Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАВНО ПОБАРАНА ОСТАВКА ОД ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Оставка!

[Image: Slika-od-m-r-Gligor-Stoimenov..jpg]

16.06.2016

Како член на партијата имам полно право да барам од вас Груевски, да се повлечете од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Воопшто не е точно дека редовите се збиваат. Тоа го креирате поради создавање на лажна перцепција дека се е во ред, но добро знаете дека ништо не е во ред.
Постои огромен ризик воопшто да нема одржување на предвремени избори во догледно време, туку голема опасност од конфликти и судир меѓу граѓаните. Дали сте свесен за ова дека оваа работа води кон конфликт и немири меѓу граѓаните. Дали вреди тоа претседателе, длабоко размислете. Затоа бидете голем човек и кога е тешко. Престанете да ја газите иднината на оваа држава. Во вакви ситуации не постои личен интерес. Само оставка.
Вие претседателе Груевски дали разбирате дека во демократија и правна држава може многу проекти да направите, но тоа не може да Ви биде алиби и оправдување за незаконско работење. Секој кој незаконски ќе присвои еден денар од Македонските граѓани мора да одговара пред законот. Не може ниту проектите ниту изборите да ја супституираат правната држава, тоа е така во секоја нормална демократија кон која се стремиме, или не. Не може народот да одлучува на избори дали некој сторил кривично дело или не, дали го разбирате тоа. Тоа е многу опасна теза.
Тоа е во основа и доктринарно стојалиште на фашизмот. Секој кој мисли дека во 21 век во земја кандидат за членство во ЕУ народот одлучува за тоа дали некој се огрешил од законот, тој мора да е сериозно опасен човек по безбедноста на својата држава. Мислам дека добро го разбирате тоа и треба да се престане со манипулација на членството на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните. Изборите нема ништо да променат околу тоа дали некој се огрешил од законот и дали треба да понесе одговорност. Тоа треба да се соопшти на граѓаните, инаку секакви други манипулации не водат кон разрешување на оваа криза, особено не изборите. Доколку ова не се расчисти правно, секои наредни избори ќе бидат само вовед во уште поголема криза. Во спротивно доколку изборите би решавале за тоа кој го прекршил законот треба да се вратиме во периодот на дивиот запад и да го востановиме принципот на посилниот, но искрено се надевам претседателе свесен сте дека живееме во 21 век и се бориме за правна држава и демократија.
Имајте доблест и повлечете се од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. После се што видовме и слушнавме од Вас, Вие немате повеќе никаков легитимитет и кредибилитет да ја извршувате оваа одговорна функција. Погледнете ја денес Република Македонија на што наликува со оваа политичка криза. Денес Ви ги обвинуваат најблиските соработници кои спроведуваа една политика по ваша замисла и желба а вие ниту да кажете ни збор за тоа, молчите. Да точно е, се уште големо мнозинство во партијата ви ја дава поддршката, но исто така точно е дека и огромен број од членството полека станува свесно за ситуацијата во која ќе ја доведете партијата. Голем број од тие луѓе и не сакаат јавно да го кажат тоа но секој ден се се повеќе и разочараноста е се поголема и повидлива. Воопшто не е точно дека редовите се збиваат. Тоа го креирате поради создавање на лажна перцепција дека се е во ред, но добро знаете дека ништо не е во ред.
Дозволете им на надлежните органи и на Специјалното Обвинителство да ги истражат до крај наводите за криминални дејанија. Дозволете му на претседателот Иванов да ја повлече одлуката за амнестија која сама по себе е ништовна како и нејзините правни последици. Во спротивно правите огромен ризик да ја вовлечете целокупната партија да вегетира и да се раслојува внатрешно на еден терен и во една ситуација на потенцијален конфликт, кој би се водел за личен интерес и за Ваш спас.
И на крајот би се обратил до членовите на ВМРО-ДПМНЕ, до моите пријатели и другари и би ги повикал да се разбудат и да се обидат да делуваат во насока на спас на партијата и спас на државата. Сите ние можеме и мораме за миг да заборавиме на нашите ситни привилегии и придобивки кога е во прашање нашата иднина и иднината на нашите деца, и пред се за тоа во каква држава ќе живееме. Тоа во овој момент е најзначајната работа што може да ја направите.

М-р Глигор Стоименов



Колку члена од партијата ке го подржат барањето на М-р Глигор Стоименов??

Неговиот чекор е за поздравување.
16-05-2016, 05:15 PM
Reply