Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КЕ ДОЗНАЕМЕЛИ КОИ МАКЕДОНЦИ КРИЈАТ ПАРИ ВО ПАНАМА?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: "The Panama Papers”: Што откриваат документите од офшор компаниите во Панама?


[Image: 2hol75g.jpg]


 Гардијан во соработка со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ), составен од над 80 земји, објави документи од над 140 офшор компании од Панама.
Тие се доставени од анонимен извор на германскиот весник Süddeutsche Zeitung и споделени со интернационален тим на истражувачки новинари во соработка со Гардијан и БИ-БИ-СИ.

Што откриваат документите?

-сметки во офшор компании на 12 светски лидери и 143 политичари
-од светските лидери објавени се сметките на Nawaz Sharif, премиерот на Пакистан, Ayad Allawi, поранешен министер и вицепремиер на Ирак, Petro Poroshenko, претседател на Украина, Alaa Mubarak, син на поранешениот египетски претседател, Sigmundur Davíð Gunnlaugsson, премиерот на Исланд, рускиот претседател Владимир Путин...
-документи за актуелни и поранешни високи функционери во Кина
-23 лица кои ги прекршиле ембаргата во Северна Кореја, Зимбавве, Русија, Иран и Сирија
-документи за челници на ФИФА
-документи од над 214.000 фиктивни фирми од цел свет
-детали за 14 илјади клиенти на Mossack Fonseca, една од најголемите светски офшор правни фирми
- сметки на шест членови на Домот на лордовите, тројца поранешни конзервативни пратеници во британскиот парламент и десетици донатори на политички партии.
(This post was last modified: 04-04-2016, 01:29 PM by ЈорданПетровски.)
04-04-2016, 01:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Првите „жртви“ на Панама: светски лидери, филмски и спортски ѕвезди

[Image: img_djuarez_20160404-062212_imagenes_lv_...77x437.jpg]

Од: Нова ТВ 12:22 pm - 4 април 2016

Огромното протекување на документи во кое се имплицирани познати членови на влади од целиот свет кои основале заштитени компании или тн. „школки“ за да заштитат милијарди долари од даноци, може да направат пресврт во оф-шор центрите и да ја потресат светската политичка власт, пишува CNBC.
Tим на новинари од целиот свет ги објави „Панама документите” кои содржат повеќе од 11,5 милиони енкриптирани интерни документи од панамската адвокатска канцеларија „Mossack Fonseca“.
Анонимен извор почнал да ги обезбедува документите кои датираат од 1970-тите до 2016 година за германскиот весник Зидојче цајтунг пред една година. Весникот собрал група на организации, медиуми, вклучувајќи го и Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), Гардијан, ББС и Ле Монд, за да ги анализираат податоците пред истовремено да ги објават нивните наоди.
Документите откриваат 12 сегашни и поранешни шефови на држави, 200 други политичари, како и членови на разни мафијашки организации, плус фудбалски ѕвезди, 350 големи банки и стотици илјади обични граѓани кои биле меѓу клиентите на „Mossack Fonseca“, пренесе CNBC.
Важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе, но според германскиот весник, прикривањето на идентитетот на вистинските сопственици на компанијата било примарна цел на адвокатската фирма во најголемиот дел од случаите.
Додека луѓето често легално ги движат средства надвор од земјите за да добијат порелаксирана финансиската регулатива, оф-шор компаниите се исто така најчесто поврзани со даночно затајување и сериозни нелегални активности како перењето пари.

Големи имиња

Аргентинскиот претседател Маурицио Макри, премиерот на Исланд, Сигмундур Давид Гунлаугсон, кралот на Саудиска Арабија Салман, претседателот на Обединетите Емирати Шеик Калифа и украинскиот претседател Петро Порошенко, се само дел од имињата кои основале компании на Панама.
Роднините и пријателите на други светски лидери, вклучувајќи го и Владимир Путин, претседателот на Кина Си Џинпин, сирискиот претседател Башар ал- Асад како и британскиот премиер Дејвид Камерон, исто така се идентификувани од тимот на репортери кои ги истражуваа документите.
Други проминентни фигури имплицирани во документите се и жената на Комесарот на Европската Комисија за климатска акција и енергија, Мигуел Аријас Канет, шпанскиот режисер Педро Алмодовар и неговиот брат, сестрата на поранешниот крал на Шпанија, Пилар де Борбон (тетка на сегашниот крал), пренесе Spain Report.
Во документите од Панама се најде и фудбалската ѕвезди Лионел Меси, Мишел Платини кој беше клучна фигура во скандалот на ФИФА минатата година, како и уште тројца други кои беа вклучени во корупцискиот скандал.
Според ЕУ Обсервер, откриени се компании поврзани и со поранешниот грчки премиер Антонис Самарас, поранешен француски министер, еден министер за енергија од Малта, еден поранешен градоначалник на Варшава и  повеќе британски пратеници.
Јурген Мосак, еден од двајцата основачи на панамската фирма, е син на поранешен нацистички војник кој избегал од Европа за да ја избегне правдата, пренесува ЕУ Обсервер.
Рамон Фонсека пак е наградуван панамски писател кој подоцна станал политички советник.
Фонсека, директор на „Mossack Fonseca“ за Ројтерс изјави дека фирмата не е одговорна за активностите на компаниите кои ги основа.
„Ние сме посветени на правење правни структури кои ги продаваме на посредници како што се банки, адвокати, сметководители и фондови, и тие имаат свои крајни корисници што ние не ги знаеме”, рече Фонсека.
04-04-2016, 01:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

 
[Image: 7889e35adfa42e0da5f8f622a853051b7f5de6d5...20x348.png]
04-04-2016, 01:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Две компании, двајца клиенти и двајца акционери од Македонија во “Панама документите“



[Image: mkd-253011.jpg]

Irish Times, дел од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ), кој работи на мега аферата „Панама документи“, направи мапа од над 200 држави, која покажува од кои земји има лица или компании кои се наоѓаат во базата на податоци која протече од Мосак Фонсека, една од најголемите офшор правни фирми во светот.
Во мапата се прикажани број на компании, клиенти, корисници и акционери од поединечна земја.
Таа покажува дека од Македонија има две компании, двајца клиенти и двајца акционери.
Мапата погледнете ја ОВДЕ.
04-04-2016, 01:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ДОДЕКА ЧЕКАМЕ ДА СЕ ДОЗНАЕ ДАЛИ ВО „ДОКУМЕНТИТЕ ОД ПАНАМА“ ИМА И МАКЕДОНЦИ, МАЛО ОБЈАСНУВАЊЕ, ЗА ШТО ВСУШНОСТ СЕ РАБОТИ.

До вчера „Мосак Фонсека“ беше практично непознато име. Но, тоа не важи за добар дел од светската финансиска и политичка елита, која речиси четири децении ги користи услугите на ова адвокатско друштво од Панама.
Дејностите на спомнатата фирма опфаќаат повеќе области, но за една е особено специјализирана: помош на странци да основаат оф-шор компании во Панама и на неколку карипски острови, за да се сокрие идентитетот на вистинските сопственици на одреден имот или пари. Од почетокот со работата во 1977 година, „Мосак Фонсека“ го прошири своето делување на сите меридијани, со повеќе од 40 канцеларии низ целиот свет. На клиентите им дава услуги не само во сопствената држава, туку и на Бахамите, Британските девствени острови и други „злогласни“ даночни раеви.
Благодарение на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, ова излезе на виделина. „Протечените“ документи овозможуваат увид во корупциска мрежа, која најверојатно стигнува до врвовите на власта во Русија, Саудиска Арабија, Пакистан, Украина, па дури и до обично примерниот Исланд..., но и откриваат како богатите припадници на таканаречениот западен свет користат разни форми на манипулација, вклучувајќи договори за развод или стечај, за да избегнат плаќање данок.

ШТО Е ОФ-ШОР КОМПАНИЈА И ЗОШТО Е НЕКОМУ ПОТРЕБНА?

Не мора да е секогаш мотивот - криминал. Има ситуации кога поединец или позната фирма, односно институција сака да купи нешто, без да се дознае кој е купувачот, или да прави нешто без да се дознае кој е производителот. За ова дури и постои термин: „рутинска корпоративна тајност“. На пример, познатиот производител на паметни телефони „Епл“ основаше оф-шор компанија, „Сикстиејт рисрч“ (SixtyEight Research), за за развој на автомобил, со идеја за тоа да не се знае додека проектите не стигнат во фаза која ветува нивно успешно финализирање. Но, бидејќи „Епл“ е еден од медиумски најпокриваните брендови на планетата, релативно брзо се дозна кој стои зад „Сикстиејт рисрч“, особено кога фирмата почна да се појавува на конференции поврзани со автомобилската индрустрија.
Оф-шор компаниите се користат и за да се заштити приватноста, што е особено случај кај славните личности. На пример, кога позната музичка, спортска или филмска ѕвезда купува нова куќа, често настојува да избегне објавување на адресата во медиумите (што е инаку јавен податок), па ангажира адвокат, да и’ склучи договор за саканиот имот, и плаќањето го врши преку ваква компанија.

ШТО Е СО МАТНИТЕ РАБОТИ?

Како и за многу други нешта во животот, тајноста е совршен амбиент за нелегални нешта. Ова особено важи за оф-шор компаниите поврзани со меѓународните банкарски центри, во кои нивото на тајност оди дотаму што (речиси) никако не може да се открие името на сопственикот на некоја сметка, и сумата што тој ја поседува на неа. Ова понекогаш има само приватни аспекти. На пример, кога долгогодишни брачни партнери се разведуваат, и едниот избегнува да се подели целиот имот на половина, со тоа што дел од парите го сокрил на тајна сметка преку оф-шор компанија. За тоа не знае другата страна (најчесто сопругата) и нејзиниот адвокат, па овој го задржува она што според законот мора да го даде. Или, во случај на банкрот, се’ што е ставено на некое вакво место, не може да биде залепенето, бидејќи државните органи не знаат дека постои.
Ако, пак, заработите милиони нелегално (дрога, оружје, уцени, корупција...) мора да направите нешто со тие пари, без да паднат во очи на државните органи или на медиумите. За тоа, тајните оф-шор компании се идеални. Не само што ви помагаат да го избегнете фокусот на јавноста во времето додека криминалот се случува, туку и при евентуално откривање остануваат недостапни, дури и ако мора да ја напуштите високата политичка позиција или дури да одите во затвор.
Тоа е најчестата функција на овие „правни лица“. Менаџер на оф-шор банкарска сметка открива: „Луѓето мислат дека банкарските тајни најмногу ги користат светските терористи или криумчарите на дрога, но всушност најчести клиенти се богаташи кои не сакаат да платат данок“. А, системот опстојува толку долго затоа што голем број политичари, особено западни, не се многу расположени да ги принудат на плаќање.

ШТО СОДРЖАТ „ДОКУМЕНТИТЕ ОД ПАНАМА“?

На 2,6 терабајти сигурно има огромно количество материјал. Тоа е еквивалент на меморијата на 13 лап-топи. Меѓу поатрактивните имиња се споменува рускиот претседател Владимир Путин, за кого се вели дека има оф-шор имот вреден околу две милијарди долари. Премиерот на Исланд, заедно со неговата сопруга тајно поседувале сметки на Британските девствени острови, и за тоа не информирале ни една од овластените институции во нивната држава, ниту ги навеле во листот за имотната состојба. Семеството на пакистанскиот премиер има на оф-шор сметки имот вреден стотици милиони долари, а претседателот на Украина, Петро Порошенко, кој за време на предизборната кампања даде ветување дека ќе ги продаде сите свои бизниси во земјата, се покажа оти само ги префлил на оф-шор компании, што тој ги контролира.
Листа продолжува, со голем број „атрактивни“ имиња.
КОЛКУ ПАРИ СЕ СОКРИЕНИ ВО ДАНОЧНИТЕ РАЕВИ?
Клучниот елемент на целата оваа повеќедецениска операција е токму ова да не се дознае. Но, професорот по економија од американскиот универзитет Беркли, Габриел Закман, кој за потребите на неговата книга „Скриеното богатство на нациите“, изработи најдетална анализа за ова досега, проценува оти се работи за 7,6 билиони долари (7,6 илјади милијарди). Тоа е за осум проценти повеќе од целокупното светско финансиско богатство, и има тенденција на забрзан раст. Закман проценува дека во последните пет години приливот во оф-шор компаниите се зголемил за 25 проценти. Најголемиот дел од „новите пари“ доаѓаат од Кина и од некои други земји во развој, каде одреден дел од населението енормно се збогати користејќи ги нерегулираните економски односи, а се плаши од нивното евентуално регулирање (конечно, завладување на правото), но и од нарушување на политичката стабилност, како што е на Блискиот Исток во последниве години.
Има и случаи поврзани со највисоко позиционирани западни политичари, а мотивот се објаснува со еден збор - алчност. На пример, името на Иан Камерон, починатиот татко на британскиот премиер Дејвид Камерон, се појави во „Документите од Панама“. Нему му помогнала „Мосак Фонсека“ да основа инвестициската компанија на Девствените острови, преку која на инвеститорите им гарантирал дека „нема да ги плаќаат британските даноци од доходот“.
Политичарите истовремено се соочуваат и со благослов и со проклетство. Благослов е што имаат моќ да направат работи, кои за другите се недостапни, а проклетството е што не мора да се формално виновни пред законот за да сносат последици. Во случајов со Камерон, тоа е во прашање. Имено, тој тип на трансакции какви што правел татко му, е сосема легален, па дури и не вклучува особена тајност. Често, инвестициски компании, чии вработени работат и живеат во Њујорк или Лондон, се пријавени како даночни обврзници на места како Кајманските острови. Бидејќи тие фирми обично немаат материјален имот (фабрики, опрема, земјиште...) формално може да бидат лоцирани било каде на светот, и затоа голем дел од нив избираат држави каде не мора да плаќаат данок. Но, ако сте политичар, кој по природа на работата заговара чесно плаќање даноци, таква „афера“ е многу штетна за угледот, а потенцијално и за кариерата.

ЗОШТО НИКОЈ НЕ ПРЕЗЕМА НИШТО ВО ВРСКА СО ОВА?

Нешто е направено. Прво, во борбата против нарко-картелите, а во поново време и поради војната со тероризмот, извршен е голем притисок врз земји низ целиот свет, да овозможат поголема контрола на банкарските сметки, за да се намали глобалното перење пари. Неодамна, Европската унија успешно ја „притисна“ Швајцарија да ги промени своите закони и да го олесни откривањето на неплаќачите на данок.
Но, тука има два поими кои звучат слично, но мора да се прави разлика меѓу нив: затајување данок и избегнување данок. Затајување е кога поединци или компании го прекршуваат законот одбивајќи да ги платат своите обврски кон државата, при што отвораат тајни сметки, на кои кријат пари. Избегнувањето данок се прави со ангажирање интелигентни луѓе, со чија помош се користат дупките во законот за да се минимизира плаќањето данок. Регистрирањето на инвестициски фонд во земја каде не се плаќа данок на добивка, иако сите вработени и инвеститори ви се во САД или некоја европска земја, е целосно легално. Така и она што го направил таткото Камерон, но секако не е проблематично од морален аспект.
Избегнувањето данок не може целосно да се елиминира, меѓутоа главна причина што толку расте, е фактот дека моќни политичари во најмоќните светски држави, најблаго речено - го одобруваат. Поточно речено - го диктираат. Како што глобалната економија стануваше се’ повеќе интегрирана и меѓузависна, така тие кругови создаваа „економски правила“ кои новодојдените играчи и компании мораа да ги следат за да стигнат до атрактивните пазари. И се создадоа кинески милијардери, на пример.
Воспоставување на некоја форма минимален светски стандард за оданочување на корпорациските и на инвестициските доходи не е остварено, бидејќи нема политичка воља за тоа, или како што велат на Запад - не е политички приоритет. Затоа е значајно протекувањето на „Документите од Панама“. Преку него на виделина ќе излезат сосема конкретни информации, но многу поважно е што ќе се сврти вниманието на јавноста кон област која толку долго некои моќници се обидуваат да остане сокриена. Ако притисокот стане доволно силен, тогаш ќе мора нешто да се направи во врска со тоа, а се работи за 7,6 илјади милијарди долари.


Миодраг Мишолиќ
04-04-2016, 11:15 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#6

Кој му згрешил на Сорос ќе биде објавен во Панама Пејперс. Шо има врска дали имал или немал офшор компанија.
Глобална верзија на македонската “Фабрика за афери“. И ако не си на листата на клиенти на Мосак Фонсека ќе се пополни формулар во твое име и еве те на листата за отстрел.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
06-04-2016, 06:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:ИНТЕРВЈУ ЛАБОВИЌ: „Panama papers“ води до конкретни лица и фирми во Македонија, но тоа мора да се докаже!

[Image: 097B84A94BD00C4F85C5BAEC0EA030AE.jpg&h=330&w=660&a=c]

април 6, 2016
Од македонските надлежни институции засега нема официјален одговор дали и кои македонски државјани имаат сметки и оф-шор компании во Панама. Од Финансовата полиција само изјавија дека нивните досегашни информации се на ниво на шпекулации,  немаат инфомрации дека некои граѓани од земјава поседуваат сметки во Панама, но ако добијат такви информации ќе ги  истражат. Протекувањето на најголемата дата –база на податоци за оф-шор компании од Панама, во која се имињата на светски лидери за кои се тврди дека преку оф шор компании во Панама переле пари, сеуште го тресе светот.
Властите во Панама најавија истрага, дел од европските земји побараа од новинарите кои работеа на  аферата „Панама документи“ копија од документите за да ги истражат и да преземат соодветни мерки во борбата против затајувањето данок. А како треба да постапат македонските надлежни институции, имаме институционален капацитет за справување со финансиски криминал?
Надлежните органи мора да обезбедат доволно квалитетни докази, кои  непобитно ќе ги поврзат “непознатите“ извори на средства со криминалните активности на конкретни фирми и лица, вели во интервју за Фактор универзитетскиот професор и поранешен директор на Финансовата полиција, Миодраг Лабовиќ.
Фактор: Светот го тресе аферата „Панама документи”, aдвокатски фирми и финасиски консалтинг компаниии им помагале на познати светски личности да перат пари и да кријат имот ширум светот, преку фирми во Панама,што ова значи на светско ниво?
Лабовиќ: Светската банка проценува дека 20-40 милијарди долари се “украдени “ секоја година од земјите во развој и скриени во странство преку корупција на високо ниво. Се проценува дека само 5 милијарди се вратени во последните 15 години (од 0,8% до 1,6% од украдените средства). Случајот со откривањето на документи од Панама покажа дека корисници на компании од оф-шор земјите биле личности од разни делови на светот.

ШТО ДА ПРАВИ МАКЕДОНИЈА

Фактор: Засега од надлежните нема информации за македонски државјани иако  дел од македонските медиуми објавија дека познати македонски бизнисмени, политичари и државни службеници имаат отворено свои фирми и сметки во оф-шор државата Панама, како треба да постапи државата, може ли да се поведе истрага по допрен глас?
Лабовиќ: Почетната фаза е преку длабинска финансиска истрага, која  се врши во предистражна постапка од страна на домашните органи во земјата – жртва. Таквата истрага  се врши од страна на тело со  полициски овластувања за законска присилба.
Кај нас тоа се: Финансиска полиција во координација со Јавно обвинителство или Специјалното јавно обвинителство, доколу предметот произлегува или е поврзан со незаконското следење на комуникациите. Надлежните органи мора да обезбедат доволно квалитетни докази, кои  непобитно ќе ги поврзат “непознатите“ извори на средства со криминалните активности на конкретни фирми и лица.
Тоа не е секогаш лесно, бидејќи вистинските сторители се кријат зад финансиските трансакции кои во нивно име ги вршат “Shell“компании,  трустови и т.н. nominee односно номинирани лица во  оф-шор земјите, кои се`уште преставуваат “црни“ дупки во меѓународниот финансиски систем.
Доказите потоа се проследуваат преку барања за заемна правна помош (MLA) до назначените централни тела за прием на таквите барања во секоја од замолените земји, каде што се упатуваат таквите барања.Постојат бројни потешкотии од правен и  бирократски какрактер, па се до разликите во кривично-правните и судските системи на земјите баратели и замолените земјите за взаемна правна помош.
Инаку, доколку се успее да се замрзнат парите во замолената земја, тоа не значи дека тие ќе бидат веднаш вратени (конфискувани) во корист на земјата барател. Тоа може да се очекува  дури откако во земјата барател ќе биде обезбедена правосилна судска пресуда .Тоа е причината зошто  постапките траат долго, а до овој ден, има се`уште заглавени пари во јурисдикции, како Луксембург, Лихтенштајн, па дури и во САД. Да не зборуваме за оф-шор земјите, како Панама, кои не подлежат на меѓународно-правната регулатива за борба против корупција, перење пари и финансиски криминал. Сепак, упорните и умешните лица, кои добро ги знаат и имале практично искуство  во соработката со меѓународните финансиски инструменти за повраток на криминално стекнат имот (Asset  recovery), можат да дадат резултати.
Фактор: Пред извесен период Глобал Фајненшл Интегрити излезе со Извештај дека во кој се посочи дека за девет години од Македонија на нелегално биле изнесени 5,1 милјарди долари, каков показател е тоа, дали македонските надлежни институции потфрлиле?
Лабовиќ: Институционалниот тип на организиран финансиски криминал заедно со нераскинливо поврзаната системска корупција, за кои што неодамна стана збор и во Извештајот на “-“Global financial integrity “, всушност, ги претставуваат “најжешките“ пунктови  на невладеењето на правото. Тоа е буквално најголемиот проблем во Македонија и пречка за квалитетен развој во сите сфери на оштествениот живот.
Овие најсофистицирани и најперфидни типови и облици на организиран финансиски криминал и корупција, меѓудругите фактори, истовремено се и причини и последици на системската криза која преманентно трае и генерира помали или поголеми  по обем и интензитет политички, институционални и безбедносни кризи во Република Македонија веќе 24 години.
Оваа системска криза е нешто многу повеќе и многу подлабоко од акутната политичка, институционална и безбедносна криза. Наведената системска криза, меѓу другите фактори, генерирана е и од неадекватни уставни решенија, кои се неприлагодени на специфичните детерминирачки фактори, карактеристични за опшштества без демократска традиција, поданички тип политичка култура, ниска правна свест и посебен менталитет и обичаи.
Сите овие фактори во комбинација со индивидуалните карактеристики на конкретни носители на власт во Република Македонија ја создаваат системската криза. Инаку, слични уставно-правни и законски решенија, дури и послаби од македонските, во други земји со сосема поинакви специфични детерминирачки фактори, даваат одлични резултати.

ПОТРЕБНИ СЕ ИНСТИТУЦИИ НЕЗАВИСНИ ОД ВЛАДАТА

Фактор:Има ли Македонија институционален капацитет за следење на сомнителните финансиски транскации и како треба да постапуваат надлежните институции во вакви случаеви?
Лабовиќ: Според важечката нормативно-институционална структура, ние имаме институции со соодветни надлежности и овластувања кои би требало да постапуваат и понесат одговорност за случаи на сомнителни финансиски трансакции, во кои евентуално можат да бидат вмешани и носители на високи позиции од државната и политичката хиерархија.
Оттука, на РМ и е потребно воспоставување на една  квалитативно нова  кохерентна и комплементарна нормативно- институционална структура, или, поинаку кажано, системски вкрстена серија на оптимално независни институции од Владата, но не и апсолутно независни од еден поширок сет на контролни институционални механизми, конституирани на еден сосема нов, квалитативен начин, од преставници на клучните општествени сегменти.
Тоа, всушност, значи еден  квалитативно нов развиен систем на поделба на власта, во кој што најконсеквентно ќе се развијат двете негови најиманентни карактеристики: меѓусебната контрола меѓу институциите на највисокото државно рамниште и рамнотежа на моќта меѓу нив. Тоа не значи дека хиерархијата во општеството е исклулчена. Напротив, таа треба да биде уште позасилена во рамките на поединечните системи и рагранетата хиерархиска структура во определени нивни потсистеми ( на пример, во рамките на судството, јавното обвинителство, извршната власт  ( поединечните министерства, органите за финансиска контрола) итн.
Фактор: Дел од експертите посочуваат дека во новите законски решенија политички експонираните лица се изземени од следење на нивните банкарски трансакции, треба ли да бидат изземени?
Лабовиќ: Секако дека изземањето на политичките експонирани лица не е во согласност со меѓународните стандарди и добрите практики за борба против перење пари и организиран финансиски криминал. Меѓутоа, основниот проблем за воспоставување владеење на правото и значителното намалување на институционалниот тип на организиран финансиски криминал, всушност, е поставувањето на клучното прашање – како да се намали огромната концентрација на со ништо неконтролирана моќ на сите досегашни Влади од осамостојувањето до денес во Македонија.
Имено, според важечкиот уставно-правен систем, не постои ниту една клучна државна институција која може de facto да укаже на кршењето на уставноста и законитоста на Владино-партиските врхушки досега, заради тоа што сите наши клучни државни институции се зависни од владино-партиските врвови, со оглед на начинот на нивното конституирање.Во контекст на концептот за системско-стратешки пристап за рeшавање на нашите најголеми проблеми, комлементарни на тезата за системски вкрстена серија на оптимално независни институции се решенијата за реално имплементирање на мерит системот и департизацијата на државните и јавни институции, кои што треба да се одвиваат координирано и симултано во сите круцијални општествени сегменти.
Со воспоставувањето на системски вкрстената серија на оптимално независни институции од извршната власт неминовно ќе се создаде атмосфера, во која што за догледно време законите во многу поголема мера отколку досега ќе се применуваат по силата на самиот систем, дури и во засега недопирливите зони на највисоките позиции на институционалната хиерархија на системот, меѓудругото, затоа што кога Владата (било чија и да е) ќе ја изгуби својата семоќна позиција и лостовите на контрола над клучните општествени сегменти, сите чинители на општествените процеси ќе сфатат дека нема зошто повеќе да се плашат од владата и да бидат нејзини послушни извршители.
Од друга страна, свеста која најтешко и најбавно се менува, со воспоставувањето на ваквиот систем многу побрзо ќе биде поттикната (да не кажам принудена) да се менува. На тој начин, eo ipso и ipso facto ќе започне  да се одвиваат и демократските процеси во сите сегменти на општеството, особено толку неопходната демократизација внатре во политичките партии.
Т.С
(This post was last modified: 11-04-2016, 11:27 AM by ЈорданПетровски.)
06-04-2016, 07:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Дали Панама ќе ги открие тајните за вртоглавиот раст на буџетот?

април 11, 2016

Цунамито од скандалот со истекување на документи од „даночниот рај“ во Панама за нечесни и незаконски постапки на стотици политичари, бизнисмени, спортисти, уметници од целиот свет, кај нас поминува како „развигор“.  Освен што сериозно сеирџиски му пријдовме на овој настан, да видиме кои тоа „ѕверки“ отвориле свои сметки и фирми на рајските острови, прикаската полека но сигурно згаснува на ова ниво. За разлика од кај нас  во светот се крена голема „прашина“ со барања да се стави крај на евазијата на даноци и перењето на пари кои ги загрозуваат националните економии. Една премиерска „глава“ веќе падна и допрва се очекува  да паѓаат, а кај нас, ниту власта ниту опозиционите партии не најдоа за потребно да ги осудат таквите појави. А состојбите во земјата се такви што една јасно дефинирана определба  може да значи и пресврт во распоредот на политичките сили, доколку некоја се определи да стави крај на раширениот арамилак во земјата.
Разбирливо е дека пресврт од власта  и не може да се очекува, бидејќи е сериозно ангажирана во опструкцијата на работата на Специјалното обвинителство за да ги спаси од кривична одговорност обвинетите од врвовите на владејачката партија за организирање злосторничко здружение за фалсификување службени документи и кражба на демократските избори. Нејзиниот однос кон криминалот во земјата најпластично го изрази осомничената министерка за внатрешни работи кога,  враќајќи се од распит кај судија, арогантно рече дека не е важно  колку истраги ќе се покренат, туку колку ќе се завршат. Притоа,  на судијата  му се слошило при  распитот! Да не беше жално ќе беше комично.
Не верувам дека на осомничената не и’ е познато дека слично, но, за тоа кој ќе ги добие изборите, и Сталин рекол дека не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите. Притоа, не е битно дали била инспирирана од диктаторот или само од реалната „газдинска“ позиција на власта во  однос на  обвинителството, судството, па и на Уставниот суд. Просто е неверојатно како може да се изустат такви зборови, со надменост дека „се’ е под контрола“ и увереност дека осомничените нема шанса да ја почувствуваат силата на правдата. Како тие да се недопирливи и покрај јавно презентираните аргументи за бројни нерегуларности во нејзиното работење и во работењето на нејзините соработници. Се фалат со поддршка од узурпираните правосудни институции и отворено ги користат (доведувајќи ги и до бламирачки ситуации и судиите), а притоа, занемаруваат дека токму со тоа ја признаваат вината за нарушувањето на демократските начела за организирање на самостојната држава, за газење на уставот и човековите права и слободи.
Од досега истечените информации од „Панамските документи“ нема личност од Македонија која би го привлекла вниманието на пошироката јавност. Тоа не значи дека и нема да се појави со оглед на проценките за одлив на 5-6 милијарди евра во периодот од 2003 до 2013 година. Можеби такви ќе се откријат откако слични информации ќе се обелоденат и за другите „даночни раеви“, како на пример, од Белизе со кој Македонија имаат поинтензивни трансакции.
Колку се реални таквите проценки? Може да се дискутира за бројката, меѓутоа, нема сомнение дека е сосема реално голем  износ на средства да се извлечени  и од   буџетската потрошувачка и од прераспределбата на БДП меѓу трудот и капиталот во изминатиот период. Логиката е неспорна. Рапидно растат средствата за буџетот, а потрошувачката  не резултира доволно ниту во стандардот на населението ниту во динамиката на растот на БДП. Тоа значи дека дел од средствата се извлекуваат од буџетските намени. Во овој контекст, веќе никој не треба да се убедува дека во буџетската потрошувачка има бројни канали за извлекување на средства во полза на поединци и групи. Да почнеме од  набавките по неколкукратно повисоки цени од пазарните. Некој тука прави огромни екстра добивки и веројатно ги дели со тој што му го овозможил тоа. Не е непознато дека за добивање на определени тендери треба да се плати определен процент. Слушнавме дека  за добивање на кредит за автопатиштата се бара и висока провизија. Притоа, се знае дека колкава и да е таа, се исплаќа од кредитот кој се зголемува за износот на провизијата. Тоа значи дека се зголемува цената по километар автопат за некој од власта да оствари незаконска добивка. Затоа не треба да се чудиме што со многу пари остваруваме помалку. Дел од нив се прелеваат во приватни џепови, а оттаму, секако,  и во земјите даночни раеви.
Во право се оние кои укажуваат дека споменатиот износ на средства не е можно да се извлече само од буџетската потрошувачка. Меѓутоа, грешат ако со тоа сакаат да го доведат во прашање големиот износ на одлив на средства од земјата. Не е само тој извор на средства кои можат незаконски да се одливаат во странство за да се избегнат даноците во земјата  и да се покријат трагите на нивно стекнување. Во периодот од 2009-2013 (за кој има податоци) се случува „тивка“ прераспределба на БДП во полза на сопствениците на капитал, а на сметка на уделот на средствата за вработените. Додека во 2009 година вработените располагаа со 36% од БДП, во 2013 година нивното учество се намалува на 32%. И затоа, меѓу другото, и покрај растот на БДП, платите се како замрзнати со години. Но, во исто време, уделот на капиталистите расте од 31% на 38%. Во овие мали проценти се содржани огромни суми. Додека во 2009 година тие располагале со 124,4 милијарди денари (околу 2 милијарди евра), во 2013 година имале на располагање 188,8 милијарди денари (над 3 милијарди евра). Треба да си наивен да не помислиш дека дел од порастот на уделот во БДП завршил и во земјите даночни раеви. Особено ако се има предвид дека добар дел од одливот на средства се врши преку фактури со фиктивни цени.
Ако на наведениве извори на средства за одлив им се додадат и средствата незаконски стекнувани од рекетирање, уцени и други видови корупција од страна на раководните ешалони на власта срамотно е да се правиме немушти како да е тоа невозможно кај нас. А тоа што во „Панамските долументи“, барем досега нема и звучни имиња од кај нас не значи дека нема и одливи на капитал од различни причини- евазија на даноци, барање прибежиште за заштеди, перење на  пари  и други причини.
Затоа колку што е битно да се бара чист избирачки список и слобода на медиумите , толку е битно да се „објави“ отворена војна против криминалот и корупцијата, да се впрегнат сите сили во откривање на укратеното и да се стави до знаење, за секогаш, дека такви активности нема да се толерираат. Ваквиот пресврт, се разбира, не може да се очекува да го направи актуелната власт, која знае да распределува од шупло во празно и да „распродава“ јавен капитал. Таа е подготвена и да се спротивставува, поинаков потег од неа веќе и  неможе повеќе да се очекува.
Опозиционите сили треба да бидат свесни за состојбата и за тоа дека не им останува ништо друго како лост во развојот. Мора да ги сопрат криминалните одливи, а криминално одлиеното да се врати, за да се создаде маса на средства за остварување на побрз развој. Без тоа стагнацијата не ни бега. Борбата против криминалот и корупцијата стана и цел и средство. Цел- да се затнат сите канали на истекување на народните пари, а средство- за да се врати дел од досега „здиплените“ милијарди,  за да се олесни излезот од долгогодишната „замка на ниски стапки на раст“, кои ги одржуваме само со пораст на долговите. Од исходот зависи, дали ќе се направи пресврт во насока на демократизација на односите во општеството или ќе се продолжи со криминализацијата, во чија основа е партизирањето на државата. Затоа велам, оваа  борба е пресудна за иднината на Македонија!

Д-р Крсте Шајноски
11-04-2016, 11:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Семејството на Иванов има бизнис релации со фирми од Панама!?




Блиската фамилија на Ѓорге Иванов, човекот кој прогласи аболиција за криминалната банда на Никола Груевски, е дирекнто поврзана со бизниси и фирми на Панама, обвини денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Според него, братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски, има бизнис релации со фирмата „ЛИП Корп Панама Сити“ од Панама.

- Ова е тој документ. Лип Корп Панама е основач и сопственик на фирмата „Делфино травел Балканс“. Сашо Тоневски, братот на Маја Иванова, е исто така еден од сопствениците и управител на оваа фирма, „Делфино травелс Балканс“. Пред само неколку дена, или во време кога почна да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми, „Делфино травел Балканс“ згаснува и ја бришат од Централен регистар - рече Шилегов, презентирајќи документ пред новинарите.
[Image: ana5%281%29.jpg]
 
[Image: ana4.jpg][Image: ana3.jpg]

Тој праша, што крие семејството на Иванов?

- Едно треба да му биде јасно на секој. Македонија е на нозе. Правдата, слободата и демократијата се враќаат. Секој што го прекршил законот ќе одговара - порача Шилегов.




24-04-2016, 02:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Иванов: Фирмата што ја споменува Шилегов никогаш не проработела

[Image: Gjorge-Ivanov-11.jpg&h=auto&w=620&zc=1]


Фокус 24 апр 2016, 15:49
„Делфино травел Балканс“ e основана во 2009 година во Скопје со сметка во ТТК Банка во Скопје и е избришана од Централен регистер во 2015 година, согласно Законот за трговски друштва“, стои во реакцијата од претседателската вила на Водно.

Обвинувањата на Петре Шилегов дека семејството на претседателот Ѓорге Иванов се поврзани со компанија од Панама се лаги и манипулации, реагираат од претседателскиот кабинет.
„СДСМ веднаш да го објави секој трансфер на пари преку споменатата фирма и да ги соопшти сите кои биле вклучени во било што на фирмата, која патем е основана во Скопје и никогаш не проработела или во спротивно Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд. Фирмата „Делфино травел Балканс“ e основана во 2009 година во Скопје со сметка во ТТК Банка во Скопје и е избришана од Централен регистер во 2015 година, согласно Законот за трговски друштва“, стои во реакцијата од претседателската вила на Водно.
Претходно, Шилегов обвини дека братот на сопругата на Иванов, Маја Иванова, има бизнис релации со фирмата „Лип Корп Панама Сити“ од Панама.
- „Лип Корп Панама“ е основач и сопственик на фирмата „Делфино Травел Балканс“. Сашо Тоневски, братот на Иванова, е исто така еден од сопствениците и управител на оваа фирма, која пред само неколку дена, или во време кога почна да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми, згаснува и ја бришат од Централен регистар – изјави Шилегов.
24-04-2016, 05:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

[Image: 2hdwihj.png]


Откако пред јавноста беше обелоденета информацијата дека шурата на Иванов, Сашо Тоневски, е сопственик на ДЕЛФИНО ТРАВЕЛ БАЛКАНС ДОО Скопје чиј основач е фирмата ЛИП Корп Панама Сити од Панама, кабинетот на Претседателот на државата ТВРДЕШЕ дека фирмата е ликвидирана во 2015 година. Но, според податоците на Централниот регистар, оваа фирма била ликвидирана токму 1 недела по објавуање на скандалот. Што крие Ѓорге Иванов?


[Image: dlj79c.jpg]
07-05-2016, 01:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,574
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Панама документи: Миленичето на власта, од плејбој до тајкун


Од: Нова ТВ3:45 pm - 9 мај 2016

[Image: kamcev-1-photo-777x437.jpg]

Јордан Камчев, контроверзен бизнисмен близок до круговите на владејачката партија, долго време се сомничи дека користи офшор компании за да го сокрие своето богатење преку зделки и бизниси овозможени од владата. Документите од Панама за прв пат овозможуваат доказ за негово директно сопствеништво во една таква компанија – „Десимарг Лимитед“ основана на Бахамите.

[Image: panamapapers_1.jpg]

Пишуваат: Сашка Цветковска, Маја Јовановска, Кристина Озимец (Редакција за истражувачко новинарство и известување за корупција на НОВАТВ)


Десимарг Лимитед е „родена“ три дена откако Кристина Папаицовау, администратор во „Консулко“, консултантска фирма од Кипар, ги контактираше Мосак Фонсека во јануари 2014 година.
„Консулко“ испорачала директори и сопственици на уделите – во суштина само имиња на хартија чија цел е да ја сокријат личноста која е вистински сопственик на оваа компанија.
Мосак Фонсека, адвокатската компанија која ја регистрирала „Десимар Лимитед“, според законите треба да ги идентификува крајните корисници, односно сопствениците, како и целта и дејноста на компанијата, но никогаш не го сторила тоа. Ова откритие доаѓа од базата од 11,5 милиони интернационални документи популарни како Panama Papers кои ги доби германскиот весник Зидојче Цајтунг и ги сподели со Интернационалниот конзорциум на истражувачки новинари заедно со Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) којшто во Македонија работеше со НОВАТВ.
Во јули 2015 „Десимар Лимитед“ веќе си ја отслужува својата цел и Консулко покренува ликвидација. Тоа е воедно и првиот пат како Јордан Камчев се идентификува како сопственик.  Агентите од Консулко им пишуваат на Монсак Форсека дека ќе покренат ликвидација на компанијата, но прво го менуваат директорот. Нов директор на 9-ти јули станува Ненад Јосифовиќ, личност која во моментов е член на надзорниот одбор на Стопанска Банка – Битола, член на управниот одбор на ГТЦ, како и човек кој со години врши менаџерски функции во компаниите кои се дел од Орка Холдинг, компанија на семејството Камчеви. Во истиот ден кога Јосифовиќ е назначен за директор на компанијата „Десимарг Лимитед“ од Бахами, тој го именува Јордан Камчев за ликвидатор на фирмата, како што се гледа од масата документи кои со НОВАТВ беа споделени од партнерите.
Во документ од 9-ти јули, во изјава која Камчев ја дава лично како ликвидатор, пишува „Јас, како единствен сопственик на Десимарг Лимитед“. Ова се документи кои се потребни за Монсак Форсека да ја може да ја заврши процедурата за ликвидирање на компанијата во бахамскиот регистер.
[Image: foto-odluka-za-imenuvanje-kamcev-likvidator-300x165.png]
Таинственоста на Камчев и одлуката да го сокрие својот идентитет  користејќи услуги од кипарската Консалко која со свои фирми го крие неговиот идентите и не е изненадувачка, ако се имаат во предвид бројните скандали кои инволвираат офшор компании, а кои неговото име и бизниси го врзуваат со најмоќните луѓе во власта. Но, документите од Панама го нудат првиот доказ дека работењето во офшор не е никаква непознаница за Јордан Камчев.
Не е познато за какви цели е користена компанијата „Десимарг Лимитед“, но во еден дел од емаил преписката со Монсак Форсека, тие ја споменуваат Македонија. Од Консалко бараат низа документи кои се потребни за да се ликвидира „Десимарг Лимитед“, кои пак, ги бара бахамскиот регистер, а помеѓу нив пишуваат дека им се потребни „листа на активностите во земјата кои се вршат во холдинг компанијата, Македонија“. Од истиот емаил дознаваме дека сметководствените податоци за „Десимарг Лимитед“ се чуваат во Никозија, Кипар.

 
[Image: Foto-Makedonija-300x118.png]
 
Јордан Камчев никогаш во јавноста не се огласил за прозивките за негова инволвираност во офшор компаниии. Тој ретко дава интервјуа, но во едно скорешно интервју за телевизијата 24 вести тој изјави дека за неговиот успех во бизнисот не била заслужна владејачката партија, како и дека неговото блиско пријателство со Сашо Мијалков било искрено, а се друго биле озборувања.

Еволуцијата на кралот на текстилот


Новинарите кои пишуваат за неговите бизниси често го нарекуваат Камчев „владино милениче“.
Неговиот лајф стајл на плејбој беше актуелен во минатите години, а ги вклучуваше и неговите три брака кои често го полнеа жолтиот печат – од кои два со истата жена – ќерката на поранешниот градоначалник на Скопје и влијателен бизнисмен Трифун Костовски, Олга Костова.
Македонските барови често ги затвораат вратите од своите локали за забави до зори кога Камчев  доаѓа, со цел забавата да се држи подалеку од очите на обичниот свет.  Во ноќните седенки често е вклучен и неговиот близок пријател Сашо Мијалков, поранешен директор на тајната полиција и прв братучед на поранешниот премиер Никола Груевски и претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Јордан Камчев е директор на Орка Холдинг, компанија основана во раните 90-ти од неговито татко Илија Камчев. Претходно, Илија Камчев беше генерален директор на компанијата во државна сопственост „Македонија Спорт“ која подоцна се приватизираше и пропадна. Неговата „Орка“ брзо растеше и се претвори во еден од најголемите производители и увозници и извозници на облека.

 
[Image: kamcev-1-209x300.jpeg]


Но, не беше се блескаво и сјајно со „Орка Холдинг“. Компанијата беше во центарот на истраги помеѓу 2004 и 2006 година и Јордан Камчев се сомничеше за затајување на данок, илегални вработувања и мултимилионски даночни измами.
Откако судот одобри налог за негово приведување, Камчев во 2005 избега во Бугарија, за кон крајот на истата година да се врати и да се пријави самиот во полиција. Тогаш помина 12 часа во притвор и излезе со кауција од 70,000 евра.
Во август 2006 година Никола Груевски ја формираше новата влада по победата на ВМРО ДПМНЕ во јули истата година. Со промената на власта исчезнаа и проблемите на Камчев и јавноста никогаш повторно не слушна за било какви истраги поврзани со него и неговите бизниси.
Оттогаш, наместо да се социјализира со поп пејачи и манекенки, неговиот нов живот вклучуваше забави со шефот на тајната полиција, кафеански седенки со државниот обвинител, пратеници, министри. А неговата компанија порасна во една од најголемите бизнис империи во државата.
Во 2010 година тој, заедно со поранешниот дипломат Срѓан Керим и српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ  ја купија компанијата „Македонија медиа принт“ која е издавач на дневните весници „Дневник“, „Вест“, „Утрински весник“, порталот „Телеграф“, како и на низа забавни и спортски медиуми. По продажбата, едни од најугледните македонски медиуми се претворија во бесрамни алатки на владината пропаганда. Но, започнаа да добиваат и многу владини реклами, милионски тендери кои ја вклучуваа печатницата „Графички центар“ на Камчеви, а истовремено се јавуваа и како донатори на рекламен простор за ВМРО ДПМНЕ на изборите во 2013 година.
Денеска Камчев преку Орка Холдинг поседува хотели, градежни компании, млекарници, мелници, земјоделски комбинати, текстилни фабрики, ресторани, болници. Некои од овие компании добиваат тендери вредни десетици и десетици милиони евра. А во многу од овие компании тој често настапува заедно со мистериозна офшор компанија од Лугано, Швајцарија која индиректно може да се поврзе и со неговиот пријател Сашо Мијалков. Зделките на овие фирми често се поврзуваат со злоупотреба на моќ, трговија со влијание и корупција.

Мистериозниот партнер

Во март 2014, опозициската партија СДСМ ги обвини премиерот Никола Груевски и неговиот братучед и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков дека имаат удел во фирмата Ексико, офшор компанија инкорпорирана во Лугано во Швајцарија, како и дека ја „држат во заложништво целата економија во Македонија“.
Ексико и Орка Холдинг се појавуваат заедно во бројни државни зделки или пак купуваат акции во истите компании. Двете компании имаат значајна добивка од владините тендери и владино спонзорираните зделки.
На пример, Ексико и Орка Холдинг заедно го поседуваат ЕК-ОР, кој преку серија на трансакции кои инволвираат офшор компании, купи парцела на главниот плоштад во Скопје. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ преку општина Центар овозможи промената на урбанистичките планови за да започне со градба осумкатниот хотел ИБИС.
Ексико е сопственост на T&MJ investments Ltd. Во минатото оваа фирма беше менаџирана, помеѓу другите, и од двајцата номинирани директори Емилио Бинда и Капрани Умберто. Истите луѓе се појавуваат како директори на фирмата од Панама, Тасига Корп, која од Мијалков ја купи неговата компанија Миртланис СРО регистрирана во Прага, Чешка. Емилио Бинда, едновремено беше и неизвршен член на управниот одбор во фирмата која денеска е познатта како КАРА АД, во сопственост на Орка Холдинг и семејството Камчеви.
Миртланис СРО, основана во март 2014, поседува плац од 15,280 метри квадратни во скапата област на Прага наречена Велеславин. Подоцна Мијалков ја префрли сопственоста на Тасига Корп. Во исто време, тој беше шеф на тајната полиција и беше обврзан да го пријави сопствеништвото во Анти-корупциската комисија. Тој тврдеше дека не го пријавил, бидејќи вредноста била премногу мала. Исто така тој ја префрли вредната земја на свое име.
Долгогодишниот директор на фирмите на Мијалков, Горан Гацов, остана директор и откако заврши трансферот на сопственоста.
Ексико и ОРКА исто така поседуваат заедно плац од 4,514 метри квадратни во ексклузивната населба Водно, само два километри од центарот на Скопје, дом на дипломати и многу богати луѓе. Плацот беше дел од контроверзниот скандал со прислушкување.
Во февруари 2015,  стотици прислушкувани снимки од наводни разговори од разни  функционери, вклучувајќи го и премиерот Никола Груевски и некои од неговите министри, беа објавени од Зоран Заев, лидерот на главната опозициска партија, СДСМ, која тврдеше дека ги добила од „свиркачи“ во тајната македонска полиција. Снимките вклучуваат повеќе од половина милион разговори, кои се одвиваат од 2007 до 2013 година.
Во една од снимките која го вклучува гласот на Груевски и тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, се дискутира како илегално да се обезбеди легална градба на земјиште кое треба да се пренамени како градежно. Опозицијата тогаш објави документи кои потврдуваат дека 17,000 метри квадратни земја на елитното Водно е купена како лозје од фирма од Белизе чиј директор е кумот на Груевски (11,500м2), како и компаниите Ексико и Кара АД.
 
Од промената се офајдија не само Ексико и Орка Холдинг, туку и Ристо Новачевски, добар пријател на Груевски и државен службеник. Подоцна, овие две фирми ја купија „Сирах Инжинеринг“, формирана на Белизе чиј директор беше кумот Ристо Новачевски, па земјата прејде во нивна сопственост.
Орка Холдинг и Ексико заедно поседуваат акции во градежната компанија, Бетон-Штип, млекарата Здравје-Радово, земјоделските компании Жито Полог, Пелагонија ЗК Скопје АД Петровец и ланецот на пекари и најголем произведувач на леб во земјата, Жито Лукс.
Бетон-Штип доби седум тендери кои вредат 55 милиони евра како дел од огромниот контроверзен проект „Скопје 2014“. Земјоделскиот комбинат ЗИК Пелагонија доби 6.5 милиони евра во државни субвенции во последните четири години откако станаа акционери.
Ексико и Орка Холдинг исто така поседуваат 50 проценти од компанијата Масив Констракшн. Тие поседуваат 3,528 метри квадратни во општината Аеродром.
Плацот не е наменет за градежни цели, но пред неколку недели општината објави нов урбанистички план кој ќе го промени плацот во градежен, со можност за изградба на зграда од десет ката, по што протестираа дел од жителите на оваа населба. Во моментот, земјата е парк и тие велат дека сакаат да го зачуваат зеленилото, наместо да биде претворено во згради, спротивно на сите урбанистички планови.
НОВАТВ се обиде да стапи во контакт со Јордан Камчев, но тој не одговараше на нашите повици и пораки.
 
 
09-05-2016, 04:26 PM
Reply