Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КЕ ИМА СУДЊЕ ЗА АФЕРАТА ПУЧ КЕ СЕ ЗНАЕ НАБРГУ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Афера „Пуч“ - потврдени дела или малку докази?


Советот за оценка на обвинителниот акт треба во наредните денови да одлучи дали ќе има судење за аферата „Пуч“ или предметот ќе биде вратен во истрага.

Убеден сум дека обвинителниот акт за случајот „Пуч“ е преамбициозна креација со товарот на обвинението и е премногу сиромашно со докази, изјави денеска пред Советот на судии за оцена на обвинението, првообвинетиот во случајот, Зоран Верушевски. Тој истакна дека противправното прислушување е креација на 5-тата управа на УБК и дека тоа е проект којшто започнал во 2007-мата година во кој се инволвирани најголем дел од вработените во таа управа. Верушевски додаде дека во последниве неколку години имал 20 средби со вработени за кои, како што вели, верува дека ќе бидат сведоци што ќе зборуваат отворено за состојбите.

„Македонија има еден интегрален систем врз кој се темели националната безбедност, а тоа е 5-тата управа на УБК. Тоа не е систем само за прислушување, туку сложен систем кој со сите свои компоненти го сочинува оптималното ниво на безбедност. Номиналната вредност му е над 10 милиони евра, а Верушевски со ниту едно однесување не го нарушил овој интегриран безбедносен систем“, рече Верушевски пред судијата.


[Image: 27F5622C-2AA8-49C6-BB86-C158BE9009BB_cx0...1_s_r1.jpg]
Илустрација.


Делува запрепастувачки делот во обвинението каде мојата сопруга се става во улога на шпион. Ве уверувам дека никаде во свет, шпионажата не може да биде, ниту е семеен бизнис“, истакна Верушевски, коментирајќи ги, како што вели, пропустите во истрагата.

Тој посочи дека го зачудува тоа што во обвинителниот кат нема ниту една страница од истрагите на мобилните оператори.
Според одбраната обвинението е контрадикторно, нелогично, непрецизно и со елементи на чиста фикција, а описот на дејствијата е паушален и неоснован.
Основата забелешка на одбраната беше што во обвинението, освен што пишува дека се прислушувани материјали кои треба да се дадат на странски служби, никаде нема која е таа странска разузнавачка служба, кој, како и кога контактирал со неа. Во предметот пишува прислушувани разговори, а никаде не пишува кои се тие разговори.

„Точно е дека во обвинението не е прецизирано за која странска држава, организација, или лице што им служи се прибирани тие податоци со намера да бидат предадени, ова е една од тие аномалии во обвинението кое што ние го истакнавме“, вели еден од адвокатите на Верушевски и Заев, Филип Медарски.

Главниот аргумент на обвинителството за кривичното дело насилство врз претставници на државните органи за кои се терети лидерот на опозицијата Зоран Заев е дека тој се обидувал да изнуди техничка влада. Медарски посочи дека ова се политички барања кои не претставуваат закана за рушење на уставниот поредок и загрозување на безбедноста бидејќи барањата за техничка влада и предвремени парламентарни избори се во надлежност на Собранието, а не во надлежност на премиерот и дека тие се изнесени кон лидерот на најголемата владејачка партија.
Адвокатите побараа Советот за оценка на обвинителниот акт да ги отстрани од листата на докази снимките од средбите на премиерот Никола Груевски и Зоран Заев направени во Владата, кои веќе беа објавени во медиумите, како и сите останати докази собрани со посебни истражни мерки да бидат изоставени од списите на предметот.
Одбраната побара да бидат издвоени доказите прибавени со посебни истражни мерки, бидејќи дозволата за нив, како што беше истакнато, била незаконски издадена, односно дека нема немало потпишана наредба од судија, ниту пак заведено барање за истите.
Обвинителот Златко Биковски, пак, на почетокот на рочиштето истакна дека по завршената истрага која ја спровело обвинителството целосно се потврдило дека осомничените со дејствијата кои ги презеле ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар. Тој за приговорите на одбраната истакна дека се неосновани.
Советот за оценка на обвинителниот акт треба во наредните денови да одлучи дали ќе има судење или предметот ќе биде вратен во истрага.
(This post was last modified: 03-06-2016, 02:52 AM by ЈорданПетровски.)
01-06-2016, 09:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Заев: Ова е доказ како судството се става под контрола

Еве сме овде пред Судот поради тоа што ветивме дека ќе се бориме за правда. Веднаш штом се создадоа услови да можат да се одржат рочиштата ние сме овде барајќи правда, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, по излегувањето од судот каде се одложи главната расправа за предметот „Пуч“ поради отсуство на сведокот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.






- Ова денеска што се случува во Судот, како што знаете, не бевте пуштени и вие новинарите, е голем срам за овој суд. Денеска ова е доказ како се инструментализира и како се става под контрола судството поради едни забегани политики во Македонија. Денеска не се одржа рочиште поради тоа што главниот сведок, единствениот сведок, Никола Груевски одлучи да не се појави или на Судот му беше кажано да не му достави покана. Но за да биде дополнително покриен, наводно бил спречен еден од двајцата поротници да биде присутен иако законот определува и замена на поротници кога тоа е најавено ако некој од поротниците не може да дојде.
Во Македонија право и правда мора да има! Тоа мора да биде конечна цел на сите нас граѓаните коишто живееме во Македонија. После 11-ти декември правната држава ќе се врати во Македонија - рече Заев.
Тој на новинарско прашање дали смета дека Кривичниот суд ќе се охрабри да ги води судските процеси кои што ги поведе СЈО, почитувајќи го законот, рече:

- Не сакам да ја коменитирам работата ниту на Судот ниту на СЈО, но ќе се повторам во нешто што сум го кажал многу пати. Неуморно верувам дека поголемо мнозинство во Судот и воопшто во правниот систем во Македонија, сепак се професионалци коишто си ја сакаат својата работа и бараат услови слободно согласно свои убедувања по Устав и по закон да носат одлуки. Јас верувам дека сите знаеме пред каков важен моментум сме исправени и како граѓани и како Македонија. Согласно моментумот во којшто живееме и работиме, треба и да се однесуваме. 

Quote:Јанева: Мојот сведок Груевски не беше повикан на судењето

[Image: %d1%81%d1%98%d0%be1%282%29.jpg]



Таа истакна дека судењето мора да се одржи, бидејќи луѓето кои се опфатени имаат мерки за претпазливост со кои трпат ограничување на својата слобода.

Судењето се одложи по вина на Судот, бидејќи еден од поротниците не бил присутен. Реагирав на одлуката на Судот и реагирав на одлуката да се одложи за 1 ноември бидејќи сметам дека ваков предмет е од итна природа и треба да биде закажан порано, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откако денеска се одложи главната расправа за предметот „Пуч“.

- Реагирав и на тоа дека мојот сведок, господинот Никола Груевски, не беше повикан на судењето. Судот сметал дека не е потребно да е присутен. Неоправдано беше и тоа што судот не дозволи да влезат и новинарите на самото рочиште, бидејќи требаше да влезете и да слушнете што ќе кажам - рече Јанева.

Таа истакна дека судењето мора да се одржи, бидејќи луѓето кои се опфатени имаат мерки за претпазливост со кои трпат ограничување на својата слобода.
16-09-2016, 12:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Каде исчезнаа странските служби на Груевски?


[Image: detective-1034167_1920-kolaz-002.jpg]

08/06/2016 at 16:09

Година и половина по избивањето на политичката криза во Македонија, „странските служби“ исчезнаа од говорот на Груевски. Во ниту еден јавен настап подоцна (а, ги имаше многу), никогаш експлицитно веќе не се спомнаа деталите кои ги изнесе порнешниот премиер на последниот ден од минатогодишниот јануари
 
Пишува: Владо Ѓорчев
 
Откако на 31.01.2015 година, тогашниот премиер, а сега претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави дека врз државниот врв е направен обид за пуч и тоа преку странски служби, таквото сценарио, со конспирациски мотиви за уривање на државата однадвор со помош на „домашни“ предваници, го спомена само уште на 25.02.2015 година. Оттогаш, речиси година и половина подоцна, странските служби исчезнаа од говорот на Груевски. Во ниту еден јавен настап подоцна (а, ги имаше многу) никогаш експлицитно веќе не се спомнаа деталите кои на тој јануарски ден ги изнесе порнешниот премиер.
 
ДРАМАТИЧЕН ПРЕС

На

во траење од 6.49 минути,  на која со глас треперлив од возбуда и наросено чело ги пренесуваше детаљите, Груевски обелодени дека:






Quote:Во периодот помеѓу септември и ноември 2014 година остварив 4 средби со господинот Зоран Заев, претседател на партијата СДСМ. Првата средба беше иницирана на негово барање, а понатамошните беа поврзани со првата. На овие средби господинот Зоран Заев побара од мене итно формирање на техничка влада и притоа ме информираше дека во соработка со одредена странска разузнавачка служба прибавил снимени телефонски разговори речиси од целиот државен врв, тргнувајќи од претседателот на државата, парламентот, владата, медиумите и други политички јавни лица од власта и опозицијата. Го прашав неколку пати дали е сигурен во тоа што го говори и дали е сигурен дека навистина станува збор за странска разузнавачка служба, на што добив потврдни одговори, рече Груевски. (Видео: 0.30-1.56)

Сепак, на излагањето на тогашниот премиер јавноста не реагираше со едноставно прифаќање и може да се прочитаат ллегитимно поставени прашања во дел од текстовите во медиумите. Колку и да се сакаше да се издраматизира напад од надвор, само неколку месеци по објавувањето на „бомбите“ од страна на опозицијата, на 23.06.2015 година, во анкетното истражување „Еврометар 2015“, чиј автор беше Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), се покажа дека само 20 процент од граѓаните веруваат дека прислушуваните разговори со кои располага опозицијата, се направени од странски служби.
Наспроти oвие податоци, 41 отсто граѓани веруваат дека снимките се направени од страна на домашните полициски служби, а за 52 проценти најважна е содржината на снимките, а не нивното потекло.
 
ДЕТАЛИ ЗА СТРАНСКИ СЛУЖБИ

Истите „детали“, малку надградени Груевски ги повтори и на втората

посветена на странските служби, на 25.02.2015 година, која траеше речиси 47 минути.






Груевски изјави дека две лица според сознанијата кои ги добил, го признале делото пред истражните органи во кривичната постапка. Ѓ.Л., изјави Груевски, го признал делото, тврдејќи дека како познаник и повеќе годишен соработник на лицето З.В. по негово барање го врбувал лицето З.К. вработен во УБК од 1993. Наводно, рече тогашниот премиер, З.К. му кажал на Ѓ.Л. дека на З.В. му се потребни снимени матерјали со цел нивно давање на странска разузнавачка служба, а заради нејзини потреби за следење на политичките и општите состојби во Македонија.
Подоцна на Звонко Костовски, еден од осомничените во „Пуч“, експресно му беше понудена спогодба за делата незаконско прислушување и шпионажа, со што и експресно доби казна затвор од три години. (Костовски беше пуштен од затвор со аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, но по нејзиното повлекување сега започнаа правните толкувања околу тоа дали тој треба да се врати во затвор и да ја „одлежи“ казната до крај).
Ова беше и првиот сигнал дека нема ништо да биде од најавената судската постапка, која, како што изјави Груевски, ќе биде „јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност“.
Дека тоа што го зборува Груевски, не е баш така, потврди и извештајот од експертската група, под раководство на Рајнхард Прибе, во делот кој се однесува на УБК, на петтата страна.

Quote:Причините за одолговлекувањето на скандалот во Република Македонија се во концентрацијата на моќта во националната безбедносна служба (УБК) и во злоупотребата на механизмот за надзор над УБК. Според надворешен набљудувач, УБК работи надвор од својот законски мандат во име на власта за да ги контролира носителите на високи функции во јавната администрација, обвинителството, судиите и политичките противници, како последица на што се вмешува во независноста на судството и на другите национални инситуции, стои во извештајот.

Во Извештајот, прифатен од Собранието и Владата, јасно се констатира дека „УБК работи надвор од својот законски мандат во име на власта“, а не во име на Верушевски и на СДСМ.

Понатаму, на шестата страна од Извештајот се наведува:

Quote:Фамилијарната поврзаност помеѓу високо позиционирани политичари и носители на високи фунцкии во УБК, како и во Јавното обвинителство, создаваат ризична средина за конфликт на интереси.

Оваа фамилијарна поврзаност се однесува на Сашо Мијалков како директор на УБК и прв братучед на премиерот Никола Груевски и на обвинителот за борба против организиран криминал, Јово Илиевски, кој му е баџанак на Мијалков.
 
ПОВТОРУВАЊЕ НА ПРИКАЗНАТА

Груевски, сепак, не се откажа од својата приказна и изјави дека снимањето почнало некаде во 2010 година.

Quote:Откако Зоран Заев започна да ги упатува заканите кон мене, МВР покани врвни експерти за оваа проблематика од позната странска компанија, која со своја опрема изврши проверка и утврди, дека повремено на различни локации главно во центарот на Скопје, непознат сторител врши нелегално прислушкување и снимање на телефонски разговори, користејки мобилна опрема, чија локација постојано се менува, а која функционира по принцип на клонирање на т.н. базни станици. Се правела промена на местоположбата, а во радиус од околу 2 километри од институциите, главно во центар, од каде се лоцирале токму и телефоните на државниот врв и носителите на јавни функции, и таа опрема ја приклучувале во одреден дел од денот, најчесто помеѓу 12 и 18 часот, изјави Груевски.

17.15-18.11)

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак,  во интервјуто со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, го демантираше Груевски и рече дека во Обвинителниот акт, кој е потпишан од Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, пишува дека прислушувањето е направено во Управата за безбедност и контраразузнавање и од опремата што ја поседува УБК.
Истиот тој Зврлевски во обвинителниот акт против Заев потврдува дека прислушувањето е направено во тајните служби и дека тоа е направено со опрема на петата управа – рече Заев во интервјуто. [Извор:Сител Видео: 8.20-9.4 Датум: 10.02.2016 ]
Адвокатот на Заев, Филип Медарски во телефонски разговор за „Вистиномер“ го потврди тврдењето на лидерот на опоцизијата во интервјуто кај Латас.

Quote:Да, точно е дека во Обвинителниот акт пишува дека прислушувањето е направено во просториите на тајната полиција – рече Медарски.

Од тогаш до денес, не излезе ниту еден документ кој ќе ги поткрепи овие тези за наводни комбиња, странски служби и слично. Напротив, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги отфрли жалбите на обвинителите како неосновани и ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка, со којашто прислушуваните материјали од предметите на ОЈО оформени по поднесена кривична пријава на СДСМ против Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протуѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски се издвојуваат како  незаконски прибавени докази.
Уваженото барањето на адвокатот на Премиерот Никола Груевски и неговите соработници, бомбите да не бидат доказ пред суд, сепак не им ги врза рацете на обвинителите (СЈО) и на судиите да се расправа за наводни кривични дела.
Во кривичната пријава до која дојде „Вистиномер“, пишува дека Мијалков и Груевски заедно со други непознати лица, спротивно на Законот за следење на комуникациите и Законот за кривична постапка, како службени лица повеќекратно и континуирано во периодот од 17.05.2011 до неутврден датум во 2014 година, неовластено ги прислушувале и тонски ги снимале разговорите на Заев. Според Заев, тој бил прислушуван во вкупно 311 наврати, а пријавените сториле кривично дело „неовластено прислушување и тонско снимање“, од членовите 151, 22 и 45 од Кривичен законик.
Потврда дека снимките се автентични стигна и од германска лабораторија ангажирана од телевизијата „Ал Џезира“.
Конкретно, „Ал Џезира“ потврди дека не е монтирана снимката со разговорот меѓу премиер Никола Груевски и бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Таа е една од низата снимки што наводно го инкриминираат премиерот Груевски, а за која „Ал џезира“ побарала анализа за автентичност од германската лабораторија „Тонамбуланк“.
Коалициониот партнер на Груевски и претседател на ДУИ, Али Ахмети, исто така потврди дека снимените телефонски разговори кои ги објавува опозицијата се автентични и оригинални. Тој ова ги изјави во емисијата „Opinion“, која се емитува на ТВ Клан.
Ахмети на прашањето на новинарот дали снимките се автентични одговори потврдно. Тој додаде дека што се однесува на функционерите од ДУИ кои се појавуваат на снимените материјали, секој ќе си одговара за тоа што го сторил.
 
ЗАБРАНА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ – ДЕЛ ОД СПОГОДБАТА

Значи, на 25 февруари 2015, беше последната прес-конференција посветена на таа тема, а и последен настап на кој Груевски ги спомна странските служби. Евве уште некои датуми поврзани со настаните, од тој ран почеток на кризата:

Quote:
  • На 09.02.2015 година лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почна со објавување на прислушуваните материјали или т.н. „бомби“. Вкупно беа „испукани“ 38 „бомби“.
  • На 14.05.2015 година се случи и првата лидерска средба.
  • На 2 јуни 2015 година во Прижно беше постигнат начеле договор, а на 15 јули беше и финализиран.

Во Спогодбата стои:
Објавувањето на дополнителни материјали од прислушувањето ќе запре. По враќањето на СДСМ во парламентот, сите материјали кои ги поседува СДСМ или било кој друг чинител ќе бидат предадени на јавниот обвинител за негово итно постапување.
 
ЛИНКОВИ:  
16-09-2016, 09:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ЗА СВЕДОКОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ СУДОТ И СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО РАЗЛИЧНО ГО ЧИТААТ ЗАКОНОТ


16 септември , 2016
[Image: katica-janeva-puch.jpg?resize=641%2C481]

Катица Јанева го критикуваше судот дека намерно ја развлекува постапката за незаконското прислушување на илјадници граѓани Фото: Мета
Основниот суд Скопје 1 попладнево реагираше на изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека е неоправдано тоа што судот не го повикал поранешниот премиер Никола Груевски како сведок на рочиште за случајот „Пуч“ поврзан со незаконското прислушување на илјадници граѓани. Судот смета дека сведокот не мора да се повика на прво рочиште, а СЈО се повикува на одредба од законот според кој сведокот мора да е присутен и судот мора да го обезбеди.
Следното рочиште за „Пуч“ е закажано дури во ноември. Денешното беше откажано затоа што покрај сведокот Никола Груевски не се појавил и еден поротник.
Од СЈО велат дека сведокот Никола Груевски Основниот суд Скопје 1 задолжително требало да го викне, а ако не се одзвал на поканата, присилно да го приведе и се повикува на членовите 348 и 368 од Законот за кривична постапка.
За разлика од СЈО, Кривичниот суд тврди дека законот им дозволува на денешното рочиште да не се појави сведокот што го бара специјалниот обвинител.
Во соопштението од Судот стои дека „конкретниот предмет се води според новиот Закон за кривичната постапка, а самата постапка налага на првата главна расправа да се дадат воведни зборови на странките, односно на обвинителот и на одбраната, а дополнително да се повикуваат сведоци и да се изведуваат докази, па токму затоа и на денешното судење, во согласност со ЗКП, не било предвидено повикување на сведоци, особено што Судот е тој што одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот. Тоа не е случај само во конкретниот предмет, туку овој суд на идентичен начин постапува и во секо друго судење“, велат од Судот.
СЈО пак се повикува на членот 348, токму од новиот ЗКП, кој го тврди спротивното, дека на почетокот на судењето треба да бидат викнати сите сведоци и не му дава избор на Судот некого да изостави:
“На главна расправа ќе се повикаат обвинетиот и неговиот бранител, тужителот и оштетениот и нивните законски застапници и полномошници, како и толкувач. На главната расправа ќе се повикаат и сведоците, вештаците и техничките советници, кои се предложени од тужителот во обвинителниот акт, односно обвинетиот во приговорот против обвинителниот акт или во посебен поднесок од членот 326 на овој закон, освен оние што претседателот на советот ќе ги одбие, во смисла на членот 347 од овој закон.  Тужителот и обвинетиот можат на главната расправа да ги повторат предлозите што претседателот на советот не ги усвоил“.
Катица Јанева го критикуваше судот дека намерно ја развлекува постапката за Пуч. “Реагирав и на тоа дека мојот сведок, господинот Никола Груевски не беше повикан на судењето, судот сметал дека не е потребно да е присутен. Неоправдано беше и тоа што судот не дозволи да влезат и новинарите на самото рочиште, бидејќи требаше да влезете и да слушнете што ќе кажам“, рече Јанева.
Таа рече дека судењето мора да се одржи, бидејќи луѓето кои се опфатени имаат мерки за претпазливост со кои трпат ограничување на својата слобода.
16-09-2016, 11:55 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#5

Quote:Делува запрепастувачки делот во обвинението каде мојата сопруга се става во улога на шпион. Ве уверувам дека никаде во свет, шпионажата не може да биде, ниту е семеен бизнис“, истакна Верушевски, коментирајќи ги, како што вели, пропустите во истрагата.

Идиотизам на показно. И тоа како низ историјата има примери на брачни парови- шпиони. Кого тоа зафркава Верушевски и види каков идиот хранела Македонија...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
17-09-2016, 01:35 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#6

Инаку за Пуч судење нема да има, се` додека врз телото на собрани докази се видливи шепите на Бејли и рестото амбасадорска клика.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
17-09-2016, 01:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Јанева до пратениците: Прашајте ја Лидија Неделкова зошто не дозволува да се открие кој прислушкувал



 
23.09.16   18:00  
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците повтори дека одговорот на прашањето кој и на кој начин од 2008 до 2015 година прислушкувал, е содржано во предметот „Пуч и го обвини Кривичниот суд дека шест месеци не постапил по барање на СЈО.


[Image: janeva-zvrlevski.jpg]

Јанева, одговарајќи на репликата на Крсто Мукоски, со датуми пред пратениците ги презентираше преземените чекори од СЈО, но и другите судови во однос на барањето да им бидат доставени доказите за предметот „Пуч“. Од страна на СЈО, како што кажа таа, овој предмет бил преземен на 21.12.2015 година, кога до Судот било поднесено барање да им бидат доставени доказите.

– На 5.5.2016 година, СЈО повторно се обрати до судот согласно решението на Апелациониот суд за да бидат доставени доказите до СЈО. На 30.6. 2016 година до 14.7.2016 беа фотокопирани и снимени сите докази во предметот „Пуч“. Се изгубија повеќе од шест месеци. Можеби и повеќе во овој период во кој можеше да се заврши главната расправа по овој предмет. Прашувам дали Парламентот има намера да ја праша претседателката на Врховен суд и Судскиот совет кој е виновен за ова одлагање на предметот, кој треба да одгатне кој прислушувал масовно во Република Македонија? Шест месеци еден суд да не постапи по едно барање за доставување докази е срамота, рече Јанева.



(This post was last modified: 24-09-2016, 12:32 PM by ЈорданПетровски.)
23-09-2016, 08:42 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#8

Еве у кого се крсти Јордан.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
24-09-2016, 01:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:НОВО РОЧИШТЕ ЗА „ПУЧ“ ВО НЕКОЕ ПОДОБРО ВРЕМЕ

Катица Јанева: Како не ви е срам, цела година го одлагате судењето!

Повторно е одложено денешното рочиште за случајот „Пуч“, овојпат на неопределено време, бидејќи двајца поротници, односно еден поротник и еден заменик немале безбедносни сертификати. 

[Image: mkd-290807.jpg?itok=AqiE-p6u]

Во Кривичниот суд на закажано рочиште за случајот „Пуч“ во кој како обвинети се јавуваат поранешниот директор на некогашната Дирекција за безбедност и контраразузнавање (ДБК), Зоран Верушевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, точно во 10 часот се појавија двајцата обвинети. На денешната расправа како сведок требаше да се појави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но тој не дојде на рочиштето. Филип Медарски, адвокат на обвинетите, побара да му биде одговорено каде е сведокот Груевски. 
Откако било констатирано дека двајцата поротници немаат безбедносни сертификати, судијката Љубинка Башевска рече ќе го закаже новото рочиште тогаш кога ќе се обезбедат сертификатите. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева побара сите да ги покажат безбедносните сертификати, зашто една година се одлага судењето заради сертификатите. 
„Нели ви е срам што го одложувате судењето цела година, го одложувате предметот и нѐ малтретирате“, реагираше Јанева.
На ова судијката ја опомена обвинителката Јанева, која, како што запиша во извештајот, „без дозвола на судот вика и го нарушува редот“ и ѝ се закани со казна.
„Казнете ме“, одговори Јанева.
На последното откажано рочиште специјалната обвинителка реагираше на болеста на поротникот, што беше причина за одложувањето и на одлуката на судот да не го повика сведокот Груевски.
Во предметот „Пуч“, за неовластено прислушување се обвинети Заев, Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во МВР и вработениот во струмичката општина Бранко Палифров.
Од обвинителката Јанева се очекува да го дополни обвинението со функционери од власта кои го организирале и спровеле прислушувањето. На последното рочиште таа  изјави дека е подготвена да ги изнесе наводите во обвинителниот акт по неколкумесечното подготвување на предметот кој го презедоа од Обвинителството за организиран криминал. 



Според ова денешна одлука на судот Груевски знае дека Јанева има докази дека прислушкувањето е дело на УБК и затоа е и одлагањето. Се надева Грујо на победа на изборите и после тоа укинување на СЈО!
01-11-2016, 11:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Јанева направи `ршум на Пуч: Доста манипулирате и ја лажете јавноста, погледнете ме в очи


 01.11.2016 

[Image: katica%20preds%20ud%203.jpg]
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева направи драма во Кривичниот суд во Скопје не дозволувајќи им на судиите Љубинка Башевска и Ивица Стефановски да избегаат бод судница, откако го одложија судењето за „Пуч“ против Заев, Верушевски и другите на неодредено време, затоа што две поротнички од Советот немале безбедносен сертификат. 
Една од поротничките во петорката која суди побарала да биде разрешена од функцијата, а таа која била именуван ана нејзино место, како и дополнителната која ја побарала Башевска, а биле определени со решение на Претседтелот на судот, немале безбедносни сертификати.
Башевска се правдаше дека тоа е правна пречка да се одржи судењето и бзатоа го одложи на неодредено време. Се правдаше дека не помогнале нивните ургенции да се издадат побргу сертификатите, па судењето ќе го насрочи кога ќе бидат обезбедени безбедносните сертификати.
Но, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева побара збор пред да го одложи судијката судењето и рече дека Башеска манипулира со случајот и несфатливо и е зошто „Пуч“ се одлага веќе една година поради истиот проблем – безбедносните сертификати.
Јанева на увид го стави нејзиниот безбедносен сертификат и бараше од Башеска таа и сите од Советот да покажат легитимации за да се види дали на следното судење ќе се јави уште некој дека нема сертификат.
По реакциите на Јанева, Башевска се закани дека ќе ја казни бидејќи го навредувала судот, не е таа тука како обвинител да го води судењето, ниту пак да бара сертификати.

[Image: katica%20vo%20sudnica.jpg]

-Казнете ме. Сакам да ме казните. Нема да престанам да зборувам и не ви дозволувам да си одите. Зошто за ова не не известивте вчера и што ќе правите со 3 и 7 ноември кои претходно ги дадовте како датуми за судење- викаше Јанева, барајќи одговор од Башеска, која на два пати стана со Ивица Стефановски и тргнаа да си одат па се вратија.
-Судењето се одложи 7 пати на барање на странките, од кои еднаш од ваши приватни причини - рече Башевска и им соопшти дека сметала оти не е сериозно да им праќа писма или телефонски да ги известува дека нема услови за судење, па затоа чекала тоа денеска да им го соопшти.
-Нели ви е срам што го одложувате судењето цела година, го одложувате предметот и нѐ малтретирате. Бидете еднаш транспарентна во вашата кариера и покажете го вашиот сертификат. Погледни ме во очи и пиши што кажувам, со што Ве навредувам, дека ви викам дека не го познавате законот и правите злоупотреба на позицијата? Пишува ли во законот дека треба да имаат безбедносен сертификат сите пред да почне судењето. Која е вашата одговорност во случајов -реагираше специјалната обвинителка, чии зборови поради гласноста ги слушаа и странките во ходникот на судот.
На ова, судијката ја опомена обвинителката Јанева, и во записникот запиша дека  „без дозвола на судот вика и го нарушува редот“.
Адвокатот Филип Медарски побара одговори од судијката Башеска, дали истата го повикала сведокот Никола Груевски на рочиштето, но ја доби опомена дека ќе биде казнет ако продолжи да прашува без да добие збор.
На ова реагираше Зоран Верушревски кој бараше Башеска да престане да се заканува дека ќењ ги казни. Збор бараше и Зоран Заев, но не доби бидејќи судиите Башеска и Стефановски избегаа од судницата, оставајќи ги поротниците и записничарката сами.
По излегување од судницата, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека ова е политички, а не правен процес..
– Ова е клекнато на колена, комплетно уништено судство. Денеска претседателот на судскиот совет и Судскиот совет покажаа дека немаат намера да водат правен процес, туку водат политички процес, рече лидерот на СДСМ.
Тој вели, суштината на одлагањето се состоела во неколку моменти, односно се работи за целокупна стратегија, на како што вели тој, бандитската власт која има намера да го држи во живот процесот кој е врзан со најсуштествената тема во Македонија, тоа е кој и како го правел прислушувањето во Македонија.
– Зошто сега се купува време да обезбедат безбедносни сертификати? Зошто и денеска не е повикан единствениот сведок, Никола Груевски? Ова македонско судство мора да биде променето, судството и правниот систем воопшто не постојат. Сакав да ја прашам судијката зошто го дозволува ова, но не добив можност, избега, рече Заев.


[Image: ZAEV%20SUD%201.jpg]


На денешното рочиште за случајот „Пуч“ се појавија сите обвинети кои се товарат за шпионажа и насилство врз државните органи. Покрај Заев во судницата се појави и директорот на некогашната Дирекција за безбедност и контраразузнавање (ДБК), Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во МВР и вработениот во струмичката општина Бранко Палифров, освен сведокот Никола Груевски.
Судењето засега нема датум, се чека з аследното да бидат испратени покани, доколку во меѓувреме се добијат безбедносни сертификати.
Ваквиот начин на одлагање на судењето со немањето сертификати се толкува како класично минирање на процесот од страна на Претседтелот на судот, кој морал да знае дека со недобивање на сетртификатите ќе го закочи процесот и можел да назначи поротници од редот на тие кои веќе постапуваат во Одделот за организиран криминал и корупција и кои веќе имаат сертификати, а судат во различни денови од овој Совет, и на тој начин, многу елегантно ќе се решел проблемот.



Bravo Bravo Bravo Bravo Bravo Bravo
01-11-2016, 02:04 PM
Reply