Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЗБОРНИТЕ ФАЛСИФИКАТИ ЗЛОСТОР КОЈ ЗАСЛУЖУВА НAЈТЕШКА КАЗНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Тешко им се пишува на прочистувачите на избирачкиот список

Мери Јордановска Призма
Починати, иселени и „фантомски“ гласачи откри БИРН само неколку часа по објавувањето на апликацијата за проверка на избирачкиот список, иако таму стои дека податоците се ажурирани до 1 декември 2015 година.
Полни раце работа ќе има Државната изборна комисија (ДИК) при прочистувањето на избирачкиот список, доколку се суди според податоците на веб-апликацијата за проверка на листата на гласачи која ДИК ја објави вчера.
Преку оваа апликација граѓаните со внесување име и презиме, адреса или матичен број можат да проверат дали се запишани во избирачкиот список и на кое гласачко место гласаат во својата општина.
Иако на веб-страницата стои дека податоците се ажурирани до 1 декември 2015 година, БИРН веднаш го пронајде името на лицето Аднан Садики, кој баран преку Интерпол, го сменил името во Аријан Алиу и кој починал пред две години во Скопје. БИРН веќе пишуваше дека починатиот Алиу е заведен дека живее на улицата Антон Попов 3, број кој на терен не постои.

[Image: adnan%20sadiki.jpg]

Името на починатиот Аријан Алиу фигурира во Избирачкиот список

[Image: sadiki1.jpg]

За само неколку часа пребарување БИРН најде информации и од три различни адреси, кои покажуваат дека во еден стан се впишани по дваесет, триесет, па дури и над шеесет гласачи. Имињата и презимињата на станарите во „преполнетите“ стануви упатуваат дека најверојатно станува збор за лица од Пустец, Албанија.
Па така, на адресата „Васил Ѓоргов“ број 24, во станот број 27, кој според сведоштвата на соседите е напуштен со години, се впишани дека живеат, а со тоа имаат и право на глас 30 гласачи.

[Image: Vasil%20Gjorgov1.jpg]

Дел од гласачите впишани во Избирачкиот список во напуштен стан на улицата „Васил Ѓоргов“
Слична е ситуацијата и со гласачите на улицата „Максим Горки“ број 11, стан број 2. Во овој стан се впишани дека живеат дури 67 гласачи. Напуштената куќа во центарот на Скопје беше актуелна и за изборите во 2013 година, кога во јавноста се открија „фантомските“ гласачи со место на живеење и право на гласање во куќа каде што околу една деценија не живее никој.


[Image: 11.jpg]

Напуштената куќа на улицата „Максим Горки“ | Фото: БИРН

[Image: maksim%20gorki%202.jpg]
Гласачите на улицата „Максим Горки“ 11

Исто како и за време на изборите во 2013 година, на улицата„Киро Крстевски Платник“ број 11, во станот број 3 се запишани 33 станари, иако во станот живеат две лица, како што изјави и самиот сопственик на станот пред речиси 3 години. Тој тогаш рече дека знае дека во избирачкиот список на неговата адреса се впишани триесетина гласачи, но дека не реагирал никаде.

[Image: Platnik.jpg]
Во стан на улицата „Киро Крстевски Платник“ живеат 2 лица, но заведено е дека има 33 станари

Освен ова, на списокот кој ѝ беше даден на увид на јавноста, можат да се видат голем број впишани гласачи на адресата „Димче Мирчев“ 8 и „Димче Мирчев“ 4, но нема податок за влезот и за станот во кој живеат овие лица.

[Image: Dimce%20Mircev%208.jpg]
Станарите на улицата „Димче Мирчев“ 8

Откако се постави апликацијата за проверка социјалните мрежи се преплавија со реакции околу податоците во Избирачкиот список.
Додека во јавноста се откриваат фалинките во избирачкиот список, започна и вкрстената проверка на податоците од десет државни институции, која треба да заврши кон почетокот на наредната недела.

[Image: izborniizma034.jpg]

[Image: Izborniizm193d.jpg]

[Image: izborniizm30a4.jpg]

Додека во јавноста се откриваат фалинките во избирачкиот список, започна и вкрстената проверка на податоците од десет државни институции, која треба да заврши кон почетокот на наредната недела.

Експертски тим составен од информатичари ја заврши валидацијата на базите на податоци од МВР со базите на Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството за труд и социјална политика, УЈП и други државни институции, па ДИК започна со вкрстена проверка по која треба да се добие новиот ажуриран избирачки список. Тој треба да биде ставен на увид на 17 април доколку предвремените парламентарни избори се одржат според сега предвидениот термин, на 5 јуни.

[Image: polling%20stations%20and%20ballot%20box%...2011-2.jpg]
ДИК започна вкрстена проверка по која треба да се добие новиот ажуриран избирачки список, кој треба да биде ставен на увид на 17 април ако изборите се одржат на 5 јуни | Фото: БИРН архива

Неизвесно останува дали ова време е доволно за да се изврши прочистување на списокот, кој што, барем според она што може да се види од апликацијата, делува крајно хаотично, а „фантомските“ гласачи од Пустец и натаму фигурираат како жители на општина Центар. Се поставува прашањето и за тоа дали е можно, со оглед дека тие имаат валидни документи од таму да бидат избришани и префрлени во графата на гласачите од дијаспората.
Прочистувањето на избирачкиот список беше една од клучните точки од Договорот од Пржино. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ стоеја на ставот дека списокот може да се прочисти дури и доколку изборите се одржат на 24 април, на што жестоко се противеше опозициската СДСМ. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски беше на ставот дека се потребни три до четири месеци за да може да се каже дека Македонија има избирачки список во кој граѓаните можат да веруваат.





Изборните фалсификати не се изум на власта на Груевски. Ниту едни избори во Македонија не биле спроведени со чисти избирачки списоци.
Ако се казни само власта на Груевски за оваа злодело нема да биде задоволена правдата.
(This post was last modified: 05-03-2016, 10:00 PM by ЈорданПетровски.)
04-03-2016, 12:41 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#2

More sve po spisok na site...
Ja unistija Makedonija,pustina stana. :(
05-03-2016, 09:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: AmbasadaSA2c8c.jpg]


На адреса на амбасадата на САД во Скопје, Гоца наместила гласач. Tuktuk0ni Tuktuk0ni
06-03-2016, 12:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Потрагата по Даниела Рангелова носи до адреса со 127 гласачи

За да биде недоследноста поголема овие 127 гласачи иако се водат сите на истата улица и под истиот број сепак правото на глас го остваруваат на три избирачки места, 2033, 2034 и 2035. Ова е уште еден пример детектиран од граѓанин и од медиум, сеедно, поважно е да се открие кои се овие 127 гласачи, како завршиле сите на една адреса, како е можно да гласаат на три избирачки места?

[Image: daniela_rangelova1.jpg&h=auto&w=620&zc=1]


Фокус 6 мар 2016, 10:22

На електронскиот Избирачки список на Државната изборна комисија има три начини за проверка чие име е на гласачкиот список. Секој полнолетен граѓанин со право на глас може да се провери преку „име и презиме“, „адреса“ и „матичен број“. По предупредување на граѓани дека имаат сознанија, дека високи функционери на власта се вмешани во инсталирањето на фантомски гласачи на списокот на ДИК, а за некои и се потврди тоа, „Фокус“ направи проверка со името на претседателката на Унија на жените, Даниела Рангелова. Иако според податоците од списокот не може да се утврди нејзина одговорност и вмешаност во лажирање на Избирачкиот список, сепак потрагата открива дека на адресата на која живее извесна Даниела Рангелова постојат, верувале или не, 127 гласачи. Неколкумина одговорни граѓани кои таргетираат сомнителни гласачи во списокот и утринава предупредија дека има многу адреси на кои има по стотина гласачи.
Ова е само уште една потврда во каков хаос е Избирачкиот список и дека ДИК навистина ќе има тешка задача да ги открие и да ги отстрани сите недоследности за да може да се организираат чесни избори. Тоа ќе значи дека секој гласач ќе мора да го има на еден список, со една адреса и во ниту еден случај не смее да се дозволи да останат валидни гласачите чии имиња се појавуваат на една адреса, ама по стотина гласачи.
[Image: Izbiracki-spisok-brvenica-620x587.jpg]
Како пребаравме? Кога во електронскиот избирачки список ќе ја изберете опцијата според „име и презиме“ и ќе го впишете името на пратеничката Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ се појавуваат две гласачки, едната на адреса „Коста Шахов“ број 1 во Скопје и другата на „Браќа Стефановиќ“ број нула, во тетовското село Брвеница. Едната Рангелова гласа на избирачко место 2845, а таа во Брвеница на избирачко место 2035.
Ако продолжите со потрагата, затоа што во првата фаза системот на ДИК ги дава и адресите на имењачките, односно сега ја изберете опцијата од електронскиот список според „адреса“ се заклучува дека Даниела Рангелова постои како гласач на посочената улица „Коста Шахов“ во општина Центар, како станар во станот со број 5. На таа адреса има уште еден гласач. Но кога ќе трагате по другата Даниела Рангелова според опцијата „адреса“ забележително е што на адресата „Браќа Стефановиќ“ со „чудниот“ број нула, се регистрирани дури 127 гласачи. Меѓу нив има неколкумина со презимето Рангелов.
За да биде недоследноста поголема овие 127 гласачи иако се водат сите на истата улица и под истиот број сепак правото на глас го остваруваат на три избирачки места, 2033, 2034 и 2035. Ова е уште еден пример детектиран од граѓанин и од медиум, сеедно, поважно е да се открие кои се овие 127 гласачи, како завршиле сите на една адреса, како е можно да гласаат на три избирачки места? Дури потоа, откако ќе се отстранат нерегуларностите ќе мора да се откријат и одговорните, доколку некој намерно ставил толку гласачи на една адреса и ги користел за свои партиски цели.
 
06-03-2016, 11:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(06-03-2016, 11:04 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Потрагата по Даниела Рангелова носи до адреса со 127 гласачи

За да биде недоследноста поголема овие 127 гласачи иако се водат сите на истата улица и под истиот број сепак правото на глас го остваруваат на три избирачки места, 2033, 2034 и 2035. Ова е уште еден пример детектиран од граѓанин и од медиум, сеедно, поважно е да се открие кои се овие 127 гласачи, како завршиле сите на една адреса, како е можно да гласаат на три избирачки места?

[Image: daniela_rangelova1.jpg&h=auto&w=620&zc=1]


Фокус 6 мар 2016, 10:22

На електронскиот Избирачки список на Државната изборна комисија има три начини за проверка чие име е на гласачкиот список. Секој полнолетен граѓанин со право на глас може да се провери преку „име и презиме“, „адреса“ и „матичен број“. По предупредување на граѓани дека имаат сознанија, дека високи функционери на власта се вмешани во инсталирањето на фантомски гласачи на списокот на ДИК, а за некои и се потврди тоа, „Фокус“ направи проверка со името на претседателката на Унија на жените, Даниела Рангелова. Иако според податоците од списокот не може да се утврди нејзина одговорност и вмешаност во лажирање на Избирачкиот список, сепак потрагата открива дека на адресата на која живее извесна Даниела Рангелова постојат, верувале или не, 127 гласачи. Неколкумина одговорни граѓани кои таргетираат сомнителни гласачи во списокот и утринава предупредија дека има многу адреси на кои има по стотина гласачи.
Ова е само уште една потврда во каков хаос е Избирачкиот список и дека ДИК навистина ќе има тешка задача да ги открие и да ги отстрани сите недоследности за да може да се организираат чесни избори. Тоа ќе значи дека секој гласач ќе мора да го има на еден список, со една адреса и во ниту еден случај не смее да се дозволи да останат валидни гласачите чии имиња се појавуваат на една адреса, ама по стотина гласачи.
[Image: Izbiracki-spisok-brvenica-620x587.jpg]
Како пребаравме? Кога во електронскиот избирачки список ќе ја изберете опцијата според „име и презиме“ и ќе го впишете името на пратеничката Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ се појавуваат две гласачки, едната на адреса „Коста Шахов“ број 1 во Скопје и другата на „Браќа Стефановиќ“ број нула, во тетовското село Брвеница. Едната Рангелова гласа на избирачко место 2845, а таа во Брвеница на избирачко место 2035.
Ако продолжите со потрагата, затоа што во првата фаза системот на ДИК ги дава и адресите на имењачките, односно сега ја изберете опцијата од електронскиот список според „адреса“ се заклучува дека Даниела Рангелова постои како гласач на посочената улица „Коста Шахов“ во општина Центар, како станар во станот со број 5. На таа адреса има уште еден гласач. Но кога ќе трагате по другата Даниела Рангелова според опцијата „адреса“ забележително е што на адресата „Браќа Стефановиќ“ со „чудниот“ број нула, се регистрирани дури 127 гласачи. Меѓу нив има неколкумина со презимето Рангелов.
За да биде недоследноста поголема овие 127 гласачи иако се водат сите на истата улица и под истиот број сепак правото на глас го остваруваат на три избирачки места, 2033, 2034 и 2035. Ова е уште еден пример детектиран од граѓанин и од медиум, сеедно, поважно е да се открие кои се овие 127 гласачи, како завршиле сите на една адреса, како е можно да гласаат на три избирачки места? Дури потоа, откако ќе се отстранат нерегуларностите ќе мора да се откријат и одговорните, доколку некој намерно ставил толку гласачи на една адреса и ги користел за свои партиски цели.
 




Quote:Се разоткри лагата за фиктивни гласачи: Даниела Рангелова од Центар се сретна со Даниела Рангелова од Брвеница- се докажаа манипулациите на СДСМ со изборниот процес и нивното непознавање на државата



Се покажаа за целосно лажни тврдењата на медиумите блиски до СДСМ дека наводно пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова имала до 100 лица регистрирано на нејзината домашна адреса.
6 март 2016 15:29


[Image: daniela-rangelova-brvenica-640x360.jpg]
Сепак, ваквата лага за фиктивни гласачи се разобличи веднаш. Даниела Рангелова од Центар денеска се сретна со Даниела Рангелова од Брвеница, со што се докажаа манипулациите на СДСМ со изборниот процес и нивното непознавање на државата.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ е во очај и паника во пресрет на поразот кој им претстои на изборите на 5 јуни и затоа максимално ги ставаат во функција сите погони од Фабриката за афери на чело со Фокус
– Фокус објави целосна невистина и конструкција дека јас сум била пријавена на адреса во Брвеница каде се регистрирани уште 120 други гласачи Еве ја вистината која ја урива целата конструкција. Ова е Даниела Рангелова од Брвеница. Единствениот нејзин грев за кој ја злоупотребуваат медиумите на Сорос е тоа што има исто име и презиме како мене, рече Рангелова.
Се работи за свесно измонтирана лага, односно за комплетно различни личности, а фактот што има 100 лица на едно место е поради тоа што тие практично живеаат на една селска улица во Брвеница и од кога знаат за себе тие гласаат на истиот принцип.
– Втората груба манипулација и потценување на граѓаните е тоа што СДСМ намерно лаже и премолчува дека во Брвеница нема систем на улици и адреси. Затоа жителите на Брвеница се регистрирани на една адреса. Разликата во поддршката која што ја има ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не е 10 гласа. Не е ниту 100 гласа или 1000 гласа. Разликата е 200 000 гласа. Затоа СДСМ се плаши и се обидува да конструира афери. Со ваквото деструктивно однесување на СДСМ, таа разлика ќе се зголеми на 5 јуни, рече Рангелова.
Рангелова ги повика ДИК и МВР кои се најодговорни за избирачкиот процес да се погрижат за сите детали вклучувајќи го и прочистувањето на избирачикиот список.
СДСМ ја има контролата во овие институции и не смее да се остава повеќе алиби партијата да бега од избори. Меѓународните претставници веќе се изјаснија дека има време за прочистување на списокот и не постојат причини за никакво одложување на изборите.
 



[Image: Izbiracki-b3e7.jpg]


Ако нема систем на улици што значи "БРАЌА СТЕФАНОВИЌ", име на гласач??
(This post was last modified: 06-03-2016, 03:56 PM by ЈорданПетровски.)
06-03-2016, 03:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: kiraxiikajebb5.jpg]
07-03-2016, 09:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Во Македонија нема деца, сите се гласачи



Мери Јордановска Призма
Непосредно пред затворањето на веб-страницата на ДИК за пријавување нерегуларности, БИРН направи споредба меѓу податоците од Избирачкиот список и од Државниот завод за статистика, преку која се доаѓа до апсурдни податоци. Според нив, произлегува дека во Македонија нема деца под 6 годишна возраст, а во Охрид, Пласница, Ново село и други општини, има повеќе гласачи од жители.

[Image: crowd.jpg]
Пребројувањето на гласачите и населението е „весела математика“ ако се споредат бројките на ДИК со оние на Заводот за статистика | Фото: Guzmán Lozano via Foter.com / CC BY

Доколку се споредат податоците од Избирачкиот список со податоците за бројот на населението од Државниот завод за статистика, произлегува еден апсурден податок дека во Македонија нема лица под 6-годишна возраст.
Според Избирачкиот список, во Македонија има 1.804.644 гласачи, а според Државниот завод за статистика (податоци од средината на 2014 година), во земјава има 2.067.471 жители. Доколку се одземе повисоката бројка од помалата, треба да се добие податокот за бројот на малолетни граѓани, кои немаат право на глас. Така и се доаѓа до бројката од 262.827 малолетни лица во државава.
Но, оваа бројка не кореспондира со онаа на Државниот завод за статистика. Имено, ако се погледнат бројките за број на ученици во основното и средното образование, се доаѓа до податокот дека во земјава има 275.687 основци и средношколци, во учебната 2014/2015 година. Во оваа бројка не влегуваат децата кои не одат во училиште, односно имаат под 6 години.
Според ова, ако во земјава има 262 илјади малолетни лица, а 275 илјади се основци или средношколци (што само по себе е невозможно), произлегува дека во земјава нема дете што има под 6 или 7 години (зависно од тоа кога тргнало во училиште).
Од друга страна, податоците од статистика говорат дека во последниве шест години (2009 - 2014 година) биле родени вкупно 141.052 деца.

[Image: %D0%B1%D1%80%D0%BE%D1%98%20%D0%BD%D0%B0%...%D0%B8.jpg]

Број на живородени деца во последниве 6 години, според известувањето на Државниот завод за статистика
Ваквите бројки внесуваат дополнителна конфузија околу бројот на населението во земјава и вистинската бројка на гласачи.
Охрид има повеќе гласачи од жители

[Image: %D0%94%D0%98%D0%9A.jpg]

Во Охрид, во Избирачкиот список има 52.587 гласачи, а според проценките од Заводот за статистика општината има 325 помалку жители
Ваква „весела математика“ може да се направи и доколку се споредат бројот на гласачи по општини, според Избирачкиот список, со бројот на жители во општините. БИРН правеше споредба меѓу сите општини и број на гласачи, по што произлезе дека во некои општини има повеќе гласачи од жители.
Еклатантен пример е Охрид, каде што во Избирачкиот список има 52.587 гласачи, а според проценките од Заводот за статистика, во 2014 година имало 52.262 жители. Според ова, произлегува дека Охрид не само што нема малолетни граѓани, туку има и 325 лица кои гласаат во општината, а не живеат таму.
Слична е ситуацијата и со Ново село, каде што има 11.441 гласачи, а според Државниот завод за статистика, општината има 10.911 жители, што е разлика од 530 лица.
Ист е случајот и Пласница, каде што во Избирачкиот список се впишани 4.922 гласачи, а според Заводот за статистика има 4.871 жители.
Ако се земе за пример Центар Жупа, може да се види дека во општината има 7.030 жители, а 6.715 гласачи, што би значело дека во оваа општина има само 315 малолетни деца. Но, ако се провери статистиката на население според возраст, се гледа дека во оваа општина живеат 1.293 лица под 19 години. Дел од нив се полнолетни, но сепак, останува голема „дупка“ и нејаснотија за бројот на малолетни во оваа општина, бидејќи споредбените податоци од ДИК и од Заводот за статистика немаат никаква логика.
Сличен е случајот и со Делево – општината има 16.454 жители, а 15.095 гласачи што би значело дека таму има само 1.359 малолетни лица. Годишниот извештај на статистика пак, покажува дека во оваа општина има 3.158 лица до 19 години.
Бројот на иселениците го мати Избирачкиот список

[Image: shutterstock_340444067.jpg]

Надворешните миграции се најтешки за да се следат, бидејќи лицата најчесто не го пријавуваат тоа, па тоа создава дополнителни конфузии и во Избирачкиот список и во пребројувањето на населението | Фото: Shutterstock.com
Иселените лица кои не се пријавиле дека се иселени, реално се најголемиот „проблем“ во правењето споредба во податоците, велат упатените лица што ги консултираше БИРН. На сето ова, кога ќе се додаде и податокот дека последниот попис во Македонија бил извршен во 2002 година, станува јасно дека е речиси невозможно да се знае точниот број на жители и бројот на иселени.
„Надворешните миграции се најтешки за да се следат, бидејќи лицата најчесто не го пријавуваат тоа. Проценките што ги врши Заводот за статистика се толку точни колку што има точни влезни податоци. Од друга страна, заводот располага со податоци за внатрешните, но тешко се следат надворешните миграции“, вели Катерина Костадинова Даскаловска, поранешна директорка на Заводот за статистика.
Не е најјасно ниту дали попис би ја решил оваа чудна математика која произлегува од бројките со кои располагаат институциите.
„Попис можеби би го решил проблемот, но само ако има измени во методологијата на работа. Тоа го тврдев уште во 2002 година и стојам на тој став. На пример, ако се направи попис и ако се утврди дека одредено лице една година не дошло во земјава, тој не треба да гласа во Македонија, туку во дипломатските претставништва, доколку го задржал македонското државјанство“, вели демографот Никола Панов, додавајќи дека во моментов, во земјава сè е сведено на „проценки“, а не на официјален податок.
Македонија нема точна бројка за тоа колку лица се трајно иселени од Македонија, а очигледно, нема ниту официјален податок за бројот на жители.
Ниту една институција ниту невладина организација досега нема преброено повеќе од 2.1 милиони жители во земјава

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во колумна за „Дневник“ објавена неодамна, тврдеше дека Македонија има 2,4 милиони жители. Тој својата теза ја поткрепи со податокот дека Избирачкиот список се подготвува врз база на регистарот на државјани на Македонија, кој го води Министерството за внатрешни работи (МВР), а во него бројот на државјани на нашата држава е поголем од 2,4 милиони.
Последниот официјален податок за тоа колку жители има Македонија е од пописот во 2002 година, според кој Македонија има 2.022.547 жители.

[Image: broj_na_ziteli.jpg]

Според последниот податок од Државниот завод за статистика (состојба од 30 јуни 2014 година), Македонија има 2.067.471 жители, а според студијата „Преглед на светската популација“ во Македонија во 2015 година имало 2.078.000 жители.
Сепак, ниту една институција ниту невладина организација досега нема преброено повеќе од 2.1 милиони жители во земјава.

И додека Македонија се обидува да се преброи, граѓаните масовно пријавуваат нерегуларности во Избирачкиот список. До вчера напладне 5.000 граѓани пријавиле фантомски гласачи на нивните адреси, лица кои ги има на Избирачкиот список, а се починати итн. Вчера на полноќ заврши опцијата за пријавување на нерагуларности.

ДИК извести дека извештајот за добиените резултати од вкрстените проверки, ќе го разгледа на јавна седница во среда. Потоа ќе се почнат подготовки и активности за теренска проверка.
14-03-2016, 03:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Спорни се 495.258 гласачи

 

[Image: izbiracki_spisok_4.jpg]

17 март 2016
Tочно 495.258 гласачи се спорни и треба да подлежат на дополнителна проверка, пишува во Извештајот од вкрстената проверка на базите на податоци на МВР и 10 други институции.
Над 190.000 се евидентирани како фиктивни гласачи, односно како што пишува во извештајот, гласачи кои ги има во базата на податоци во МВР, но не се појавуваат во базите на останатите институции. Од спорените гласачи 370.000 имаат валидни документи, но 123.000 се без валиден документ.
Членовите на ДИК вчера не се договирија да го изгласаат Извештајот и најавија дополнителни проверки по што ќе се закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки. 


495 258 лица е бројот на спорни гласачи.

192. 122 е бројот на фиктивни гласачи, кои ги има во базата на МВР, а не се среќаваат во ниту една друга база на податоци.

102 512 се со валиден документ, а 89 610 се без валиден документ.

30.312 сомнителни нови полнолетни граѓани.

371 426 се со валиден документ, а 123 832 без валиден документ (вкупна бројка за проверка).

123 000 гласачи без валиден документ.

158 219 лица, кои претходно биле активни, и за нив има податоци само во историските бази на податоци.

78 739 лица, постари лица над 67 години кои ги нема во пензиската евиденција или немаат трансакциска сметка во банка.

51.480 лица на возраст од 65 и повеќе години– ги има во базата на МВР, но за нив нема активни податоци во другите бази.

35. 469 лица, во куќи или станови на иста адреса со повеќе од 20 гласачи.

11 795 лица со различни презимиња на иста адреса.
(This post was last modified: 17-03-2016, 04:57 PM by ЈорданПетровски.)
17-03-2016, 04:15 PM
Reply