Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИВАНОВ ПОМИЛУВА КРИМИНАЛЦИ !!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Стејт департмент: Владини и партиски претставници вклучени во корупција



Објавено на 14 април 2016, 10:06 од Редакција на Капитал во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Постои директно учество на високи владини и партиски претставници во нелегални активности и корупција. Ова е на кратко заклучокот од најновиот Извештај за човекови права што го објавува американскиот Стејт департмент.
„За време на изминатата година имаше кредибилни извештаи дека владата се мешаше во судски случаи во кои се вклучени високи функционери кои ја злоупотребиле својата положба со цел да заплашат клучни опозициски лидери. Полициската и судската корупција останува голем проблем. Јунскиот извештаи од високи експерти од Европската комисија посочија за „очигледно директно учество на високи владини и партиски претставници во нелегални активности и корупција“, стои во Извештајот.
Во сумираните резултати од Извештајот, Стејт департментот забележува дека најзначајните проблеми во однос на човековите прави остануваат да бидат вклученоста на високи функционери во корупција и недостатокот на владата да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи ги тука и нејзините напори да ја ограничи медиумската слобода, да се меша во судството и селективно да ја спроведува правдата.
„Политичко мешање; неефикасност; непотизам; пролонгирани процеси; кршење на правото на јавен судски процес; и корупција се карактеристиките што го опишуваат судскиот систем“, стои во заклучокот на Извештајот.

[Image: Izvestaj_StateDep.png]
 
14-04-2016, 11:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Џес Бејли: Масовното помилување е ПРЕЧКА ЗА ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗБОРИ!



[Image: dzes-bejli%281%29.jpg]

14.04.2016

Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, денеска по средбата со претседателот Ѓорге Иванов повторно ја осуди одлуката за сопирање на судските процеси против политичарите и повика да се избегне насилството.

„Масовното помилување е еднакво на неказнивост и е еднакво на пречка за веродостојни извори и евроатланскиот пат. Мирните демонстрации се фундаментално право. Насилството и вандализмот – не“, твитна Бејли.
Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав денеска попладне се сретнаа со претседателот Иванов. На средбата, за која чекаа два дена, е разговарано за одлуката за аболиција. Сепак, повеќе детали не се откриваат.
 
 
[Image: 11960011_1711134275825691_26659068118170...e=5777BF3C]
14-04-2016, 02:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:САД: Иванов да ја преиспита одлуката




Од: Нова ТВ 7:15 pm - 13 април 2016

[Image: height.630.no_border.width_.1200-777x437.jpg?454da7]

Американскиот Стејт департмент бара од претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука.
„Доколку биде применета оваа одлука таа ќе ги заштити корумпираните функционери и ќе оневозможи правда за народот на Македонија. Таа дополнително ќе го поткопа владеењето на правото, интегритетот на судските институции и кредибилитетот на посветеноста на  лидерите на темелните вредности на НАТО и ЕУ“, се вели во изјавата на претставникот на Стејт департментот Џон Кирби.
„Како пријатели на Македонија, САД силно го поттикнува претседателот Иванов да ја преиспита оваа одлука и да дозволи Специјалното обвинителство, востановено како дел од договорот од Пржино, да ги истражи сериозните наводи за владини злоупотреби и да им дозволи на судовите да ја исполнат својата работа. Ние, исто така, ја охрабруваме Владата и партиите да продолжат да работат на реформи што ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон кредибилни избори и евро-атлански интеграции“.
14-04-2016, 02:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote: Груевски не ја одби аболицијата на Иванов и со тоа призна дека е виновен 



[Image: Screenshot_151-685x320.jpg]

14.04.2016
„На денешната прес конференција Никола Груевски не ја одби аболицијата на Иванов и со тоа призна дека практично е виновен. Загрижува неговата леснотијата на извртување на фактите и манипулации со кои сите нас не гледа во очи и најбезобзирно не лаже. На сите им е јасно дека актот на Иванов е издиктиран директно од партискиот штаб на ДПМНЕ.
ФРОДЕМ изразува силна огорченост од незаконитиот акт на Иванов за божемна аболиција. Оваа „дабл тоалетна хартија“ никому ништо не може да му гарантира, ниту да му даде некакво право или ослободување од гонење. Напротив, секому може да му залепи јасна ознака и печат дека е криминалец кој се обидува преку нелегален и нелегитимен чин да се извлече од раката на правдата, која секогаш е долга и упорна!
ФРОДЕМ потсетува дека Ѓорге Иванов е „избран“ за претседател на нелегални и фалсификувани избори кои се одржаа во 2014 година. Тие кои сега се обидува да ги ослободува се директно осомничени и обвинети за фалсификување на изборите на кои тој наводно е избран за претседател. Од овие причини Фродем ќе поднесе кривична пријава за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и соучесништво во кривичните дела поврзани со изборниот фалсификат.
ФРОДЕМ реагира на задоцнетата посета на претседателите на Словенија и Хрватска, г.Пахор и г-ѓа Грабар, поврзана со мигрантите, која беше злоуптребена од нелегалниот Иванов за препокривање на тешката политичка хаварија која тој и ја приреди на Македонија. Фродем дополнително е иритиран затоа што овие високи претставници беа искористени за почеток на една нова бегалска криза, со бегалци и барателите на политички азил, но сега од Македонија“, велат од ФРОДЕМ.
14-04-2016, 02:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Гарет: Помилувањата мора веднаш да се повлечат

Основен демократски принцип е сите граѓани да се еднакви пред законот, напиша денеска на својот твитер профил.

Плусинфо ● 15:45 18 мај 2016





[Image: 48(15).png]



Помилувањата мора веднаш да се повлечат. Основен демократски принцип е сите граѓани да се еднакви пред законот, напиша денеска на својот твитер профил амбасадорот на Велика Британија во Скопје, Чарлс Гарет.
18-05-2016, 03:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Американска амбасада: Уставниот суд отвори пат, на ред е итно поништување на помилувањето

Политичките партии треба недвосмислено да го поддржат Специјалното јавно обвинителство, велат од амбасадата.

Плусинфо ● 14:59 18 мај 2016 ● 


Одлуката на Уставниот суд отвара пат за свикување на Собранието за да се откажат изборите на 5 јуни. Ова пак, претставува обновена можност за Собранието и за политичките лидери, да покажат на дело дека се силно посветени на Пржинскиот договор и неговите начела -- владеење на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори. Оваа рамка и понатаму претставува најдобар начин за земјата да излезе од сегашната криза, се вели во денешната реакција на американската Амбасада во Скопје.

Поништувањето на помилувањата од 12 април треба да се направи итно и на начин на кој ќе се зачува начелото на одговорност, ќе се избегне селективна примена на правдата и ќе се неутрализира сериозната загриженост во врска со неказнивоста. Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот. Политичките партии треба недвосмислено да го поддржат Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Непреченото работење на СЈО е клучно за да се утврди одговорноста за можни злоупотреби поврзани со прислушувањата и за надминување на сегашната криза. Претстојат тешки реформи. Процесот на реформи мора да биде инклузивен и да ги вклучи перспективите на опозициските партии и граѓанското општество. Ваквата инклузивност е клучна за воведување и воспоставување на системот на проверки и рамнотежа, систем што е одлучувачки во демократијата. Соединетите Држави нема да поддржат пристапи што не ги почитуваат овие принципи. Ветувања за реформи или искази за намера нема да ја вратат земјата на евро-атлантскиот пат. Делата ќе го сторат тоа“, се нагласува во реакцијата.
18-05-2016, 03:38 PM
Reply