Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИНПИЧМЕНТ НА ЛУДИОТ Ѓ0РЃЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Формирана комисија за инпичментот на Иванов
Претседател ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, а оваа пратеничка група ќе има уште пет члена, по два ДУИ и СДСМ и ДПА еден.

Плусинфо ● 20:56 27 мај 2016 


[Image: zoran-iliovski.jpg]

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата доцна попладне го изгласа составот на Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.
Составот беше изгласан со седум гласа „за“ и тројца „против“. Комисијата ќе брои 11 члена. Претседател на комисијата ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, а оваа пратеничка група ќе има уште пет члена, по два ДУИ и СДСМ и ДПА еден член.

Одлуката за формирање на оваа комисија во понеделник ќе се најде на дневен ред на собраниска седница. Со изгласување на одлуката од страна на Парламентот Комисијата за седум дена треба да изготви извештај за основаноста на предлогот на опозицијата и да го достави до претседателот на Собранието Трајко Вељановски. Потоа тој треба да закаже нова седница на која што ќе се дебатира за извештајот и за утврдување одговорност на претседателот. За да биде изгласана предлог одлуката на опозицијата потребно е двотретинско мнозинство. 



Многу јака оваа демократија во Македонија    Smajlito Smajlito Smajlito
27-05-2016, 08:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ПОСЛЕ ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА АБОЛИЦИЈАТА СЛЕДУВА ИЗГЛАСУВАЊЕ НА ИНПИЧМЕНТОТ ЗА ИВАНОВ


[Image: 6e100b693083fe7b237779ffd809d8b7_L.jpg]
 
Јордан Петровски
27.05.2016
Имам едно размислување па ке го споделам јавно. Имено мислам дека Груевски, поточно неговите аргати во собранието ке гласаат за ИНПИЧМЕНТ на Ѓорѓе Иванов. Каде ја гледам јас причината за таков расплет. Според Уставот Изборот на претседателот, доколку од различни причини предвремено дојде до престанок на мандатот на претседателот, тогаш изборот на нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.
Значи Груевски може да стори две работи:
 
Quote:-Ке добие шанса за избори кои неможе да се одлагаат!!
 


Значи шанса да направи избори со непрочистени списоци, со медиуми какви се, со ДПМНЕ МВР .... Да потсетам Уставот не дозволува поместување на рокови за избор на председател во вакви случаеви.
Можеби ке се обиде да спроведе и парламентарни избори заедно со председателските
 
Quote:-Шанса тој да се кандидира за председател!!
 


Шанса која каков е тој кога е во прашање спасот на неговата кожа мислам нема да ја пропушти. Бидејки ваква шанса за сигурна негова победа нема да му се укаже никогаш.
 
пс. уверен сум дека Иванов ке ја поништи амнестијата и на останатите. Не го стори тоа денеска за да амнестијата и понатака остане тема. Да остане главмна преокупација, притискок на опозицијата и меѓународната заедница врз "непоколебливиот" Ѓорѓе!!
27-05-2016, 10:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Предлогот за импичмент на Иванов неоснован, заклучи собраниската Комисија



 
6.06.16   15:12  
Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија денеска со шест гласа „за“ и четири „против“ оцени дека предлогот за импичмент на Иванов поднесен од пратениците од опозицијата, не е основан.

[Image: 133200028-1-670x308.jpg]

За таквиот заклучок гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а против беа членовите од СДСМ и ДУИ.
Без разлика на донесената одлука на Комисијата, иницијативата за импичмент треба да биде разгледана на собраниска седница што ќе се одржи во понеделник, на 13 јуни.
Во текот на денешната расправа Рената Тренска Дескоска од СДСМ забележа дека заклучоците во извештајот се донесени во нецелосна процедура која, како што рече, е водена на начин да не се утврдат фактите. Побара во заклучокот да биде ставен ставот дека иницијативата за одговорност е основана и дека претседателот Иванов го прекршил Законот за помилување и Уставот, како и Собранието да продолжи со постапката за утврдување на одговорност.
– Владејачкото мнозинство на неделовнички начин си обезбеди мнозинство во Комисијата поради што не очекувавме дека ќе имаме темелно водена постапка како што е пракса во демократските земји кога станува збор за постапка за импичмент. Постапката кај нас беше без темелно изведување на докази и без утврдување на факти и затоа не ни очекувам дека мнозинството ќе се осмели  врз основа на нашите изнесени факти и врз Уставот да донесе оценка онаква каква што треба, рече Тренеска Дескоска.
Таа посочи дека претседателот Иванов не доставил писмено изјаснување за наодите од предлогот за покренување постапка за утврдување на негова одговорност. Додаде дека тој како и секој граѓанин може да го користи правото да не даде исказ, но потенцира дека за разлика од кривичната постапка во која молчењето не се користи против лицето, во постaпката за импичмент важи спротивното правило, односно дека треба да биде транспарентен и да ги даде потребните одговори и појаснување.
– Секој претседател кој има аргументи на своја страна би дошол и би ги кажал своите аргументи. Очигледно молчењето на Ѓорге Иванов значи одобрување на нашата иницијатива и немање на аргументи, рече Тренеска Дескоска.
Според Талат Џафери од ДУИ, Иванов ја донел одлуката за помилување во сомнителна постапка која се коси со законските одредби.
– Одлуката за помилување е базирана на акт на Уставниот суд со која се создаде законскиот услов за нејзино спроведување. Не држи и фактот дека актот на помилување е направен за интерес на земјава зашто наместо да придонесе на намалување на политичката криза ја продлабочи. Не држи ни дека е поврзана со мигрантската криза на јужната и северната граница, бидејќи  во времето кога ја донесе одлуката, состојбата на јужната граница беше порелаксирана по договорот Турција-ЕУ и повлекувањето на мигрантите од границата со Македонија, рече Џафери, додавајќи дека одлуката за помилување придонела за продлабочувањето на кризата во земјава поради што, како што рече, треба да се дебатира за неговата одговорност.
Опозицијата ја иницираше постапката за импичмент на 13 април, ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица. На 27 мај тој ја повлече аболицијата за, како што наведе, 22 политички експонирани лица. Иванов ги упати преостанатите 34 лица кои не сакаат да бидат помилувани, да си поднесат барање за поништување на одлуките кои се однесуваат на нив.
Евентуалната одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на Иванов треба да ја донесат најмалку 82 пратеници во Собранието на Македонија.
За Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ, извештајот е сублимат на се што се дискутирало во изминатите денови за постапката за импичмент и додаде дека поднесокот од опозицијата бил доставен на две и пол страници.
– Врз основа на сите дискусии што ги имавме како пратеници во Комисијата е направен овој извештај како сублимат и на крајот треба да биде ставен заклучокот. Не знам колку страни треба да биде извештајот, но како што видов внатре е опфатено се она што го дискутиравме изминатите денови, рече Мукоски, нагласувајќи дека извештајот е преголем за поднесокот кој е со таква големина и неаргументираност и од законска и од уставна рамка.
Нагласи дека барањето на СДСМ за импичмент е целосно неиздржано и не се темели на правни аргументи, туку е уште еден неуспешен обид да се удри по највисоката институција Претседател на Република Македонија со цел да се зголеми хаосот и безредието во земјава.
– На крајот граѓаните може да ценат по дебатата кој бил во право, а кој не, и дали претсеателот Иванов ги злоупотребил своите овластувања, односно дали донел или не противзаконска и противуставна одлука. Ние сме длабоко убедени оти одлуката на Иванов се водела пред се од државнички интереси, иако како партија не се согласуваме со таквата одлука, бидејќи нашата крајна цел и надеж е дека вистината мора да излеазе на видело, потенцира Мукоски.
06-06-2016, 04:02 PM
Reply