Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИНТЕРВЈУ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ КОЕ ТРЕБА ДА СЕ СЛУШНЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1







Да потсетам на еден стар текст на Јанко Бачев, текст кој говори за паралелна разузнавачка служба кај Минчо Јорданов во "Макстил" , да потсетам дека Минчо Јорданов е сега Грујовист.



Quote:Во предизборната 1998 година СДСМ припремајќи се за опозициско дејствување дојде на идеја да формира паралелна разузнавачка служба под негова контрола. Во таа насока, пред изборите во 1998 година дојде до привидното "збогување" со СДБ на лицето Живко Ѓеоргиевски, тогашен началник на моќната втора оперативна управа во тајната полиција. Тој заминува кај Минчо Јорданов во "Макстил", инаку актуелен вицепремиер во владата на Бучковски. Во "Макстил" "старите пријатели" од времето на УДБА ја договараат реализацијата на веќе дефинираната стратегија за формирање паралелна разузнавачка служба, која на општо задоволство уште тогаш ќе биде формирана. На прв поглед, можеби е интересно прашањето како и за време на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ не се расветли дејствувањето на оваа паралелна разузнавачка структура. Одговорот е многу едноставен-затоа што тајниот центар на СДСМ во СДБ во клучните моменти на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ успеа да постави за директори на СДБ свои проверени и одбрани инсталации, како на пример Горан Митевски и Никола Спасевски, и на тој начин оваа паралелна служба успешно беше камуфлирана и остана недопрена и за времето на ВМРО-ДПМНЕ.

По дефинирањето на сите оперативни елементи на новата паралелна разузнавачка структура, се тргна во правец и на нејзино конкретно институционализирање. Јадрото на оваа паралелна структура ќе биде всушност СДБ, и во неа ќе се дислоцираат добар дел од најискусните и најспособни кадри на тајната полиција. Така, на пример, свое прибежиште во паралелната служба ќе најдат и агенти на СДБ, кои своевремено извршувале најделикатни задачи во странство, а познат е ризикот за обавување на разузнавачки активности во странски држави. Сосема друго прашањето е тоа што СДБ беше така поставена и што овие деликатни задачи всушност беа оперативни активности спрема т.н. македонски екстремисти и врховисти. Но, за волја на вистината, ова секако не ја намалува стручноста на агентите на СДБ, кои само спроведувале наредба на политичкото водство на СДСМ, чија влада, пак, носела акти за работа на службата во кои меѓу другото утвдила дека во тајната полиција треба да постои и линија на работа наречена-македонски екстремизам и врховизам. Истовремено, оваа паралелна разузнавачка структура ќе биде засилена и со пензионирани агенти на СДБ, кои со своето искуство даваат голем приоднес во реализирањето на дефинираните задачи и цели. Оваа паралелна разузнавачка служба денеска брои дваесетина припадници. Во оваа пригода сметам дека е несоодветно да ги обелоденам и нивните имиња. Сметам дека засега е доволно да се каже дека оваа служба ја раководи спомнатиот Живко Ѓеоргиевски.

ПАРАШПИОНИТЕ ОД ЧЕЛИЧАРНИЦАТА НА МИНЧО
(This post was last modified: 09-04-2016, 02:03 AM by ЈорданПетровски.)
09-04-2016, 02:01 AM
Reply