Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ВРАТИ ВРЕМЕТО НА ТИТОВИОТ КОМУНИЗАМ - ИЗБОРИ БЕЗ ИЗБОР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Се укинува политичкиот плурализам во Македонија!


ДИК денеска ќе расправа дали има основа да продолжи со работа, ако на изборите на 5-ти јуни учествува само една коалиција.

[Image: 0,,18926236_303,00.jpg]


Од денеска, 16 мај, официјално започнува изборната кампања за „натпреварот“ во кој ќе учествува само коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Додека останатите партии и натаму бараат да се свика собраниска седница на која ќе се поништи одлуката за избори на 5-ти јуни, претседателот на „распуштеното“ Собрание, Трајко Вељаноски, е во официјална посета на Ватикан од каде се враќа доцна вечерва. На неговото работно биро веќе три дена стои писмото со кое ДИК го известува дека Изборниот законик е прекршен во делот кој се однесува на опфатот на изборните единици (шестата изборна единица има повеќе, а втората и третата имаат помалку гласачи од дозволеното законско отстапување) и дека не се пријавени доволен број гласачи за да се одржи гласање во дијаспората. Изјавата на Груевски дека избори на 5-ти јуни ќе има, и патувањето на Вељаноски во најкритичните денови кога треба се бара излез од кризата, покажуваат дека заклучоците/писмото на ДИК се третира како известувачко, а не како обврзувачко.


Избори без избор


Можни ли се избори без избор? Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека не станува збор за една партија, туку за коалиција од 20 партии и дека тоа е доказ за партиски плурализам. Во експертски кругови велат дека ваквиот одговор би имал некаква тежина, само доколку на изборите се настапуваше со отворени листи, каде се гласа за поединци, а не за партија/коалиција. Но, во овој случај тоа не е така.
„Во компаративната европска практика на изборни циклуси во демократски системи не ми е позната ситуација кога учествувала само една политичка партија или коалиција“, вели Марко Трошановски, од Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“:
„Уставно право е да се учествува или не на избори, но кога причината за неучество е споделениот став од мнозинството партии за непостоење на услови за фер и демократска изборна трка, одлуката такви избори да не се одржат е политичка и морална, а не правна. Процесот на легитимирање е суштински проблематичен, а не учеството на само една партија/коалиција. Дополнително, да имавме отворени листи, каде се гласа за поединци, а не за партија, аргументот дека избор постои (помеѓу коалициските членови) ќе беше поиздржан. Вака изборот е фиксиран на утврдената листа, и фактички нема избор. Не постои. Вие не бирате дали првиот или третиот пратеник ќе биде избран, туку гласате за листата цо целина, како еден единствен избор“, објаснува Трошановски.


[Image: 0,,17627191_303,00.jpg]
Вељаноски е во посета на Ватикан - на неговата маса во Собранието веќе три дена стои писмото на ДИК

Во јавноста владее огромно незадоволство од индолентниот однос на претседателот на Собранието, помилуван од претседателот, чие име исто така се наоѓа на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ, на втората позиција во изборна единица број 2.
„Ако е неуставно пратениците да заседаваат, уставно ли е Вељаноски како претседател на Собранието да предводи официјална државна делегација на аудиенција кај папата во Ватикан?“, е прашањето на кое од ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да дадат одговор. Пред неговото заминување за Рим, од кабинетот на Вељаноски уште еднаш го повторија ставот дека нема уставна можност повторно да се свика Собранието.


Огромни последици


Неизвесно е дали ставот ќе се смени по враќањето на Вељаноски, а врз основа на аргументите од ДИК, но и по предупредувањата од меѓународната јавност дека едностраните избори на 5-ти јуни нема да бидат признати. Доколку Вељаноски од утре не го свика Собранието, според експертите, последиците за уставно-правниот поредок ќе бидат огромни.
„Одржување на избори на кои ќе учествува само една коалиција која е предводена од една доминантна партија, би претставувало целосна суспензија на уставно-правниот поредок на државата“, оценува Воислав Стојановски од Хелсиншкиот Комитет на Македонија:
„Таквите избори би значеле поделба, отуѓување и пренесување на суверенитетот на граѓаните по што тој целосно ќе припадне на една политичка коалиција (спротивно на чл. 1 и 2 од Уставот). Ова би значело свесно укинување на една од темелните вредности на уставниот поредок - политичкиот плурализам (чл. 8 од Уставот). Таквите избори не би го исполниле ниту условот на општост и тајност (спротивно на чл. 22 и 62 од Уставот), имајќи предвид дека во нив нема да учествува огромното мнозинство на гласачи, а на оние што ќе се одлучат да гласаат нема да им биде заштитена тајноста на нивниот глас“, укажува Стојановски.
Тој потсетува дека на глобално ниво, одржување на избори со само една политичка партија или коалиција е забележано во минатото и во мал број комунистички држави од денешнината. Примери од минатото се државите што станале независни преку процесот на деколонизација (каде на власт дошла партијата што го предводела ослободувањето), партии кои со сила наметнале националистичка или фашистичка идеологија (Германија и Италија за време на нацизмот) или социјалистичките држави (особено оние од поранешниот Источен блок). Примерите од денешнината се сведени на мал број комунистички држави, каде една доминантна политичка партија создава коалиција како привид за политички плурализам преку здружување со мали партии (комунистичките партии на Кина, Северна Кореја, Лаос и Виетнам со нивните „фронтови“).
„Иако примерот од Македонија е уникатен и се разликува од сите наведени примери, одржувањето на избори во услови на постоење на само една коалиција би било дефиниција за авторитарна, односно тоталитарна држава. Тоа би значело дека Македонија повеќе не би се сметала за држава која има институции за зачувување на демократското управување и човековите права со што не би ги исполнила Копенхашките критериуми, односно свесно би се откажала од исполнување на условите за сопствената евроинтеграција“, дециден е Стојановски.


[Image: 0,,19070350_303,00.jpg]
Од денеска официјално започнува изборната кампања за „натпреварот“ во кој ќе учествува само коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ


Дилема во ДИК


Во Државната изборна комисија, каде прецизно се раководат од изборните рокови, вчера беше отворена дилемата - има ли потреба и уставна основа ДИК да продолжи со работа, ако на изборите на 5-ти јуни учествува само една партија. На оваа тема отворена од членовите од ДУИ и СДСМ, реплицираа членовите од ВМРО-ДПМНЕ, кои сметаат дека нема потреба од таква дебата. За дилемата денеска ќе се дискутира на работен состанок.
А по одлуката на ДИК да ја отфрли кандидатската листа на Народното движење за Македонија (НДМ) поради констатирани неправилности, реагираше неговиот лидер Јанко Бачев, кој за денеска најави прес-конференција на која ќе ги објави документи.
„Народно движење за Македонија ќе сподели со јавноста документи за скандалозната одлука на ДИК да ги отфрли кандидатските листи на НДМ спротивно од Изборниот законик, односно, не од правни причини, туку од сосема други причини“, најави НДМ.
Социјалдемократската партија на Македонија предводена од Бранко Јаневски сама се откажа од изборната трка.

DW
16-05-2016, 12:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Вељаноски и од Рим повтори: Немам уставни можности да го свикам Собранието

 
16.05.16   15:26
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска повтори дека нема уставни можности да свика седница на распуштено Собрание.

[Image: veljanoski-670x308.jpg]

– Ја следам ситуацијата во Македонија овие два дена. Запознат сум со случувањата и сите тие барања пред Собранието и за самото Собрание и би сакал да го повторам оној општ став познат што го имав досега искажано дека јас немам уставни можности да свикам седница на распуштено Собрание. Тоа е основото правило на еден уставен и правен поредок на која било држава вклучувајќи и ја и Република Македонија, изјави Вељаноски, запрашан за актуелната политичка состојба денеска во Рим каде што ја предводи македонската делегација по повод чествувањето на свети Кирил.
16-05-2016, 05:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Шкариќ: Не очекувам Вељаноски да го свика Собранието, целата ујдурма е за да има избори


И покрај барањата од политичките партии, како и од меѓународната заедница да се најде начин да се свика Собранието и да се одложат изборите закажани за 5 јуни, професорот Светомир Шкариќ не верува дека спикерот Трајко Вељаноски ќе донесе таква одлука. 

[Image: mkd-212946.jpg?itok=mpfcD4sF]

„Не мислам дека Вељаноски ќе го свика Собранието, бидејќи целата ујдурма што се прави, се прави за да се одржат изборите на 5 јуни, ВМРО-ДПМНЕ да истрча на терен и да провери каква поддршка ќе има кај граѓаните. Тоа им е целиот проект“, вели Шкариќ за МКД.мк
Според него, да се малку паметни во ВМРО-ДПМНЕ, ќе престанат со ова што го прават за одржување на изборите и ќе кажат „во ред, така беше договорено, но бидејќи е само една партија во трката, нема плурализам“. Но, како што стојат сега работите, тоа нема да се случи и владејачката партија ќе си го тера она што го зацртала. Тоа, како што додава Шкариќ, ќе значи само продлабочување на кризата.

[Image: mkd-262099.jpg?itok=tlxQ9mbJ]

Со неучеството на дијаспората на изборите, се поставува прашањето колку пратеници ќе се избираат, 120 или 123, но професорот смета дека тоа не е проблем, бидејќи бројката на пратеници во Собранието, според Уставот флуктуира од 120 до 140, па во случајот, без пратеници од дијаспората, би се избирале 120.
„Тоа не е проблем. Проблем е учеството само на една коалиција, бидејќи Уставот гарантира слободни избори, а зборот слободни значи можност избирачот да избира меѓу различни програми. Избори само со една партија не се веќе слободни избори, бидејќи гласачите нема што да избираат“, вели Шкариќ.
Со оглед дека Уставот гарантира политички плурализам, а во изборниот процес сега нема плурализам, туку една партија, тој додава дека ДИК, ако води сметка за тоа, би констатирала дека нема услови за демократски и кредибилни избори.
Во врска со тврдењето на Силвана Бонева, претставничка на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК, дека избори може да се одржат и со една партија, а во случајов се работи за коалиција од 21 партија, Шкариќ вели дека тоа не „држи“, бидејќи се работи за предизборна, а не постизборна коалиција.
„Штом е предизборна, значи граѓанинот ја бира коалицијата како да е една партија. А да се прави коалиција по изборите во зависност од тоа колку гласови освоиле тие партии, тоа е веќе плурализам. Предизборната коалиција не е плурализам. Штом нема  плурализам, нема плуралистичка демократија и јасно е дека изборите не можат да бидат демократски“, објаснува Шкариќ.
Кога се зборува за тоа колку ќе ја чинат изборите државата, тој вели дека ова е неодговорно однесување на власта, за која трошоците за изборите немаат никаква релевантност.
„Она што сакаат да го постигнат се избори, па после нови избори. Тоа е всушност проект за да може Груевски повторно да биде премиер и повторно како премиер да влијае на сите настани што се случуваат во земјата. Да се врати претходната состојба“, објаснува Шкариќ.

[Image: mkd-253220.jpg?itok=2Jv4MXTN]

Но, изборите ја губат смислата бидејќи нема избор. Тоа, според него, покажува како владејачката партија гледа на демократијата и колку нејзините претставници се неодговорни.
„Сами си извршуваат пресуда. Не дека не знаат дека не е во ред, туку веројатно немаат друг излез. Очекуваат народот да ги поддржи, можеби тоа ќе биде една четвртина од избирачкото тело и ќе манипулираат со таа бројка, велејќи еве народот е на наша страна, па пржинскиот договор и СЈО паѓаат во вода.“, коментира Шкариќ.
Неговите очекувања се доколку навистина има избори, ВМРО-ДПМНЕ да формира Влада и да каже „ние добивме нов легитимитет, е сега може да преговараме“. Но, со кого ќе преговараатж, особено што партиите на Албанците не се во Парламентот. И, како што вели Шкариќ, во кое име ќе преговара Никола Груевски.
                                                                                    Ж.П.Б.
16-05-2016, 05:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Брисел: Нема ни минимум услови за избори на 5 јуни



Условите за одржување избори на 5 јуни не се исполнети, а владата која ќе произлезе од нив нема да биде прифатена од меѓународната заедница, порачува Брисел. Закани за „сериозни последици“.


[Image: 0,,16301325_303,00.jpg]


Европската комисија најави дека нема да ги признае ниту изборите на 5 јуни, ниту пак евентуалната влада која ќе произлезе од нив. Во изјава за Дојче Веле, портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич упати остра порака до политичките лидери во Македонија, пренесувајќи ја заканата дека последните потези „ќе имаат сериозни последици“.


[Image: 0,,16443834_404,00.jpg]
Маја Коцијанчич

Европската Комисија жали што континуираната политичка криза натамошно ја оддалечува земјата од евро-атлантските аспирации и нотира дека неколку партии не поднесоа кандидатски листи до Државната изборна комисија во рокот за тоа.
„Сметаме дека не се исполнети ниту минимум услови за овозможување веродостојни избори на 5 јуни 2016, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница.“
Комисијата во повеќе наврати ја посочи потребата за прочистување на гласачките листи, обезбедување на балансирани медиумско известување и истражување на заканите врз гласачите. Во актуелните услови, било која влада која ќе резултира од избори во кои трите најголеми партии не учествуваат нема да биде кредибилен партнер за меѓународната заедница.
Оттука, Коцијанчич за ДВ вели дека Комисијата ги повикува сите политички лидери и релевантни власти да преземат одлучни чекори за да се справат со ситуацијата, почитувајќи го Договорот од Пржино.
„Исто така, итно е потребно лидерите да се зафатат со решавање на проблемите со владеењето на правото без натамошно одложување. Ова особено се однесува на повлекување на претседателската амнестија.

  • [Image: 0,,19248877_302,00.jpg]

    Шарена револуција продолжува по улиците
    Трошите за чоколади, а ние немаме за леб!
    „Трошите за чоколади, а ние немаме за леб“, гласеше последниот транспарент кој се појави на протестите во Скопје, како парафраза на „славната“ изјава на министерот за финансии Зоран Ставрески. Демонстрантите потсетија дека земјата се задолжува по 15 евра секоја секунда
 
Правдата мора да надвладее и тоа мора да биде видливо. Тоа е единствениот начин да се врати довербата на граѓаните во државните институции, да се стави крај на актуелните тензии и да се зачува владеењето на правото во земјата“, соопшти Европската Комисија.
„Политичките лидери не можат да се преправаат дека е сѐ во ред. Последните потези и идното непостапување ќе имаат сериозни последици“, се наведува во изјавата на портпаролката Маја Коцијанчич.
Од Брисел порачуваат дека тие остануваат посветени и расположени да им помогнат на сите партии, но дека токму партиите се одговорни за обезбедување на демократски напредок и враќање на земјата на евро-атлантскиот пат.

DW.COM
17-05-2016, 01:09 AM
Reply