигнуваат за наплата високите камати токму за неговото инсистирање буџетот за 2013 година да се изгласа во законскиот рок по секоја цена, па дури и по цена опозицијата да биде исфрлена од Парламентот.
„Ако не го изгласавме буџетот и не се обезбедеше негово финансирање со поволни кредити од Светска банка, ќе произлезеа многу последици. Во прашање ќе беше исплатата на пензиите, социјалната помош, субвенциите, обврските кон фирмите, капиталните инвестиции. Второ, ќе се нарушеше имиџот на државата. Ако една држава не може да донесе буџет, тогаш дали е способна да донесе каква било политичка одлука. Тоа е лош сигнал и за странските инвеститори, за меѓународните финансиски институции и за Европската комисија. Со изгласување на буџетот се спречи криза во економијата, но и воопшто - во земјава“, се правдаше Ставрески во 2012.
Неговото тогашно бегање од можни финансиски импликаци, донесе повеќедимензионални проблеми: и финансиски, и социјални, но најмногу политички. Неконтролираното задолжувањето продолжи, избрканата опозицијата ни по ланските избори на влезе во Парламентот со обвинувања дека е направен изборен фалсификат, а Ставрески продолжи да ги шминка резултатите.
Македонија влезе во најголемата политичка криза досега, од која не ќе може да излезе без помош од меѓународната заедница. Во врвот на таа криза, Ставрески се однесува како ништо вонредно да не се случува. Најавува проекти, глорифицира резултати.
Но, граѓаните веќе не обрнуваат внимание на неговите јавни изјави. Трпеливо ја чекаат следната прес-конференција на опозицијата, со нова тура аудио-снимки во која ќе го слушнат неговиот „приватен“ глас. Единствено на „тој“ Ставрески му веруваат. На другиот незапирливо му истече песочниот часовник.
14-06-2016, 08:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Наумов: Oва е последен момент Ставрески да се отпушти од „орото“

[Image: Kire-Naumov-0021.jpg&h=330&w=660&a=c]

јуни 14, 2016
Никола Груевски врши огромен притисок врз владата да го искористи отсуството на СДСМ во неа и да издаде нова еврообврзница, вели Кире Наумов, од СДСМ за Фактор. Порачува дека за министерот за финансии Зоран Ставрески ова се последните моменти кога треба да собере сила и да се отпушти од “орото“, а со тоа ќе ја намали одговорноста за задолжувањата. Сепак Наумов вели дека Груевски „лаже“ дека тој ставил вето на издавањето на ланската еврообврзница, туку ветото се однесува за аукциите на домашниот пазар и правната разрешница за тоа не е завршена.
Никола Груевски како лице за кое се водат неколку постапки за кривични дела, со вчерашната изјава околу еврообврзницата прекрши уште еден закон. Бидејќи до сега како премиер учествувал во издавање на три еврообврзници преку кои ја задолжил Македонија за скоро милијарда евра, тој знае дека одлуките за издавање на еврообврзница се носат на затворена владина седница. Тој одамна не е член на владата и несфатливо е како ја знае оваа одлука и доколку е вистина дека одлуката е донесена со својата изјава тој де факто издава државна тајна.
Но тоа е помалку страшниот дел. Груевски лаже дека СДСМ или Кире Наумов ставиле вето на издавањето на ланската еврообврзница. Ветото се однесува за аукциите на домашниот пазар и правната разрешница за тоа не е завршена. При издавањето на оваа еврообврзница тој беше сеуште Премиер и знае дека Ставревски изјави дека самата влада на затворена седница ја преиначила својата одлука и ја намалила сумата на емисијата од 500 на 270 милиони евра. Тогаш и тој и министерот Ставрески изјавија дека сите треба да се спокојни и обезбедени се доволно средства за сите потреби на буџетот за 2016 година.
Правата вистина е дека консултанската куќа ангажирана од страна на владата и задолжена за емисија на оваа еврообврзница преку својот адвокатски тим бараше писмена и телефонска потврда на самиот ден на емисијата од страна на дополнителниот заменик министер дека се сложува со емисијата и сумата која се емитува. Адвокатите кои ја имаа проучено состојбата со стапувањето на договорот од Пржино знаеја дека само на тој начин нивните клиенти ќе бидат сигурни дека емисијата е легална. По истата логика и денес, тие размислуваат исто околу евентуалната желба на владата за нова емисија.
За да купи уште некое време, Груевски врши огромен притисок врз владата да го искористи отсуството на СДСМ во неа и да издаде нова еврообврзница со која ќе ја остави последната најголема мина за македонските граѓани и економија. За Ставревски ова е последниот момент да собере сила и да се отпушти од “орото“. Со негово спротивставување барем за овој потег тој би ја намалил својата одговорност и пред крајот би докажал дека стварно мисли дека е лудачки да се троши за чоколади кога се нема за леб. Воедно и сите други членови на владата мораат да знаат дека било која идна влада ќе го оспори издавањето на ваква еврообврзница а тие ќе сносат одговорност. За евентуалните кредитори кои ќе се заинтересираат за купување на оваа еврообврзница само ги потсетувам дека состојбата не е смената, и дека единствен легален начин на емисија е процедурата како при издавање на последната еврообврзница. Се друго е само диктаторска одлука за задолжување од страна на фамилијата.  
Н.С.
14-06-2016, 08:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Наумов: Oва е последен момент Ставрески да се отпушти од „орото“

[Image: Kire-Naumov-0021.jpg&h=330&w=660&a=c]

јуни 14, 2016
Никола Груевски врши огромен притисок врз владата да го искористи отсуството на СДСМ во неа и да издаде нова еврообврзница, вели Кире Наумов, од СДСМ за Фактор. Порачува дека за министерот за финансии Зоран Ставрески ова се последните моменти кога треба да собере сила и да се отпушти од “орото“, а со тоа ќе ја намали одговорноста за задолжувањата. Сепак Наумов вели дека Груевски „лаже“ дека тој ставил вето на издавањето на ланската еврообврзница, туку ветото се однесува за аукциите на домашниот пазар и правната разрешница за тоа не е завршена.
Никола Груевски како лице за кое се водат неколку постапки за кривични дела, со вчерашната изјава околу еврообврзницата прекрши уште еден закон. Бидејќи до сега како премиер учествувал во издавање на три еврообврзници преку кои ја задолжил Македонија за скоро милијарда евра, тој знае дека одлуките за издавање на еврообврзница се носат на затворена владина седница. Тој одамна не е член на владата и несфатливо е како ја знае оваа одлука и доколку е вистина дека одлуката е донесена со својата изјава тој де факто издава државна тајна.
Но тоа е помалку страшниот дел. Груевски лаже дека СДСМ или Кире Наумов ставиле вето на издавањето на ланската еврообврзница. Ветото се однесува за аукциите на домашниот пазар и правната разрешница за тоа не е завршена. При издавањето на оваа еврообврзница тој беше сеуште Премиер и знае дека Ставревски изјави дека самата влада на затворена седница ја преиначила својата одлука и ја намалила сумата на емисијата од 500 на 270 милиони евра. Тогаш и тој и министерот Ставрески изјавија дека сите треба да се спокојни и обезбедени се доволно средства за сите потреби на буџетот за 2016 година.
Правата вистина е дека консултанската куќа ангажирана од страна на владата и задолжена за емисија на оваа еврообврзница преку својот адвокатски тим бараше писмена и телефонска потврда на самиот ден на емисијата од страна на дополнителниот заменик министер дека се сложува со емисијата и сумата која се емитува. Адвокатите кои ја имаа проучено состојбата со стапувањето на договорот од Пржино знаеја дека само на тој начин нивните клиенти ќе бидат сигурни дека емисијата е легална. По истата логика и денес, тие размислуваат исто околу евентуалната желба на владата за нова емисија.
За да купи уште некое време, Груевски врши огромен притисок врз владата да го искористи отсуството на СДСМ во неа и да издаде нова еврообврзница со која ќе ја остави последната најголема мина за македонските граѓани и економија. За Ставревски ова е последниот момент да собере сила и да се отпушти од “орото“. Со негово спротивставување барем за овој потег тој би ја намалил својата одговорност и пред крајот би докажал дека стварно мисли дека е лудачки да се троши за чоколади кога се нема за леб. Воедно и сите други членови на владата мораат да знаат дека било која идна влада ќе го оспори издавањето на ваква еврообврзница а тие ќе сносат одговорност. За евентуалните кредитори кои ќе се заинтересираат за купување на оваа еврообврзница само ги потсетувам дека состојбата не е смената, и дека единствен легален начин на емисија е процедурата како при издавање на последната еврообврзница. Се друго е само диктаторска одлука за задолжување од страна на фамилијата.  
Н.С.
14-06-2016, 09:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Ida Protuger  ФБ статус


Ставрески ќе го паметам како исклучително интелигентен, но многу лош човек. Во 2009 г, тој како вицепремиер, а Трајко Славески како министер беа во Вашингтон на ММФ/Светска банка годишно собрание. Јас и Анета Додевска бевме исто таму на покана на финансии, една колешка од Сител на покана на Ставрески. Иако сите известувавме од ист настан, ја викна во посебна зграда колешката од Сител за да јави екслузивно за неговите активности, што беше многу лош гест, демек ние сме да известуваме само за Славески?!? По некоја година повторно се најдовме во Вашингтон, јас единствен новинар на покана на ММФ, тој веќе министер за финансии. Алфа тогаш не беше во рацете на ДПМНЕ и тој ја игнорираше телевизијата, не даваше веќе изјави, не гостуваше (иако ми беше гостин во втората емисија, година дена претходно). Инаку негов колега исто министер беше искрен и на покана да дојде во емисија ми кажа дека добиле забрана да доаѓаат веќе во Алфа. Така што знаев дека имаат забрана, но професионално беше да побарам изјава. Ставрески ми закажа средба во ММФ, но наместо изјава, почна да ме вреѓа дека непрофесионално сум известувала за кредитот што го потрошија за избори, дека ММФ немале против тоа, а јас сум лажела (инаку неколку месеци потоа ММФ ја прекина кредитната линија). Прво се збунив и почнав да му објаснувам дека не еден извор, туку три сум користела, а он се дереше дека он бил официјален извор, сум немала почит за министерот на мојата земја. Тогаш сфатив дека прави инцидент и му реков дека непотребно прави перформанс пред неговите вработени (беше со две колешки), дека можеше да ми пише дека не дава изјава да не ми го губи времето на што збесна и ми рече да си одам. Му реков дека не сум кај него дома па да си дозволи да ме брка, ми се приближи телохранителот и Ставрески му рече "Кире јас ќе средам". Големиот маж Icon_razz Ни претходно, ни потоа никој ме нема така навредено и затоа го памтам тој инцидент. Од тогаш неговото министерство не ми одговори на ниту едно прашање. Тоа беше тој, тоа што го слушавме во бомбите како вика "сакам да му го загорчам животот". Слични непријатности имаа и други мои колеги кои не му беа медиумски слуги. Сепак, без оглед на личните непријатности, жал ми е што тој лично својата интелигенција и вештини не ги искористи да и помогне на Македонија и воедно за кариера со која самиот би се гордеел, туку одбра да си го користи умот да му помогне на кумашинот во криминално разнебитување на земјата. Да, успеваше да обезбеди раст со зголемување на јавното трошење, но раст кој не носи развој затоа што парите "ги затвори" во зданија кои се споменици на едно лудило, а не во корист на граѓаните. ДПМНЕ уште во втората година од своето владеење ја напушти сопствената програма (а на сите звона звона за партиски програми). Во нивната прва програма пишуваше дека приоритет ќе им биде намалување на јавната потрошувачка во однос на БДП и мала и ефикасна администрација. Во наредната проширена и обновена тоа веќе го немаше. Се дадоа на друга "агенда". Ставрески ги пропушти сите шанси да и помогне на Македонија и да си обезбеди светло место, туку одлучи да се стави на раполагање на кумашинот и да му обезбеди пари за трошење кое е на пат да се докаже дека било невидено криминално богатење. Со своето знаење и интелигенција можеше да биде најдобар министер за финансии. Но ќе остане запаметен како највешт манипулант со јавните пари. Најдобрите години си ги потроши да помогне да се украдат милиони, можеби и милијарди. Да се слика и да го велича Субрата Рој. Не е баш кариера за гордеење. Башка самиот бил свесен за тоа како што чувме во бомбите. Затоа, оставката е негов спас, иако му посакувам здравје, но ако има правда, треба да си одговара како и сите останати затоа што сето тоа што и го направија на земјата беше со "здружени сили" во кои Ставрески ја одигра можеби клучната улога. За крај, едно видео од новогодишните забавни прилози за бизнис фаците што ја одбележале тековната година, каде токму е документиран неговиот однос кон новинарите кои не му беа медиумски слуги. Бидејќи имаше и има прилично "економски неписмени" новинари кои ги обожава
14-06-2016, 11:33 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#6

Gruevski e doveden da go igra Ruletot, edinstveno mu ostanuva da cisto znae koj e Bacuskata vo seta ova zavrzlama.
Odi taka sto kamaradite koga se utvrdile deka Gruevski 51%od sebe e za EU I NATO a pomalu za Juzen tek , go imaat aktivirano planot Prislusuvanje na Zapadni Ambasadori I se ona sto go slusnavme preku prislusuvanite razgovori ,koi iako seceni ,lepeni I montirani go stavija na Gilotinja.
Ovaka igraat samo Kamaradite , preko vrski u EU go urnisaa,Zaapad a posebno USA nema da dozvolat da nekoj so hipoteki ostane niven partner ,iako garant tie znaat deka toa Gruevski go e pravael dolgi godini , no toa I nim im davalo sansa da go imat na svoja strana.
16-06-2016, 06:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Претполитичко братство


Заминувањето на министерот Ставрески и неговата улога во „претполитичкото братство на Груевски“ - тема на саботната колумна на Јасна Котеска.


[Image: 0,,19246309_303,00.jpg]


Во психоанализата честопати се анализира детската реченица: „Јас имам тројца браќа, Петар, Стефан и јас“. Третиот во низата „јас“ воедно е исклучен од серијата браќа („не сум како нив“), но истовремено е сепак вклучен и активен дел од истата низа браќа („јас сум што и моите браќа“).
Вака некако најкратко би можеле да ја сумираме улогата на Ставрески на македонската политичка сцена. Македонската јавност ќе го запамети по двојноста: интимен критичар на политиките на Владата на Груевски (од т.н. „бомби“), а во исто време, активен благајник на политиките на истата Влада, и последен министер од ударната петорка на Груевски, кој оваа недела си поднесе оставка.


„Марија Антоанета“ на македонската политика


По точно седум години (2009-2016) на функцијата министер за финансии оваа недела заминува и петтиот член од најтесното раководство на Груевски, кумот Зоран Ставрески. Со неговата оставка формално е демисионирана главната петорка од она што веќе се проценува како најтоталитарна власт од независноста на Република Македонија до денес.
Најтесното јадро на она што ќе го наречеме „претполитичко братство“ (според горната досетка за браќата од аналитичката литература, но и според фактичкиот начин на кој оперираше ДПМНЕ во политичката реалност оваа деценија) го сочинуваа Груевски, Мијалков, Јанакиевски, Јанкуловска и Ставрески. Од оваа петорка последнава деценија зависеа повеќето, ако не и сите клучни политики во земјава.
Иако сите министри имаа свои номинални ресори, во суштина како и во секое претполитичко братство тие во реалноста се занимаваа со „сите ресори“, како што (по дефиниција) братството и нема суштински ресори како што имаат класичните политички партии. Па така, кај дел од студентите и професорите, сѐ уште се памети дека токму министерот Ставрески беше човекот кој во март 2015 година беше назначен од Владата да преговара со претставниците на високото образование за време на студентските протести 2014/2015 поради политиките на владата во сферата на високото образование, иако во тој момент имаше актуелен министер за образование. Со други зборови, во братството се ценат единствено способноста за договарање (т.н. „дил ориентед“ логика), способноста за пресметки и лојалноста!
Ставрески ќе остане запаметен и како последен од најударните министри кој заминува од владата, а цела година и пол од првите бомби. Во бомбите токму неговиот глас ни открива најмногу за природата на владеењето, а нему и на Јанкуловска им го должиме најсериозниот увид во механизмите на владеење на Груевски оваа деценија.
И додека граѓаните веднаш го ажурираа т.н. „Албум со оставки 2015-2016“ со неговата фотографија, аналитичарите излегоа со горе-долу унифицирани оценки за штетата од неговото седумгодишно владеење со народните пари.
Поблагите економски оценки зборуваат за Ставрески како добар економист и најинтелигентен член на владата, кому само ете му се паднала непријатната задача да ги задоволува лудите идеи на својот шеф. Строгите оценки, пак, велат дека Ставрески е „Марија Антоанета“ на македонската политика, дека е човек кој наместо да ја чува народната каса, народните пари ги потрошил за задоволување на лудите апетити на шефот, потоа дека токму тој е главниот економски гуру за претворањето на државата во Партија, дека во неговиот мандат јавниот долг пораснал над 4 милијарди евра, и дека иако номинално е претставен како автор на намалувањето на невработеноста, токму неговите економски политики доведоа до иселување на една четвртина од населението во земјава. Накусо, за експертската јавност, според бројките што ги остава зад себе, Ставрески е оценет како еден од најнеуспешните министри за финансии во Република Македонија.


[Image: 0,,19329243_401,00.jpg]


Свест без совест


За нас пак, оставката на Ставрески е уникатен повод за анализа на стилот на владеењето на Груевски, кој ќе беше невозможен без увидот кој ни го овозможи токму Ставрески во бомбите на опозицијата. За разлика од другите министри, главно лежерни или дури жовијално развеселени по повод кршењата на законите, кај Ставрески слушнавме најнегативни епитети за неговите сопартијци, како и за стилот на владеењето на Груевски. Од богатиот арсенал квалификативи, еве некои од нив: „Ова што го правиме е ненормално“; „Па на дрво да ги берев париве ова не се издржува“; „Човекот (Груевски) изгубил контакт со реалноста“; „Ноќеска каква порака добив, ми се смачи што ми идеше да грабнам телефонот и да му ја скршам главата“; „Патеки околу ова, патеки околу она, аква паркови... Ова што го правиме е ненормално“; „Што треба да потпишат знаеш? Договор со кинеска компанија што ќе ги гради патиштава без тендер. Тоа треба луѓево да потпишат“; „Овој човек изгубил контакт со реалноста“, и.т.н.
Причината за извесни проблесоци на „симпатија“ кон Ставрески кај мал дел од јавноста неделава, се резултат токму на ова незадоволство кај Ставрески. Но како и во досетката, таа симпатија има само онолку вредност, колку што има неговата улога на „вклучен“ и воедно „исклучен“ од низата соработници. Иако од разговорите е јасно дека имал свест дека ја „минал цртата“, Ставрески во реалноста ниеднаш не покажал и совест дека треба да ја напушти криминалната влада, потоа останал на оперативната функција во најцрните години од владеењето на Груевски и конечно токму Ставрески на собраниската седница во декември 2012 година беше снимен како од обезбедувањето бара да се исфрлат пратениците од опозицијата за да се изгласа буџетот за 2013 година.
Но, интимните ставови на Ставрески се истовремено важни аналитички алатки за внатрепартиското владеење на Груевски. Тоа владеење најкратко се дефинира не како политичка партија, туку она што во теоријата се нарекува „претполитичко братство“.


[Image: 0,,18457986_401,00.jpg]


Брат за брат...


Еве некои од механизмите на либидалната економија на братствата. Прво, односот помеѓу браќата не е базиран на капацитетите за политичко делување, туку на „роднинство“, што ја објаснува и високата концентрација на роднински врски: братучед, кум во највисоките органи на власта, каде политичките односи се заменети со побратимски.
Второ, братствата се садистички. Уште Фројд објаснува дека братскиот сојуз се формира кога се укинува принципот на претходник (т.н. симболичен „татко“). Тоа е една од причините зошто ДПМНЕ е опседнато да стави крај на се’ што значи традиција: од архитектурата, до историјата, до прекројувањето на главниот град и.т.н.
Трето, претполитичките братства се параноични. Со тоа се објаснува и концентрацијата на тајни служби. Имено, братот не е само некој што е близок, туку и некој што секој миг може да стане конкуренција и најдлабок непријател. Затоа е толкав обемот на прислушуваните разговори на најблиските соработници на Груевски, а во тој контекст треба да се сфатат и советите на гатачката која точно знае дека Груевски сака да чуе дека неговите најлути непријатели се токму членовите на неговото најтесно раководство. Братот од претполитичките формации не може да верува никому. Па затоа иако формирал роднинска врска (на пр. кумството), ниту тоа само по себе не е доволен гарант дека братот нема да ми наштети. Братството е состојба на постојана напнатост и токму затоа во десетгодишното владеење, Груевски успеа да го создаде досега најдлабокиот раскол на линија Македонци-Македонци од која било претходна македонска влада.
Четврто, братството е опседнато со прашањето на дисциплина, со работата 24/7. Вака сфатената дисциплина се дефинира како прото-фашистичката вредност, затоа што овде не зборуваме за дисциплина во класичната смисла на зборот (работа, труд, макотрпност). Од разговорите се гледа дека никој не е особено „дисциплиниран“, туку има разни форми на хедонизам, уживање во садомазохистичкото потчинувања пред авторитетот на шефот, кому навистина по некој член би му ја треснал слушалката од глава, но нема да го стори тоа, бидејќи по братството едноставно нема кон што да се приклони.
Петто, комично, но во претполитичкото братство прекарот е поважен од името, како што гласи веќе славната реплика: „Ало началниче, како андерграунд?“ Тоа е затоа што името што ми е дадено на раѓање е нешто што припаѓа во доменот на законот, додека прекарот е она што сум го добил при „иницијацијата“ во братството. Прекарот ми се доделува кога влегувам во братството, а тоа е свет на беззаконие, и автоматски крај на просторот каде владеат законите.


[Image: 0,,18317517_401,00.jpg]


За братството законот не значи ништо


А тоа не’ води до суштината на начинот на владеењето на Груевски. Братство функционира надвор од правото, законот и политиката. Голем дел од врхушката на ДПМНЕ денес е имплициран во злосторнички здруженија затоа што претполитичките братства немаат никаква врска со законите, со правото и со политиката. Тие се базирани на суровост. Слично впрочем како и кај „братствата“ од средновековните гилди, потоа тајните братства на Ајви Лиг универзитетите, разните фратернити клубови и.т.н.
Тоа ја објаснува и масовната девастација на правните норми во Република Македонија. Два најнови примери се претседателот на земјата, кој во три јавни обраќања, за три сосем различни правни акти по повод аболицијата, даде три идентични аргументи! Или, обратно, кога судовите оваа недела за ист предмет донесоа две сосем спротивни пресуди. За братството законот не значи ништо. Лојален е оној што му служи на „внатрешниот закон“ на братството. Ако некој закон се поклопува со интересите на Партијата, тоа е добро, но сепак никој не инсистира на законот во особена смисла.
Во помал степен, братството единствено има однос кон другите братства, но исклучиво оние што му служат нему или од него се формирани. Тоа ја објаснува концентрацијата на разни агенции за обезбедување, тајни служби и.т.н. во последнава деценија, а инсталирани од ДПМНЕ. Затоа, братството на ДПМНЕ е армија на симболи и погон на цела машинерија на иконографија и симболизација. Оттука црно-белата конфекција на годишната средба на Унијата на жени на ДПМНЕ, потоа пропагандата „кој сѐ не е Македонија!“, предизборните плакати слични еден на друг, а таа иконографија впрочем повторно ќе ја видиме веќе в недела на прославата на 26 годишнината на ДПМНЕ.
И конечно: братството, по дефиниција, е празно од идеологија! Секаква супстанција може да го исполни братството. Затоа во ДПМНЕ денес членуваат без исклучок поранешни членови на СДСМ, на ДА, на други помали или поголеми партии, дел од претставниците на невладините организации, како и од советодавните одбори на Сорос (инаку имагинарниот алфа-непријател на Груевски за потребите на пропагандата). Братството може да се шифта помеѓу ужасно десни и ужасно леви парадигми, но сѐ додека братството e незагрозено, незагрозена е и кохезијата внатре братството. Навистина ДПМНЕ на Груевски е десничарска партија, но само онолку колку што братството по себе е секогаш веќе радикално десничарско, бидејќи е концепт најдалечен од концептот на политичкото и правното. Граѓанското општество започнува дури со распаѓањето на идејата за „претполитички формации“ и враќањето кон идејата за политиката и правото.


[Image: 0,,19277239_401,00.jpg]


Побрзо или побавно, деинсталација на братството е неизбежна


Тоа е причината зошто отпорот кон ДПМНЕ доаѓа од најмалку три центри. Првиот е официјалната собраниска опозиција. Вториот се самите десни партии, кои се во сѐ појасна офанзива против ДПМНЕ. Првите потписници на партијата се оградуваат од ДПМНЕ на Груевски, некои од нив бараат ВМРО да се извади како предзнак од сите десни партии, а оценка гласи дека партијата на Груевски е целосно ревизионистичка во однос на идејата на ВМРО. Други десни партии ја третираат партијата на Груевски за приватизирана и сметаа дека во неа има многу незадоволни членови кои при распаѓањето на врхушката би преминале во други десни блокови.
Но, наспроти политиката, најсилната опозиција што ДПМНЕ во моментов ја има се всушност - граѓаните. Тие се по природата на нештата и најдалечни од логиката на братствата. На граѓаните најмногу им одговара почитување на законите кои треба да бидат еднакви за сите, граѓаните се најзаштитени при функционална демократија и на граѓаните најмногу им одговараат институциите да имаат еднаков пристап кон сите.
Всушност моќта на Шарената Револуција во моментов е толкава што спомнувањето на „лидерската четворка“ во контекст на преговори се чини дури комична во услови кога главните вести секој ден се активностите на Шарената Револуција. А Шарената Револуција секој ден го менува обликот на своето делување. Откако вчера беше одбројан последниот ден на демонстрантите со симболичното исцртување на бројот еден, како последен рок што граѓаните му го дадоа на Уставниот суд да се произнесе за заштита на Специјалното јавно обвинителство (единствената институција што би можела да се справи со претполитичко братство на Груевски), Шарената Револуција најави масовен протест в понеделник. Во моментов никој не знае каква форма ќе имаат тие протести.
Она што е факт е дека првиот благајник на Груевски си заминува од челната позиција во момент кога можеби пресметал дека побрзата или побавната деинсталација на братството е сепак неизбежна. А што ќе треба да се стори по деинсталирањето на братството, како некаков ургентен механизам за заштита на земјата, барем според теоријата, некоја друга сабота.


DW.COM
18-06-2016, 04:17 PM
Reply