Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КЕ ИМА ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21



07-04-2016, 03:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:НА ЖЕШКА ЛИНИЈА: Могерини – Заев – Хан!   

                              

[Image: mogerini.jpg&h=330&w=660&a=c]


                             
април 7, 2016
Брисел  бара  македонските политички партии во наредните денови и недели да  направат максимални  напори  за да се обезбедат  услови за  веродостојни избори, во интерес на земјата и нејзините граѓани. Од кабинетот на Високиот претставник за надворешна политика  и безбедност  на ЕУ за „Фактор“ велат:
“По последните случувања во Република Македонија, особено во подготовките за предвремените парламентарни избори во јуни, г-ѓа Могерини  доцна  попладнево зборуваше  со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Претходно оствари  неколку  контакти со комесарот Јоханес Хан и Делегацијата на ЕУ во Скопје.  Би сакале да ја нагласиме потребата од итно спроведување на политичките договори, вклучително и приоритети поврзани со  реформите  кои се од огромно значење“.
На прашањето на „Фактор“ дали во наредните денови може да се  очекува  во Скопје да допатува  Комесарот за надворешна политика и безбедност или  на Комесарот за проширување и доброседската политика    одговорот е:
„Како и досега така и во наредните денови ние заедно САД   ќе ги  охрабруваме  засегнатите  страни  целосно да се посветат  на  Договорот од Пржино за да се  надминат  проблемите.”
Амбасадорот на Велика Британија во  Република  Македонија пред  пред неколку дена во интервју за Фактор рече дека Квалитетот на спроведување на изборите  е од исклучителна важност, а не  терминот на  нивното  одржување .
„Преостануваат уште 60 дена до изборите на 5 јуни. До тогаш секој ден е важен. Секој ден е од огромна важност, секоја индивидуа и секоја институција знае што точно треба да направи, за Македонија да испорача веродостојни избори .Токму  затоа е од суштинска важност секој да вложи максимални напори за изборите да бидат демократски и кредибилни“ порача    британскиот дипломат  Чарлс Гарет.
Горазд Чомовски



Quote:Могерини до партиите: Да се создадат услови за кредибилни избори





[Image: mogerini.jpg]

Од: Нова ТВ 10:45 pm - 7 април 2016
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ги повика политичките партии во Македонија да создадат услови за веродостојни избори
– По последните случувања во Македонија, посебно во однос на подготовката за предвремените парламентарни избори во јуни, денеска попладне разговарав со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, кој следеше по неколкуте контакти со комесарот Јоханес Хан и делегацијата на ЕУ во Скопје, се согласивме дека е потребно сите политички партии да продолжат да работат заедно за да обезбедат веродостојни избори, што е во интерес на државата и на нејзините граѓани, изјави Могерини.
Еврокомесарката за надворешна политика на Европската Унија посебно го нагласи спроведувањето на Договорот од Пржино.
– Спроведувањето на политичките договори, вклучувајќи ги и итните реформски приоритети се од огромно значење. Заедно со САД, ги поддржавме сите партии и засегнати страни во овие напори и ќе продолжиме да го правиме тоа и во следните, клучни недели. Ги повикуваме сите партии да останат целосно посветени на договорениот процес, рече Могерини.



Quote:Brussels, 07/04/2016
160407_03_en
STATEMENT

Statement by High Representative/Vice-President Federica Mogherini following her call with the leader of SDSM Zoran Zaev


07/04/2016
"Following the latest developments in the former Yugoslav Republic of Macedonia, in particular the preparations for the early parliamentary elections in June, I spoke this afternoon with the leader of SDSM Zoran Zaev. In the call that followed several other contacts by Commissioner Johannes Hahn and the EU Delegation in Skopje, we agreed on the need for all political parties to continue to work together to ensure credible elections, in the interest of the country and its citizens.
 
In this respect, the implementation of the political agreements, including urgent reform priorities, is of paramount importance. Together with the US, we have collectively supported all parties and stakeholders in these efforts and we will continue to do so in the coming, crucial weeks. We call on all parties to remain fully committed to the agreed process.”
 
EEAS.EUROPA
08-04-2016, 12:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Бејли и Орав: На 6 април се пропушти можност за подготовка на веродостојни избори

[Image: bejli-i-orav-860x680.jpg]



Скопје, 8 април, 2016 - 11:18 (META) 
Македонските политичките лидери имаат одговорност пред своите граѓани да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат преку спроведување на нивните политички договори и на реформските приоритети, порачаa американскиот амбасадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав.
„ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот во нивната работа за создавање услови за веродостојни избори. Ова подразбира прочистување на избирачкиот список, спречување на каква било форма на заплашување или притисок врз гласачите и обезбедување на фер медиумско покривање. Извесен прогрес е направен на овие полиња, но останува уште многу работа. Одговорност е, не само на државните институции да подготват веродостојни избори, туку и на политичките партии. На 6 април се пропушти таква можност“, стои во заедничката изјава.
Амбасадорите велат дека ЕУ и САД, заедно со другите меѓународни партнери, ќе продолжат да поддржуваат демократски развој, што вклучува и избори.
„Ја поздравуваме работата на Државната изборна комисија, како и напорите на граѓанското општество за напредување кон оваа цел. Одблиску ќе ги следиме случувањата и ќе продолжиме да ги споделуваме нашите гледишта“, стои во изјавата.
(This post was last modified: 08-04-2016, 11:52 AM by ЈорданПетровски.)
08-04-2016, 11:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Ништо не е конечно: ни изборите, ни бојкотот!



Според дипломатски извори решението ќе се бара во наредните седум дена, а не е исклучено и во „следните недели“, како што изјави Федерика Могерини, висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ

[Image: 0,,19115469_303,00.jpg]

Зад затворени врати претставници на меѓународната заедница водат интензивни разговори со партиите-потписнички на Договорот од Пржино, со цел да ги премостат длабоките разлики по прашањето за изборите на 5-ти јуни, пред сѐ околу реализацијата на неопходните стандарди што ќе обезбедат доверба во нивната кредибилност. Неофицијално, тежиштето на разговорите е ставено на важноста од исполнувањето на клучните услови за фер-избори, односно на уверувањето дека ако сите партиски и институционални субјекти вложат напори, во наредниот период ќе има можност да се реализираат тие услови и да се воспостави силен мониторинг врз нивното почитување. Клучни за изнаоѓање решение се сметаат следните седум дена до 15 април, кога претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, најави дека ќе го потпише решението за распишување избори. Дотогаш ќе биде појасно дали освен за датумот за избори, ќе има подготвеност и кај дел од партиите за почеток на активности за обезбедување на сите услови за фер-избори, за кои приговара опозицијата. Паралелно, се бараат модалитети како тој процес да се стави во институционална рамка со оглед дека Собранието е распуштено. Односно, се бараат правни одговори дали престанокот на мандатот на пратениците целосно ја исклучува можноста тие да заседаваат за одредени законски проекти од интерес на процесот, или тоа е само екстензивно толкување, ако се има предвид дека на ист начин не е ограничена работата на „првиот меѓу еднаквите“ - претседателот на Собранието.

[Image: 0,,17894965_404,00.jpg]

Пораки од Брисел

Според дипломатски извори, поларизацијата засега се сведува на два дијаметрално спротивставени ставови: еден, кој приматот го става исклучиво на датумот за избори тврдејќи дека сите услови се исполнети, и друг, кој тврди спротивното.
Ова вчера директно го потврдија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

„Доста беше. Изборите се излез од кризата“, порача Никола Груевски.

„На 5 јуни се невозможни избори. Повикувам на широк граѓански фронт за слободна Македонија против Никола Груевски“, повика Зоран Заев.
По прес-конференциите на двајцата лидери кои се одржаа една по друга и наликуваа на реплика и контрареплика, попладнето повторно се вжештиле телефоните на релација Брисел-Скопје, а се одржаа и средби на некои партиски лидери со гарантите на Договорот. Засега нема детали околу исходот од тие разговори, но неофицијално дознаваме дека „се уште остануваат отворени некои опции“. Најверојатно тоа се и причините поради кои амбасадите на ЕУ и на САД вчера ги одложија најавените оценки околу актуелните состојби во земјата. Ова помалку се однесува на амбасадата на ЕУ во Скопје, со оглед дека од Брисел вчера веќе стигнаа две пораки. Прво, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање ги повика партиите да не го запоставуваат пржинскиот договор.
„Секако дека внимателно ги следиме настаните во Поранешната Југословенска Република Македонија. Во врска со изборите по два месеца, направен е напредок во подготовките, но повеќе треба да се направи за да се обезбеди дека изборите ќе бидат во согласност со стандардите. Клучно е работата да продолжи и ние, како ЕУ, ќе продолжиме да бидеме вклучени со партнери на теренот, вклучувајќи ги и нашите меѓународни партнери“, изјави Коцијанчич.

Потоа, доцна синоќа СДСМ соопшти дека лидерот Зоран Заев телефонски разговарал со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

„Претседателот Заев го повтори ставот на СДСМ дека рамката дефинирана со Договорот во Пржино е единственото реално решение на тешката криза со којашто е соочена нашата држава. На Република Македонија и се неопходни кредибилни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци. Воедно, претседателот Заев ја информираше Могерини дека опозицијата не ги повлече досега своите членови на ДИК, за да го обезбеди своето присуство и контрола на процесот и за да спречи можни манипулации и злоупотреби“ соопшти партијата.

По разговорот со Заев, на веб-страницата на EEAS беше објавена и изјава на Могерини.

„По последните случувања во Македонија, посебно во однос на подготовката за предвремените парламентарни избори во јуни, денеска попладне (7.04. - н.з) разговарав со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, кој следеше по неколкуте контакти со комесарот Јоханес Хан и делегацијата на ЕУ во Скопје, се согласивме дека е потребно сите политички партии да продолжат да работат заедно за да обезбедат веродостојни избори, што е во интерес на државата и на нејзините граѓани. Спроведувањето на политичките договори, вклучувајќи ги и итните реформски приоритети се од огромно значење. Заедно со САД, ги поддржавме сите партии и засегнати страни во овие напори и ќе продолжиме да го правиме тоа и во следните, клучни недели. Ги повикуваме сите партии да останат целосно посветени на договорениот процес“, се вели во изјавата на Могерини.

[Image: 0,,17593502_404,00.jpg]

Во фактот што Могерини се повикува на активности во „следните, клучни недели“, аналитичарите гледаат јасна назнака дека разговорите со посредство на гарантите на Договорот ќе продолжат и дека во моментов ништо не е извесно - ни изборите ни бојкотот. Но, индикативно е и што не се спомнува датумот за избори, туку пред се, реформски приоритети и веродостојни избори.

Состанок на здружената опозиција

Опозицискиот СДСМ вчера најави дека заедно со коалициските партнери денеска ќе одржи состанок, на кој меѓудругото, ќе се разговара и за предлогот на партијата да продолжи учеството на членовите на СДСМ во ДИК, за да се спречат евентуални манипулации со Избирачкиот список. На состанокот најверојатно ќе се договараат и наредните чекори и активности, откако здружената опозиција најави бојкот на изборите. Вчера и други партии јавно соопштија дека ќе ги бојкотират изборите - ДОМ, Достоинство, Демократскиот сојуз, Унитети, Партијата за Националната Демократска Преродба... „Списокот“ не затворен, со оглед дека истото го најавуваат и други партии, со став дека „се подразбира оти во ваква ситуација тоа би било единствената опција“. Од другастрана лидерот на ДУИ , Али Ахмети вчера потврди дека неговата партија ќе учествува на изборите на 5-ти јуни.
08-04-2016, 12:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25






Quote:Медиуми: Дали комуницирате со меѓународните претставници и каков е нивниот став да не одите на избори на 5 jуни?
Заев: Само ќе ве упатам на прогласот што меѓународните преставници го дадоа, во делот на минимум услови за исполнување на избори. Тие произлегуваат од пржинскиот Договор и од препораките на сениорската група на Прибе, каде што дефиниравме дека судството и реформите остануваат после изборите. Реформите кај правобранител, тајните служби, Агенцијата за корупција, остануваат после изборите. Но минимум услови се реформи во медиумите, разграничување на партијата од државата и регуларни избори преку прочистен Избирачки список. Нивните ставови се познати во јавноста и сите дискусии одат токму во тие начела и принципи зад коишто сите застануваме. Таквата еднострана одлука на владејачките партнери, да го распуштат Парламентот без да бидат исполнети таквите услови, е нивна одговорност. Принципиелните ставови СДСМ и здружената опозиција ќе ги брани до крај, заради тоа што на Македонија не и требат уште едни нерегулирани избори. Само фер, регуларни и демократски избори се излез од кризата и гарант за иднината на РМ.

Медиуми: Рековте дека избори на 5 јуни не може да има, но избори ќе има… и колку места се загрозени во министерствата…
Заев: Јас верувам дека единствената опција за одлагање е таа, не дека Заев така сака. Граѓаните мора да добијат фер шанса да веруваат во Избирачкиот список. Ние сме свесни дека ваквиот процес што го отворивме мора да биде за отрезнување на Македонија и на сите нејзини граѓани од позитивен аспект. Фер шанса каде што еден човек ќе биде еден глас е нешто кое што е темелот на секоја демократија. Само тоа е гаранција на процесот којшто е отворен во Македонија и мора да биде завршен со демократизација на институциите, со регуларни избори, со фер и демократски услови и слично. Истовремено е загрозено работното место само на надворешните членови на кабинетот на министрите. Другите можат да бидат вратени со решенија и не се работи за бркање од работа. Тоа не е крај на светот. Тие влегоа како стручна асистенција кај министрите и тоа не е во суштина проблемот, туку проблемот е во незаконитоста на одлуката, и е спротивна на сите позитивни нормативи во Македонија.

Медиуми: Околу одлагање на изборите, претседателот на Собранието вели дека нема Уставна можност, откако на 15 април ќе ги распише изборите. И второто прашање, денеска ДИК има отворена јавна седница, според искуството досега денеска се надгласуваат, политички забрани. Како очекувате ДИК да се изјасни за тоа?
Заев: Дозволете ми да одговорам на двете важни прашања. Според мене, се многу важни заради тоа што дискутира јавноста во Македонија, а и вие медиумите, за овие прашања. Правото да распише избори Трајко Вељановски го црпи од пратеничкиот мандат. Денеска имаше седница на претседателството, тој знам дека ќе патува на 14 април, сето тоа е поради пратеничкиот мандат којшто е еднаков со сите пратеници. Уставот и законот, ниту забрануваат, ниту прават некоја каква било пречка за свикување на Собранието. Секако, пратениците имаат мандат до изборот и верификацијата на идните пратеници, согласно тоа постои отворена врата Парламентот да се свика посебно, ако не друго, поважно од тоа дека нема обезбедено услови за регуларни избори, здравје. Значи, пресериозна е причината за свикување на Парламентот. Теоретски само ќе го поставам прашањето, што ако 9-те члена на ДИК си дадат оставки во моментов, дали тоа значи дека не постои правен механизам? Се свикува Собранието, бира нови членови на ДИК и тоа е апсолутно дозволено, согласно Устав и закон. Секако, постои само опцијата на политичка волја за овие работи. Правна регулатива постои за Македонија да добие услови за регуларни, фер и демократски избори. Во делот на второто прашање, јас се радувам на јавните седници на ДИК, заради тоа што се бориме за транспарентност, се бориме за отчетност, се бориме за информираност на граѓаните, а јавните седници токму тоа ќе го направат. Она што го кажуваат нашите анализи и ќе ви дадам своевидно наше политичко толкување, граѓаните ќе можат да извлечат свои заклучоци пред `се од јавните седници, зборуваат следно. Пример, прашањето “никој не живее на наведената адреса“, добило одговор “на адресата не живее лице со наведените податоци“. Одговорот на ваквите прашања, значи дека тие граѓани треба да се избришат од Избирачкиот список. Тоа значи дека на плацот каде што нема куќа, се запишани 40 гласачи. На влезот коишто е 3-ти по ред во зградата со 2 влеза, значи дека непостојат гласачи и тие треба да се избришат. Јас за жал денеска очекувам ДИК со мнозинство гласови да гласа, дека треба да опстои. Овој врв на апсурдноста и катарза се надевам ќе биде овозможена пред очите на граѓаните да се случи, ако не дај Боже тоа се случи. Очекувам политичко насилие со политичко надгласување во независната институција којашто ја создадовме, ДИК. Ако тоа се случи, тоа е врв на апсурдноста во Република Македонија, секако само по основот на прашањето “никој не живее на наведената адреса“! “На адресата не живее лицето со наведените податоци“ – “испитаникот живеел тука, но починал“, се вкупно 10.938 гласачи. Тие треба да се избришат. На прашањето, “испитаникот живее тука, но престојува на друга адреса“ – “испитаникот живее тука, но се наоѓа на привремена работа во странство“, “испитаникот живеел тука и се иселил во друга адреса на Р.М“, или “живеел тука и се иселил во странство“, некаде е бројка од 27.317 гласачи. Зарем тоа не е доволен основ тие граѓани да останат со право на глас, но да бидат во вториот дел на Избирачкиот список, како граѓани коишто живеат надвор од Македонија, а се со право на глас?! Тоа се нашите иселеници, тие не го губат правото на глас, тоа е прочистувањето на Избирачкиот список. Очекувам, ДИК да работи по закон и по методологија, ни повеќе, ни помалку и очекувам тоа да го прави на јавни седници, транспарентно, пред очите на целата јавност. А, оттука ги повикувам и меѓународната заедница, и граѓанските организации, и вас новинарите, внимателно да го следите процесот на ДИК, заради тоа што оваа вистина околу прочистувањето на Избирачкиот список може да ја дознаеме само од нивните јавни седници.
(This post was last modified: 11-04-2016, 05:04 PM by ЈорданПетровски.)
11-04-2016, 04:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Вељаноски ги распиша изборите за 5. јуни 





[Image: veljanoski1.jpg]

15.04.2016
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги распиша изборите за 5. јуни, информириаат од неговиот кабинет.
– Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за  распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи, вели Вељаноски во пишаната изјава.
Тој воедно изразува уверување дека изборите ќе се одржат во мирна и демократска атмосфера.
– Верувам дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера и дека секој од нас на 5 јуни ќе го оствари своето право да гласа, односно да ја даде својата доверба на оние политички субјекти во кои верува дека ќе можат да остварат стабилна сегашност и подобра иднина, наведува претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.
15-04-2016, 11:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Претседателот на ДИК, Чичаковски, ја напушти седницата, рече дека нема услови за фер избори




Претседателот на ДИК Чичаковски ја напушти седницата пред да почне гласањето за точката за гласање дали има технички услови за одржување на фер избори. Пред него седницата ја напуштија и членовите на СДСМ.

[Image: dik_30-300x171.jpg]

Во текот на дебатат Чичаковски изјави дека засега нема услови за одржување на фер избори во однос на прочистувањето на избирачкиот список.
15-04-2016, 08:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:ДИК го игнорира укажувањето на МВР дека треба уште време за проверка на гласачите



16:02 16 април 2016| 
[Image: Mimi%20Suslevska.JPG]
Мими Шушлеска

Министерството за внатрешни работи се уште постапува по голем дел од барањата за проверка на податоците за гласачите што ги бара Државната изборна комисија и потребно е дополнително време за проверките да се завршат, се вели во укажувањето што МВР го испратило до ДИК во четвртокот.
Но и покрај ова укажување ДИК вчера по принципот на надгласување донесе одлука во која се вели дека Избирачкиот список е подготвен за избори на 5 јуни.
„Неопходно е дел од податоците да се проверат во информатичката база на податоци на МВР. Напоменуваме дека, тоа е само еден помал дел од проверката која треба да се изврши за да излеземе со комплетни и валидни податоци, согласно вашите барања. Овие првични податоци што се добиваат од базата на податоци на ЕМБГ ( ХОСТ) и базата на НЛД (нови лични документи) мора да се достават на дополнителна обработка во Одделот за граѓански работи и во системот на гранична евиденција во МВР. Во Комисијата за обработка на неконзистентните податоци на државно ниво во МВР, постои изразена неусогласеност ставовите на членовите на Комисијата, и непотребно инсистирање за доставување на податоци до ДИК кои не се целосно обработени и анализирани, со што се доведува во прашање нивната веродостојност и валидност. Поголемиот дел од проверките на записите што се доставуваат од ваша страна се проверуваат единствено преку информатичките бази на податоци во МВР, кој според општо познатите информации во јавноста и во службите во МВР, се неажурирани и некомпатибилни со фактичката состојба и затоа не треба да претставуваат единствен извор на информации“ се вели во указот до кој дојде Плусинфо.
МВР ја информира ДИК дека за барањето бр.17-859/3 од 22.03.2016 година со кое се бара да се проверат 71.793 неконзистентни записи, за 18.269 лица воопшто не се пронајдени апликациите, односно барањата за издавање на лична карта или патна исправа.
„Во тој правец потенцираме дека поголем дел од прашањата кои се однесуваат на лица кои се надвор од Р. Македонија, не може да се проверуваат само преку информатичкиот систем, без да бидат проверени во базите за евидентирање на влез и излез на граничните премини. Само за илустрација го наведуваме случајот со барањето под бр.17-1076/8 од 12.04.2016 година во кое вашето прашање беше да се изврши проверка на 5.404 лица за кои според теренската проверка сте добиле одговор – „Иселени во странство“. Имено, информатичката проверка направена само во системот на МВР за овие лица, покажа дека само 4 лица се евидентирани дека се со престој во странство. По нашето инсистирање да се изврши проверка на овие лица во базата на податоци што се води при граничната евиденција во МВР, дојдовме до податоци дека, од 5.404 лица 4.165 лица се евидентирани дека се надвор од Република Македонија, подолго од 3 месеци, што преставува над 77% од лицата наведени во вашето барање“, се вели во информацијата испратена од МВР до ДИК.
Од МВР сметаат дека на овој начин треба да се проверуваат сите случаи за кои постои сомневање дека се работи за лица кои се надвор од државата, што се повеќе од 200.000 записи, односно поточно 203.665 лица кои во информатичката база на МВР не фигурираат дека се надвор од РМ, а повеќе од извесно е дека подолго од 3 месеци престојуваат во странство.
„Исто така, повеќе време е потребно за анализирање на податоците за утврдување на основот за живеалиште, со цел во случаите каде нема легитимен основ за добивање решение за живеалиште, да се почне управна постапка по службена должност за поништување на евентуалните нелегално издадени решенија. Во оваа категорија би биле лицата кои во вашите барања направени врз основ на теренски проверки се водат со статуси „ никој не живее на наведената адреса“, „ на адресата не живее лице со наведените податоци“, „ испитаникот живеел , но се иселил на друга адреса во РМ“ „испитаникот живеел тука, но се иселил во странство“ и „ испитаникот живеел тука, но не се знае каде е иселен“. Нашиот став е дека за овие лица освен административната проверка, во информатичките бази на податоци, исто така е неопходно да се изврши и теренска проверка од страна на овластени службени лица од МВР, со цел да добиеме што покредибилни и вистинити податоци, согласно реалната состојба“, се вели во указот од МВР.
Со оваа проверка би се добиле кредибилни податоци и за непостоечки објекти ( спратови, влезови и сл) или објекти на институции, кои не се и не можат да бидат основа за издавање на законски решенија за живеалишта на граѓани и истите според позитивните законски одредби во Република Македонија би биле поништени во управна постапка.
На вчерашната седница ДИК пред гласањето членот на комисијата Игор Милев од СДСМ рече дека ДИК не е подготвена бидејќи се уште не е прочистен Избирачкиот список и има многу нејаснотии што ќе се прави со избирачите за кои нема конзистентни податоци. Со сличен став за заклучокот се произнесе и членот на комисијата, Виолета Дума. Нема да поддржам заклучок, изјави претседателот на комисијата Александар Чичаковски, во кој се вели дека работата со избирачкиот список е завршена.
Овие тројца членови ја напуштија седницата пред гласањето, додека останатите шестмина двајца од ВМРО-ДПМНЕ, двајца експерти и по еден од ДУИ и од ДПА гласаа за одлуката дека се исполнети условите за избори на 5 јуни.
17-04-2016, 01:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:18.04.2016
МВР: Избирачкиот список не е прочистен, прекршени се законите и Договорот од Пржино!

 Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека до Државнaта изборна комисија на 17. 04. 2016 година, спротивно на одредбите од законот и Пржинскиот договор е доставен допис, потпишан од дополнителниот заменик министер, Г-нот Митко Чавков , со кој се доставува криптирано ЦД со лични податоци, односно избирачки список за потребите на ДИК. Со тоа грубо и дирекно се прекршува член 46 став 3 од Законот за измена на Законот за Влада (Сл. Весник бр. 196 од 10.11.2015 год), со кои се утврдува дека документите имаат правно дејство само доколку се потпишани од министерот и дополнителниот заменик министер. Особено што Избирачкиот список неспорно е цитирам- „документ кој го донесува министерот, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите. Со ова не само што се прекршуваат законските одредби и Пржинскиот договор, туку и се доведува во заблуда целата македонска јавност, дека избирачкиот список е прочистен. За таа цел Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја информира јавноста дека проверките на избирачкиот список сеуште не се завршени. Неспорно е дека за доставување на веродостоен и валиден, прочистен избирачки список е потребно дополнително време. Непотребното инсистирање да се достави избирачки список до Државната изборна комисија, со некомплетни податоци, неизвршени проверки и неспроведени управни постапки, е на штета на спроведување на фер и демократски избори со кредибилен и прочистен избирачки список. Во врска со повторното поништување на правилниците и 448 решенија потпишани од министерот Оливер Спасовски, на полноќнешната седница на Владата на РМ пред распишувањето на изборите, Министерството ја известува јавноста дека Одлуките на Владата ги смета за целосно спротивни на законот. Имено, Владата не може да поништува решенија за распоредување, разрешување и именување на работници во Министерството за внатрешни работи, а уште пак помалку и договор за вработување на неопределено време во Министерството за внатрешни работи, бидејќи тие се конкретни - поединечени акти, односно тие не се прописи. што значи дека Владата со оваа постапка се ставила над судската власт . Без оглед што донесените правилници и решенија се однесуваат на кадровски прашања, истите не се поврзани со организацијата на изборите. Во контекст на ова министерот Оливер Спасовски ги повика сите вработени исклучиво да ги почитуваат законските одредби за хиерархиската поставеност и одговорност, која е нужна за непречено функционирање и остварување на надлежностите на Министерството за внатрешни работи.


MVR
19-04-2016, 12:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Ахмети: Кои избори? Правите шега со мене?



16:11 25 април 2016
„Кои избори? Правите шега со мене?“, со контрапрашање одговара Али Ахмети, лидерот на ДУИ во интервју за „Стандард“ на прашањето на новинарот поврзано со изборите закажани на 5 јуни и дообјаснува:
„ДУИ сака исполнување на сите критериуми, со цел веродостојноста на изборите да биде призната од сите, и од меѓународната заедница. Ние, четирите партии, решивме да ги одложиме изборите за 5 јуни. Но, сега опозицијата ја оспорува работата на Државната изборна комисија. За земјата не би било добро да се оди на избори без опозиција. ДИК мора да се произнесе околу оправданоста на барањата на опозицијата, а тоа би требало да го коментираат и меѓународните претставници. Во земјата владее хаотична ситуација, управата не функционира, владее општо исчекување.“
Ахмети смета дека Ѓорѓе Иванов, кого го нарекува т.н. претседател, бидејќи не е избран од Албанците, кои од почеток се сомневаат во неговата способност за функцијата, треба да ја повлече неприфатливата одлука за аболиција, спротивна на правната држава.
На прашањето дали четирите партии повторно би се состанале ако Иванов ја повлече амнестијата, Ахмети одговара:  
„Решението би било повторен почеток на дијалогот овде во земјата. Државата не треба да се лизне во уште подлабока криза. Се разбира, средбата треба да биде со посредство на амбасадорите на ЕУ и САД, и подобро да биде час поскоро. Ако нема средба заради надминување на кризата, ќе биде тешко.“ 
25-04-2016, 03:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:ИФЕС: Невозможна детална проверка на Избирачкиот список до 5 јуни


[Image: glasanje.jpg&h=auto&w=620&zc=1]


Во извештајот стои дека од вкупно 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40 илјади случаи, во кои проверуваните лица не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило трето лице


Фокус 27 апр 2016, 10:15
Деталната проверка на сите проблеми во избирачкиот список е невозможна до 5 јуни се вели во извештајот на набљудувачот на ИФЕС, Џон Арон кој пред шест дена го доставил до ДИК. Во документот стои дека се потребни дополнителни проверки, кои според законските одредби, не можат да се извршат навреме, пренесува Алсат-М.
- Барањата до МВР за проверка на информациите кои веќе ги имаме и кои беа користени при вкрстената проверка, нема да донесат информации и не обезбедија уверување за веродостојноста на податоците кои се проверуваат. Според сознанијата, МВР може детално и конечно да ги провери сите идентификувани проблеми, но на законскиот процес за ова ќе му треба време и тоа не може да се направи до изборите на 5 јуни – пишува во документот.
Во извештајот стои дека од вкупно 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40 илјади случаи, во кои проверуваните лица не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило трето лице.
27-04-2016, 02:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

Quote:ВМРО-ДПМНЕ останува сама, изборите - пред одложување!



Покрај СДСМ, и ДУИ и ДПА не доставиле предлози за членови во Избирачките одбори, со што е навестен првиот чекор кон неучеството на избори на 5-ти јуни.

[Image: 0,,17563876_303,00.jpg]

Ноќеска на полноќ истече рокот во кој партиите до Општинските изборни комисии (ОИК) требаше да достават предлози за членови во Избирачките одбори. Од 81 ОИК, 10 веќе ја информирале ДИК дека до нив не стигнале предлози ниту од ДПА, ниту од ДУИ. Иако од 71 ОИК претпладнево се чекаат информации, се претпоставува дека трендот ќе биде ист. Од партиската четворка, само ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден доставила предлози. До истекот на крајниот рок не стигнале предлози од опозицискиот СДСМ, што беше и очекувано, со оглед дека партијата уште пред еден месец соопшти оти нема да учествува на избори за кои не се обезбедени услови кои ќе гарантираат нивна кредибилност.
ДПА до денес официјално не се изјасни околу (не)учеството на избори, но со повеќе постапки ја навести таквата одлука. Новина е што владејачката ДУИ не доставила предлози за Избирачките одбори, ако се има предвид дека оваа партија заедно со ВМРО-ДПМНЕ веќе делегираше членови за Избирачките одбори во дипломатско - конзуларните претставништва, за што крајниот рок беше 27-ми април.

[Image: 0,,18988454_303,00.jpg]

Ако некои партии не достават листи за Избирачки одбори, тогаш членовите се пополнуваат од редовите на администрацијата. Но, таа постапка сега паѓа во втор план, откако три од четирите најголеми партии-потписнички на Договорот од Пржино, со овој потег навестија дека нема да учествуваат на избори на 5 -ти јуни. Со тоа, и крајниот рок за доставување листи на пратеници (11-ти мај) практично станува беззначаен и ќе фигурира единствено во роковникот на ДИК, но не и во плановите на СДСМ, ДПА и ДУИ.

На ред - седница на Собранието

Холандија како земја претседавач со ЕУ, вчера упати писмо до партиските лидери- потписници на Договорот од Пржино, потишано од шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, во кое се вели дека во Македонија не се исполнети условите за избори: „Минимумот критериуми за кредибилни избори не е исполнет, а тоа се прочистениот избирачки список, медиумските реформи и одвојувањето на партијата од државата“. Исто така, во писмото е потенцирано е дека на СЈО треба да му се овозможи докрај да ги изврши своите обврски, без попречувања, но и веднаш да се повлече претседателската одлука за аболиција.
Поради бројните опструкции врз СЈО, на билатералните преговарачки средби во изминативе денови се реафирмирала потребата од формирање посебно судско одделение кое ќе постапува по неговите предмети. Таа тема се очекува да биде ставена на дневен ред, откако ќе се направат главните чекори кои треба да овозможат враќање на дијалогот и заедничка средба на лидерската четворка. Тоа значи дека во наредните денови треба да се закаже седница на Собранието, на која ќе се изгласа поништување на одлуката за избори на 5-ти јуни, а на која дел од партиите очекуваат да биде поништена и претседателската одлука за аболиција. Иако тоа од Иванов го побара и ВМРО-ДПМНЕ со официјално писмо, според преговарачки извори, оваа партија неукинувањето на аболицијата го третира како врвен услов за какви било други отстапки, односно, бара и други начини и гаранции како нејзини членови и функционери да бидат амнестирани од кривична одговорност. За ваквото барање ДПМНЕ наводно имала затсценска поддршка од ДУИ, со што двете партии рефлектираат двојни стандарди по прашањето за владеењето на правото.

Замаскиран очај во ДПМНЕ


Извори во ВМРО-ДПМНЕ, кои не се засегнати со постапките на СЈО, велат дека и покрај обидите на раководството се да изгледа нормално, дека имиџот и рејтингот на партијата не се загрозени, дека не треба да се потклекува и да се покажува малодушност, реалната слика е сосема поинаква.

[Image: 0,,17595445_303,00.jpg]

„Членството е во очај. Но, тоа јавно не смеат да го покажат. На средби со лица од Извршниот комитет или од Владата, го говорат тоа што функционерите сакаат да го слушнат, затоа што им е речено е дека сега треба да се форсира победнички дух, непопустливост, да не се покажува ни трошка слабост, и дека партијата гледа кој како се однесува во овие тешки моменти. И сега сите глумат. Но, реално, состојбата е очајна. Огромен дел се разочарани од начинот на кој врвот се богател во име на народот и од неговите пари. Ретко кој е подготвен понатаму да ја брани политиката на оваа партија, освен оние кои мора да се штитат заедно, заради криминалот. Луѓето се кријат на разни можни начини за да избегнат да одат по налог на контрапротести или на јалови партиски средби. Го нема оној страв од лидерот и од најтесниот круг околу него, како претходно. Таа приказна умре. Расте презирот“, велат партиски извори.
Според нив, ситуацијата не е поразлична и во „централата“, каде засега доминира стравот дека некој може да го напушти „кругот“. Во игра биле дискретни, но темелни контроли на лојалноста и однесувањето на членови на највисоките партиски тела и на пратениците. Се надгледувал степенот на изразен личен ангажман, нивната загриженост за состојбите, степенот на отпор кон притисоци, фреквенцијата на телефонски јавувања во партијата или кај шефот, нивното движење и контакти. Но, и покрај тоа што централата сметала дека ја контролира состојбата, имало индиции дека дел од надгледуваните „го преиспитале својот став и не биле подготвени и натаму да бранат нешто што не може да се брани, а тоа планирале да го соопштат таму каде што треба, пред оние од кого се избрани.“
06-05-2016, 10:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:Амбасада на САД: Да се свика Собранието и да се откажат изборите, да се поништи аболицијата



 
12.05.16   17:45  

Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за изборите за 5 јуни ја потенцира и засилува загриженоста дека условите не се погодни за спроведување на кредибилни избори, велат од амбасадата на САД, на прашањето од „Мета“ за чекорот на владејачката партија сепак да поднесе кандидатски листи на пратеници до Државната изборна комисија (ДИК).
[Image: amerikanska-ambasada-540x3601.jpg]
– Останува уште недовршена работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список. Помилувањата на претседателот од 12 април само придонесоа кон зголемување на чувството на неказнивост, особено што се однесува за можни изборни злоупотреби. Доколку има избори на 5 јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата – велат од амбасадата на САД.
Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
– Во партнерство со ЕУ, посветени сме да помогнеме во решавањето на состојбата, меѓутоа решението бара јасна демонстрација на политичка волја – велат од амбасадата на САД во Македонија.
 
Претходно со слични ставови настапија и амбасадорите Орав, Гарет и Пломп кои рекоа дека не веруваат дека се можни веродостојни избори, и дека бараат итно решение на ситуацијата.
13-05-2016, 12:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:Ахмети: Ќе поднесеме иницијатива за итно свикување на Собранието

 
12.05.16   19:10  
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку својата Фејсбук страница најави дека ДУИ ќе поднесеме иницијатива за итно свикување на Собранието.

[Image: timthumb-2.jpg]

„Последните случувања во земјата, и одењето на избори на 5 јуни, без учество на ДУИ, СДСМ и ДПА, не претставуваат почетокот на решавање на политичката криза, туку на нејзино продлабочување.
Ние сме посветени да се најде решение во согласност со интересите на нашите граѓани и очекувањата на меѓународната заедница.
Решението започнува со итно враќање на парламентот, така што ќе преземеме конкретни активности во оваа насока во наредните денови со цел за овој момент да се случи што е можно поскоро и да се врати стабилноста и безбедноста со евро-атлантска перспектива.
Ги охрабрувам сите политички партии да се приклучат на нашите иницијативи за враќање на парламентот и да се започне заедничко решавање на кризата“, напиша Ахмети на Фејсбук.
Инаку, Фејсбук статусот на Ахмети доаѓа на само еден час откако Американската амбасада порача да се свика Собранието и да се откажат изборите, и да се поништи аболицијата.
13-05-2016, 12:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:КАМБОВСКИ ДО ВЕЉАНОСКИ: ВРАТИ СЕ ОД РИМ, ДРЖАВАТА СЕ РАСПАЃА




15 мај , 2016

[Image: kambo_featured.jpg?resize=509%2C399]

Академик Владо Камбовски го повикува претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да не ги комплицира работите и веднаш да го свика парламентарниот состав затоа што во овој момент одговорноста за иднината на државата е лично негова.
Во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК, Камбовски го предупредува Вељаноски дека ја доведува Република Македонија во опасна ситуација, да се распадне.

[Image: Kambovski1-1.jpg?resize=300%2C212]

Вељаноски е должен е како што ги распиша лично изборите за петти јуни, кога веќе не беше претседател, така сега и да ја повлече одлуката, бидејќи нема услови за одржување на избори на петти јуни, Владо Камбовски
“Зошто го комплицирате ова со изборите? Нема потреба. Еве го петти јуни, кампањата на единствената пријавена партија за избори ќе почне, ќе почнат луѓе да се тепаат по улица. Ќе настане општа конфузија, збрка. Одговорноста да ја повлечете одлуката за распишување на изборите е лично ваша“, му се обраќа Камбовски на Вељаноски.
Евентуална одлука за закажување седница на распуштеното Собрание не може да се случи до вторник. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој во Рим е заедно со сопругата, ќе се врати од аудиенцијата кај папата Фрањо по повод 24 мај, доцна во понделник вечер.
Барањата да се свика Собранието, откако стана јасно дека на изборите на 5 јуни ќе учествува само владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не го одложија патувањето на Вељаноски во Рим. Тој замина на предвремено честувување на браќата Св. Кирил и Методиј оти папата Фрањо поради обврски не можел да ги прими на 24 мај. Откако бугарската делегaција се согласила, поместувањето го прифатила и делегацијата од македонското Собрание.
Камбовски вели: “Вељаноски е должен како што ги распиша лично изборите за петти јуни, кога веќе не беше претседател, така сега и да ја повлече одлуката, бидејќи нема услови за одржување на избори на петти јуни.  Должен е првин да ја повлече одлуката, а потоа веднаш да го свика Собранието.“
Тој во изјавата за САКАМДАКАЖАМ.МК предупредува дека не може Република Македонија да се остави без избори, без Собрание, без Влада. „Тоа значи државата се распаѓа“, предупредува Камбовски. “Има само една партија што сака да оди на предвремените парламентарни избори на петти јуни. Со тоа не се исполнети условите за повеќепартиски избори. Целиот наш систем, Уставот, Изборниот законик, засновани се врз плуралистички, повеќепартиски избори. Условот не е исполнет“, вели академик Камбовски.
Тој го упатува Трајко Вељаноски, ако веќе не може од Рим да ја повлече одлуката за избори и да го свика Собранието, тоа да го стори итно, веднаш штом ќе се врати.
И професорот по Уставно право Светомир Шкариќ за САКАМДАКАЖАМ.МК уште на 10 април изјави дека „тоа што Трајко Вељаноски се претставува како претседател на Собранието, не само што е смешно, не само што не е за верување и нема логика, туку е класично узурпирање на Уставот“.
Коментирајќи го правниот вакуум што се создаде по распуштањето на Собранието без да се распишат избори за нови пратеници Шкариќ објасни дека по распуштањето на Собранието Вељаноски веќе нема функција претседател на Собранието и неговиот потпис правнички не значи ништо.
Вељаноски ги распиша изборите на 15 април, десет дена откако Собранието веќе беше распуштено.


[Image: svetomir-skarik-01.jpg?resize=227%2C300]

Изборите не можат да бидат регуларни затоа што Трајко Вељаноски изврши атентат врз Уставот. Тој веќе не е претседател на Собранието и неговиот потпис за распишување избори е без значење,- проф. Светомир Шкариќ
Шкариќ објасни дека претседател на Собрание може да биде само тој што има пратенички мандат. „Бидејќи Вељаноски од 6 април веќе не е пратеник, тој веќе не е ни претседател, па затоа и не може да распишува избори“, вели проф. Шкариќ и прашува: „Што чува господинот Вељаноски сега, откако изврши атентат врз Уставот? Наместо да го чува правото, тој ја чува зградата на Собранието. Значи тој не е само узурпатор на функција која ја добил како пратеник, а тоа веќе не е, туку сега е ноќен чувар на зградата во која што е предвидена таква функција кога би постоело Собрание. Оти сега има само зграда на Собранието, ама Собрание како институција од 6 април нема“, изјави Шкариќ на 10 април за САКАМДАКАЖАМ.МК
 
Пред заминување за Рим, од кабинетот на Вељаноски соопштија дека нема уставна можност за повторно да се свика Собранието.
Од неговиот кабинет и на 20 април преку соопштение информираа дека во согласност со членот 63, став 6 од Уставот, ако Собранието се рапушти и за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници, нема можност повторно истиот пратенички состав да се состане.
Во петокот од ДУИ најавија дека бараат начин како да се собере веќе еднаш распуштеното Собрание за да ја поништи одлуката за предвремените избори на 5 јуни.
Пред тоа и амбасадата на САД ги повика партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
 
15-05-2016, 09:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:Вељаноски го свика Собранието


Претседателот Трајко Вељаноски ја закажа 101 седница за денеска во 16 часот.

Плусинфо ● 12:50 18 мај 2016 ●


 Претседателот Трајко Вељаноски го свика Собранието и ја закажа 101 седница за денеска во 16 часот.
„Како претседател на Собранието на Република Македонија, имајќи го предвид решението на Уставниот суд, У.бр.104/16 од 18 мај 2016 година, ја информирам македонската јавност дека врз основа на сопствените надлежности дефинирани со Уставот на државата, за денес, 18 мај 2016 година во 16 часот ја закажав 101 седница на Собранието на Република Македонија. Исто така, сакам да го изразам своето длабоко уверување дека натамошниот развој на демократските процеси во Република Македонија најдобро може да се оствари во Парламентот на Македонија заради што ги повикувам сите пратеници независно од политичката определба да земат свое активно учество. Истовремено, го изразувам и своето силно уверување дека единствено преку постојано надоградување на меѓусебните односи помеѓу сите релевантни чинители во државата, на најдобар можен начин ќе се помогне во насока на остварување на носечките македонски стратешки приоритети какви што несомнено се, членството во НАТО и ЕУ, унапредувањето на стратешките односи со САД, како и создавањето на сите неопходни претпоставки за економски, социјален и сеопшт развој на Македонија“, се вели во соопштението испратено до медиумите.
 
Единствена точка на дневниот ред на денешната седница е предлог на закон за измени и дополнување на Изборниот законик
со која се брише датумот на избори, 5 јуни. 



Bag Bag Bag     Вељановски ако има грам самопочит треба да поднесе оставка. Ама такво нешто ни во сон не помислува Трајко.

Затоа треба да се прати  во Идризово да сонува дека е уште председател на собрание.
18-05-2016, 03:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Quote:72 пратеника го прекршиле Уставот - ќе одговараат ли?

За одложено распуштање гласал и пратеникот Талат Џафери, кој минатата седмица поднесе иницијатива до Уставниот суд.

Плусинфо ● 13:57 18 мај 2016 ● Прочитано 2477


На собраниската седница од 18.01.2016, на која е донесена оспорената одлука за одложено распуштање на Собранието (прво за на 24 февруари, датум подоцна променет во 7 април), гласале ЗА 72 пратеници, а само еден гласал против, пишува Слободна Македонија.
За одложено распуштање гласал и пратеникот Талат Џафери, кој минатата седмица поднесе иницијатива до Уставниот суд со која ја оспори уставноста на одлуката за која самиот гласал. Уставниот суд експресно и едногласно ја прифати иницијативата и изрече времена мерка за стопирање на сите дејствија кои произлегуваат од оспорената одлука за одложено распуштање.
По ваквата навестена одлука на Уставниот суд, која се очекува да биде финализирана наредната седмица, логично е да се постави прашањето за одговорноста на пратениците кои го прекршиле Уставот (како и за одговорноста на мнозинството уставни судии кои замижаа на кршењето на Уставот пред три месеци).
Еве го списокот на пратеници кои гласале ЗА Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, на 18.01.2016, во 20.38 минути:
АВИРОВИЌ ВЛАДАНКА
АВРАМОСКИ МОМЧИЛО
АДЕМИ ЏЕВАТ
АЛИТИ НОРА
АЌИМОСКИ САШО
БАЈРАМ АМДИ
ХАЏИЕВСКА МИРЈАНА
ВАСИЛЕВСКИ САШО
ВЕЉАНОСКИ ТРАЈКО
ГОШЕВ СЛАВЕ
ГРУБИ АРТАН
ДАНЕВ ДРАГАН
ДАМЧЕВСКА-ИЛИЕВСКА ВЕСНА
АЗИЗИ КАЉТРИНА
ДЕСПОТОСКИ БЛАГОЈА
ДИМКОВ ТРАЈЧО
ДИМОВСКИ ИЛИЈА
ДИМОВСКИ ЉУПЧО
ЃОРЃИЕВСКИ ЗОРАН
ЃОРЧЕВ ВЛАДИМИР
ЗАТУРОВСКА ЛИЛЈАНА
ИВАНОВ ИВАН
ИЛИОСКИ ЗОРАН
ИСМАИЛИ РЕЏАИЛ
ИСМАЈЛОСКА СТАРОВА НОЛА
АНГЕЛОВА МАРИЈА
КАМЧЕВ ЃОКО
ЈАКИМОВСКА СВЕТЛАНА
КАРАПЕТРОВА СВЕТЛАНА
КОЛЕВСКИ МАРЈАНЧО
КУЗМАНОВСКА ЛИЛЈАНА
ЛАСОВСКА БЛАГИЦА
ЛАШКОСКА АНЕ
МАНАСКОВА МАГДАЛЕНА
МЕРКО РАМИС
МЕХМЕТИ-НУРЕДИНИ ВЈОЛЦА
МИЛАНОВ СТОЈАН
МИЛОШОСКИ АНТОНИЈО
МИТОВСКА СЛАЃАНА
МИЦЕВСКИ НИКОЛА
МУКОСКИ КРСТО
НАЈДЕНОВСКА ОЛГА
НАУМОВСКИ ВАСКО
НИКОЛОСКИ АЛЕКСАНДАР
ЕМИНИ-АСАНИ МИРСАДА
ПЕМОВА ВЕСНА
ПЕПИЌ АВДИЈА
ПИШЕВ ВАСИЛ
БИЛАЛИ АЛИМ
РАНГЕЛОВА ДАНИЕЛА
РУСТЕМИ ЕЈУП
САЗДОВ ПАВЛЕ
САЗДОВСКИ ЧЕДОМИР
САЛИУ СЕЛВИЈЕ
СЕКУЛОВСКА СУЗАНА
СИНАНИ ЈАМИН
ДАМЧЕСКА ЈАСМИНКА
ЧИБИШЕВ АНДОН
БОЈАЏИЕВА БЛАГОРОДНА
СТЕВАНАНЏИЈА ДИМИТАР
СТОИЛКОВИЌ ИВАН
СТОЈКОСКИ АЛЕКСАНДАР
ТАЛЕВСКА СОЊА
КОЏАБАШИЕВ ЃОРЃИ
ЕФТИМОВ ДАЈАНЧО
ХАДРИ ШПРЕСА
ХАСИПИ КЕНАН
ЦИПУШЕВА НАДА
ЦУКЛЕВ ДРАГАН
ИБРАИМИ МУСА
ЏАФЕРИ ТАЛАТ
ЏЕМАИЛИ МИРВАН“
Единствен пратеник кој гласал ПРОТИВ:
АДИЛИ ЗУЛФИ
18-05-2016, 03:23 PM
Reply