Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЈО БИЛ ТОЈ КОЈ ПОДГОТВУВАЛ АЛБАНСКИОТ ДА СТАНЕ ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:АНАЛИЗА НА РАМКОВНИОТ


Питер Фејт бара албанскиот да стане официјален јазик во цела држава

13 Мај 2016 - 16:46
Анализата на Рамковниот договор од пред два дена и официјално е ставена на интернет страницата на владиниот Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор, откако пред еден месец ја објави Питер Фејт на страницата на Европскиот институт за мир кој беше партнерска организација што учествуваше во нејзината изработка за. Цената на изработката на анализата изнесуваше 200 илјади евра.

 
[Image: mkd-261649.jpg?itok=Aflwbnov]

Враќање на преамбулата на Уставот на формулацијата што беше првично предвидена со Рамковниот договор, односно да се нагласи граѓанскиот, а не етничкиот карактер на граѓаните во Македонија, да се донесе нов закон со кој албанскиот ќе стане официјален јазик на целата територија на Македонија, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот да стане министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, а буџетот, како централниот така и општинските да се носат со бадинтерово мнозинство, се дел од препораките содржани во Анализата.
Освен тоа, во анализата се предвидува задолжително основно познавање втор јазик кој што се зборува во Македонија особено за раководни позиции, но и за позициите кои вклучуваат чести контакти со граѓани. 

MKD.MK




Quote:Еве што содржи нацртот за новиот Рамковен на Владата и Питер Фејт



 
7.12.15   00:55  
Телевизијата Алсат-М информира дека од свои извори ја обезбедила нацрт-верзијата на препораките од анализата на Охридскиот договор. Враќање на преамбулата на Уставот во формата предвидена во оригиналната верзија на Рамковниот договор, каде што се нагласува граѓанскиот, а не етничкиот идентитет на граѓаните во Република Македонија, донесување закон со кој ќе се потврди уставниот амандман дека албанскиот јазик е официјален јазик во Македонија, како и усвојување на државниот и на општинските буџети со Бадентер. Овие предлог-препораки ги формулира владиниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор, со помош на Европскиот институт за мир, предводен од посредникот во конфликтот од 2001 година, Питер Фејт, и на ОБСЕ.

[Image: ramko.jpg]

Во препораките од анализата на Охридскиот договор, чија нацрт-верзија ја обезбеди Алсат, се вели дека има за цел постигнување поголема кохезија меѓу заедниците во Република Македонија. Препораките сугерираат „враќање на преамбулата на Уставот, во формата предвидена во оригиналната верзија на Рамковниот договор, каде што се нагласува граѓанскиот, а не етничкиот идентитет на граѓаните во Република Македонија“. Како што е наведено во препораката, преамбулата не треба да се ограничи на споменување на само 7 заедници.
Друга препорака е донесување нов закон за јазиците со кој ќе се дообјасни значењето на амандманот 5 на членот 7 од Уставот, со што албанскиот јазик ќе биде потврден за официјален јазик во Македонија. Препораката предвидува вклучување конкретни ставки во буџетот за спроведување на овој закон. Документот, во однос на јазиците, предлага и можност за учење на „јазиците во официјална употреба“ од децата во училиштата, вклучувајќи ги во овој процес и родителите, стимулирање на користењето на албанскиот јазик во правосудниот систем, како и вклучување на познавање на јазиците на заедниците што не се мнозинство како стандард за вработување и унапредување во администрацијата, особено за менаџерските позиции.
Друга препорака во анализата е одобрување на централниот државен и на буџетите на општините со двојно мнозинство, познато како Бадентерово мнозинство. Се предвидува и создавање ново министерство – „за политички систем и односи меѓу заедниците“, кое директно би го надгледувало спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот договор, пишува во нацрт-анализата за спроведување на Охридскиот договор.
Анализата, исто така, препорачува:
– Проширување на правната одговорност за соодветна и правична застапеност кон големите компании со државен интерес. Овој принцип треба да ја опфати целата јавна сфера и да биде услов за добивање лиценци и учество на владини тендери.
– Сериозно решавање на говорот на омраза и криминалот врз основа на омраза, со нивно вклучување во Кривичниот законик.
– Зголемување на децентрализацијата со конкретни буџетски мерки.
– Систематизирање на сите вработени од Секретаријатот во државните институции.
– Регулирање на статусот на лицата и семејствата на жртвите од конфликтот во 2001 година.
Анализата сугерира да се земе предвид проширувањето на собраниската Комисија за односи меѓу заедниците со повеќе претставници на другите заедници.
Анализата за имплементација на Охридскиот договор се подготвува веќе неколку месеци од владиниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор, со помош на Европскиот институт за мир, чиј прв човек е Питер Фејт, како и од ОБСЕ. Не се знае кога точно и официјално ќе биде објавена, иако тоа беше најавено за во декември. Анализата на Охридскиот договор е дел од препораките од годишниот извештај на Европската комисија за Македонија.
13-05-2016, 10:55 PM
Reply