Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
"ШПИОН" ГО ПРЕВЗЕМА СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБИНИТЕЛСТВО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ШПИОН премина во СЈО, Илија Димовски „пријателска“ врска за грчки и унгарски служби




[Image: tn1_20160325_150102_ilija33.jpg]


25.03.2016 14:05:00
Шпион поминува во надлежност на Специјалното јавно обвинителство, соопшти обвинител од ова обвинителство, на денешната јавна седница во апелациониот суд, каде што по петти пат се правеше обид за почеток на седницата и разгледување на осудените во „Шпион“.
Поради отсуство на обвинети или адвокати досегашните јавни седници се одлагаа, а обвинетите бараа Катица Јанева да го преземе случајот. Најавија докази дури и за обвинителката Лиле Стефанова која го застапуваше обвинението, а сега е дел од тимот на СЈО.
Во „Шпион“ се обвинети 19 луѓе. Првообвинет во овој процес е екс разузнавачот, Марјан Ефремов кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што според обвинението прибирал информации за странски тајни служби.

[Image: %D0%A1%D0%A3%D0%94%20%D0%97%D0%9D%D0%90%D0%9A.jpg]

Покрај Ефремов, затворски казни добија и поранешниот директор на дирекцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, двајца разузнавачи активни во времето на акцијата „Шпион“, како и Марјан Маџовски, поранешен шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељановски.
Интересни се деловите од пресудата во кои првообвинетиот Марјан Ефремов ги запишувал за тоа со кого соработувал во политиката. Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и координатор на пратеничката група Илија Димовски му бил „пријателска“ врска на Ефремов со грчката и унгарската служба, а ја вози и колата што ја имал Ефремов.
Ако се отвори случајот треба да биде сослушан и Илија Димовски. еве детали од пресудата „Шпион“, распослана на 1.076 страници.
„На 13.05.2009 година остварив средба и контакт со пријателската врска Илија Димовски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО ДПМНЕ и близок соработник на Никола Груевски, при што добив информации и сознанија во врска со состојбата во партијата, проблемите во државата, прашањата за коалицијата со ДУИ и прашањата за Македонија и Србија. Разговорот го водев имајќи ги предвид вашите прашања и се обидов да добијам вистински и моментални сознанија за сите работи и ситуации во државата“.
Ова е само дел од писмениот извештај на првообвинетиот во аферата „Шпион“ Марјан Евфремов, создаден на 20.06.2009 година и испратен до унгарската разузнавачка служба, заведен како „ИЛЕ-3“.


[Image: ilija1.jpg]

Овие податоци, содржани во пресудата за случајот „Шпион“ која судот ја напиша на 1.056 страници ги откриваат сите соработници на поранешниот разузнавач Мајан Ефремов, чии информации во писмени и шифрирани извештаи биле испраќани до двајца разузнавачи на унгарската разузнавачка служба како и на разузнавач во грчката служба.
За конкретниот извештај, со наслов ИЛЕ-3, во пресудата се наведува дека: „од увидот во писмениот извештај од 20.06.2009 година, Судот утврди дека обвинетиот Марјан Ефремов го составил овој писмен извештај за потребите на унгарската служба, откако претходно остварил средба со „пријателската врска“ Илија Димовски пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Велес од кого ги добил информациите детално наведени во извештајот, а во врска со политичката ситуација во Македонија, економската криза, започнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ, односите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, прашањата околу Македонија и Србија за спорот со МПЦ и сл“ – наведува судот во пресудата.
Екс разузнавачот Ефремов , кој работел паралелно за грчката и за унгарската служба откако ја изгубил работата во Агенцијата за разузнавање, информациите што ги добивал од пратеникот Илија Димовски ги срочил во повеќе информации кои се пронајдени во неговите компјутери како документи или испратени како шифрирани пораки, а за трошоците: поклони за Илија Димовски и покривање на трошоците за средбите, од странскитеразузнавачки служби Ефремов побарувал различни суми на пари, од 10 евра, 4 илјади па до 8 илјади евра. За некои од посложените операции, како што биле прибирање на документи и фотографии, Ефремов од странските разузнавачи побарувал и по 8 илјади евра.
Како што наведува во една од пораките до унгарците, треба да му исплатат  7.593 евра, пари во кои влегуваат поклони за неговите соработници и пријателски врски: Иле, Софија, Ѓорѓи, Дино, Алек и Иџет.


[Image: presuda1.jpg]

Сите извештаи кои се пронајдени во компјутерите или сателитските системи кај обвинетиот Марјан Ефремов, а кои биле составувани врз основа на информациите што ги добивал од пратеникот Илија Димовски ги означувал со шифри „Иле“ или „снег“.
Меѓу стотиците страници доказен материјал, еве дел од пораките и содржините што ги цитира судот во Скопје, а се однесуваат на информации добиени од пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски:
-на 10.03.2009 осудениот Марјан Ефремов составил повеќе извештаи кои назначил како „џоко1“, „софија“ и „иле1“ кои ги испратил и до унгарските а неколку дена подоцна и до грчките разузнавачи. Во пресметката што ја направил за трошоци направени за 4 средби, Ефремов пресметал сума од 3.154 денари или 52 евра, од кои за средба со Илија Димовски потрошил 545 денари.
-на 10.03.2009 Марјан Ефремов испратил порака до грчките разузнавачи во кои им пишува за неговиот зимски одмор во Копаоник, истовремено објаснувајќи им дека му праќа на пријателот нешто за читање. Како прилог на пораката испратил 2 документи, означени како „снег 1 и 2“ во кој документ дал извештај за средбата што ја имал со Илија Димовски.
-Од нотес во кој имало датуми од 17.11.2008 до 17.09.2009 година, од водената дневна евиденција од Ефремов, судот во пресудата утврдува дека името на Илија Димовски се споменува неколку пати и во него пишувало дека Ефремов му продал возило на Димовски: на 03.03.2009 Ефремов напишал Иле Димовски –117.000 денари, на 04.03.2009 Иле Димовски - смс, на 05.03.2009 напишал Иле-пари, на 06.03.2009 напишал Илија Димовски-смс,  и се така секојдневно до 12.03.2009 година кога напишал: Иле Димовски завршено – Иле ми ги врати парите. Во истиот нотес го пишува и името „Ламбе“ врската –грчкиот разузнувач.

[Image: presuda3.jpg]

Од ваквото запишување во детали и по дауми, за судот јасно произлезе фактот дека за сите свои дејствија и активности меѓу кои и праќањето на мејловите, Ефремов детално си забележувал агенда потсетници – констатира судот, кој за кривичните дела злосторничко здружување, шпионажа, измама, уцена и прикривање го осуди на казна затвор во траење од 15 години.
Во овој период, кога се споменува името и на пратеникот Илија Димовски, според пресудата, Ефремов на грчките и на унгарските служби им предавал информации за безбедносната состојба во Македонија, политичката состојба, претседтелските избори, односите во политичките партии, состојбите во МВР и АРМ.
Во своите тефтери Ефремов пишува дека на 30.03.2009 година остварил средба со актуелен пратеник во собранието на Македонија и добил сознанија за одржаниот прв круг на избори, неправилностите кои се случиле на овие избори, состојбата во политичкиот живот во Македонија и за контактите на пратеникот со Љубе Бошкоски, тогаш претседтелски кандидат.
Овде не се споменува име, но судот констатира дека во извештајот кој бил испратен до грчкиот разузнавач со шифра „Ламбе“ пишувало дека податоците ги добил од „пријателска врска“ пратеник во Собранието на Македонија, како што го опишува во другите извештаи Димовски.
Во извештај насловен како „Петре 6“ од 29.4.2009 година, Ефремов на унгарските разузнавачи Петар и Јури им испраќа интересни извештаи како што вели и им најавува нови до крајот на неделата и од нив бара трошоци од 218 евра кои ги направил за 6 средби меѓу кои и таа со пратеникот Илија Димовски.
Во мај 2009 го испраќа извештајот за средбата со Илија Димовски споменат на почетокот од текстов до унгарската разузнавачка служба. Името на Илија Димовски во тефтерите на првоосудениот во аферата „Шпион“ се споменува и на 20 јануари 2010 година.
Во 2010 меѓу другите извештаи, овој пат со информации добиени од македонската УБК, Ефремов ги известил Грците и Унгарците дека: „Груевски требало да се договори со странскиот фактор да се откаже од власта, а опозицијата да го реши проблемот со името со Грција“.
Во текот на судската постапка, според пресудата,  Илија Димовски не бил повикан за сведок.
Бидејќи судот прифатил дека Марјан Ефремов испраќал извештаи од средбите со лицата со кои се среќавал, ви пренесовме само сегмент од деталите кои судот на широко ги елаборира на 1.056 страници, вклучувајќи транскрипти, пораки, слики и друг доказен материјал кој бил обезбеден со ПИМ мерки или со вештачење на телефоните, компјутерите и сателитските системи.
До пратеникот Илија Димовски, на меил во пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието чиј координатор е и на неговиот ФБ профил испративме прашања и побаравме одговор дали знаел дека информациите од неговите средби со Марјан Ефремов, во форма на извештаи биле доставувани до унгарската  и до грчката разузнавачка служба, каде се среќавал со Ефремов и дали на тие средби му предавал документи или само усни информации, дали добивал подароци, пари и тн, кои како прашања произлегуваат од наведеното во пресудата на скопскиот кривичен суд, но не добивме одговор.


(This post was last modified: 25-03-2016, 05:32 PM by ЈорданПетровски.)
25-03-2016, 05:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ПРИКАЗНАТА ЗА ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ВО САД



[img=829x0]http://kotle.ca/media/k2/items/cache/011e88ef4a8328e08be9d913808b8290_L.jpg[/img]




Пишува Јордан Петровски
10-12-2011
Кога пред извесно време почнаа до мене да допираат гласините кои ги пласира Ване Цветанов дека јас, односно, ние, Групацијата на Ветерани Дисиденти, сме го оставиле на цедило, бидејќи бил излажан од мене да дојде во САД, долго време се колебав дали да го напишам и објавам овој текст. Се одлучив да го напишам текстов, со цел да оставиме писмена трага од случувањата. Нека судат денешниве и идните генерации, и ако пронајдат нешто вредно во напишаното нека го искористат.
Кога човек ќе прими порака со алармантна содржина од човек за кого пишувал и размислувал вака:
Колку бргу го јавноста го заборави Ване Цветанов! Затоа како народ сме таму каде што сме: на дното.
Еден од најсилните митови на демократскиот свет—особено изаразен во САД—е оној за слободата на поединецот, кој што се спротивставува на системот во име на врвните вредности на системот кои што во еден момент се погазени од истиот, за на крајот поединецот да победи во својата праведна борба. Во случај да биде поразен, поединецот станува трагичен јунак-жртва: патоказ кон новите хоризонти на усовршувањето на истиот систем.
Своевремено Ване Цветанов нам, во Гупацијата на Ветерани Дисиденти ни даде причина да се понадеваме дека е човек од кој ќе произлезе вистински лидер и предводник на Македонската пролет. Поради тоа и отпочнавме со контакти него во 2010. год.
Затоа и кога ја прмивме следнава порака од него, не размислувавме многу, туку веднаш реагиравме: 


Quote:From: petartodorov2011@yahoo.com
Subject: ITNO od VANE Cvetanov !!!!
Mon, 21 Mar 2011 06:11:56 -0700
Zdravo Jordan,
Poslednite 2 nedeli bev vo Sofija od pricini sto imaa nalog da me soberat pred kongresot vo petokot.
Sega sum vo Nev York. Stignav sinokja, i spiev vo hotel.
Od denes verojatno  imaat raspisano i oficijalna poternica...
Vo hotel ne bi smeel da spijam povekje,..
Kako moze da se najdeme i da otpocneme postapka za Azil vo Kanada???
Imame li nekoj kaj kogo mozam da spijam bez da me prijavi??
Te Molam pomagaj,..
Pozdrav



Следи мојот одговор:



Quote:From: jordanpetrovski@hotmail.com
To: petartodorov2011@yahoo.com
Subject: RE: ITNO od VANE Cvetanov !!!!
Date: Mon, 21 Mar 2011 17:09:27 +0100
Ване поракава ми стасала на џанк, па затоа не сум ја видел .
Барај ме на мобилниот 1 905 xxx xxxx.
Доколку сум недостапен барај го Душан на неговиот мобилен 1 905 xxx xxxx. Од САД не ти треба да бираш ништо повеќе. Ќе направиме нешто, без гајле.
Јави ми се штом имаш прилика,
Јордан



Во меѓувреме, додека чекав да слушнам повторно од Ване абер, ја погледнав неговата пораката од 8. февруари, 2011. год. испратена до мојот син: 



Quote:from: Vane Cvetanov vane_cvetanov@yahoo.com
to: Dusan Petrovski < dusanjordanpetrovski@gmail.com>
date: Tue, Feb 8, 2011 at 1:24 PM
subject: Re: Здраво
Здраво Душан,

Добив 10 годишна Американска виза, така да сега се чувствувам многу послободно и посреќно.
Добив и стипендија за летна школа на Веитон колеџ, која ќе трае од 6 јуни до 15 јули ( Те молам ова не го коментирај, бидејки таму ќе бидат и Влатко Ѓорчев, и Влатко момчето на министерката гордана, па сакам да ги изненадам, Icon_razz.
Така да најверојатно доаѓањето за работа би го споил со летната школа. Отприлика би дошол околу 15 март, и би останал до 16 јули.

Ќе те известам кога точно тргам за САД, мислам дека ќе бидам во Чикаго, и ќе ми биде особена чест и задоволство да се сретнеме таму.
Многу поздрави до тебе, до татко ти, и до целата групација,
Ване



Имаше сериозни несовпаѓања во пораките. Но, тоа го оставив за понатаму. Стапив во контакт со адвокатска куќа која специјализира во емиграционо и азилантско право, со цел да добијам точна информација како да постапи човеков кој ме моли да му помагам. Причината беше проста: најмала грешка во постапката може да биде многу скапа—парично, временски и емоционално—во вакви случаи.
Следи размената помеѓу мене и претставничката на адвокатската куќа:



Quote:From: Jordan Petrovski [mailto: jordanpetrovski@hotmail.com
Sent: March-21-11 1:06 PM
To: xxxxxxxxxxxxxx
Subject: URGENT!!
Xxxxxxxxx,
In the late fall of 2010 I contacted you regarding Vane Cvetanov with regard to getting him a Convention Refugee status in Canada. He is a former Director of the Agency for the prevention of money laundering in Macedonia, and has had a substantial falling-out with the Government. I received a message from him today advising me that there is an order out for his arrest and also that he is presently in the USA, having just arrived over the past day or two. He is worried that the Government may be issuing an international warrant for his arrest. Is there anything we can do at this point with regard to having him cross to Canada and seek asylum here or is he stuck in the US? Time is of he essence, so please advise as fast as possible.



Нивниот одговор:



Quote:To: Jordan Petrovski [ jordanpetrovski@hotmail.com]
Date: Mon, 21 Mar 2011 13:45:48 -0400
Subject: RE: URGENT!!
Jordan,
Since he is the USA, the Third safe country agreement applies to him and he can’t claim refugee status at the border when he arrives.
The only way  he could claim is to either come as a G5 sponsored applicant OR if he can somehow make it inside Canada first and then claim inland.
It’s risky, but somehow he needs to get into Canada… think of ways to help him with that. Once he is here, he can go to the CIC and make the claim there, prior to that he can discuss details with Xxxxxxx.
Best regards,



Накратко размената помеѓу мене и адвоктаската фирма се однесува за можноста Ване да бара азил во Канада. Поради постоењето на „Договор за трета безбедна земја“, според кој поради причината што Цветанов слетал во САД—што се смета за „Трета безбедна земја“—адвокатите ме известија дека тој нема да може да бара азил во Канада. Но, дека на подолг план, доколку тој поднесе барање за азил во САД, ќе може да направиме напори да го донесеме во Канада.
Истиот ден на Цветанов му пратив уште две пораки: 



Quote:From: jordanpetrovski@hotmail.com
To: petartodorov2011@yahoo.com
Subject: RE: ITNO od VANE Cvetanov !!!!
Date: Mon, 21 Mar 2011 18:13:40 +0100
Имаш ли некој што може да го покажеме како твoј роднина што живее во Канада.


Quote:From: jordanpetrovski@hotmail.com
To: petartodorov2011@yahoo.com
Subject: RE: ITNO od VANE Cvetanov !!!!
Date: Mon, 21 Mar 2011 18:15:08 +0100 
Ако ти е полесно, прати ми на кој телефон да те барам.


Вечерта на 21. март со Ване Цветанов веќе се слушнавме преку телефон. Приказната на Ване беше малку поинаква  од онаа што го напишал во емаилот неколку часа порано! Кога го запрашав зошто е дојден во Њу Јорк, одговорот беше дека тој е веќе во Њу Џерси! Oти тука го го чекале пријатели препорачани пред неговото тргнување од некоја од Протестантските цркви во Македонија чиј верник бил Цветанов. Дека веќе пријателите (???) го сместиле кај некое момче од Радовиш (чинам).
Во разговорот Цветанов побара да се сретнеме, на што му одговорив дека неминовно ќе се сретнеме и дека ќе гледам средбата да биде што поскоро.
Му го пренесов она што го добив од адвокатската канцеларија: дека легално влегување во Канада и барање азил за него е невозможно заради Договорот за трета безбедна земја. За Цветанов барањето азил и во САД ќе беше проблем бидејќи тој за САД тргнал од Бугарија, земја во која претстојувал две недели. Во САД би го имал истиот проблем на Трета земја и неговата молба за азил по автоматизам би била одбиена, односно од САД биб бил депортиран во Бугарија.
Новата приказна од телефонскиот разговор—дека е во Њу Џерси кај пријатели, а не сам во Њу Јорк ме натера да се консултирам со некои членови од Групацијата и да ги споделам моите сомнежи:
1. Зошто Ване не ми се јавил од Софија за да ме консултира како да го направи излегувањето и каде да дојде во САД, дотолку повеќе ако ме имал на ум како човек од кој очекува помош;
2. Зошто ништо ме ми спомена во однос на тоа која е причината за одлагањето на веќе планираното заминување на 15. март како што навести во мелот од февруари; и
3. Зошто не одлетал за Чикаго ако таму сѐ му било дгоговорено, па и работа до започнување на летното училиште, како што напиша во мелот од фебруари?
Во пораката Цветанов ми напишал дека за него постои распишанамеѓународна потерница, но, за македонските власти да распишат меѓунардна потерница, првин треба да има правосилна судска пресуда во домашната држава. Бидејќи не знаев многу работи за и околу Цветанов, се одлучив да му верувам и да претпоставам дека во РМ имал некоја пресуда против него.
Сепак Групацијата направи проверка на таа информација со цел да го смириме ако потерницата не е легитимна и да дознаеме малку повеќе, оти работите не се совпаѓаа. Информацијата од Македонија беше многу интересна: дознавме дека официјална потерница за Ване Цветанов нема. Нешто што се потврди на 06.06.2011. год., денот кога Ване непречено се врати во Македонија. Но, и дека веста до „А1“ ТВ лично ја пренел Иво Котевски!?
Имено „А1“ ТВ емитувала таква вест, но ја емитувала само таа и ниту еден друг медиум: 


Quote:Интерна телеграма за Цветанов
Катерина Гетева
 
  1. 03.2011 18:43
Полицијата го бара поранешниот директор на управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам Ване Цветанов, дознава А1. Инспектори од одделението за организиран криминал на тринаесетти месецов во станица во Кочани го повикале Цветанов на информативен разговор.
Деновиве на домашна адреса во Кочани повторно затропала полицијата. Од МВР ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. МВР не дава инфорамции дали по некого има телеграма за потерница доколку случајот е во предистражна постапка и нема поднесено никаква пријава 
Инаку полицијата кого било може да побара на домашна адреса, доколку тоа го бара судот, МВР или некој друг на домашна адерса се бараат лица за кои има истрага, треба да лежат затворска казна или, има по нив судска потерница.
Во телефонски разговор ни објасни портпаролот на министерството, Иво Котевски. Неофицијално истрага за Цветанов е отворена поради - 29 вработувања во управата, без знаење на министерството за финасии, за што антикорупциската комисија побара негова смена од директорската позиција, во мај минатата година.



За да не грешиме на душа на претпоставки кои можеби се случајност, донесовме решение да ја туркаме работата за азил на Цветанов и понатаму со иста сериозност. За секоја ситуација има решение, па и за оваа во која се наоѓаше Цветанов.
Со цел за да не играме глув телефон, а и од адвокатската канцеларија да можат да ги наплатат советите, побараа тие да разговатаат директно со Цветанов: 



Quote:From: xxxxxxxxxxxxxx
To: jordanpetrovski@hotmail.com
CC:xxxxxxxxxxxxxxxxxxx.ca
Date: Tue, 22 Mar 2011 12:20:38 -0400
Subject: Your friend
Hi Jordan,
Can you please give me the phone number for him, we will  call him directly and discuss. Do you think he can pay the consult fee by credit card?

Цветанов не сакаше да зборува со адвокатите поради тоа што слабо го зборувал англискиот јазик и за да не троши пари. Но, му објаснив дека во канцеларијата има вработени кои говорат по неколку јазика—меѓу кои и Бугарски—, така што Ване можеше да зборува на Бугарски, што за него не требаше да биде проблем, бидејќи тој студирал во Софија. Но, Ване го одби разговорот и покрај тоа што му реков дека јас ќе платам. Овој пат изговорот беше дека не сакал да ми прави трошоци.
Ние, во Групацијата, во следните два три дена направивме консултации како да го решиме проблемот: за да го отстрани проблемот на Трета земја кој беше пречка Цветанов да побара азил и да влезе во процедура, тој мораше да влезе во Канада без документи.
На Цветанов му ги пренесов овие сознанија. Го предупредив дека ако го започнеме тој процес постои можност тој да не се види со неговото семејство 4-5 години. Тој не можеше да го прифати тоа, притоа образлагувајќи ми дека не може да поднесе да биде одделен од сопругата и децата.
Следеа нови консултации со адвокати. Се консултиравме со две адвокатски куќи;  и двете дадоа идентичен совет.  Советот беше да се обидеме да ги донесеме Ваневите сопруга и децата во Канада и тие при влезот во Канада да побараат азил. Сето тоа мораше да се заврши најдоцна до 16. Јули, дента кога на Ване му завршуваше летниот курс. Истовремено според овој план, мораше Ване да го внесеме преку други канали без документи и на тој начин да ја избегнеме замката на Третата земја.
Цветанов се согласи на оваа варијанта и беше многу среќен и задоволен заради најденото решение. Му реков дека ми требааат генералии за сопругата и децата за да можам да го изготвам гарантното писмо. Побарав информациите да ми ги прати што поскоро, оти процесот од праќање на гарантно писмо до добивање на виза ќе трае најмалку месец-дена. Му реков дека ќе ми треба и малку време да најдам како тој да се префрли „на црно“ во Канада. Цветанов ме изненади кога ми рече да не се грижам околу тоа, оти тој има луѓе кои ќе можат да го сторат тоа за неги и дека влезот во Канада „на црно“ нема да е проблем. Од тие зборови добив впечаток дека има моќни луѓе околу себе.
Планот ми беше откако ќе го изготвам гарантното писмо да појдам до Њу Џерси, каде што тој наводно претстојуваше, да му го однесам писмото и да се видиме.
Од Ване не добив со денови никакви податоци за неговите. Причината Ване никогаш не ја соопшти.
Наместо податоците за сопругата и децата, нова промена на плановите на Цветанов: ми побара да помогнам да најде работа било каде во САД. Повторно Чикаго не го спомена!? Групацијата на Ветерани Дисиденти заради премногуте контрадикторности во однесување на Ване, а и заради веќе добиените дополнителни сознанија за лагите кои тој се обиде да ни ги подметне, донесе одлука да не се занимава повеќе со него. Јас сепак сакав да ја продолжам играта на Ванета за да и го видам крајот. Разговарав со неколкумина од малуброните мои приајатели во САД кои не се дел од Групацијата, и од нив еден се понуди да се обиде да помогне.


Quote:април 3

[Вие]
Pobaraj na FB profil Dxxxxx Gxxxxxxxi xxxxxxxxxxxxxxxxxxxx
ke go kontaktirash za rabota. Toj e vo Detroit.
pozdrav



Quote:април 4
 
[Vane Cvetanov]
Blagodaram Jordan,
pustiv frend request na covekot na FB,
i mu napisav poraka,.
Go pozdraviv od tebe i go zamoliv za pomos...
ti blagodaram mnogu,
golemi pozdravi,


Повторно следеше молк од Цветанов, поради што му ја испратив следнава порака: 



Quote:април 6

[Вие]
Ne bi sakal da ti dosaduvam no malku mi e chudno shto ne mi se javuvash. Vo shto e problemot.
pozdrav


Одговорот стаса после два дена: 



Quote:април 8

[Vane Cvetanov]
Zdravo Jordan,
voopsto ne mi dosaduvas, taman rabota...
Nemam internet doma, i sekoj den odam vo kafeterija na saat dva,
a toa vreme e premalku samo za komunikacija so moite, malku so zena mi, malku so majka mi, malku so sestra mi...
ne bev nesto dobar denovive, bev na bolnica, pa mi daodoa nekoi lekarstva.
nesto me gusese, i nemam apetit, no mi rekoa deka e od nervoza, na nervna baza, pa poradi toa nekolku dena i ne otvaram FB i ne citam nisto…


Ќе ги објавам само овие две пораки кои ги испратив кога мислев дека Ване е сѐ уште во САД, но не знам дали сѐ уште бил таму: 
 



Quote: април 15
 

[Вие]


Shto ima novo.? Reshi li nekoj od problemite.? pozdrav


Quote:април 26

[Вие]
Nekoj te isplashi bajagi od mene.


Одговорите на овие две пораки ќе биде убаво да ги даде самиот Ване. Се разбира заедно со неговиот коментар на ова што го пишувам.
Што беше она што го тераше Ване Цветанов секојдневно да ги менува приказните и плановите? Од првата порака кога наводно стасал во САД и кога бара од мене помош за да бара азил, за само седум-осум подоцна дена веќе немаше ништо од неговото барање за азил и желбата тука да ги донесе соругата и децата! Дали на неговите налогодавачи им стана јасно дека мамката со „скокотливите“ материјали од Управата за спречување на перење на пари за нас од Групацијата е непривлечна? Целта, очигледно, беше да се залетам и да појдам на средба со Цветанов. Затоа и Зоран Божиновски објави материјали од еден случај кој го работела Управата со која раководеше Цветанов, со надеж дека ќе нѐ подзапалат во желбата и ние да ги имаме за да ги објавиме на нашиот портал. За Групацијата, Цветанов демек, ги чувал ексклузивните документи.
Главно беше да тргнам на пат, далеку од дома, за да се сретнам со Ване, а додека траела нашата средба, неговите пријатели требало да извршат технички „подобрувања“ на моето возило. По разговорот ќе сме се поздравеле со Цветанов, и јас снабден од него со „многу важни документи“ од Управата сум требал да заминам на 500km-долгиот пат дома. Техничките „подобрувања“ од „црквените пријатели“ на Ване требало да се осигураат дека никогаш повеќе нема да си ја видам куќата.
***
Службата секогаш паѓала на тоа што никогаш не ја разбрала основната поента на Групацијата—односно ОРГАНИЗАЦИЈАТА: човечноста. Тајната полицијa никогаш не можела да разбере како реагираат луѓе кои и покрај прогоните и затворите, и секојдневните шиканирања и омаловажувања не ја изгубиле човечноста—обврската на истомисленик, страдалник од УДБа да му помогнат. Затоа мислеле дека ексклузивните материјали кои би го добиле од Цветанов за Групацијата би биле поважни од барањето на решение за Ваневиот проблем—прогонот од УДБа.
***
Зошто од летово навака, од неговото врќање во Македонија, Ване Цветанов шири невистинити приказни низ Скопје, посебно кај припадниците на неговата нова партија—заштитничка ВМРО НП, дека со месеци ме молел да се сретнеме во САД? – Од првата порака на Ване, онаа од 21.03.2001. год. па до мојата порака од 06.04.2011. год. во која прашувам зошто не се јавува поминати се 16 дена.
Во периодот до 27./28. март се завршени сите консултации и е најдено најсигурното решение како Ване Цветанов да се состави со семејството и да влезе во Канада. Зошто Цветанов никогаш не ми ги испрати генералиите за сопругата и децата за да го изготвам гарантното писмо?
Зошто Ване Цветанов ми расправаше дека е во партијата на Стојанче Ангелов ПП Достоинство? Зошто самиот ми го испрати документот насловен „ОСНОВЕН ТРОШКОВНИК ЗА ИЗБОРИ“ (За политичката патија Достоинство), кој наводно тој го изготвувал по барање на Стојанче Ангелов. Еве дел од од него: 
 



Quote:From: Petar Todorov < petartodorov2011@yahoo.com>
To: jordanpetrovski@hotmail.com
Sent: Fri, March 25, 2011 1:37:11 PM
Subject: DOSTOINSTVO
 
  ОСНОВЕН ТРОШКОВНИК ЗА ИЗБОРИ
 ( За политичката патија Достоинство)
1. Трошоците се планирани за периодот од формирањето на партијата до денот на одржување на изборите
2. Трошоците се наведени по ставки во прилогот Табела
За организирање и исполнување на кампања согласно предвидените трошоци, потребно е целокупната сума од парите да биде обезбедена најдоцна 7 дена по одржувањето на основачкото собрание на партијата ….
Во истиот меил е вклучена и следнава анализа:
 
ВМРО НП
Активирањето на ВМРО НП, односно на почесниот претседател Георгиевски е резултат од два притисока. Првиот притисок е од членовите и врвот на ВМРО НП кои се маргинализирани и во опзиција веќе 9 години. Вториот и поважен притисок доаѓа од Никола Груевски, заедничките тајни и бизниси кои ги имаат заедно со Георгиевски. Причината Георгиевски да биде притиснат е токму поради постоењето на огромното незадоволство кај гласачите на десницата и се поголемата закана дека Љубе Бошковски односно СДСМ ќе ги придобие тие гласови. Од друга страна исто така беше проценето дека и активирањето на Достоинство може да биде закана за ДПМНЕ па е одлучено Активирање на Георгиевски по секоја цена.
Предности: Голема бројка на берни фанови, подржувачи и гласачи на политиката на Љупчо Георгиевски. Постоечка мала но лојална инфраструктура во секое населено место.
Недостатоци: Недостаток на политичка воља за сериозна битка со Груевски, и гушење на сите прогресивни идеи и платформи во ВМРО НП кои би довеле до сериозни штети на Никола Груевски.
Проценка за резултати:
Освоени гласови- Од 40 000 до 90 000
Пратеници- од 4 до 9
 


На 04.06.2011. год. Цветанов да најавува:
 


Quote:Цветанов: Македонија удавена во државен криминал
Богданка Кузеска
04.06.2011 18:51
 
Ване Цветанов, поранешен Директор на Управата за спречување на перење на пари, пред неколку месеци мистериозно исчезна од државата. А1 ексклузивно дојде до него и од разбирливи причини не ја откриваме локацијата каде што се сретнавме со него.
Нашето прво прашање, секако беше, зошто Ване ја напушти татковината.
„Целта е да бидам дискредитирам, бидејќи знам и поседувам многу информации и знам што се случува. На тој начин се направи една монструозна монтажа“, вели Цветанов.
Ване Цветанов за време на неговата кариера, стигнал до сознанија кои не им се допаѓале на одредени структури.
„Четири милијарди евра, кои што се исчезнати по одредени острови и офшор дестинации низ целиот свет. Во моментите кога Управата ги зајакна капацитетите и почна да допира до некои пипци на октоподот, тогаш почнаа сите напади врз мене и тогаш бев нападнат од сите страни, бев дискредитиран и отфрлен, со цел да не допрам до главата на октоподот. Беа апсени луѓе за по 200 евра, за 300 евра, за некакви ситници, а не видовме случај да биде уапсен некој за проневера од 20 милиони евра, од 50 милиони евра, а постојат сомненија за многу такви“, додава Цветанов.
 Од директор на една од клучните институции за борба против организираниот криминал, Цветанов сега е бегалец. Вели тоа и ќе остане се додека не се променат некои состојби во државата.
 Тогаш и верува дека ќе може да продолжи таму кај што застанал.
„Се работи за една сериозна мафија фо Република Македонија, која што контролира се. Проблемот е што во светот се вели - во секоја држава има мафија, но за жал во Македонија мафијата има своја држава. Мафијата го контролира и судството и обвинителството. Значи Република Македонија е удавена во организиран криминал“, изјави Цветанов.
 За време на овој разговор од Ване Цветанов добивме уште многу скандалозни информации поврзани со звучни имиња кои поради изборниот молк и заложбата на А1 да го почитува, не сме во можност да ги објавиме, но деталите ќе ги емитуваме од понеделник.
Понеделникот помина. Продолжението го немаше, но затоа од тој понеделник Цветанов повеќе не е „бегалец“—тој е вратен в Македонија. Еве го битното во изјавата на Цветанов: „Цветанов сега е бегалец. Вели тоа и ќе остане се додека не се променат некои состојби во државата.“ Дали ќе објасни Цветанов кои состојби се променија од пред изборите?

 
***
Пишував за неколкуте чуда во Македонија во изминативе дваесет години и мислев дека ќе почекам малку повеќе години за да се присобеат нови чуда, но Грујо ти бил „чаробњак“ кој прави чудо над чудата или чудо во четврти кумановски суерлатив, чуда се редат како на филмска лента.
На 6.јуни, како и што прогнозирав, Грујевски го уапси „Брат“ Љубе. Сепак во мојата прогноза имаше грешка: сум утнал во причината. Јас напишав дека Брат Љубе, биде уапсен поради тоа што „многу го плукаше Грујо, а Грујо е самобендисан до коска“. На 6. јуни во Македонија се врати уште еден голем плукач по Грујо, „прогонетиот“ Ване Цветанов, кој преку Зоран Божиновски изнесе  во јавноста еден куп документи, сопственост на  Управата за спречување на перење на пари со кои го обинуваше двоецот Груевски-Мијалков и на ден на изборниот молк на 4. јуни изјави дека „Македонија [е] удавена во државен криминал“. Значи Цветанов плукаше, и тоа вистински и аргументирано. И глеј чудо: избеганиот и „гонет со потерница“ Ване Цветанов [чири-бу чири-ба] на 6. јуни 2011. год. се враќа во Македонија. Поминал царинска [абра-кадабра] и пасошка[чири-бу чири-ба] контрола без проблем и [абра-кадабра] никој не го чепнал.   Тоа што имало два-три пати тропање од полицајци на вратата на домот на Ване за да биде повикан на информативен разговор кој не бил остварен поради неговата одсатност [абра-кадабра] било заборавено. Биле заборавени и ...
Авторот е претставник на Групација на Ветерани Дисиденти при Комитет за демократизација на Република Македонија
(This post was last modified: 09-11-2016, 06:32 PM by ЈорданПетровски.)
25-03-2016, 05:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Novinar Zoran Božinovski izručen Makedoniji



četvrtak, 21.04.2016. u 16:12
[Image: Policija-01235.jpg]

Makedonski novinar, vlasnik internet portala „Bure vesnik” Zoran Božinovski izručen je danas Makedoniji, koja ga traži zbog udruživanja u kriminalnu grupu, špijuniranje i ucene, saznaje Tanjug.
Ministar pravde Nikola Selaković je potpisao odluku o izručenju Božinovskog nakon odluke suda da su ispunjene pretpostavke za njegovo izručenje, rečeno je Tanjugu u državnim organima Makedonije.
Božinovski je jutros uhapšen i upućen ka Makedoniji čiji je državljanin.
Zbog toga je Udruženje novinara Srbije (UNS) izrazilo zabrinutost, tvrdeći da ekstradicija Božinovskog, u vreme veoma burnih i nejasnih političko-bezbednosnih prilika u Makedoniji, ozbiljno ugrožava njegovu sigurnost.
Božinovski je, kako piše UNS u saopštenju, juče sa svojim advokatom bio na razgovoru u policiji gde je po odluci Upravnog suda, trebalo da dostavi dodatnu dokumentaciju na osnovu koje bi bila poništena prethodna odluka Ministarstva unutrašnjih poslova Srbije o odbijanju njegovog zahteva za azil.
On je bio uhapšen 7. novembra 2013. godine u Novom Sadu po Interpolovoj poternici, a prema optužbi za zločinačko udruživanje, špijunažu i ucenu iz Krivičnog zakonika Makedonije.
Jedno vreme je proveo u ekstradicionom pritvoru, nakon čega je pušten na slobodu gde je čekao odluku o azilu.
Urednik je sajta „Bure vesnik” na kom je istraživao i objavljivao brojne tekstove o korupciji i kriminalu, navodi se u saopštenju UNS-a.
Mediji su nakon njeogvog hapšenja u Srbiji preneli da je Božinovski jedan od 20 osumnjičenih među kojima su uglavnom sadašnji i bivši pripadnici makedonske Obaveštajne agencije, Uprave za bezbednost i kontraobaveštajnu službu, kao i Ministarstva odbrane.
Oni se sumnjiče da su se bavili špijuniranjem, ali i ucenama uticajnih licnosti u Makedoniji od kojih su tražili novac da ne bi objavljivali u javnosti detalje iz njihovih privatnih života.
(Tanjug)
21-04-2016, 08:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



02-09-2016, 01:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:СЈО побара намалување на казните на осудените во „Шпион“

[Image: Lence-Ristovska1.jpg]

Скопје, 2 септември, 2016 - 17:05 (META) 
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешната јавна седница во Апелацискиот суд ги одби како неосновани најголем дел од жалбите поднесени од 18 обвинети и нивните адвокати на пресудата на Кривичниот суд за случајот „Шпион“.
Обвинителката на СЈО, Елизабета Јосифовска, која го застапува предметот и го образложи ставот на Специјалното јавно обвинителство, рече дека ги прифаќаат жалбите на одбраната во врска со висината на казните на обвинетите за оружјето пронајдено кај Горан Стојков и Цветан Дамјански и во делот од пресудата против Марјан Ефремов за кривичното дело прикривање.
СЈО му предложи на Апелацискиот суд да ги замени затворските казни на Марјан Маџоски, Живко Петковски и на Георги Хаџи-Мицев со условни казни, а за другите обвинети, меѓу кои и првообвинетиот Марјан Ефремов, казните да бидат намалени или ублажени.
„Судот смета дека се основани жалбите што се однесуваат за висината на кривичната санкција и судот има обврска да води сметка за вкупното дејство на казната. СЈО смета дека тие се превисоки и престрого определени. Му предлагаме на судот да ја намали висината на казните бидејќи целта на генералната и на специјалната превенција ќе бидат постигнати и со помали казни“, рече обвинителката на СЈО, Јосифовска.
Во врска со прифаќањето на жалбата за оружјето пронајдено кај обвинетите Горан Стојков и Цветан Дамјански, СЈО побара од судот да биде извршено дополнително вештачење за да се утврди видот на оружјето и на муницијата и документацијата за задолжување и за раздолжување на оружјето.
За делото прикривање, за кое е осуден првообвинетиот Марјан Ефремов, СЈО бара да се прибават дополнителни докази за да се утврди дали предметите поврзани со ова дело се набавени од кривично дело.
Сите обвинети и нивните адвокати на јавната седница посочија дека обвинението и пресудата донесена врз основа на него, се противречни сами на себе и дека станува збор за случај кој е политичко-судска конструкција.




Очекувана одлука!! СЈО не направи истрага околу Ване Цветанов!! По чиј налог цветанов беше во САД за да бара азил, кој "распиша" и зошто потерница и конечно зошто ако постоела потерницата не беше апсен кога се врати во Македонија??
(This post was last modified: 02-09-2016, 06:04 PM by ЈорданПетровски.)
02-09-2016, 05:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Апелација ги намали казните за „Шпион“

 
[Image: spion.png]

Апелациониот суд  делумно ги уважил жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначил првостепената пресуда на Кривичниот суд во делот на висината на казните.
Според одлуката на Апелациониот суд, на првообвинетиот, Марјан Ефремов, казната затвор од 15 години му се преиначува и му се определува единствена казна затвор во траење од 10 и пол години.
На Иџет Абди, огласен за виновен за кривичните дела злосторничко, осуден на казна затвор од 4 години, му се преиначува казната на 3 години и 6 месеци. На Алексо Ангелковски му се намалува казната затвор од 4 години на 3 и пол години.
На обвинетиот Мирослав Зафировски му се намалува казната за три месеци на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци. И Благоја Цветковски добил намалување на казната за три месеци.
На Миќо Насковски, осуден на казна затвор од 4 годиниказната му е преиначена  во траење од 2 години и 11 месеци.
На поранешниот генерал Горан Стојков, кој беше осуден на казна затвор во траење од 9 години, според одлуката на Апелација, казната му е намалена на 3 години и три месеци.
Обвинетиот Марјан Маџовски, наместо на затворската казна од една и пол година, од Апелациониот суд е осуден на условна казна затвор од една година, во рок од 3 години.
Влатко Стаматовски е осуден на казна затвор од три години.
Поранешниот шеф на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов според одлуката на Апелациониот суд е осуден на условна казна затвор од 2 години, доколку во рок од 5 години не стори ново кривично дело.
Александар Диневски, кој беше осуден на казна затвор од четири и пол години, со одлуката на Апелациониот суд  е осуден на казна од 3 години и шест месеци.
Условна казна му е досудена и на обвинетиот Ацо Вучиниќ, чија казна затвор од две и пол години се заменува со условна казна затвор од 2 години, доколку во рок од 5 години не стори ново кривично дело.
Обвинетиот Цветан Дамјановски е осуден од страна на Апелациониот суд на единствена казна затвор во траење од 2 години и 4 месеци.
И обвинетите Живко Петровски, Тоше Кушиновски и Кирил Соколов се осудени на условна казна затвор во траење од 2 години, доколку во рок од 5 години не сторат ново кривично дело.
Во утврдените казни се пресметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор.
Освен намалувањето на казните Апелациониот суд ја потврдил пресудата за „Шпион“ во другите делови. Покрај тоа, за обвинетиот Ѓеорги Хаџи Мицев постапката се враќа на повторно судење.
Специјалното јавно обвинителство на јавната седница во септември побара намалување на казните, но ги отфрли жалбите на одбраната за другите делови од пресудата. Одбраната пак бараше укинување на пресудата на првостепениот суд и ново судење.
Во аферата „Шпион“, под обвинение за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба и уцена, на затворски казни во траење од една до 15 години беа осудени 19 лица.
14-10-2016, 10:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7






Емисијата која ја подготвила Алџезаира многу јасно укажува дека голем пропуст е направен од СЈО што не е обновена истрагата. Неможам да верувам дека пропустот е случаен!! Убеден сум дека истрагата која ке била усмерена на Ване Цветанов, неговото патување во САД, распишаната потерница и враќањето на Цветанов во Македонија без да му недостассува влакно на главата би открила дека Ване Цветанов одработувал некои задачи за Груевски, нудењето на материјалите од Агенција за Перење Пари, на мене и на некои други луѓе со намера да овозможи на Груевски да ми/ни наштети мора да биде истражено ...
09-11-2016, 07:08 PM
Reply