Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ГРУЈО ПАК КЕ ДОЖИВЕЕ ПОНИЖУВАЊЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Кој ќе го отклучи Собранието: Уставниот суд, ДИК или 62 пратеници?


13.05.2016
На барање на ДИК, на мнозинството во неа или со потписи на мнозинство пратеници, претседателот на Собранието мора да закаже седница на парламентот, велат од партиите

[Image: 0,,18988454_303,00.jpg]

Почна натпреварот за изнаоѓање правни механизми преку кои ќе се свика собраниска седница, за да поништи одлуката донесена на 23-ти февруари, со која беше изгласано распуштање на парламентот на 7-ми април, за изборите да се одржат на 5-ти јуни. Прв се огласи лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој на неговиот Фејсбук профил најави дека ДУИ ќе преземе конкретни активности во наредните денови да заседава Собранието, но не прецизира какви ќе бидат тие активности. Тој само потенцира дека избори на 5-ти јуни без учество на ДУИ, СДСМ и ДПА нема да претставуваат крај на политичката криза туку нејзино продлабочување и ги повика сите партии да се приклучат на иницијативата за враќање во Парламентот и за почеток на заедничко решавање на кризата. Повикот на Ахмети уследи откако амбасадата на САД вчера изрази загриженост дека условите не се погодни за спроведување на веродостојни избори и „ги повика партиите да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата и повторно да се посветат на спроведување на реформската агенда вградена во Договорот од Пржино, итните реформски приоритети на ЕУ, извештајот на Прибе и на препораките на ОБСЕ-ОДИХР“.

[Image: 0,,18926236_401,00.jpg]
Дали клучот е кај ДИК?

Три механизми

Од ДУИ засега не соопштуваат преку кои активности планираат да ги отворат вратите на Собранието.
„ДУИ ќе иницира процеси со цел повторно да се состави парламентот. Првиот од нив ќе биде поднесен утре (13.05 -н.з). Се надевам дека сите партии ќе ги поддржат напорите“, објави синоќа на Твитер, Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети.
Можната насока во која ќе се бара решнието, ја навести само портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
„Засега единствената или најверојатна правна форма е да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката за распуштање на Собранието“, вели Османи.
Но, според правни експери, таа иницијатива тешко ќе ги отвори вратите на Собранието, бидејќи мнозинството во Уставниот суд најверојатно ќе ја отфрли со образложение дека станува збор за поединечен акт, иако таа реално ги засега правата на сите граѓани кои ги избираат пратениците и се претставувани од нив во парламентот. Второ, дури и да биде прифатена иницијативата, со оглед на динамиката со која работи Уставниот суд, би му требале месеци за да се изјасни за неа (иако имаше и исклучоци). Според тоа, времето не работи во корист на ваквата постапка.
Од друга страна, во партиски кругови сметаат дека најбрз и најефикасен начин би бил Државната изборна комисија (ДИК) или мнозинството од нејзини членови да го информира претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски, дека не се исполнети условите за избори, и да побараат да закаже седница на која тие би биле одложени.
Третиот предлог доаѓа од Демократскиот Сојуз (ДС), кој ја реафирмира претходно започнатата иницијатива на која се потпишаа пратеници од коалицијата на опозициската СДСМ и други. Партијата повторно ги повикува парламентарните партии кои не доставија кандидатски листи за пратеници и кои нема да учествуваат во изборниот процес, да се приклучат на иницијативата за одржување итна седница на Собранието, на која ќе се поништи одлуката за самораспуштање на парламентот и ќе почне постапка за одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради злоупотреба на функцијата.
„ДС очекува на таа иницијатива да се приклучат и независните пратеници, како и пратениците на ДУИ, ДПА и Унитети. Со потписот на 62 пратеници, претседателот Трајко Вељаноски мора да свика седница на Собранието. Наместо да чекаме решенија од странство, повикуваме на единство и на проактивна акција“, вели лидерот на ДС, Павле Трајанов.

[Image: 0,,17564168_401,00.gif]
И натаму е проблематичен бројот на гласачи

Кој ќе биде побрз - ДИК или пратениците?

Досега 6 од вкупно 9 члена на ДИК гласаа дека Избирачкиот список е прочистен. Tие не го поддржаа барањето на СДСМ за бришење на 40.000 гласачи и за префрлање на 167.000 во посебен список како дијаспора. Откако членовите на ДИК предложени од СДСМ, Игор Милев и Виолета Дума не присуствуваат на седниците на Комисијата, вчера за првпат од нејзината работа отсуствуваше и членот предложен од ДУИ, Субхи Јакупи, иако бил во просториите на ДИК. Од партијата не коментираат дали е тоа сигнал за поинаков став. За разлика од Јакупи, преставникот на ДПА, Бедредин Ибраими беше присутен на седницата на Комисијата.
Засега е извесно дека ДИК има основа да реагира врз основа на неколку крупни пропусти. Изборниот законик е прекршен во делот кој се однесува на опфатот на изборните единици. Имено, шестата изборна единица има повеќе, а втората и третата имаат помалку гласачи од дозволеното законско отстапување. Второ, во прашање е доведен и легитимитетот на одредени одлуки на ДИК, кои се донесени преку кршење на Законот за Влада, со оглед дека одредени информации од МВР беа прифатени од Комисијата само со потпис од дополнителниот заменик, а не и од министерот. Засега нема најави дали овие пропусти ќе бидат причина за обраќање од ДИК до Вељановски.
Кај пратениците, пак, постои оптимизам дека нивната иницијатива за свикување потписи може брзо да доведе до собраниска седница, но потенцираат дека не е важно кој напрво ќе ја иницира, туку - што побрзо да се реализира.
DW.COM
13-05-2016, 12:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ВМРО-ДПМНЕ сама ќе учествува на изборите



 13:58 14 мај 2016
[Image: Mimi%20Suslevska.JPG]
Мими Шушлеска

ВМРО-ДПМНЕ останува единствен учесник на изборите закажани за 5 јуни, откако СДПМ ги повлече кандидатските листи, а Народното движење на Македонија во предвидениот рок не ги отстрани неправилностите поради што ДИК не може да ги прифати овие листи.

Сега ДИК ќе треба да испрати ново известување до претседателот на Собрабието, Трајко Вељаноски во кое ќе го извести за новонастанатата состојба, бидејќи споротивно на Уставот е во повеќепартиски систем да се организираат избори на кој ќе учествува само една партија, во сличајов ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата на ДИК на која ќе се направи ова известување ќе се одржи утре. Ова е уште еден аргумент кој што оди во насока на потреба од повторно свикување на Собранието бидејќи не е возможно да се одржат избори на 5 јуни, а на собраниска седница ќе треба да се поништи одлуката за закажаните избори.



Од учество на избори се откажаа и Бачев и Јаневски....

Вакво понижување нормален човек ке го разбере како порака дека има само едно решение ...
14-05-2016, 01:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:НДМ со демант: Ги остранивме неправилностите, доаѓа унитарна Македонија како национална држава

 
14.05.16   18:10  




Соопштение на НДМ:


[Image: maxresdefault-670x377.jpg]

Народно движење за Македонија ја информира јавноста дека не се точни објавите во медиумите во поладневните часови дека ВМРО-ДПМНЕ останува единствен учесник на изборите закажани за 5 јуни, откако Социјалдемократската партија ги повлече кандидатските листи, а Народно движење за Македонија во предвидениот рок наводно не ги отстрани неправилностите.
Имено, во текот на вчерашниот ден, 13.05.2016 (петок), НДМ во законскиот рок од 48 часа со соодветен допис до ДИК ги отстрани констатираните неправилности.
Оттука, НДМ очекува на седницата на ДИК закажана за утре, 15.05.2016 (недела) со почеток во 13 часот на која прва точка на дневен ред се кандидатските листи на НДМ, истите да бидат потврдени од страна на ДИК.
Ја користиме приликата да ја реафирмираме нашата позиција дека НДМ изразува целосна спремност да ја води изборната трка на 5 јуни меѓу Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и НДМ како главна опозициска партија.
Оттука, НДМ, како и македонскиот народ се силно возбудени од радосниот факт дека Македонија е на нозе, во име на процесот за разбивање на двопартизмот.
Народот знае дека 25 години се менуваат две партии, а на земјата не и оди добро.
НДМ на чело со д-р Јанко Бачев ја започна борбата за рушење на двопартизмот во Македонија, решително, храбро, и во интерес на народот.
Волјата на народот за радикални промени победува, доаѓа унитарна Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана рамноправност на сите национални малцинства.
14-05-2016, 10:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ДИК формално утврди:ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствената партија на гласачкото ливче




15 May, 2016 - 13:58






[Image: izbiracka_kutija_07.11.15_1.jpg]


Без ждрепка, Државната изборна комисија на денешната седница формално утврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствената партија на гласачкото ливче на предвремените парламентарни избори закажани на петти јуни. 
Листите на НДМ и официјално се отфрлени, бидејќи не се отстранети неправилностите за кои партијата на Јанко Бачев имаше 24 часа, а на денешната седница ДИК потврди дека СДПМ ги повќече своите кандидатски листи. 
15-05-2016, 01:33 PM
Reply