Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ѓ0РЃЕ КАКО И ГРУЈО, Ч0ВЕК ОД ЗБОР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1






[Image: 2i7sghe.jpg]
27-05-2016, 08:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Неофицијално: за кои политичари Иванов ја повлече аболицијата, име по име


Од списокот од 56 вкупно аболицирани од претседателот Ѓорѓе Иванов, кога ќе се извадат бизнисмените и државните службеници, остануваат следниве 22 лица, за кои Иванов денеска ја повлече аболицијата:


[Image: mkd-264137.jpeg?itok=kGuFs9a_]

Ирена Мишева, претседателка на Советот на град Скопје
Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски
Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи
Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство
Мартин Протуѓер, шеф на кабинет на бившиот премиер Никола Груевски
Мендух Тачи, претседател на ДПА
Бедредим Ибраими, член на ДИК од ДПА
Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата
Никола Груевски, бивш премиер, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Трајко Вељановски, претседател на Собранието
Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје
Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на општина Центар
Едмунд Темелко, градоначалник на Пустец, Р Албанија
Владимир Талевски, градоначалник на Битола
Бранко Палифров, вработен во општина Струмица
Бранко Црвенковски, поранешен претседател на СДСМ, претседател и премиер на Р Македонија
Исмет Гури, поранешен член на општинската изборна комисија на Чаир
Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК
Љупчо Тодоровски Радникот, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност
Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК

МКД.мк
27-05-2016, 08:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Демократски сојуз: Не поддржуваме селективна правда

Денешната одлука за делумно повлекување на аболицијата е неуспешен обид да го амортизира незадоволството и револтот на граѓаните, сметаат од ДС.

Плусинфо ● 19:14 27 мај 2016 


[Image: 10860.jpg]

Демократскиот сојуз смета дека oдлуката за аболиција на 56 лица, носители на високи државни и политички функции, како и нивните соработници е спротивна на Уставот и Законот за помилување и го суспендира основното начело законите да важат подеднакво за сите.
„Оваа одлука е ништовна покрај другото и поради тоа што се повикува на член 11 од Законот за помилување кој нe постои. Оттука денешната одлука за делумно повлекување на аболицијата (само за 22 лица) на Ѓорге Иванов е неуспешен обид да го амортизира незадоволството и револтот кај граѓаните. Апсурдно е и натаму да опстојува одлука за аболиција со која Ѓорге Иванов ја "запали Македонија" и го урниса правниот поредок“, порачуваат од ДС.
Демократскиот сојуз бара целосно повлекување на одлуката за аболиција и продолжување на постапката за импичмент на Ѓорге Иванов, бидејќи како што нагласуваат мора да има одговорност за против уставното распуштање на Парламентот и одлуката за аболиција, како гаранција дека по некој ден нема да има нов скандал и ново газење на Уставот и законите.
 
27-05-2016, 08:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ФРОДЕМ: Иванов повторно го погази Уставот

Делумното повлекување на таканаречената аболиција уште еднаш го покажа грдото лице на залутаните и некредибилни личности во политиката, реагира ФРОДЕМ

Плусинфо ● 19:24 27 мај 2016 


[Image: Logo-FRODEM%281%29.png]
Делумното повлекување на таканаречената аболиција од страна на Ѓорге Иванов уште еднаш го покажа грдото лице на залутаните и некредибилни личности во политиката, реагира ФРОДЕМ.
„Со самиот чин на бесрамно аболицирање на осомничени за криминални дејствија како и со уште побесрамниот чин на делумно повлекување Иванов пред целата светска јавност го покажа својот однос кон реализација на институтот владеењето на правото и спроведувањето на правдата. Како ,,татко на нацијата” поради својот сервилен и поданички однос по кој знае кој пат ги погази темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија како и членот 9 од Уставот на РМ. Со ова и докажа на македонската и целокупната меѓународна јавност дека гражаните се еднакви и помалку еднакви пред Узтавот и законите како и тоа дека на ваквите личности нивното име и презиме ќе биде обележано со големи и црно букви во поновата македонска историја“,се вели во соопштението.
После овој негов потег, сметаат ФРОДЕМ дефинитвно треба да следи негова оставка од функцијата претседател на Република Македонија да би можела нашата држава барем малку да го сочува својот образ пред домашната и меѓународната јавност.
„Го повикуваме СЈО под итно да ја испита неговата улога на последните претседателскии и парламентарни избори и доколку има сериозни докази да поведе соодветна постапка за негово учество во фалсификување на неговиот избор и учество во злосторничко здружување“, порачуваат од ФРОДЕМ.
 
27-05-2016, 08:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:САД: СЕЛЕКТИВНАТА АБОЛИЦИЈА ЈА ОДАЛЕЧУВА МАКЕДОНИЈА ОД НАТО И ЕУ


27 мај , 2016

[Image: Jess-Baily-1.jpg?resize=696%2C489]
Амбасадорот на САД Џес Бејли



САД сметаат дека селективната аболиција што попладнево ја промовираше претседателот Ѓорге Иванов ќе ја спречи Македонија да напредува кон НАТО и ЕУ.
Во соопштението што вечерва го издаде амбасадата на САД во Скопје се вели:
„Како што истакнавме минатата недела, делумно или селективно повлекување на помилувањата ќе допринесе за зголеменото чувство на неказнивост во оваа земја и ќе ја спречи Македонија да напредува кон најважните цели, меѓу кои и напредокот кон НАТО и ЕУ. Македонија мора опсежно да се занимава со ова прашање“, стои во соопштението на американската амбасада.
27-05-2016, 11:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Коцијанчич: Претседателот мора да ги укине сите помилувања, без одлагање


 Европската Унија останува на ставот дека аболицијата треба да се повлече за сите, а не да биде селективна, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за МКД.мк по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за укинување на аболицијата за дел од помилуваните.

[Image: mkd-198742.jpg?itok=QDxmbE7g]

„Ние постојано ја следиме ситуацијата во земјата и постојано го повторувавме ставот на ЕУ што треба да се направи и тој е многу јасен. Сите помилувања од претседателот мора да се отповикаат без никакво одлагање за да се зачува принципот на одговорност, да се обезбеди еднаков третман на сите пред законот, да се отстрани сериозната загриженост за незаконитоста и да се избегне селективна правда“, ни изјави Коцијанчич.
Истиот став го изнесе и евроамбасадорот Аиво Орав,кој преку Твитер порача дека сите помилувања треба да се повлечат и дека не може да има селективна правда и неказнивост.
Претседателот Иванов денеска во јавно обраќање објави дека ги поништува помилувањата за 22 од вкупно 56 лица кои беа опфатени со аболицијата од 12 април. Сите 22 се политичари, а останатите, според Иванов, можат да поднесат барања за повлекување на аболицијата. 
27-05-2016, 11:57 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#7

Еве на пример Хилари Клинтон и Барак Обама се луѓе од збор. Или новиот херој на Јордан, Павле Трајанов. Или на пример Ван Хут, во кој Јордан се крсти.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
28-05-2016, 01:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Иванов ги поништи сите аболиции!



Писмена изјава на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов:

[Image: ivanov1-670x320.png]

Jun 06, 2016
Почитувани граѓани на Република Македонија,


Изминаа десет дена откако донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за вкупно дваесет и двајца политички експонирани лица.
Оттогаш, сите други лица, согласно законските измени, имаа можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Меѓутоа и покрај декларативните најави на дел од нив во јавноста дека ќе го сторат тоа, досега ниту еден од помилуваните не поднесе барање за поништување на одлуките за нивно помилување.
Во овие десет дена бевме сведоци на различни толкувања на оваа одлука на поларизираната политичка сцена и обиди да се освојат ситни дневно – политички поени преку оваа одлука за која како и тогаш, така и сега сум уверен дека ќе придонесе за национално помирување и ќе понуди излез од политичката криза во Република Македонија. Поради ова, денеска донесов одлука да ги поништам и преостанатите одлуки за помилување кои ги донесов на 12 април.
На крајот, уште еднаш ќе потсетам дека за разлика од 12 април, денеска имаме нова реалност во Македонија. Во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците.
(This post was last modified: 06-06-2016, 08:05 PM by ЈорданПетровски.)
06-06-2016, 04:53 PM
Reply