Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СУДСКИ ПРОЦЕС НА ЧАУШОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Чаушот: Ме тепаа за да кажам дека УСБ-то ми го дале Заев и Верушевски



[Image: 4-chaus-700x473.jpg&w=590&h=360]
Извор :
Фото: Академик.мк

Обвинетиот Захир Бекири - Чаушот кој е обвинет за аферата фалсификувани лични карти пред да почне судењето за овој случај побара збор од судијата и обелодени дека бил повикан во Основното јавно обвинителство каде бил психички малтретиран, а потоа и физички нападнат.
На 26 февруари во 10 часот од затворот „Идризово“ каде Бекири одлежува затворска казна го однеле во Обвинителството за случајот со фалсификуваните лични карти.

„Таму беа три лица, директорот на УБК, (Љупчо) Андоновски кој се претстави со лажно име, Александар, јавниот обвинител Јован Цветановски и уште едно друго лице. Обвинителот Цветановски со висок тон ми се закани дека доколку не кажам дека УСБ-то (со снимени разговори) ми го дале Зоран Заев и Зоран Верушевски ќе ми ја затворат целата фамилија“, тврди Бекири.

Бекири не прифатил да потпише такво нешто и тврди дека бил малтретиран се до 16 часот во обвинителството. „Андоновски ми рече „Господ нека ти е на помош““, раскажа Бекири.

После тоа тој бил однесен во канцеларијата на обвинителката, Наташа Гоџовска која го води случајот и кај неа телефонски се слушнал со својот адвокат Мирослав Вуиќ, кој не бил во земјава, и во договор со него потпишал дека е приведен во обвинителството и дека бара присуство на својот адвокат при давањето исказ.

„Потоа бев вратен во другата соба кај трите лица. И јас малку претерав, ги опцув, можеби ги провоцирав. Тројцата се нафрлија и бев тепан“, рече Бекири.

Првото судско рочиште за овој случај се одложи бидејќи адвокатот Вуиќ побара увид во доказите бидејќи ниту тој ниту обвинетиот не ги виделе доказите за овој случај којшто се води по скратена постапка.

Обвинителката Гоџовска објасни дека Обвинителството не е обврзано да му ги достави доказите до одбраната, но се согласи одбраната и обвинетиот да направат увид и препис на доказите коишто се наоѓаат во Основниот суд Скопје 1.

Бекири при барањето на збор од судијката побара изземање на јавната обвинителка, но подоцна во консултација со својот адвокат го повлече предлогот, бидејќи судијката ќе требаше да одлучува најпрвин за тоа и одбраната немаше да има можност да ги види доказите.

Бекири не се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот, Ѓорге Иванов кој ги запре кривичните постапки за сите политичари и нивни соработници.

Според адвокатот Вуиќ со тоа се демантираат шпекулациите во јавноста дека Бекири изработувал фалсификувани лични карти.

„Захир Бекири во јавноста е познат како фабрикант на лаги, документи и пасоши, близок соработник на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, член на СДСМ, меѓутоа и покрај тоа јас не го прочитав во одлуката на Ѓорге Иванов. Иванов го заборавил или тоа е демант на сите шпекулации кои се ширеа во јавноста дека фабриката на лаги е на сосема друго место?“ праша Вуиќ.

Захир заедно со својот брат Имер се сомничат дека стојат директно зад аферата со фалсификуваните лични карти.

Судењето се одложи за на 25 април, а одбраната ќе ги разгледува доказите на 18 април. Бекири се наоѓа во притвор за ова дело иако претходно одлежувал затворска казна за друго дело. Оваа затворска казна е прекината и е префрлен во притвор за овој случај./крај/ффс

maxfaks
15-04-2016, 02:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2







Звонко Костовски прислушувал за странски служби (бајаги) и знаел дека прислушува за странски служби (исто бајаги), ама не беше обвинет за шпиунажа.
Кај Чауш се најдени 70.000 незаконски прислушувани разговори (бајаги), ама не е обвинет за нивното поседување. Исто кај сестра му два месеци подоцна се најдени незаконски прислушувани разговори (исто бајаги), ама таа воопшто не е обвинета.
Оној Лума или како се викаше, кој беше приведен заедно со Чауш и кој беше осомничен исто за поседување на незаконските прислушувани разговори (бајаги), не беше ни во притвор, а камоли да биде обвинет за било што. (Да потсетам дека Чауш, од друга страна, дури од затвор го пренесоа во притвор за да можат да го малтретираат полесно).
„Сваровски“ судството и понатаму, со несмалена брзина, штанца процеси во стилот на Франц Кафка... а во извештајов на Сител нема ни збор за ништо од ова.
15-04-2016, 05:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Вујиќ: Во „Фабрика за афери“ нема, не постојат испечатени лични карти

 
[Image: Screenshot_711.jpg]



25.04.2016
Личните карти за кои се зборува во случајот „Фабрика за афери“ не се испечатени, во компјутерите на Чаушот се пронајдени единствено припреми, што не значи дека тие биле испечатени, рече по завршувањето на судењето адвокатот Мирослав Вујиќ.
Според него, личните карти кои ги објавуваше новинарот Љубиша Арсиќ, а за кои сега и тој е осомничен во „Фабрика за афери“, не се оние кои се пронајдени во фајловите од компјутерите на Чаушот. Вујиќ исто така кажа дека не постоеле никакви снимени материјали.






– На 17.12.2015 година за претрес на станот на обвинетите, со наредбата која е за дрога, а се пронаоѓаат документи и се што е предмет на аферата. На прашањето дали одземањето и отварањето на компјутерите беше со цел да се пронајде дргоа, обвинителството изреагира нервозно, целиот театар добива своја димензија, вели Вујиќ.
Тој нагласи дека во домот на Чаушот воопшто немало услови да се испечатат лични карти и патни исправи, со што нема криминал.
Утрово на судењето се појавија и четворица сведоци чии идентитети наводно биле украдени и искористени во „Фабриката за афери“.
Александар Тодески
(This post was last modified: 25-04-2016, 03:29 PM by ЈорданПетровски.)
25-04-2016, 03:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Клучниот сведок Љубиша Арсиќ не го откри идентитетот на пријавувачот на лични карти




9 May, 2016 - 10:47

[Image: caush_1.jpg]

Денеска во Kривичниот суд продолжи судењето на Захир Беќири – Чауш, главен осомничен во случајот познат како „Фабрика за афери“, односно аферата со печатење лажни лични карти, патни исправи и други документи.
На денешното судење беше сослушан клучниот сведок новинарот Љубиша Арсиќ кој ја објави истражувачката сторија во неделникот фокус. Тој пред судот не го откри идентитетот на пријавувачот на лични карти.
Сведокот Љубиша Арсиќ изјави дека личните карти му биле дадени на улица во лист хартија 105 лични карти, за кои му рекле дека има над 30 илјади, а кои биле употребени на избори и се правеле на две локации во Скопје.
Полицијата била запознаена. Обвинителството праша дали го познава тој што му ги дал. Но, бранителот на чауш реагираше бидејќи на своите извори или свиркачите според уставот треба да им го чува идентитетот. Но судот го дозволи ова прашање со образложение дека судот утврдува факти. Арсиќ одговори дека не сака граѓаните идни пријавувачи на кривични дела да се одрекуваат од пријавувања. Тој додаде дека овој извор за него останува анонимен. 
09-05-2016, 12:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Чауш: Агенти на УБК ме тепаа и бараа да го наместам Заев


[Image: zahir-bekiri-caus.jpg]



Захир Бекири денеска во судот даде исказ во случајот со лажните лични карти.

Горан Наумовски ● 14:44 26 мај 2016 


Захир Бекири – Чауш првообвинет во случајот лажни лични карти денеска во својот исказ пред судот рече дека актуелниот директор на УБК и неколку негови соработници во зградата на Јавното обвинителство на РМ, најпрво му нуделе договор за да признае дека снимките од т.н. „бомби“ ги добил од Зоран Заев и од Зоран Верушевски и му велеле дека ако им помогне да ги наместат овие двајца ќе биде награден.
Откако Бекири одбил да се договори со луѓето од УБК во зградата на ЈО го претепале, а дури потоа го однеле пред јавен обвинител да даде исказ за целиот случај. Захир рече дека е дипломиран егзорцист во Багдад, Ирак, а за живот заработувал како посредник меѓу ирачката државна компанија за нафта и гас и грчката нафтена компанија „Хеленик петролеум“.
Чауш во денешната изјавата нагласи дека доказите кој ги има државата му се подметнати и дека тој не сторил ништо од тоа што е наведено во обвинителниот акт. Исто така нагласи дека ирански разузнавач кој живее во Струмица му нудел милион евра за да се сретне со актуелниот полициски врв за да склучи спогодба.

- Кога се расчу дека наводно јас поседувам некакви си „бомби“ ми се јавуваа многу луѓе, меѓу нив и градоначалникот на Петровец и бизнисменот Сеат Кочан. Прашуваа дали во „бомбите“ има нешто за нив. Јас се шегував со нив и им велев дека има, а на Кочан му реков дека има таман за да заврши на робија - рече Бекири.
Обвинетиот од судот побара да му се суди правично бидејќи ниту еден доказ не докажува дека тој имал било каква улога во фалсификувањето лични карти.
Завршните зборови и пресудата се закажани за 31 овој месец.  
26-05-2016, 03:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Чауш: Цивик пере пари за синот на Чавков, ми понуди 1 милион евра за лажно сведочење



 
30.05.16   14:42  
Захир Бекири Чауш не верува ниту во обвинителството ниту во полицијата а за судот ќе каже по пресудата, рече на крајот од судскиот процес против него и брат му за таканаречената фабрика за лични карти, пренесува Телма.
[Image: caush_31-670x402.jpg]

Зборувајќи за веќе познати настани односно за наводното тепање и изнудување сведочење против лидерот на опозицијата Зоран Заев, откри нови детали за кои вели дека се причината за местенката која наводно му е направена.
Човекот Мајкл Цивик кој ми понуди 1 милион евра за лажно сведочење се појавува и во предметот Шпион. Тој ја шири најопасната секта во исламот шиизмот , но и пери пари во Хон Конг на Иван Чавков, син на Митко Чавков. На Мајкл не му помогнав да влезе во Ирак и таму да ја шири сектата и затоа сега ова ми се случува.
Бекири и неговиот адвокат се обидуваат да го срушат обвинението со тврдење дека запленетите копјутери во кои има електронски обрасци за изработка на лични карти се подметнати.
Обвинителството тврди дека има цврсти докази дека Бекири и брат му Имер фалсификувале лични карти. Енергично тврдат дека нема никаква можност докази да се подметнат.
Иако првичната наредба била претрес и барање дрога сепак бил направен записник за запленување компјутери и секачи за хартија кои според обвинителството се докази дека се изработувале лажни документи.
Обвинителството тврди дека копјутерите биле запечатени и детално анализирани од професионалци во полицијата. Невеозможно е вметнување податоци затоа што тоа ќе остави трага во електронскиот систем што е доказ на обвинителството против твдењето на добраната дека доказите се подметнати. Одлуката судот ќе ја соопшти утре.
01-06-2016, 01:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Чауш осуден, прислушуваните материјали останаа мистерија
 




Две години и шест месеци казна затвор за Захир Бекири Чауш и парична казна од 123.000 денари за сторени две кривични дела – фалсификување на исправа и злоупотреба на податоци.

Казната затвор се однесува на фалсификување на исправа додека паричната на злоупотреба на податоци. За истите дела е осуден и брат му Имер Бекири, на една година затвор и парична казна од 61.500 денари.
Судот одлучи предметите за коишто пресуди дека се поврзани со кривичните дела да се одземат. Исто така судот ја укина мерката притвор се додека пресудата не стане правосилна, а Обвинителството има рок од 48 часа да поднесе жалба на одлуката за притворот.

Браќата добија ослободителни пресуди за кривичните дела изработка и набавка на оружје, оти немало доволно докази, а за прислушкуваните разговори воопшто не стана збор.

Обвинителот  Јован Цветановски пред неколку месеци посочи дека при претресот во домот на Захир Бекири пронајдени биле обрасци за патни исправи, лични карти и други документи, како и опрема за фалсификување, преси, секачи и друго. Освен тоа, обвинителстото тврдеше дека при претресот на компјутерите на ова лице, пронајдени биле фајлови на десетици илјади телефонски разговори.
На тогашната прес-конференцијата не беа дозволени новинарски прашања, а во јавноста се повеќе се интензивираа прашањата за тоа како десетици илјади разговори се нашле во приватниот компјутер на Бекири, дали се тоа „бомбите“ на опозицијата, дали некој му ги предал на Бекири тонските материјали или истите се подметнати? На овие прашања се уште нема одговори.
Во судскиот процес обвинетите се бранеа дека електронските обрасци и опремата пронајдена во нивниот дом е подметната од полицијата, а податоци во компјутерите биле менувани. Обвинителството ги демантираше ваквите тврдења и пред финалната пресуда побара да се земат в предвид и мислењата на вештаците.


Quote:-Обвинителството очекува Судот да има во предвид дека експертите за компјутерските науки –вештаците недвосмислено потврдија дека евентуално дополнително внесување на податоци во компјутерите на обвинетите не би можело да остане сокриено, напротив истото би довело до оставање на траги врз електронските записи, што во конкретниот случај при вештачењето воопшто не е утврдено, посочија вчера во соопштение од Обвинителството.


Адвокатот на Бекири,Мирослав Вујиќ по денешната пресуда соопшти дека досега нема никакви докази од вештачењето на прислушуваните разговори.

Quote:-Имавме четири главни расправи, имаме се уште обвинителен предлог, вие бевте присутни тука, јас навистина не видов ниту еден таков аудио или некој фајл којшто укажува на такво нешто, каде се тие фајлови и дали постојат воопшто, треба да ни одговори некој друг, не ние. Се она што беше презентирано е фајлови и писмени докази, за прислушувања нема ни во постапката – ни во обвинението, рече Вујиќ.

НОВИНАРОТ И СВЕДОК ЉУБИША АРСИЌ: СЕ СОМНЕВАМ ДЕКА СЛУЧАЈОТ Е ЗАТВОРЕН

Новинарот на неделникот Фокус кој ја објави аферата за 30.000 фалисификувани лични карти смета дека со пресудата случајот не е затворен. Во своето сведочење тој пред судот посочи дека непознато лице му предало 105 лични карти, но одби да го обелодени изворот.
Арсиќ смета дека Обвинителството ги „премолчи“ снимките со цел да не предизвика реакција од Спеицјалното јавно обивнителство.
-Кога во јавноста се објавија приватни разговори многумина коментираа дека тоа се снимки на Чауш. Но, зошто обвинителството ги премолча? Според мене, затоа што ако ги опфатеше прислушуваните материјали, ако навистина постоеја, тогаш ќе испровоцираа реакција на Специјалното јавно обвинителство кое ќе сакаше да воспостави надлежност врз ова досие. За да не го изгуби предметот и за да може да се осуди Чаушот, обвинителството изгледа дека спас најде во игнорирањето на снимките, што ако навистина ги поседувал осудениот тогаш тоа е далеку поголемо кривично дело од фалсификување исправи. Оттаму, јавното обвинителство ќе мора да објасни каде се снимките, дали им е утврдена автентичност, од каде потекнуваат и клучното, зошто не завршија во обвинителниот акт. Дополнително, обвинителството ќе мора да објасни зошто никаде го нема Аднан Сума, лицето кое беше приведено истиот дек со Чаушот и кај кое беа пронајдени исто така материјали и опрема за фалсификување. Каква е сега неговата улога не знае никој, вели Арсиќ во изјава за НОВА.
Според него спорно е што никаде ги нема снимките, ниту пасошите од скандалот што Фокус го објави пред година и половина, ако не е утврдено каде и кој ги печател личните карти и со каква цел, затоа што кај Чаушот според обвинението е пронајдена само базата на податоци со лицата чии идентитети се злоупотребиле.
-Не знам дали ова е поткрепа дека тој ги произведувал, и ако нема утврдено за што биле наменети таквите лични карти, тогаш не знам дали можеме случајот и да го наречеме Фабрика за афери и уште повеќе, да го сметаме дека е решен. Малкумина напишаа дека Чаушот е одговорен по неколку точки, од кои, освен таа со базата на податоци за личните карти, другите се занемарливи, односно се однесуваат на поединечни случаи со фалсификувана лекарска документација, возачка дозвола и некои „ситни“ документи, што е уште еден аргумент дека крајот на овој дел од случајот не е воопшто како најавата на МВР на почетокот, вели тој.


ФАБРИКАТА ЗА АФЕРИ ВЛЕЗЕ И ВО СОБРАНИЕТО


Веднаш по формирање на Анкетната комисија за скандалот со прислушување – обврска која произлезе од Договорот од Пржино за утврдување на политичка одговорност за скандалот со прислушување, во Собранието се појави предлог и за формирање Анкетна комисија за фабриката за афери.
„Квази анкетна Комисија“, „Контра-Комисија“ и „бурлеска“. Вака опозициските пратеници ја квалификуваа Комисијата за „фабриката за афери“ која ја бојкотираа од самиот почеток. Според опозицијата целта на „контра-анкетната комисија“ била за да се дефокусира јавноста. Комисијата воопшто не ни заживеа, а  власта пак, бојкотот го окарактеризира како обид на опозицијата да избега од вистината за тоа кој фалсификувал.





Во меѓувреме и провладините медиуми во текот на изминатите месеци се водеше интензивна кампања за поврзаноста на осомничените во фабриката за афери со врвот на власта. Фотографии од Чауш во кабинетот на Заев, фотографии со Чауш, Заев и екс министерот з авнатрешни Оливер Спасовски во континуитет се вртеа со месеци во телевизиските дневници на провладините медиуми.

ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊA СО МЕСЕЦИ

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со месеци тврдеше дека постои сомневање оти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски директно бил во комуникација со осомничените во случајот.
-Постојат сериозни индиции СДСМ учествувале во фабрикување на афери исто како што постојат сериозни информации основи за сомнение дека нелегално прибавени телефонски разговори од граѓаните ги дале на криминалци со тапија.
Ако навистина Оливер Спасовски сака да биде искрен со јавноста мора да почне да дава одгвоори, меѓудругите и тоа дали разговарале со Зоран Заев во моментите кога се апселе криминалците и што било темата на разговор?авноста бара одговори. Јавноста бара одговорност. Тоа е она кое што Оливер Спасовски најмалку може да го направи.“ се велеше во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицискиот лидер Заев тврдеше дека единствената комуникација со Чауш била на релација на лидер на партија и член.

Quote: –Оставете истрагата да го покаже тоа. Јас го потврдив она што го знам. Не сум личен пријател со него. Само партиска комуникација, кога сум бил во Гази Баба или тој бил кај мене, рече Заев во гостување на Сител телевизија.

Наводите за инволвираност во скандалот ги демантираше и Спасовски.
– Личните карти се предадени во МВР и утврдено е дека се фалсификати, истрагата ја води Јавен обвинител и допрва ќе бидат објавувани информации. Бесмислената пропаганда и хаосот што се создава во јавноста нема да го спречи МВР, ниту мене како најодговорен во оваа институција да спроведеме професионална, кредибилна истрага, како што доликува на државен орган и да ги откриеме сите злоупотреби и сите аспекти поврзани со фалсификуваните лични карти, рече Спасовски.






Неколку месеци подоцна, политичка одговорност за случајот не понесе никој. Остана и дилемата како прислушуваните разговори се нашле во домот на Чаушот, зошто судот и обвинителство воопшто во текот на расправијата за случајот не ги земаа в предвид прислушуваните разговори, и прашање кое над две години се провлекува: Кој изврши масовно и незаконско прислушување на илјадници граѓани во Македонија?
01-06-2016, 01:30 PM
Reply