Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ГЕРМАНИЈА КЕ ГО ЗАПОЧНЕ ЕЛИМИРАЊЕТО НА ЛЕВИЦАТА ОД ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА НА ЕВРОПА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Предоцна: десницата ја менува Германија


[Image: Germany%20AfD%20desnichari%281%29.jpg]




 00:21 09 мај 2016|
Десницата ја менува Германија. Започна извртувањето на вредностите и се чувствува промена на парадигмата: политички пресврт на кој не му се наѕира крајот. Успехот на Алтернатива за Германија (АфД) не е изненадување и не беше неизбежен, но другите партии и медиумите стоеја настрана и немо го гледаа нејзиното искачување. Сега е доцна: десничарската револуција започна. Револуција? Да, затоа што АфД сака поинаква Германија и шансите за тоа се прилично добри, а тајмингот одличен, пишува Jakob Augstein во Шпигел, а пренесува Пешќаник.

На првата голема конвенција на АфД, што се одржа минатата недела во Штутгарт, еден од двајцата лидери на оваа партија Јерг Мојтен рече: „Министерот за правда Мас е барем во нешто во право: нашата партиска програма е мапа на патот кон поинаква Германија. Тоа е точно. Тоа е патот на Германија далеку од левичарско-црвената-зелена шеесетиосмашка загадена Германија, која на сите ни досади“. Може да кажеме и од „шеесетосмашката валкана Германија“. Одушевување во салата. Standing ovations. Или на АфД германски: френетичен аплауз. А Мојтен во АфД е претставник на умерениот центар.

Другите партии и медиумите затаија. Нивната стратегија на ублажување на проблемот исчезна пред силата на гневот на десницата. Зидојче цајтунг уште во декември минатата година пишуваше: „Партија со ваква програма не заслужува сериозно внимание“. Тука е во прашање или голема надменост или огромно недоразбирање, бидејќи АфД треба да се сфати сериозно не само поради нејзината програма, туку таа треба сериозно да не уплаши.

Десничарскиот популизам не е случајност, туку неизбежна последица на неолибералниот, постдемократски систем. Мрморењето на незадоволните нарасна до рикање на побунетите. Политичарот од левицата Јан Корте објаснува: „Една од најголемите грешки на верувањето на левицата е дека ситуацијата во општеството мора многу да се влоши пред да дојде до будење на меѓународната солидарност. Напротив, колку ситуацијата во општеството е полоша, толку се полоши ресантиманите, а десницата позајакната“. И навистина: кој се плаши, тој шири страв. Затоа ќе се разочараат сите оние кои имаат доверба во разумот на гласачите.

На парламентарните избори во 2013 Зелените изгубија, иако се залагаа за зголемување на данокот на доход од 49 отсто на приходите поголеми од 80.000 годишно, за воведување на данок од 1,5 насто на имот поголем од еден милион евра и за двојно зголемување на приходот од данокот на наследување. Ова ќе имаше влијае само на 5 насто од најбогатите луѓе во Германија. Но премногу германски државјани ја прифатија важната неолиберална мантра: парите се најбезбедни во рацете на богатите.

Сега знаеме дека во постдемократијата не постои либерален начин за поправање на сериозните социјални проблеми. Останува само не-либералниот пат. Сите направија премногу компромиси, а парите се глобализираат полесно отколку луѓето. Социјалдемократијата се најде на дното и самата е виновна за тоа. АфД во Штутгарт пееше ода на капиталот. „Слободна конкуренција, лична одговорност, заштита на сопственоста, слобода на договарањето, слободни пазари, јасни правила на одговорност“, ги набројуваше професорот Мојтен неолибералните заповеди, и додаде: „Го одбиваме барањето за зголемување на даноците“. И покрај тоа, АфД се перцепира како голема народна партија на малиот човек и ја одземе таа титулата на социјалдемократите. Луѓето се такви, не секогаш се одлучуваат за партии од кои имаат корист.

Што прави за тоа време претседателот на СПД Зигмар Габриел? Продолжува по старо. Неколку дена по победата на кандидатот на екстремната десница во првиот круг од претседателските избори во Австрија, Габриел изјавува: „Сега сите демократски сили треба да се здружат и да го поддржат кандидатот на демократите“. Ова звучи како цитат од одамна минато време. Демократски сили? Па свртувањето на општеството кон десницата е производ на „демократските сили“ кои ги ослободија токму социјалдемократите.

Но веќе не е важно дали СПД ќе се сепне од вкочанетоста. Сцените од Конвенцијата на АфД во Штутгарт зрачеа со големо олеснување на тој дел од гласачкото тело: стегите попуштија, оковите паднаа. АфД ослободи нешто што долго време беше заробено. Брехт во Задржливиот подем на Артуро Уи вели: „Не се радувајте премногу на неговиот пад, бидејќи утробата од која што исползи сѐ уште е плодна“.

Подготви: А.Ј.
Тестов како да го пишувал некој од комуњарите од бандата на Милчин!!
(This post was last modified: 09-05-2016, 08:43 PM by ЈорданПетровски.)
09-05-2016, 08:41 PM
Reply