Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ЕУ И САД КЕ ВОВЕДАТ САНКЦИИ ЗА ПОЕДИНИ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЕУ подготвува санкции против македонски политичари и одземање на препораката



21.04.2016
Санкции за водечки политичари и одземање на препораката за почеток на преговорите со ЕУ. Тоа се следните чекори на ЕУ по откажувањето на преговорите во Виена, дознава Дојче веле од свои извори во Брисел.

[Image: 0,,16301369_303,00.jpg]

Во Брисел сериозно се размислува за воведување санкции против водечки македонски политичари, потврдија за Дојче Веле извори во Европската Унија. Планот е подготвен и најверојатно постапката која ќе предвидува серија мерки против поединци, но и кон државата наскоро ќе влезе во процедура преку Европската Комисија.
ЕУ политичар кој инсистираше на анонимност попладнево за ДВ потврди дека откако претседателот Ѓорге Иванов прогласи амнестија и се откажаа разговорите во Виена, тоа е следниот чекор.
„Точно е. Се размислува за сериозни санкции. Прв чекор ќе биде одземањето на препораката за почеток на преговорите“, вели изворот.
Таквата можност, меѓу редови, беше најавена и во денешната заедничка изјава на комесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници кои посредуваа во македонската политичка криза, Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едуард Кукан.
„Во недостаток на натамошен напредок, сега сме принудени да размислуваме за натамошни чекори за исполнување на барањата кои беа поставени од Советот на ЕУ, Европската Комисија и Европскиот парламент“, се наведува во неа.
Минатата недела и „Вол Стрит Џрнал“ цитираше анонимен дипломат на ЕУ кој ја најави можноста за санкции.
Според изворот на Дојче веле, паралелно со одземањето на препораката, однапред ќе биде најавено дека нема да бидат признаени резултатите од изборите на 5 јуни.

Целни санкции против поединци

Последните чекори ќе бидат „целни санкции“ против одредени политичари.
„Таргетираните санкции против политичарите ќе вклучуваат и замрзнување на банкарски сметки и забрана за патување во ЕУ“, вели дипломатот.
Процедурата за мерките кон земјата и санкциите кон политичарите ќе се одвива преку Европската Комисија со консултации со државите членки на ЕУ.
Во Брисел ги отфрлаат стравувањата дека ваквите мерки само дополнително ќе ја влошат кризата и ќе ги радикализираат состојбите. Фактот што експремиерот Никола Груевски и неговите соработници ќе бидат дополнително притиснати до ѕид не може да ја влоши состојбата, затоа што таа и онака е драматична.
„Не воопшто не сме загрижени за тоа. Далеку повеќе сме загрижени дека се влошува состојбата и дека земјата оди кон поголема нестабилност. Не би размислувале за вакви мерки ако не сметавме дека се неопдхони. Многу е опасна состојбата“, вели политичарот на ЕУ кој инсистира на анонимност.
21-04-2016, 04:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Миленко Неделковски
5 hrs ·

Пред 2 часа Бобан. Во утрешниот број на Дневник Мирка...

Boban Nonkovik feeling disgusted in Brussels, Belgium.
2 hrs ·
Она што го најавував како "црно сценарио" за Македонија минатата недела, по неофицијален бриф во ЕУ, а во однос на откажаната лидерска средба во Виена, да знаете дека не му е пропаднато како план на "чадорот", туку само одложено! frown emoticon
Е сега уште еден "update" од денеска од Брисел, кој исто така е неофицијален и затоа го објавувам на ФБ, а не на МИА или на Сител. Неофицијално значи не одобрувам било-кои медиуми да го користат за објавување (се разбира, не можам ниту да спречам) и ова служи за моите ФБ-пријатели на кои однапред им напоменувам дека се што знам објавувам тука и дека нема да им одговарам на дополнителни прашања поврзани со ситуацијата (ниту тука, ниту во инбокс).
- Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската унија, која ја раководи Федерика Могерини ("чадорот"), заедно со американскиот Стејт департмент веќе на големо подготвуваат листа на санкции со забрана за патување во некоја ЕУ-земја и во САД на претседателот Иванов и неколкумина од листата со 56-те лица помилувани од него. Подготвуваат само таков вид на санкции, не замрзнување на имоти и сметки и друг вид на санкции по примерот на Русите и листата ќе им биде заедничка или целосно усогласена.
И не прашувајте, Заев и останатите што се под "чадорот" нема да бидат на оваа листа!
- Во исто време, по наредба на Стејт департментот, Светска банка, Европска банка за обнова и развој и ММФ ќе ги укинат сите кредитни линии за Македонија, а ќе се стопира и финансирањето преку ИПА-2 на ЕУ. Тоа за земја која не лежи на нафта или гас значи финансиски крах за неколку месеци (нема да има плати за админстрација, пензии, социјални и земјоделски трансфери, нема да може да се сервисираат долговите и слично). Замислете што ќе се случи кога безбедносните органи што сега не чуваат од бегалците и од дивите орди на Канвас/СороСДС нема да добијат со месеци плата и ќе ги напуштат позициите?!
- Протестите на Канвас/СороСДС ќе продолжат со сета жестина, како и притисокот од бегалците на јужната граница кај нелегалниот камп Идомени. Да, 70% од 52 илјади бегалци во Грција се сместени во близина на Македонија со единствена цел да се врши притисок врз Македонија и тоа ЕУ со мало-азијците во Грција го прават намерно!
- Кучињата на војната на Косово се на готовс и спремни на наредба да направат најмалку уште една операција од типот на Дива населба во Куманово. Исто така, доколку деновиве Иванов целосно не ја повлече аболицијата, тогаш ДУИ и ДПА ќе бидат активирани да објават дека нема да учествуваат на изборите на 5. јуни и со тоа ќе стават крај на можноста истите воопшто да се одржат!
- Дејствувањето од типот: "Ќе јадеме и корења ако треба, ама не им се даваме" е утопистичко, а најсвеж пример е тоа што му се случи на идејниот творец на оваа "мисла" Слободан Милошевиќ на почетокот на овој милениум и на неговата држава Србија.
- Ако деновиве се случи повлекување на аболицијата од страна на Иванов, тогаш ЕУ веднаш ќе закаже нова лидерска средба во Виена или Брисел. А тогаш... тогаш ќе започне сценариото за кое пишував минатата недела пред Виенските преговори, а ако таквите идни преговори не успејат, тогаш прво почнува реализација на операцијата "Тефлон", а потоа и украинското сценарио во Македонија (за што деновиве пишуваа Миленко и Мирка)!
Ова се пренесени информации од "стомакот на ѕверот", а не моја анализа и мислење.
До следното ...
[Image: 12963745_1346777665339253_52465232501527...e=57AB4451]
26-04-2016, 12:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Параноја во главите на Грујовистите!!! Бобан Нонковиќ веке го сомничат "патриотите" дека работи за "ЧАДОРОТ"



Quote:Erik Macedonia:
Бобан Нонковиќ е сериозен човек отсекогаш сум имал голема доверба во неговите јавувања , го прочитав текстот како и предходниот и можам да кажам премногу сериозна ситуација , но не ми е јасно зошто Заев не отиде во Виена ? Кога се беше на негова страна требаше само да го матираат Груевски , тој не отиде????? Друго претседателот Иванов е човек кој верувам животот би го дал за Македонија и кога би било вака како што пишува , тој прв би презел чекори или најмалку би се огласил отворено пред народот. Трето ММФ и другите банкари живеат и опстојуваат од овие кредити а Македонија е голем играч не верувам дека би така реагирале со вето , ММФ маме си тииит за пари тие и војна би направиле и би принудиле некого да земе кредити , четврто Америка и Македонија имаат потпишато многу значаен договор а Америка не е Заев пу пу неважи. Се си мислам дека преку Бобан Нонковиќ намерно чадорот ни го испитува пулсот.....
· 15 · 16 hrs · Edited

Vesna Spasoska;
Navistina Boban mnogu go cenam, ama ima logika napisanovo od Erik. Koj znae dali ovaa informacija ne ni e pustena kako proben balon, zbuniti neprijatelja, a potoa op nesto drugo. Ako e vistina ili pak ako vistinata e uste pocrna od ova, togas ne znam sto da recam, ke staneme beter od Ukraina
· 2 · 13 hrs

Erik Macedonia:
Vanco Donev навистина неможам да наведам дали е свесен или не , оваа е мое видување , можеби Бобан ни ја пренел пораката што ке ни се случи навистина , Господ да не чува тогаш ...
· 25 mins
26-04-2016, 12:57 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#4

На тоа ли сега се надевате у це-ка? На санкции?
Земја која веќе скоро деценија секоја година по ред добива препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ одеднаш е зрела за санкции? Логично ли ви е тоа?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
26-04-2016, 06:51 PM
Reply