Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Poll: Дали мислите дека протестите на “Протестирам“ се режирани или автентични?
This poll is closed.
Режирани
0%
0 0%
Автентични
100.00%
1 100.00%
Total 1 vote(s) 100%
* You voted for this item. [Show Results]

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Протестите на “Протестирам“- автентични или не?
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#1

Еве ти Јордане шутирај пенал: искажи ја својата верност кон твоите работодавачи и јавно гласај.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
(This post was last modified: 02-05-2016, 06:25 PM by МрачниотКоњаник.)
02-05-2016, 06:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(02-05-2016, 06:22 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Еве ти Јордане шутирај пенал: искажи ја својата верност кон твоите работодавачи и јавно гласај.



Quote:Зиддојче Цајтунг: Власта во Македонија изгубила допир со народот



Од: Нова ТВ3:07 pm - 30 април 2016

[Image: 019209764_40100-1.jpg]

Во Македонија секоја вечер демонстрираат илјадници луѓе против политиката на една влада, која загубила секаква врска со населението“ , се вели во воведот на текстот  со наслов „Искрен гнев“, на „Зиддојче Цајтунг“, пренесува Дојче Веле.
Во освртот на протестите во Македонија, германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ пишува дека тие не се стратешка одлука за Русија или Западот, туку резултат на искрен бес поради политиките на власта.
Текстот почнува со опис на проектот „Скопје 2014“: Жителите на Скопје најнапред прилично долго само збунето се исчудуваа. Одеднаш повеќе не живееја во бетонски град, сиров и сив, туку во Антиката. На коцкастите станбени згради се закачени фасади од стиропор, преку реката беа поставени грациозни мостови, јонски столбови никнаа од земјата. На почетокот мерките за разубавување делуваа во зависност од тоа колку набљудувачот е добронамерен,час амбициозно, час бизарно. Во меѓувреме, меѓутоа „Скопје 2014“ стана симбол на една власта која во својата мегаломанија загубила секаков допир со народот“, пишува „Зиддојче Цајтунг.
„Откога во Македонија секоја вечер луѓето повторно излегуваат на улица против владината политика, многу бели фасади, станаа платно за балоните со боја на демонстрантите. Триумфалната порта, дваесетметарската статуа на Александар Велики, фонтаната „Мајка Македонија“,  сето е извалкано. Обоената вода на фонтаната и шарените флеки на зградите на некои коментатори им беа повод да говорат за Шарената револуција. Тоа се надоврзува на таканаречената Портокалова револуција во Украина, која со себе повлече хаос на Мајдан, а потоа и во целата земја.
Понатаму во анализата на весникот се вели дека незадоволството во земјата на тој начин се толкува и геополитички. Од руска перспектива обоените револуции се дело на западните агитатори кои целно дестабилизираат земји како Македонија. Од перспектива на Фондацијата Отворено општество на американскиот милијардер Џорџ Сорос наспроти тоа овие протести се доказ за приврзаноста кон демократските вредности според американски пример. Една мала земја како Македонија на тој начин е прогласена како сцена на светска борба, како Студената војна никогаш и да не завршила“.
„Меѓутоа, можеби проблемот на Македонија е помалку во тоа што Русија и ЕУ редовно се натпреваруваат за доминација над Балканот, а повеќе во тоа што всушност никого не го интересира што навистина се случува во земјата. Граѓаните на улиците не веат знамиња на ЕУ и на Русија, туку македонско знаме.Тие  протестираат против власта која не ги третира како суверен народ туку како случајно присутна маса за обликување. Протестот не е стратешка одлука за едниот или другиот систем, туку резултат на искрен гнев“, пишува Зиддојче Цајтунг.
„Актуелната криза започна кога претседателот Ѓорѓе Иванов кризата во земјата ја прогласи за завршена“, истакнува натаму весникот од Минхен пишувајќи во продолжение за одлуката на Иванов од 12. март за аболиција на 56 политичари и нивни соработници под тешки обвиненија за корупција.
„Кој ќе разговара со демонстрантите во Македонија може малку да слушне за голем заговор Исток против Запад. Наместо тоа, невработеноста и сиромаштијата ги тераат луѓето на улица. Работа добива само оној кој е член на владејачката партија“
Весникот во продолжение хронолошки се осврнува на кризата која започна со објавувањето скандалот за прислушкување, по кој следуваа протести, договор меѓу водечките партии и оставка на премиерот Никола Груевски по 10 години минати на власт.
„Но оставката на Груевски во јануари минатата година не ја смири ситуацијата. Неговата партија ВМРО и натаму е на власт . На демонстрантите како подбивање им делува тоа што власта ги закажа изборите на 5 ти јуни. Конечно, не се исполнети условите кои ги бараше опозицијата. На избирачките листи има повеќе имиња отколку гласачи. Држењето на медиумите на узда од страна на власта ја прави предизборната кампања невозоможна. Тука не станува збор само за криза во „сиромашна земја која е ограбена од корумпирани политичари , туку за криза на земјата која соседите ја негираат, се вели во текстот, каде се мисли на Грција која со  години го блокира патот на земјата кон ЕУ.
„Во тоа светло сите оние бронзени коњаници не говорат само за мегаломанија, туку и за очај. Меѓународно изолирана македонска влада се повлекува во национална лудост. Но токму стотиците илјади Сиријци, Ирачани и Авганистанци кои во минатата година бегаа кон Европа, беа тие кои на Македонија и помогнаа да се врати во светската политика. Нивната рута минуваше низ балканскат земја. Кога Австрија на 8. март конечно побара затворање на границите на Балканот, бегството заврши пред границата на Македонија, на оградата кај Идомени.
И сега, колку погласни стануваат протестите во Скопје, а во меѓувреме и во останатите градови, толку појасно станува на каков режим се потпираат земјите од Европа во нивната бегалска политика,но и со кого соработуваат граничарите од Австрија, Хрватска и Словенија кои се распоредени на оградата кај Идомени“, пишува  весникот „Зиддојче Цајтунг.
02-05-2016, 06:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(02-05-2016, 06:22 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Еве ти Јордане шутирај пенал: искажи ја својата верност кон твоите работодавачи и јавно гласај.



Коњанику протестите не се режирани. Еве за два часа и јас ке тргнам да протестирам пре конзулатот на Р. Македониjа во Торонто. Никој не ме присилува. Ке возам двеста километри натака и назад, ама тоа го правам со задоволство.
02-05-2016, 06:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: espabb.jpg]
03-05-2016, 03:14 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#5

Не, чисто онака да не би некој случајно се посомневал дека можеби Јордан не е човек на службите:  Iconwaveea9
Quote:Коњанику протестите не се режирани. Еве за два часа и јас ке тргнам да протестирам пре конзулатот на Р. Македониjа во Торонто. Никој не ме присилува. Ке возам двеста километри натака и назад, ама тоа го правам со задоволство.

Шо ти се вика верност. Не ви стиска да фрлите фарба врз јавната сопственост во Торонто, нели?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
03-05-2016, 06:34 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#6

Ајмо звиждаљке Јордане!
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
09-05-2016, 09:58 PM
Reply