Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО НАВИСТИНА СЕ КРИЕ ЗАД АКЦИЈАТА НА УЈП ВО "МОСТ"
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА: МОСТ одбива увид во документите по пријавата за сомнителни сметки во земји од Блискиот Исток



Искрено, како Финансиска полиција сме затечени од ваквиот пристап на невладината организација и сè уште е нејасно од кои причини не ни се овозможува увид во документацијата за трансфери на стотици илјади евра и долари на сомнителни сметки, се вели во соопштението
 


[Image: policija.jpg]
(Фото: Управа на финансиска полиција)

Управата за финансиска полиција по добиена пријава за сомнителни трансакции од банкарските сметки на невладината организација MOCT и други блиски субјекти, побара од сметководството на споменатата невладина организација податоци за префрлување поголеми суми девизи на сомнителни сметки на физички лица во државите Либан, Јордан, Киргистан, Албанија, Тунис и Палестина.
„И покрај максимално коректниот однос од страна на инспекторите од Управата за финансиска полиција и доставената замолница да им бидат обезбедени на увид правните основи за извршените трансфери на поголемите суми девизи на државјани со сомнително потекло, од страна на првиот човек на невладината организација е одговорено дека не е во можност да им ги достави на увид овие документи од засега за нас непознати причини“, велат од Финансиска полиција.
Оттаму додаваат дека не се во можност да прејудицираат дали има или нема незаконско постапување од страна на инволвираните од едноставна причина, велат од Финансиска полиција, што невладината организација одбива секаква соработка и оневозможува увид во бараната документација.
„Искрено, како Финансиска полиција сме затечени од ваквиот пристап на невладината организација и сè уште е нејасно од кои причини не ни се овозможува увид во документацијата за трансфери на стотици илјади евра и долари на сомнителни сметки во држави од Блискиот Исток“, велат од Финансиска полиција.

Оттаму велат ако во најкраток рок не им биде овозможен увид во книговодството на МОСТ, ќе бидат принудени да ги применат инструментите што ги предвидува Законот за кривична постапка.

[Image: most-pres-3.jpg]

Извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов, потврди дека во понеделникот кај нив дошле инспектори кои побарале определена документација.

- Имавме состанок на кој многу конструктивно и коректно поразговаравме со инспекторите. Беа прецизни во нивните барања околу документацијата што сакаат да ја проверат и ни дадоа неколку дена да ја подготвиме, со цел кога ќе дојдат ефикасно да ја направат проверката. Граѓанската асоцијација МОСТ во овие 14 години работеше и сè уште работи согласно законските прописи и ќе ги почитува институциите во Република Македонија и максимално ќе соработува со нив - истакна Алексов, одговарајќи на новинарско прашање.









06-04-2016, 06:51 PM
Reply