Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 1.25 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Еден српски масакар
Author Message
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#41

(23-05-2010, 02:29 PM)Vodno konche Wrote:
(23-05-2010, 12:41 PM)афион Wrote: Дај ги книгите да ги видиме,како знаете да вадите книги за нас,ајде нешто и за вас.Nenene
Добре, но не му е местото тука. Тук темата е за србскиот маскар срешту бугарите(македонците). А ще потърся нешто и ще го пусна в другата тема - бугарскиот маскар :( бугари срешту бугари во Бугария- абе политиката е мрсна работа да знаеш
Ako sakas otvori i tvoja tema za ovaa.Ajde
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
23-05-2010, 04:06 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#42

ТЕРОРОТ НА КОМУНИСТИЧКИТЕ ВЛАСТИ ВРЗ МАКЕДОНСКИТЕ ПАТ
Во ноќта меѓу 15 и 16 јануари се извршени двете најмасовни и најбрутални стрелања во Титова Македонија. Без судење и почитување на презумцијата на невиност, во најголема тајност и итност, од истражниот затвор на ОЗН-а во Велес се егзекутираа 53, а во Куманово 48 затвореници под глобално сомневање дека се „народни непријатели”. Масакрот е прогласен за „државна тајна” (!?). Полувековниот молк го прекина Титовиот биограф, политичарот и академик д-р Владимир Дедиер кој во април 1990 година во двонеделникот „21”, орган на ЦК СКМ, отворено го обвини некогашниот шеф на КОС, генералот Јефто Шашиќ кој во Велес „една ноќ ги зграпчил затворениците за гуша и без сослушување сите ги стрелал”. Во автобиографските белешки, објавени 1999 година претседателот на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов Ченто обелодени дека за стрелањата во Велес и во Куманово дознал од семејствата, откако тие биле извршени без да биде информиран и консултиран. Како иницијатор тој го посочи Едвард Кардељ, а за наредбодавач Лазар Колишевски. Истиот ден отпатувал за Белград каде објаснување побарал од маршалот Тито кој исто така не бил информиран и веднаш издал наредба да престанат стрелањата без судење. Според д-р Дедиер, во тој период во Југославија без судење биле ликвидирани 140.000 луѓе.Се поставува прашање за одведените 820 лица на Голи Оток , каде што „живите им завидуваа на мртвите”, за мистериозните убиства на скопското Кале (1945),кога група на македонски партизини ја истакнаа паролата-НЕ НА СРЕМ,НА СОЛУН, за масовните убиства во Куманово (1945 - при што недотепаните живи закопани ги молеле своите џелати да ги дотепаат) и во Ресен (1945), за 53 стрелани без судење во Велес (1945), за бројните поединечни убиства, стрелања без судење, затворања, интернирања (Илија Чулев, Брашнаров, Шатев, Ченто, Пирузе, Фотев, Мире Анастасов, В. Марковски). Порачаните убиства на Лена Стојчевска (нејзиниот убиец В. Бурзевски пред неколку години во присуство на повеќемина историчари изјави: „Да ми наредеше Партијата, и мајка ми ќе ја убиев”) и на Панде Чесноска (во присуство на народниот херој З. Билјановски и М. Мицајков)? Случајот со петте струмички студенти кои една августовска вечер во 1951 година беа насилно собрани од струмичкото корзо, оттргнати од прегратките на своите девојки, одведени кон границата и свирепо убиени (по наредба на месниот комунистички функционер М. Минанева).Сите овие македиксно патриоти ги вкусија суровите и немилосрдни методи на малтреиирања од комунитстичките власти,само затоа што се бореа за Независна Македониа и за самобитноста на македонскиот народ под закрила на В.М.Р.О. Е, барем за овие случаи Сојузот на борците требаше да има храброст и доблест да се извини и да се огради од незаконските репресии и тоталитаризмот во своите редови, од сите оние што го компромитираа и го вулгаризираа социјалистичко-комунистичкиот систем.

Тоталитаризмот на македонскиот комунизам се прикриваше под маската на „југословенскиот (српски) врховизам“, односно слепо и крваво зачувување на Македонија во рамките на Југославија преку елиминирање на целокупната политичка опозиција во Македонија, која по Втората светска војна се појави и дејствуваше за самостојна Македонија, за Македонија без тутор,за исконската В.М.Р.О,а ваквиот т.н. црвен терор, за разлика од другите источноевропски држави, па и поранешни југословенски републики, е мошне карактеристичен, бидејќи станува збор за лица кои се бореле за самостојна, независна, обединета и демократска македонска држава, што во 1991 година стана и реалност.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
03-06-2010, 09:22 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#43

И НЕКОЈ ГНАСИ МАКЕДОНЦИТЕ ГИ НАРЕКУВА СРБОМАНИ.

МАКЕДОНЕЦ ДО СМРТ!!!!!!!!!!!!
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
03-06-2010, 09:24 PM
Reply
Пат Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,630
Joined: Apr 2010
Reputation: 39
#44

Афион, убиените биле убиени не под обвинение дека се србомани, туку дека се бугараши. А меѓу нив бил и Крсто Лазаров.
03-06-2010, 09:58 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#45

Пат некој денес многу милува да не нарекува србомани,иако од србите само крв сме плукале..............А за монтираните случаи па треба да си ретардиран да не ја видиш позадината на нештото.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
04-06-2010, 07:40 AM
Reply
Пат Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,630
Joined: Apr 2010
Reputation: 39
#46

Крсто Лазаров
Од Википедија


Крсто Лазаров Иванов е роден во 1881 год. во с. Коњух, Кумановско. Во редовите на ВМРО пристапил во 1900 година. Од 1901 г. до 1903 г. е четник во четата на капетан Јордан Стојанов. Во Илинденското востание како четник учествува во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. По востанието е четник во четите на Михаил Чаков и Коста Нунков во Кумановско. Во 1905 година го убил водачот на српската пропаганда во Куманово. Учествува во Балканските и Првата светска војна, во подршка на Бугарската армиja. Од 1919 до 1931 год. е кумановски околиски војвода и водел борба против српската власт. После 1941 година се прибрал во родната околија со Бугарската армиja и бил на голема почит. Кон крајот на 1944 година, како соработник на бугарскиот фашистички окупатор, заедно со уште 50-тина души, се убиени без суд и закопани без трага во Кумановско от комунистите.



За некои Лазаров е се уште сметан како предавник и соработник на бугарскиот фашистички окупатор. А како што гледаме, тој бил Илинденец. Треба ли да ти редам и други случаи на Илинденци и нивни роднини кои завршиле како што завршиле од србокомунистичката власт? Мислам дека не треба, ги знаеш.
04-06-2010, 09:09 AM
Reply