Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ Е ВО ПРАВО:ШКАРИЌ ИЛИ ВЕЉАНОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ШКАРИЌ: ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ Е АТЕНТАТОР НА УСТАВОТ И НОЌЕН ЧУВАР НА ЗГРАДА

„Ако не владее правото не може да владее ни народот. Така што на овој начин распишани избори не можат да бидат регуларни затоа што немаат значење“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК професор Светомир Шкариќ

[Image: trajko-veljanovski-03.jpg?resize=696%2C511]

10 април , 2016
„Тоа што Трајко Вељаноски се претставува како претседател на Собранието, не само што е смешно, не само што не е за верување и нема логика, туку тоа е класично узурпирање на Уставот“, вели професорот по Уставно право д-р Светомир Шкариќ за САКАМДАКАЖАМ.МК, коментирајќи го правниот вакуум што се создаде по распуштањето на Собранието без да се распишат избори за нови пратеници.
Трајко Вељаноски во интервју за ТВ 24 Вести во петокот рече дека ќе ги распише изборите за 5 јуни, но професор Шкариќ тврди дека Вељаноски веќе нема функција претседател на Собранието и неговиот потпис правнички не значи ништо.

[Image: svetomir-skarik-01.jpg?resize=227%2C300]

Изборите не можат да бидат регуларни затоа што Трајко Вељаноски изврши атентат врз Уставот. Тој веќе не е претседател на Собранието и неговиот потпис за распишување избори е без значење,- проф. Светомир Шкариќ
Шкариќ објаснува дека претседател на Собрание може да биде само тој што има пратенички мандат. „Бидејќи Вељаноски од 6 април веќе не е пратеник, тој веќе не е ни претседател, па затоа и не може да распишува избори“, вели проф. Шкариќ и прашува: „Што чува господинот Вељаноски сега, откако изврши атентат врз Уставот? Наместо да го чува правото, тој ја чува зградата на Собранието. Значи тој не е само узурпатор на функција која ја добил како пратеник, а тоа веќе не е, туку сега е ноќен чувар на зградата во која што е предвидена таква функција кога би постоело Собрание. Оти сега има само зграда на Собранието, ама Собрание како институција од 6 април нема.“
Потсетувајќи дека претседателот требаше прво да го потпише решението за избори, а после да го распушти Собранието, професор Шкариќ тврди дека Вељаноски направил класична узурпација на правото.
„Нема поголема криза од криза на правото. Правото е поважно од демократијата. Ако нема право, нема ни демократија. Ако не владее правото не може да владее ни народот. Така што на овој начин распишани избори не можат да бидат регуларни затоа што немаат значење“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК професор Светомир Шкариќ.
На прашањето како може да се излезе од  овој правен вакуум, Шкариќ одговара: „Собранието е мртво, така што правна рзарешница нема. А за друго, прашајте си некој друг. Јас сум правник.“
 
11-04-2016, 11:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Заблудите на Шкариќ наспроти одредбите на Уставот за распишувањето избори



[Image: Ustav-Sobranie.jpg]




11 April 2016 08:43
Ниту мандатот на пратениците и на претседателот на Собранието престанува со распуштање на парламентот, ниту изборите се распишуваат пред чинот на распуштање како што во своето последно интервју тврди професорот по уставно право Светомир Шкариќ, доведувајќи ја јавноста во заблуда и прогласувајќи дека државата во моментов се наоѓа во правна криза, што е поголема од која било политичка или економска криза.
Шкариќ, кој во последно време е познат по своите пропоозициски ставови, ваквите изјави ги даде по повод стапувањето на важноста на Одлуката за распуштање на собранието на 7 април, како и најавите на собранискиот претседател Трајко Вељаноски дека решението за распишување на изборите на 5 јуни ќе го потпише една недела подоцна односно на 15 април, со цел да ~ овозможи на Државната изборна комисија дополнително време да ги заврши обврските околу прочистувањето на Избирачкиот список. Еве што вели Шкариќ во интервјуто, а што за секое негово тврдење велат Уставот и законите:

1 Престанување на мандатот по повод распуштање

– Точно е тоа дека со чинот на распуштање на Собранието престанува мандатот на сите пратеници, но и на сите функционери во Собранието, вклучувајќи го и претседателот на Собранието. Со други зборови, ние во овој момент веќе немаме претседател на Собранието, ниту имаме потпретседатели. Тие се пратеници како и сите други пратеници и со одлуката за распуштање на Собранието и со нејзиното влегување во сила, фактички немаме претседател на Собранието – рече Шкариќ во интервјуто.
Со ова фактички професорот тврди дека мандатот престанува во моментот на распуштање на парламентот и оти практично немаме власт с` до новите избори. Но дали е навистина така? Што ако немаме политичка криза, туку едноставно настане некоја елементарна непогода или несреќа, која бара неопходна одлука на Собранието, а не се работи за до тој степен воена или вонредна состојба кога владеат посебни правила? Уставот го демантира професорот.
– Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Kонститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, пишува во првиот став на членот 63 од Уставот на РМ.
Ваквата уставна одредба потоа е доопределена со два закона: Законот за Собрание и Изборниот законик.
Во членот 5 од Законот за Собранието во делот посветен токму на почеток и престанок на мандатот на пратениците стои: „Мандатот на пратениците го верификува Собранието. Мандатот на пратениците трае од денот на неговото верификување до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници, но не подолго од четири години“.
Во ставот 4 од членот 15 од Изборниот законик стои комплетно истата одредба која се однесува на мандатот на пратениците. Од каде тогаш дека мандатот на пратениците престанува со чинот на распуштање како што тврди Шкариќ. Дополнително, претседателот на Собранието, според Уставот и законите се избира од редот на пратениците и тој е „прв меѓу еднаквите“ во парламентот. Тоа значи дека неговиот мандат почнува и завршува како и на сите други.

2 Што е прво – распуштање парламент или распишување избори?

– Од гледна точка на Уставот, бидејќи немаме претседател на Собранието, нема ни субјект што што може да ги распише изборите. Претседателот на Собранието требаше пред да се распушти Собранието да го донесе решението за распишување на изборите на 5 јуни, па потоа Собранието да го констатира распуштањето на Собранието. Тоа би било чисто правна ситуација. Но овде сега ситуацијата стои поинаку, Собранието е распуштено, а изборите не се распишани. Земјата влегува во правен вакуум, во кој ни јас не можам да понудам решение. Ова е доказ дека кога не се внимава на правото, земјата може да западне во поголема криза од економска или од политичка – вели Шкариќ за тоа што прво требало да се стори дали распуштање на парламентот или распишување избори.
Еве како Уставот во членот 63 изрично го демантира професорот по уставно право:
„Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.
Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба… Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници“.
Ако се следи логиката на Шкариќ дека прво требало да има акт за распишување избори од страна на собранискиот претседател, а потоа распуштање на парламентот, тоа значи дека Вељаноски фактички им наложува на другите пратеници да донесат одлука за распуштање. Ваквата логика е апсурдна, бидејќи претседателот на Собранието е еднаков пратеник како и сите други, а и одлуката за распуштање ја носи парламентот и тоа со апсолутно мнозинство. Што на пример, ако Вељаноски донесеше решение за избори на 5 јуни, а мнозинството пратеници потоа не донесеа одлука за распуштање? Дали тогаш ќе имаше избори?

Демант и од Изборниот законик

Во членот 12 во Изборниот законик исто така се демантира оваа логика на Шкариќ. Таму стои:
„Актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието и со него се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејства и денот на одржувањето на изборите. Актот за распишување на изборите се доставува до Државната изборна комисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда. Актот за распишување на изборите се објавува во „Службен весник на Република Македонија“. Од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да поминат повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена“.

Извор: Дневник (Катерина Нешкова)
(This post was last modified: 11-04-2016, 11:58 AM by ЈорданПетровски.)
11-04-2016, 11:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Со распуштањето на парламентот не престанува мандатот на пратениците

[Image: karakamisheva.png]
Каракамишева- Јовановска греши кога вели „на сите пратеници им е престанат мандатот, значи немаат веќе никакви права и должности“ Фото: Скриншот


08/04/2016
Универзитетската професорката  Тања Каракамишева – Јовановска, во изјава за ТВ Нова, која ја пренесоа повеќе медиуми (07.04.2016), рече:


Quote: Стапи на сила одлуката на самораспуштање на Собранието на Р.М. Што значи од денес Собранието престанува да функционира во оној состав како што функционираше до вчера. На сите пратеници им е престанат мандатот, значи немаат веќе никакви права и должности по основ на устав и по основ на мандатот кои што го добиле од мандатот во 2014
 [ Извор: НетпресДатум: 06.04.2016 ]
 

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ваквата изјава на професорката по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје , во која таа децидно кажува дека со „ распуштањето на парламентот на пратениците им престанал мандатот“, не соодветсвува со пропишаното во законската рамка што ја третира оваа материја и ја оценуваме како невистинита.
За  ова прашање во  Уставот на Република Македонија во  Член 63 е наведено:


Quote: Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието.
Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.
 Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.
 Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.
Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.
Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии.
Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.


Законот за Собранието
на РМ  прецизира точно кога престанува мандатот на пратениците. Во  втората глава од овој Закон,  II. ЗАПОЧНУВАЊЕ И ПРЕСТАНУВАЊЕ НА МАНДАТОТ И НЕСПОЈЛИВОСТ НА ФУНКЦИЈАТА ПРАТЕНИК СО ВРШЕЊЕ НА ДРУГИ ЈАВНИ ФУНКЦИИ ИЛИ ПРОФЕСИИ , Член 5  се вели:


Quote:(1) Мандатот на пратениците го верифицира Собранието.
(2) Мандатот на пратениците трае од денот на неговото верификување до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници, но не подолго од четири години.
Оттука јасно се гледа дека парламентарците имаат мандат сè додека Собранието не ги верификува мандатите на новиот пратенички состав . Што значи, иако Собранието е распуштено мандатот на актуелните пратеници  сè уште трае.
Имајќи ги предвид овие законски одредби изјавата на професорката Каракамишева- Јовановска дека „на сите пратеници им е престанат мандатот, значи немаат веќе никакви права и должности по основ на устав и по основ на мандатот кои што го добиле од мандатот во 2014“,  ја сметаме за  невистинита.
 
ИЗВОРИ:  
Оценето од: Оливера Војновска
11-04-2016, 12:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Вељаноски: Дури и Архимед ќе се преврти во гроб по изјавата на Шкариќ


[Image: ELG_9973%20copy.jpg]



11 април 2016
Кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски реагираше на изјавата на професорот Светомир Шкариќ дека е прекршен Уставот при распуштањето на Собранието затоа што претходно не се распишани изборите. Неговата реакција ја пренесуваме во целост:
„Во врска со изјавата на професорот д-р Светомир Шкариќ дека претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски го прекршил Уставот на Република Македонија и го распуштил Собранието пред да потпише одлука за нови избори, изразуваме пред се длабоко разочарување на оваа политиканска „еурека“ од еден еминентен професор. Имено, само по себе се поставува прашањето како е можно прво да се потпише одлука за распишување на парламентарни избори, а потоа Собранието да се распушти. Според член 63 од Уставот на Република Македонија, Собранието може да се самораспушти во секое време ако така одлучи мнозинството од пратениците, а секој пратеник било кога може да поднесе иницијатива за распуштање на Собранието.

Понатаму, го упатуваме професорот д-р Шкариќ да види како било постапувано до сега кога станува збор за распуштање на Собранието, на пример во 2008, 2011 и 2014 година и кога тогашниот претседател ја потпишал Одлуката за распишување на парламентарни избори. Дали пред распуштањето или по распуштањето на Собранието? Понатаму, во случај на воена и вонредна состојба (истиот член од Уставот) претседателот на Собранието, иако е тоа распуштено, може да свика седница на Собранието со стариот пратенички состав. И на крајот, по завршувањето на парламентарните избори, откако Државната изборна комисија ќе ги прогласи официјалните резултати, Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Навистина, после оваа политиканска „еурека“ на професорот Шкариќ, дури и Архимед ќе се преврти во својот гроб.“
11-04-2016, 02:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



12-04-2016, 07:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Уставниот суд ќе го пресече Гордиевиот јазол?


Поради итноста на прашањето, можно е Уставниот суд утре да одлучува за уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието, тврдат неофицијално извори од партиската четворка.



[Image: 0,,19117986_303,00.jpg]


Уставниот суд може да ги скрати „маките“ на Трајко Вељаноски и да ги отвори вратите на Собранието, откако ќе се изјасни по иницијативата поднесена од ДУИ, за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието. Според оваа информација која деновиве интензивно се врти во политичките кругови, можно е за иницијативата на ДУИ да се расправа веќе на утрешната седница на Уставниот суд (18.05) и веднаш да се донесе одлука, поради итноста на прашањето во овој политички миг. До утрово на сајтот на Уставниот суд за седницата со утрешен датум се најавени сосема други иницијативи, но извори од партиската четворка неофицијално велат дека „тоа не мора ништо да значи“. Од ДУИ не сакаат да коментираат дали утре е „денот Д“ за одлучување по нивната иницијатива, а од Уставниот суд не беа недостапни да одговорат на ова прашање.
Доколку Уставниот суд утре расправа за иницијативата на ДУИ, прашањето е каква одлука би донел, со оглед дека на 18 февруари годинава, тој со мнозинство гласови веќе отфрли таква иницијатива (една поднесена од Павле Трајанов и друга од Тодор Петров). Според Решението, основното образложние беше дека Одлуката на Собранието не претставува пропис, односно акт подобен за уставносудска оценка.


Издвоени мислења


По таквата одлука, тројца од четирите судии кои гласале против, доставиле две издвоени мислења, кои можат да се прочитаат на сајтот на Уставниот суд. Едното издвоено мислење е на судијата Исмаил Дарлишта, а второто на судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска и Сали Мурати.
„Спротивно на искажаниот став на мнозинството, сметаме дека оспорената Одлука може да биде предмет на уставносудска оценка и тоа по повеќе основи, повикувајќи се на членовите во Уставот на Република Македонија наведени во иницијативите: член 8 став 1 алинеја 1 и 3, член 63 ставовите 3 и 6 и член 51“, пишува во издвоеното мислење на Габер и Мурати.
Во опсежното образложение на ваквиот став, двајцата посочиле дека Уставниот суд при донесување на одлуката, требало да одговори на прашањето - дали постои уставна можност Одлуката за распуштање на Собранието да има одложено дејство? Тие потенцираат дека во Уставот не е уредено прашањето за одложено важење на Одлуката за распуштање на Собранието. Со оглед на непокриеноста на прашањето со конкретна регулатива, не може да се толкува дека таквото решение е дозволено, а какво било одлагање на распуштањето на Собранието, а со тоа и одложено губење на мандатот на пратениците, го оцениле како „неспорен преседан“.
„Од самата содржина на Одлуката е евидентно дека со неа се врши дополнително регулирање надвор од Уставот, всушност 'креативно' дополнително нормирање на уставните одредби кои се однесуваат на распуштањето на Собранието кои како такви воопшто не се предвидени во Уставот. Ова претставува основна причина зошто ваквиот преседан ни најмалку не ја исклучува надлежноста на Уставниот суд да навлезе мериторно во оспорениот акт, особено во делот кој евидентно се разликува од она што Уставот јасно го нормира“, потенцирале Габер и Мурати.
Дали Уставниот суд при оценувањето на иницијативата на ДУИ, сега ќе се раководи од аргументите кои еднаш ги отфрлил, а се клучни во овој случај: дека одложеното дејство на распуштањето на Собранието, не може да се поистоветува или компарира со одложеното дејство на закони или други нормативни акти кои всушност самото ги носи, бидејќи се работи за неспоредливи категории?


[Image: 0,,18988454_401,00.jpg]


Почеток на расплетот?


Ако Уставниот суд утре расправа за оваа иницијатива, и распуштањето на Собранието го прогласи за противуставно, тогаш одлуката ќе биде ништовна и парламентот ќе треба да продолжи со работа. Со тоа ќе се отвори можност и за исполнување на еден од клучните услови за обновување на преговорите меѓу лидерската четворка - одржување на седница на која ќе се поништи одлуката за избори на 5-ти јуни. За вториот услов, повлекување на аболицијата, во оптек се две можности: автентично толкување на претседателската одлука од страна собраниската Законодавно-правна комисија или одлука на Уставниот суд. Од граѓанин до Уставниот суд веќе е поднесена иницијатива за оспорувањето на членот 11 од Законот за помилување, но засега не е извесно кога ќе се расправа за неа.
Експертската јавност е уверена дека не постои друг излез од кризата, освен одложување на изборите и поништување на одлуката за аболиција. Деновиве се актуелизира и прашањето за финансиските импликации од неразумното трошење на 7,5 милиони евра буџетски средства, колку што ќе чини организирањето и спроведувањето на изборите, а на кои ќе учествува само една коалиција.
Драган Малиновски, поранешен претседател на Државната комисија за спречување криминал и корупија, смета дека со право се актуелизира тоа прашање.
„Особено што и од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како единствен учесник на овие 'избори', веќе отсега се најавува дека веднаш по нивното одржување, Собранието би се самораспуштило, по што би следеле нови избори. Ако е тоа така, се поставува прашањето - зошто тогаш изборите по секоја цена мора да се одржат на 5-ти јуни, и дали сега владејачката партија, знаејќи дека таквите избори се однапред пропаднат проект, свесно предизвикува огромна штета на државниот буџет? Во едни такви околности, јас не би ја исклучил можноста и за кривична одговорност на оние кои со своите неодговорни постапки ќе ја предизвикаат таквата штета“ вели Малиновски.
Според него, тезите дека не постои уставна и законска можност за повторно свикување на Собранието и одлагање на изборите, претставуваат невешт изговор на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи целиот корпус на норми, кои го регулираат изборниот процес, базираат на принципите на плурализам и компетитивност на политичката понуда.
Одговорот на овие дилеми можно е веќе утре експресно да дојде од Уставниот суд, доколку се точни информациите што доаѓаат од четирите партии- потписнички на Договорот од Пржино.

DW.COM
17-05-2016, 08:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: 11bhl5w.jpg]
18-05-2016, 02:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Уставниот суд ги запира дејствата за изборите на 5 јуни


Судот едногласно одлучи да ја преиспитува уставноста на двете одлуки поврзани со распуштањето на Собранието.

Мими Шушлеска ● 09:35 18 мај 2016


Уставниот суд едногласно одлучи да ја преиспитува уставноста на двете одлуки поврзани со распуштање на Собранието и донесе времена мерка со која се запираат сите дејствија кои што произлегуваат од носење на овие две одлуки.
Тоа значи дека веднаш треба да запрат сите дејствија поврзани со организирањето избори на 5 јуни, она што е во наделжност на Државната изборна комисија, како и кампањата на партиите што почна пред два дена.
Овaа времена мерка не му наложува директно на Трајко Вељаноски да го свика Собранието, но поради тоа што се отвора постапка и се носи ваква мерка, тој има дискрециско право тоа да го направи.
Конечната одлука уставните судии треба да ја донесат за една недела. 
Едната одлука по која ќе одлучува Судот се однесува на одложеното распуштање на Парламентот, а другата на тоа што изборите од 24 април беа поместени за 5 јуни.
Првата одлука чија уставност ќе Ја испитува, судот ја донесе на 18 јануари и се однесува на распуштање на Собранието со одложено дејство. Вториот спорен акт е одлуката за изменување на привичната одлука која се донесе на 23 февруари и со која изборите од 24 април беа одложени на 5 јуни, односно распуштањето беше одложено од 23 февруари на 7 април.
Како што брифираат од судот, решението за времената мерка со која се запираат сите акти и дејствија кои произлегуваат од овие одлуки веќе е подготвено и во најбрзо време ќе биде испратено до странките во процесот. 
Претседателката на судот, Елена Гошева, денеска рече дека прави преседан со тоа што дава поддршка на одлуката за отворање на постапката за испитување на уставноста на двете одлуки. Во објаснувањето зошто го прави тоа, таа се повика на судската пракса и посочи на предмет по кој Уставниот суд одлучувал во 2001 година иако немал надлежност. 
- Тогаш судот направил преседан и одлучувал за Договор за ратификација меѓу Македонија и Грција со што се впуштил во испитување наспроти своите надлежности. Судот го направил овој чекор зашто утврдил дека постои државен интерес од принцип што со тој договор се правела голема штета на државата. Ова судот никогаш не го повторил. Имајќи го предвид ваквото искуство и актуелната состојба во државата, сега, но не и во иднина, ќе направам преседан и ќе го поддржам предлогот за оценување на уставноста на овие две одлуки - рече претседателката на Уставниот суд Елена Гошева во дискусијата за иницијативата.
Таа гласаше против кога судот решаваше дали ќе постапи по иницијативата на пратеникот Павле Трајанов, кој сметаше дека е спротивно на Уставот тоа што Собранието донело одлука за распуштање со одложено дејство.
Иницијативата што денеска се разгледуваше ја поднесе пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, откако високи партиски функционери најавија дека ќе преземат конкретни чекори за повторно свикување на Собранието.

Glava_vo_zid Glava_vo_zid
(This post was last modified: 18-05-2016, 03:13 PM by ЈорданПетровски.)
18-05-2016, 03:10 PM
Reply