Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ACHTUNG, ACHTUNG, DER PANZER KOMM
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Германија назначи специјален посредник за македонската криза


4 May, 2016 - 16:52

[Image: hajndl_germ.jpg]
Германија назначи посредник
мгс  Сања Васиќ
 
Германија назначи специјален пратеник за Македонија кој ќе посредува во решавањето на политичката криза. Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го назначил актуелниот германски амбасадор во Австрија, Јоханес Хајндл за специјален пратеник. Тој во координација со претставниците на Европската Унија и САД во Македонија ќе посредува во решавањето на кризата, објави германското министерство.
-Внатрешната политичка ситуација во Македонија е причина за загриженост во Германската федерална влада. Затоа министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер одлучи да именува личен пратеник за состојбите во Македонија при што од амбасадорот Јоханес Хајндл побара да ја преземе оваа функција, изјави портпаролот на германското МНР, Мартин Шефер.
Хајндл добро ја познава состојбата во Македонија, како  бил шеф на оделот за Западен Балкан  од 2001 до 2004 во германското МНР. Се очекува тој брзо да пристигне во Скопје и да се вклучи во преговорите меѓу партиските лидери кои веќе се започнати, а 11 мај е крајниот рок за договор.
Еврокомесарот Јоханес Хан верува оти има иднина за Договорот од Пржино кој треба да резултира со избори. Во интервјуто за Слободна Европа тој не го споменува 5 јуни, туку исполнувањето на најважните услови за кредибилни избори.
-Имавме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени, или малку подоцна. Затоа финалната битка е да има избори. Но, јас мислам дека она што е важно е да се одржат избори кои ќе бидат прифатени од меѓународната заедница. Тоа значи дека мора да има чист избирачки список, мора изборите да бидат без заплашување кандидати, партии, лица. Тоа е она што е важно во моментов, смета еврокомесарот Јоханес Хан.
Пораката што Хан ја испратил за време на викендот до партиските лидери  е основа за преговорите кои се во тек, а со нив контактираат амбасадорите на САД и Европската Унија, вели холандскиот амбасадор, посочувајќи ги клучните барања.
-Како што беше кажано од САД и ЕУ, потребно е повлекување на аболицијата и услови за кредибилни избори, вели холандскиот амбасадор Пломп.
Главен проблем е аболицијата која претседателот Иванов одбива да ја повлече или пак се  шпекулира дека ќе понуди тоа да го стори на денот на изборите. Бидејќи сите четири партии се изјаснија против аболицијата, лидерите разговараат и околу начините да да стане неважечка.
Се преговара и околу одложување на изборите  на есен или дури за една година, па и формирање на експертска или влада за национален спас.
Ова засега се само шкеулации за она што е на преговарачката маса, а за конкретни решенија остануваат уште шест дена.

Сања Васиќ





(This post was last modified: 05-05-2016, 12:46 AM by ЈорданПетровски.)
05-05-2016, 12:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

За еден форумџија кој имаше ник Achtung Panzer!  Можеби вака со видеото, полесно ке ја разбере пораката, судбината на Грујо !!!




05-05-2016, 12:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



08-05-2016, 11:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Широки консултации на Хајндл пред доаѓањето во Скопје



Специјалниот германски пратеник во Македонија, амбасадорот Јоханес Хајндл неделава ќе изврши широки консултации, најпрво во Берлин, а потоа и со САД, ЕУ и Грција, пред да пристигне во Скопје
[Image: 0,,19236869_303,00.jpg]


Можно е специјалниот пратеник на шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер до крајот на неделава да пристигне во Скопје, откако ќе изврши широки консултации, најпрво во Берлин, а потоа и со меѓународните партнери во врска со неговата мисија во Македонија.
Со сигурност се знае дека амбасадорот Јоханес Хајндл до средината на неделава ќе престојува во Берлин, а потоа заминува во САД, потврди за ДВ, портпаролот на германското МНР, Мартин Шефер.
„Амбасадорот Хајндл во вторник и среда доаѓа во Министерството за надворешни работи во Берлин, а потоа заминува на консултации во Вашингтон, Хаг и Атина. Кусо потоа ќе отпатува за Скопје“, вели Шефер.
Притоа нема да има промени во статусот на Хајндл, бидејќи тој ќе остане и натаму да ја врши својата примарна функција како германски амбасадор во Австрија.
„Во Берлин, Хајндл ќе има средба со експерти во Министерството за надворешни работи, со цел да ја развие и прошири својата активност. Тој ќе работи заедно со Европската комисија, САД, и другите кои имаат интерес за смирување на тешката внатрешно-политичка состојба во Македонија. Најпрво ќе се завршат неопходните консултации, а потоа Хајндл ќе замине во Скопје“, дополнува Шефер.
Во германското МНР не можеа точно да одговорат на прашањето, дали е ова прв случај Германија да испраќа свој специјален претставник во една европска земја, но портпаролот вели дека „во секој случај не се работи за вообичаен процес“.
„Но тоа и не може да биде вообичаено затоа што состојбата во Македонија, од повеќе аспекти, ни предизвикува голема загриженост“.
Јоханес Хајндл (1956) во Скопје доаѓа од Виена. За германскиот амбасадор во австриската престолнина, Македонија не е непознат терен. По многу турбулентни години и настани, денес малкумина се сеќаваат дека Хајндл во периодот од 2001 до 2004 година беше чест гостин во Македонија. Во богатата дипломатска кариера секогаш бил на високорангирани позиции, а упатените во неговите резултати го опишуваат како „дипломатски тешкаш“!
Аналитичарите кои ги консултираше ДВ, ангажманот на Хајндл го оценија како добра вест за Македонија.
DW.COM
09-05-2016, 02:39 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#5

[Image: 385442916.jpg]

Да те потсетам или сам ќе се потсетиш како им заврши на Германците авантурата на Исток? И тоа на денешен ден? Војнику на службите?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
09-05-2016, 09:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Хајндл: Дојдов да ислушам. Времето е кратко, потребни се напори од сите партии

 
12.05.16   16:22  
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл, во пишаната изјава до медиумите вели дека допатувал во Македонија за да се запознае со ситуацијата и посочува дека времето е кратко и оти сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи.
[Image: B07BC473-755B-40D4-899C-538890E712B3_w98...70x377.jpg]

„Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првенствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот“, стои во изјавата на Хајндл, лиферувана од Амбасадата на Германија.
Хајндл, кој престојува во дводневна посета на Скопје, попладнево во МНР има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Потоа тој ќе се сретне со амбасадорите на земјите – членки на ЕУ и на САД во Македонија, а доцна поплдне и утре ќе разговара и со претставници на партиите потписнички на договорот од Пржино.
12-05-2016, 04:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Скопје и Берлин на различни фрекфенции за мисијата на Хајндл

Шефот на македонската дипломатија го поздрави ангажманот на Германија и очекува потврда на европската перспектива. Хајндл на средби со партиите потписнички на Договорот од Пржино.

[Image: 0,,18924970_303,00.jpg]

Германската амбасада во Скопје попладнево го потврди доаѓањето на специјалниот пратеник Јоханес Хајндл во Македонија в четврток. Хајндл, кој е актуелен германски амбасадор во Австрија, во Скопје ќе престојува два дена и ќе има средби со партиите потписнички на Договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД и другите амбасадори на земји-членки на ЕУ.
Доаѓањето на Хајндл го поздрави и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, кој оцени дека се работи за „позитивен сигнал“ од Берлин.
Според тековните случувања, извесно е дека Хајндл ќе дојде на „чист терен“ барем што се однесува до неизвесноста околу изборите на 5 јуни.
До Државната изборна комисија до попладнето ниту една политичка партија не поднела листа на кандидати за пратеници за предвремените избори закажани за 5 јуни. Владејачката ДУИ денеска потврди дека нема намера да го стори тоа, а на таков чекор одамна се одлучи и опозициската СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се уште не се изјасниле, но не се очекува да поднесат кандидатски листи.

[Image: 0,,19206754_401,00.jpg]
Протести во Скопје

Дека Хајндл сепак нема да има лесна задача говорат „различните фреквенции“ на кои Скопје и Берлин ја толкуваат неговата мисија.
Министерот Попоски денеска изјави дека од Берлин очекува „зацврстување на кредибилитетот на повеќе повторени ветувања за тоа дека Македонија има иднина во рамки на ЕУ“. Дополнително, именувањето на Хајндл, Попоски го толкува и како доказ за интересот на Германија да и помогне на земјата во приближувањето кон ЕУ.
„И мислам дека тоа е сигнал кој треба да го очекуваме од Берлин“, проценува Попоски.

Поинакви „сигнали“ од Берлин

Сигналите кои доаѓаат од Берлин изминативе деновиве, сепак, одеа во поинаква насока. Германското министерство за надворешни работи отворено и директно го обвини македонскиот претседател Ѓорге Иванов дека го нарушил Договорот од Пржино со амнестијата. Шефот на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмајер пак порача дека кризата е голема пречка на патот кон ЕУ и НАТО.
„Се надевам дека во Македонија постои реалистичен поглед на нештата, дека растечката нестабилност и долготрајните конфликти многу ќе го отежнат патот кон ЕУ и НАТО“, изјави Штајнмајер на крајот на април.

[Image: 0,,19195846_404,00.jpg]
Франк-Валтер Штајнмајер

Германската дипломатија веќе долго време со загриженост го следи развојот на настаните во Македонија. Во текот на минатата година дури беше намалена и оценката за билатералните односи меѓу двете земји на „задоволителни“. Официјален Берлин во повеќе наврати отворено ги критикуваше македонските власти и експлицитно им ставаше до знаење дека е незадоволен од демократските процеси и институционалната политичка криза.
Јоханес Хајндл во Македонија доаѓа како личен избор на министерот Штајнмајер како дипломат со големо искуство и познавање на балканските прилики. Според најавите, во рамките на мисијата тој тесно ќе соработува со САД и со ЕУ, иако според некои толкувања, неговото именување е и (ин)директна критика за досегашниот ангажман на ЕУ во земјата.
Клучните прашања во чие решавање Хајндл треба да посредува во наредниот период се аболицијата на Иванов, форматот на владата која ќе треба да функционира до изборите, датумот на нивното одржување, како и спроведување на реформите дефинирани со Договорот од Пржино.
DW.COM
12-05-2016, 04:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Хајндл бара фокус на реформите


Специјалниот пратеник на шефот на германската дипломатија Јоханес Хајндл вели дека во Македонија доаѓа првенствено да ги ислуша страните во политичката криза. За денеска планирани средби во МНР и со странските амбасадори

[Image: 0,,19236869_303,00.jpg]

Амбасадорот Јоханес Хајндл кој денеска пристигна во Македонија вели дека ќе се обиде да го помогне процесот кој во земјата го иницираа САД и ЕУ.
„Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првeнствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори“, се наведува во изјавата на Хајндл која ја лиферуваше германската амбасада во Скопје.
Веднаш по пристигнувањето во Скопје, Хајндл ги одржа првите разговори во македонското Министерство за надворешни работи. Нема детали што се разговарало на состанокот со шефот на дипломатијата Никола Попоски која траеше помалку од еден час.






Хајндл и во изјавата кажува дека времето е кратко.
„Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот.“
Попладнево, според неофицијални информации, Хајндл ќе се сретне со експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а вечерва е планирано да има заедничка вечера со амбасадорите на ЕУ и САД.
Средбите со лидерите на трите преостанати политички партии кои учествуваа во изготвувањето на Договорот од Пржино, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи се закажани за утре.
Со одлука на шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер на 4 мај годинава, Хајндл, кој е актуелен германски амбасадор во Австрија, беше именуван за специјален пратеник во Македонија.
Амбасадорот Хајндл има долгогодишно искуство на Балканот. Официјален Берлин соопшти дека неговото именување е резултат на големата загриженост за состојбите во Македонија.
DW.COM
12-05-2016, 04:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Ангажманот на Хајндл е резултат на потфрлањето на ЕУ во Македонија


Противењето на унгарскиот премиер Орбан во ЕУ е причината што не се воведени санкции против авторитарниот режим во Скопје, пишува германскиот печат. Вклучување на Берлин - резултат на потфрлањето на ЕУ.

[Image: 0,,19257957_303,00.jpg]

Во Македонија, Брисел и во западните амбасади во Скопје никој веќе не паѓа на „финтите“ на Груевски, пишува весникот Зидвест пресе во анализата за случувањата во Македонија под наслов „Со боја и свирчиња против режимот“.
„'Уставните грижи' ни досега не го спречуваа Груевски да лажира избори и да го злоупотребува судството, вели дипломат на важна земја која не е членка на ЕУ“.
(...) Меѓународните протести против амнестијата досега беа напразни. Груевски и самиот тврди дека е 'изненаден' од одлуката на шефот на државата. И тој самиот се залага да бидат истражени обвинувањата. Самиот претседател, пак, тврди дека тој нема законска можност да ја повлече амнестијата: тој останува на амнестијата, а игнорираниот Хан (Јоханес, н.з.) се повлече. Единствен медијатор сега е дипломатот Јоханес Хајндл, кој беше именуван како личен пратеник на шефот на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмајер.
Сепак сите надежи на режимот во меѓувреме тонат. Трите храбри специјални обвинителки продолжуваат со својата работа. 'Поради амнестијата повеќе не смееме да ги истражуваме кривичните дела. Но смееме да го следиме текот на парите од криминалните дејствија', вели обвинителката Ленче Ристовска“.

[Image: 0,,19248826_401,00.jpg]

„(...) Крајот е сѐ уште отворен. За насилно запирање на протестите режимот веројатно веќе нема сила, смета Сашо Орданоски, искусен аналитичар на политичката сцена во Скопје. За исфрлање на напорната ЕУ од земјата, Груевски исто така нема храброст. Мотото сега е да се преживее. Тоа само по себе и не е толку безнадежно. Откако пред четири недели беше прогласена амнестијата, во Брисел се зборуваше за санкции. Но Унгарецот Виктор Орбан, заштитникот на сите авторитарни режими во Источна Европа, се спротивстави“, пишува Зидвест пресе.


Несреќен кризен менаџмент на ЕУ


Швајцарскиот Ноје Цирхер Цајтунг оценува дека длабоката политичка криза во Македонија не ги уништила само легитимитетот на домашните политички елити и довербата во државните институции, туку и престижот на ЕУ со нејзиниот „несреќен кризен менаџмент“.
„Дека спроведување на Договорот (од Пржино, н.з.) ќе биде Херкуловска задача која бара силни медијатори на терен, се чини дека не беше сфатено во Брисел. Наместо тоа, работата му беше оставена на пензиониран парламентарец од редовите на Зелените од Белгија, кој со неуспех си замина во март.
Сега Берлин одлучи да испрати специјален пратеник во македонската криза. Се работи за Јоханес Хајндл, амбасадорот во Виена, кој минатата недела дојде на разговори во Скопје. Германија веќе неколку години се обидува на Балканот да ги пополни стапките на САД, и онаму, каде што ЕУ потфрла, да го наметне својот концепт за 'стабилизација на регионот'“.


Потребна е нова елита


„Кризата во Македонија доведе до мобилизација на граѓанските движења. Тоа е нов развој, затоа што досега под 'цивилно општество' се подразбираа оние финансирани однадвор. Невладини организации кои често одвоени од домашното општество водеа сопствен живот. Веќе со месеци се одржуваат протести и настани од кои се бара кривична постапка против Груевски и неговите соработници.
  • [Image: 0,,19248877_302,00.jpg]

    Шарена револуција продолжува по улиците
    Трошите за чоколади, а ние немаме за леб!
    „Трошите за чоколади, а ние немаме за леб“, гласеше последниот транспарент кој се појави на протестите во Скопје, како парафраза на „славната“ изјава на министерот за финансии Зоран Ставрески. Демонстрантите потсетија дека земјата се задолжува по 15 евра секоја секунда
 

Скандалозната општа амнестија на претседателот Ѓорге Иванов доведе до дополнителна мобилизација. (...) Во главниот град демонстрантите ги напаѓаат кичестите фасади и споменици поставени од режимот на Груевски. Кичестата архитектура се бои со бапони со боја. Активистот Џабир Дерала се става во одбрана на оваа пракса. Тоа не се споменици, туку објекти кои државата ги постави со нашите украдени пари, вели тој. Притоа се избира што ќе се фарба: се внимава на спомениците на борците против османлиското владеење, додека смешната Триумфална порта се 'разубавува'.“
„(...) Критичарите сметаат дека движењето мора брзо да изроди 'нова елита' затоа што разјадениот од корупција 'Систем Груевски' е пред распад. Доколку тоа не се случи, по падот на Груевски власта ќе ја преземат социјалдемократите. Тоа ќе биде постепено, но не и темелно подобрување. И овие политичари функционираат врз основа на клиентелистичкото општество, кое вклучува корупција и заобиколување на законот“, пишува Ноје Цирхер Цајтунг.
DW.COM
19-05-2016, 09:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10







Pishtoldzija Pishtoldzija
26-05-2016, 10:13 PM
Reply