Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
УСТАВЕН СУД ИЛИ ЗАШТИТНИК НА КРИМИНАЛЦИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Уставен ја прифати иницијативата за помилување за изборни нерегуларности


[Image: 27490golema.jpg]


[url=http://novatv.mk/index.php?navig=12&writer=5][/url]Сашка Цветковска, НОВА 24-02-2016 13:19:40
Со 5 гласа „за“ и 4 „против“, Уставниот суд ја прифати иницијативата претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, дознава НОВА од извори блиски до Судот.

Предлогот којшто е ставен на дневен ред на денешната седница која започна во 9 часот, следува по отворањето на случајот „Титаник“ од страна на Специјалното обвинителство во кој осомничени се високи функционери во ВМРО-ДПМНЕ: екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и уште пет други лица.

Во 2009 имаше измени на овој Закон и со тогашните измени претседателот веќе немаше можност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.

Иако Специјалното обвинителство побара притвор за функционерите, Судот го одби предлогот на Обвинителството и ги отфрли жалбите на одлуката на Судот.
24-02-2016, 07:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Уставен суд во експресна постапка ја стави партиската пред граѓанската волја


[Image: 27497golema.jpg]


Сашка Цветковска, НОВА 24-02-2016 15:58:25
Уставниот суд ја прифати иницијативата за измени во Законот за помилување со којшто на претседателот на државата во иднина ќе може да му се овозможи да помилува лица осудени за изборни измами и нерегулароности, но и тероризам, педофилија и други тешки дела коишто во 2009 станаа тргнати од истиот закон. За прифаќање на иницијативата гласаа 5 судии, а се противеа четворица.

Иницијатива предизвика контроверзи во јавноста и поради фактот што истата доаѓа веднаш по покренувањето на обвиниение од страна на Специјалното јавно обвинителство против поранешни министри и високи функционери на партијата на власт токму за изборни нерегуларности, но и поради брзината со којашто Судот одлучи да расправа по иницијативата. И дел од уставните судии на расправата коментираа дека немало случај кој во процедура влегол во толку краток рок.

Иницијативата во Судот пристигнала на 5 фебруари, на судијата Никола Ивановски му била предадена на 8 фебруари, на 10 фебруари стигнало и мислење од Собранието и од Владата, а денеска веќе се расправаше и одлучуваше за истата. Во дел од расправата дел од судиите дури и го прашале Ивановски како успеал толку бргу се да заврши додека во фиоките му лежеле иницијативи стари и по неколку години.

-Ние сме имале тешки одлуки кои во моментот имале даден политички контекст. Секој има свое мислење, но немаме коментар, рече службеничката од Уставниот суд која ги брифираше новинарите по донесувањето на одлуката.

Кој бил „за“ а кој „против“

На ваквата одлука се противеле судиите Наташа Габер – Дамјановска, Гзиме Старова, Исмаил Дардишта и Сали Мурати, додека судиите Јосиф Јосифовски, Никола Ивановски Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Елена Гошева, претседателка на Судот, биле „за“. Образложението на оние со чии гласови се прифати ваквата одлука е дека иако законот каков што е не е неуставен, сепак, му се одземале ингеренции на Претседателот на државата и дека тој самиот требал да биде оставен да проценува кого и за какви дела ќе помилува.

Судиите кои не се согласуваа сметаат дека во Уставот е прецизно наведено дека помилувањата се ограничуваат со закон.

Специјализираниот портал за известување за владеење на правото „Сведок“ објави дека постои можност да се расправа и конфликт на интереси во Уставниот суд бидејќи Судијата Јосиф Јосифовски кој гласал „за“ му е татко на шефот на кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов, Борис Јосифовски.

Мистериозен доставувач на иницијативата

Единствените информации за лицето кое ја доставило иницијативата до Уставниот суд се дека тој се вика Ристо Китевски и по професија е адвокат. Во обид да поразговараме со Китевски и да го прашаме за мотивите за поднесувањето на оваа иницијатива, НОВА стапи во контакт со голем број адвокати, но се чини дека никој не чул за овој нивни колега.

Неговото име или минат труд не го регистрира ниту пребарувачот „Гугл“, а негов контакт не пости во именикот на адвокатската комора. Единственото име Ристо Китевски кое е споменато во контекст на правото е на еден документ од Министерството за правда во којшто е запишано дека лице со истото име и презиме се пријавува за јунска сесија на испити по уставно и кривично право.

Инаку, Владата и Собранието дале негативно мислење за оваа иницијатива. За опозициската СДСМ, пак, нема дилема дека зад неа стои партијата на власт која на овој начин се обидува да си ги сокрие трагите.

Партиски реакции: Судиите се политички мотивирани

-Со одлуката на петте партиски послушници на ВМРО ДПМНЕ во Уставниот суд Никола Груевски ја призна вината на своите најблиски соработници. Изборните грабежи и партизираните институции беа главните причини за политичката криза. Највисоките претставници на партијата на власта се веќе осомничени за злосторничко здружување и изборна измама. Тоа е потврдено и до Специјалното обвинителство, рече Петре Шилегов од СДСМ.

Остра реакција пристигна и од пратеникот на Демократскиот сојуз, инаку коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ, Павле Трајанов кој истакна дека судиите се политички мотивирани и ја злоупотребиле својата функција.

-Со денешната одлука Уставниот суд создава законска можност за легализација на фалсификување на правото на глас и изборен грабеж. Ако некој може да ги крши основните цивилизациски вредности, да владее со кршење на изборните правила, да ја менува волјата на граѓаните со закани, притисок, со коруптивни понуди, да ги руши темелите на демократијата, а за тоа да може да биде амнестиран, е надвор од било какво владеење на правото и правда, изјави денеска претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.

Во фиоката на Уставниот суд седи и иницијативата за оценување на уставноста на постоењето на Специјално јавно обвинителство. Истата ја поднел адвокат од Св. Николе.
24-02-2016, 07:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Уставни судии кои гласале за амнестијата:



[Image: Ustavensud41bf.jpg]
24-02-2016, 08:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ДС: Уставниот суд легализира изборен фалсификат 




[Image: pres-685x320.jpg]

24.02.2016
Со денешната одлука Уставниот суд создава законска можност за легализација на фалсификување на правото на глас и изборен грабеж. Ако некој може да ги крши основните цивилизациски вредности, да владее со кршење на изборните правила, да ја менува волјата на граѓаните со закани, притисок, со коруптивни понуди, да ги руши темелите на демократијата, а за тоа да може да биде амнестиран, е надвор од било какво владеење на правото и правда.
Одлуката на Уставниот суд е политички мотивирана, спротивна на Уставот и претставува класична злоупотреба на функцијата судија. Судот наместо да ја цени уставноста на законите и да ги штити основните права на граѓаните, на голема врата отвора можности за помилување на извршители на тешки кривични дела без водење на судска постапка.
Демократскиот сојуз ја повикува експертската јавност, со силата на правни аргументи да се спротивстави на оваа апсурдна и правно неиздржана одлука.
24-02-2016, 08:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:





24-02-2016, 08:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Граѓански протест пред Уставен: Овој суд стана сојузник во изборните измами









 Славица Филиповска, НОВА  24-02-2016 18:57:40

Имињата на петте судии Јосиф Јосифовски, Никола Ивановски Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Елена Гошева кои денеска гласаа за да се поведе постапка за оценување на измените во законот за помилување, вечерва на разглас одекнаа пред Уставниот суд.

Стотици граѓани излегоа на протест во знак на револт што судиите дадоа зелено светло да се разгледа иницијативата претседателот да има зголемени ингиренции и да може да помилува затвореници кои се осудени за изборен криминал, кривични дела против полова слобода и морал и недозволено производство и пуштање во промет на дрога.

Според активистите ваквата одлука, во време кога актуелен е случајот со изборниот фалсификат во кој осомничени се високи функционери од власта, покажува какво партиско едноумие владеее во државата.

-Криејќи ги од затвор вие донесовте одлука со која што овозможивте не само луѓето овозможени за изборни измами, туку и педофилите и дилерите на друга, сите да бидат помилувани. Е затоа ова партиско едноумие не го бива, бидејќи со сувото и сировото гори. За да ги спасиме газдите ќе направиме можност да пуштиме и педофили. Доста беше Уставен суд! Кој ќе го штити Уставот од вас?, рече активистот Павле Богоевски.

Според активистката Билјана Бејкова, со денешното прифаќање да се разгледа иницијативата со опција да бидат помилувани затвореници осудени за изборен криминал, власта практично признава дека мамела на изборите.

-Со оваа срамна одлука Уставниот суд ги погази, Уставот, правото и правдата. Денеска Уставниот суд во суштина стана сојузник на изборните измами кои се случуваат во оваа држава. Во суштина власта призна дека мамела на изборите, а Уставнито суд ја презеде одговорноста. Покрај тоа што очигледно дека судството е партизирано, ова е доказ дека власта се плаши, рече Бејкова.

На ваквата одлука од составот во Уставниот суд се противеле судиите Наташа Габер – Дамјановска, Гзиме Старова, Исмаил Дардишта и Сали Мурати.

По одлуката на Уставен, стигнаа и партиски реакции од СДСМ, како и Демократскиот сојуз, но и од невладините организации кои се во насока на тоа дека со денешната постапка Уставниот суд легализирал изборен фалсификат.
24-02-2016, 08:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Соработник на адвокатот на Јанкулоска и Темелко е иницијаторот до Уставен суд


[Image: 27504golema.jpg]



Сашка Цветковска, НОВА  24-02-2016 20:21:37
НОВА трагаше по информации за непознатиот адвокат којшто ја поднел иницијативата за измени во Законот за помилување до Уставниот суд. Млад адвокат од Охрид кој е соработник во канцеларијата на Љубчо Наумовски, еден од адвкатите на Јанкулоска и Темелко

Адвокатот којшто ја поднел иницијативата до Уставниот суд е соработник во адвокатската канцеларија на Љубчо Наумовски, познат адвокат од Охрид којшто во процесот „Титаник“ покренат од Јавното обвинителство е дел од адвокатскиот тим на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, двајцата обвинети за изборни измами.

Со името на адвокатот Ристо Китевски денеска се занимаваше целата јавност. Човекот чие име не даваше резултати ниту на Гугл покрена многу контроверзи - кој е адвокатот чија што иницијатива е најбрзо процесуирана во историјата на Уставниот суд и во која што тој цени дека е неуставно претседателот да не може да помилува лица осудени за изборни имами и нерегуларности. Кој е човекот кој за три недели од иницијатива стигна до процес и победа во институцијата кој би требало да го брани Уставниот суд.

Извори на НОВА говорат дека Ристо Китевски полагал правосуден испит во 2014 година. Ако се суди по неговиот фејсбук профил лиценца за адвокат добил пред три месеци, односно во декември 2015. Годинава во јануари, според добро упатени извори на НОВА станал соработник на адвокатската канцеларија на Наумоски. Адресата којашто ја оставил во Уставниот суд е иста со адресата од канцеларијата на Наумоски во Охрид, Даме Греув број 26.

[Image: Untitled%285%29.png]
Наумовски десно и Китевски лево со лиценцата за адвокат

Нова се обиде да стапи во контакт и со Наумовски и со Китевски. Наумовски грубо се развика на телефон и ја тресна слушалката, додека Китевски не одговораше на повиците и смс пораките. Ниту Наумовски не одговори на пораки по неуспешниот обид да поразговараме со него.

Љубчо Наумовски е и член на Управниот одбор на Адвокатската комора чијшто претседател е Никола Додовски, во јавноста познат како правен застапник на премиерот во неколку случаи. Додовски, исто така, е дел од адвокатскиот тим на обвинетите во „Титаник“.
(This post was last modified: 24-02-2016, 09:13 PM by ЈорданПетровски.)
24-02-2016, 09:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:АМНЕСТИЈА ИЛИ АМНЕЗИЈА??


[Image: Van4a64.jpg]




Според смислата за заебавање на недоветни, Ванхауте мора де е Кумановац.
24-02-2016, 10:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Тешко на земјава додека на чело на Уставниот суд е Елена Гошева


[Image: tn1_20160224_220847_ustaven%20goseva.jpg]


24.02.2016 21:31:00

Што е ова, Уставен суд ли е, или? – праша уставната судијка Гзиме Старова на денешната расправа по точката на дневен ред да се поведе постапка за укинување на измените на законот за помилување кои му забрануваа на Претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни инциденти, за педофилија и за тероризам и злосторства против човештвото.
Прашањето на судијката Старова, само ја отслика жалната состојба во која се наоѓа денеска Уставниот суд, кој личи на се, или повеќе на панаѓур, отколку на суд, на што, веројатно и мислеше судијката Старова, дали ова е суд или ПАНАЃУР? (наше толкување).
За да ви доловиме како изгледаше расправата во Уставниот суд, „Сведок“ ви претставува неколку ситуации од кои сами може да заклучите дали ова треба да биде амбиент во кој работи Уставниот суд и дали некаде, во некој Уставен суд прво, има судии кои зад себе немаат правничка и судска кариера, и второ, дали тие се однесуваат како да се деца од градинка, а претседтелката на судот Елена Гошева, чиниш во секој момент ќе извади прачка и ќе почне да ги тепа судиите кои решија да се спротивстатват на нелогичностите со аргументи.

[Image: ACE_7230-2.jpg]

Гошева, неколку пати ги опомена четворицата судии кои не гласаа за поведувањето на постапката да ги скратат дискусиите, зашто, ако продолжеле така, ќе „седеле во судот до 6 сабајле“.
Чиниш, на претседтелката на Судот и останале гоблените недовезени дома, па сакаше и оваа точка да ја протурка набрзина и без дискусија, како што немаше дискусија за некои иницијативи изнесени на седницата.
Но, самата седница почна со кавга, кога Гошева не сакаше да ја прифати забелешката на судијката Наташа Габер Дамјановска да се тргне нејзиното име од предлог одлука која им била поделена, без никој да ја праша дали таа се согласува за текстот. По кратко натегање, Гошева призна дека  таа стои зад таквата предлог одлука.
Вториот судир на Гошева со судиите беше кога побараа исправка на записникот од минатата седница, каде што пишувало дека гласале „против“, а тие воопшто не гласале за одлуката. И овде Гошева имаше свои чудни објаснувања, како и по барањето да не се расправа за точката за помилувањето, се додека Јован Јосифовски не се вклучи па и објасни дека треба процедурално да го стави на гласање.
Сепак, дискусиите на четворицата судии кои беа против поведување на постапка, ја вадеа од кожа Гошева, која дури три пати ја опомена судијката Гзиме Старова да се држи на темата.
-Навистина не знам што ви е. Денеска трет пат ме опоменувате, а јас напротив, мислам  дека се држам баш за темата-врати судијката Старова, која од петни жили се обидуваше да им објасни дека уставната одредба, да се уреди со закон, е токму основот дека тоа што не е регулирано во Уставот, се регулира со закон, како што е на пример и зконското решение за можноста претседтелот да одликува, или судии да не можат да бидат членови на политички партии, и серија други одлуки на Судот, во кој, работите биле уредени со закон и како такви останале на сила.
[Image: %D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0%20%D0%93%...%D0%BA.jpg]

Но, тонот на кој им се обраќаше Елена Гошева наликуваше на „лоша учителка“ од градинка, која со стапче сака да дели воспитни лекции на деца, а не на колеги од ист ранг, со докторски титули, наспроти просекот што го имала Гошева од нешто над 6 за многуте години студирање (види прилог текст во Вест кога бил изборот на Гошева за Уставен судија).
Покрај Елена Гошева, за атмосферата „однесување како во детска градинка“ да биде комплетно, се погрижи и судијата известител Никола Ивановски, за кого „Сведок“ објави дека ако ја протурка иницијативава треба да биде нов претседтел на Судот, кој на серијата забелешки за многуте пропусти во рефератот, и „одбруси“ на судијката Старова дека „не носел индекс за да му напишела оценка“, алудирајќи на нејзиниот професорски беграунд како професор на Правниот факултет.
-Овде сум највозрасна и веројатно на сите сум ви давала оценки, можеби и Вас, бидејќи сте многу помлад од мене, но откако дојдов во судов, токму вие се трудите да ми ги укинете сите титули-возврати судијката Гзиме Старова.

[Image: ustaven%20nikola.jpg]

Според „тефтерчето“ на „Сведок“, професорката Старова не му предавала на Ивановски, бидејќи тој завршил на Правниот факултет во Битола, а според уверението што го достави кога го избираа за член во Советот на обвинители, тоа беше полно со 6 и 7, како оценки, вклучувајќи ги и кривичните предмети, иако подоцна Ивановски бил истражен и судечки судија во кривично.

И додека четворица судии му најдоа десетици  сериозни забелешки на рефератот подготвен од судијата Ивановски, вклучувајќи го и обидот да им подметне три одлуки како пракса на судот, кои излезе дека биле за работни односи, девизно работење и прашање од пензиско осигурување, Елена Гошева не само што рече дека рефератот е најсовршен, туку и порача дека ова треба да биде урнек како да се правеле рефератите во Уставниот суд.
А, во рефератот, основната фалинка, за која студент не би добил ни шестка, беше, кое е спорното прашање, врзано со неуставноста на законот за да може да се дискутира по него. Но, Ивановски доби меценство од Гошева, со што во целост се потврдија нашите информации декаова е „крштевањето“ на Ивановски како наследник на Гошева, чиј мандат истекува оваа година и нема право на нов.
На седницата, со „силни“ аргументи се спротивстави и Јован Јосифовски, кој гордо истакна дека него не го интересираат како „помилуваат кралеви и цареви“, туку пред него имал Устав и одлучувал по него, и каде што е сигурен дека овој закон не е Уставен.

[Image: Ustaven%20josifovski.jpg]

Кралевите и царевите беа „пофалба“ за судијата Сали Мурати, кој како што рече, направил споредбена анализа како е во системите на околу 20 земји како што се Белггија, Данска, БиХ, во кој дури и кралот не може да помилува осудени министри или државни функционери за корупција.
Но, во ниту еден момент, додека Јосифовски возбудено и со треперлив глас се расправаше со Сали Мурати, не спомена дека неговиот син е генерален секретар на Кабинетот на претседателот на РМ, и тој, има директен судир на интереси, бидејќи одлучува за права што му се ускратени на Претседтелот.
Ова е сериозна злоупотреба на функцијата, бидејќи неговиот глас е одлучувачки. Но, за жал, во земјава нема орган кој може да направи ревизија на Одлуката и поради гласањето на Јосифовски истата да ја суспендира од правниот промет.
Седницата изобилуваше со уште неколку кавги, што предизвикуваше мачнина кај луѓето во салата.
Новионарот на „Сведок“ кој 20 години ја следи работата на Уставниот суд, беше шокиран од ниското ниво на комуникација и начинот на кој Елена Гошева им се обраќаше на судиите, но и од нејзиното непознавање на Деловникот за работа, бидејќи ги исклучи новинарите кога судиите одлучуваа за утврдување на предложениот дневен ред, што не е тајно.
При вториот обид кога се реши да ги отстрани новинарите и сугерираа дека тоа не е деловнички, па се сепна и се повлече.
Седниците на Уставниот суд се јавни, а јавноста се исклучува само на крајот, кога се гласа за конечната одлука.
Во текот на расправата не се вклучија само судиите Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски, но со кревање рака ја запечатија одлуката да се поведе постапка, и во пакет со однапред зацртаната цел да може да се помилуваат осудени за изборни инциденти, сега ќе може да се помилуваат и педофили, силувачи, осудени за меѓународен тероризам, за дела против човечност.
-Како ќе ја оправдате оваа одлука Вие кои жестоко го браневте ставот дека е уставно да се објавуваат педофилите на интернет, Вие кои семејството го стававте на прво место, како ќе се чувствуваат жртвите на силување, децата кои се нападнати од педофили- беа дел од дискусиите на Старова и Габер, но на ваквите забелешки Никола Ивановски рече дека тој смета дека треба да има помилување за сите, бидејќи вака, некој не би можел да е помилуван и за 1 грам дрога или за изборни инциденти, ама можело да се помилуваат за други, потешки дела.
Владата и Собранието, во одговори до Уставниот суд побараа да се отфрли иницијативата, но судиите блиски до владејачката ВМРО ДПМНЕ не го прифатија.
Со оваа иницијатива, која со брзина на светлината влегла и била сработена во Уставниот суд, власта на мала врата дозволи помилување на идните осудени кои многумина ги препознаа веќе осомничените во акцијата „Титаник“ на СЈО.
Само неколку факти кои ги инесоа судиите на седницата, фрлаат јасна светлина зошто 5-те судии: Никола Ивановскии, Елена Гошева, Јован Јосифовски, Владимир Стојаноски и Вангелина Маркудова кренаа рака за поведување постапка за укинување на законот: иницијативата во Уставниот суд била примена на 5 февруари, распоредена кај судијата Никола Ивановски на 8 февруари, побарано и добиено мислење од Владата и Собранието на 10 и 12 февруари, и за само 2 недели подготвен реферат и ставена како точка на дневен ред.
-Колега Ивановски, ќе ни кажете ли зошто и како ја сработивте оваа иницијатива толку бргу, ако е факт дека Вие сте судија кој има најмногу нерешени предмети во судов кои датираат од 2014 и 2015 година- праша судијката Наташа Габер Дамјановска.
[Image: %D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%...%D0%B0.jpg]
Затоа, гледано од страна, со ваков Уставен суд начие чело е Елена Гошева, а во неа седат судии кои немаат правен стаж и докажани резултати, само Господ може да ни помогне.

[Image: %D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%...%D0%B4.jpg]

Одлуката за помилување педофили, терористи и кршачи на кутии ги зовре социјалните мрежи а стотици граѓани веќе протестираа пред Уставниот суд.

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои таблата од Уставен суд се „преименува“ во НЕНАДЛЕЖЕН суд или е фрлена во корпа за отпадоци, што го симболизира досегашното пасивизирање на Уставниот суд по многу прашања за кои се прогласуваше за ненадлежен.
24-02-2016, 10:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Гарет зачуден: Каква е оваа вест за овозможување помилување за изборни измами?



[Image: Garrettc2a5.jpg]
 
25.02.16   13:37  

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет, на својот Твитер профил ја искоментира одлуката на Уставниот суд со која претседателот на државата ќе може да помилува лица осудени за кривични дела поврзани со изборни измами и манипулации.

„Се вратив од Лондон каде имав средба со министерот за Европа, Дејвид Лидингтон. Каква е оваа вест за овозможување помилување за изборни измами?“, праша Гарет на Твитер.
25-02-2016, 03:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:[Image: Vanhaute4c6e.jpg]



„Ама гарантирам дека ќе има слободни и фер избори – и дека сите измами ќе бидат амнестирани“, твитна Ванхауте.
25-02-2016, 03:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Втор ден пред Уставен!!








криминали.
[Image: 12769523_10208835183132098_800019098_n.jpg]
[Image: 12784626_10208835184252126_1907283710_n.jpg]
25-02-2016, 09:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Камбовски: Уставниот суд изврши државен удар

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Владо Камбовски вчера реагираше со зборовите: "Одлуката на Уставниот суд да поведе постапка против забраната да се помилуваат сторители на изборен криминал е краен срам за правната професија во Македонија. Уставниот суд изврши државен удар. Ова е крај за државата".

VEST




Што му текна на Камбовски да дава вакви изјави??
26-02-2016, 12:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14



14-03-2016, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Уставниот суд дозволи помилување за изборен криминал


Со мнозинство гласови Уставниот суд денеска го изгласа укинувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. Одлуката донесена на затворена седница.

[Image: 0,,19117986_303,00.jpg]

Според очекувањата, мнозинството судии во Уставниот суд препладнево одлучија да ги укинат измените во Законот за помилување од 2009 година и на тој начин повторно да овозможат помилување на лица кои, меѓудругото, се обвинети за изборен криминал.
Одлуката ќе стапи во сила по објавувањето во Службен весник на РМ. Судот соопшти дека одлуката и образложението за неа ќе бидат објавени на интернет-страницата на Уставниот суд.
Претходно Судот одлучи да заседава на затворена седница, исклучувајќи ја на тој начин јавноста од својата работа. Новинарите побараа писмена одлука и образложение зошто седница на Судот е затворена за јавноста, но не добија одговор. Досегашната пракса беше седниците на Судот да бидат отворени за јавност.

На одлуката на Судот реагираше и Амбасадата на САД во Скопје. „Зошто Уставниот суд ја затвори денешната седница? Транспарентноста е клучна за секоја институција“, се огласи амбасадата преку својот Твитер профил.
16-03-2016, 04:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:ЕУ: Амнестијата за изборен криминал не е во интерес на Македонија


Европската Комисија реагира на одлуката на Уставниот суд во Македонија на претседателот на државата да му го врати правото да помилува осомничени и осудени лица за изборен криминал. Неказнивоста е неприфатлива.


[Image: 0,,19117986_303,00.jpg]


Европската Унија очекува да се избегнуваат чекори кои ќе бидат во спротивност со Договорот од Пржино, по одлуката на Уставниот суд да ги укине измените во Законот за помилување од 2009 година и на тој начин повторно да овозможат помилување на лица кои, меѓудругото, се обвинети за изборен криминал.
Во Брисел сметаат дека се неприфатливи сугестиите за неказнивост на дела поврзани со изборни нерегуларности.
„Вонредните парламентарни избори, како што е предвидено во Договорот од Пржино, се клучен чекор во реформскиот процес кој треба да ја врати довербата на граѓаните во изборниот процес и да ја извлече земјата од политичката криза. Очекуваме да се избегнува секој потег кој би бил спротивен на оваа цел. Секоја сугестија за неказнивност во однос на дела поврзани со изборите ќе биде во спротивност на напорите инвестирани од земјата и од меѓународната заедница кон овозможување услови за веродостојни избори и враќање на довербата на граѓаните во изборниот процес“, вели портпаролката на комесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, Маја Коцијанчич за ДВ.
Таа потсетува дека евентуалната одлука на Иванов да ги помилува обвинетите за изборни манипулации ќе биде и во спротивност со улогата на Специјалното обвинителство.
„Таквиот потег ќе биде и во спротивност со одлуката на парламентот и на политичките партии да формираат Специјално обвинителство кое треба да ги разгледа и гони прекршувањата, вклучително и делата кои се во врска со претходните избори“.
ЕУ очекува македонскиот претседател Ѓорге Иванов да работи на зајакнување, а не на заслабнување на демократијата во земјата.
„Сега, кога кривичните дела поврзани со изборите можат да се амнестираат, моќта за таквата одлука ќе биде во рацете на актуелниот и идните претседатели на државата. Очекуваме оваа алатка да се користи во насока на зајакнување, а не заслабнување на демократијата“, вели Коцијанчич.
17-03-2016, 10:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,710
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:ТУШ ИЗЈАВА НА ШКАРИЌ НАСПРОТИ ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН СУД ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО


[Image: F8344AA2AD0A134B9E93AF6692BF29DF.jpg]
Професорот вели дека одлука со кое на претседателот на Републиката му се дава можност да помилува не може да се "оживее" ако веќе истиот тој Суд ја укинал. Таа можност евентуално би постоела само со носење на нов закон
Во текот на минатата недела беше официјално објавена Одлуката на Уставниот суд со која на претседателот на државата му се дава "широка рака" во помилувањето на осудени за многу криминални дјствија, дури и за оние насочени против изборниот процес. Таа одлука во средината на минатата недела беше и испратена до "Службен весник" за објавување.

Но, како бомба одекна мислењето на професорот по Уставно право со кое се оспорува донесената одлука од аспект на тоа што Уставниот суд не може да донесе одлука со која "воскреснува" (спомена како "ожиивува" норма - можност кој тој веќе еднаш ја укинал! Ова, напомена тој како давање на дозвола на претседателот би минала само ако е во прашање целосно нов Закон а не одредба во Закон која во 2009 година Уставниот веќе си ја укинал (независно, нели од составот).

Иако тоа го дознавме во понеделникот навечер, пред да можеме да чуеме и други коментари, излезе дека овие од ДОМ бадијале јаделе сендвичи и ги чувале уставните судии (оние петтмина) кои донеле противуставна одлука која Шкариќ ја нарекува - неприменлива и потсетува дека во издвоеното мислење на четирите судии на Уставниот кои гласале против се споменува и неприменливоста на одлуката!

[Image: 0852839F5CC82C48B01172B2847DC3AD.JPG]
Се работи за уставните судии Гзиме Старова, Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта и Сали Мурати, кои сметаат дека ваквата одлука на нивните колеги е најнапред неаргументирана. Во однос на членот со кој таксативно се набројува за кои лица не може да се даде помилување, тие сметаат дека со оглед на уставната можност за законска дискреција во уредувањето на ова прашање од страна на Собранието, членот не требаше да се укине.

Овие уставни судии сметаат дека правото на помилување не е право кое треба еднакво да се даде на сите, туку тоа е само можност која зависи од проценката и милоста на претседателот. Според нив, Уставниот суд директно го повредува начелото на поделба на власта, проширувајќи ги ингеренциите на претседателот кои се утврдени со Устав и со закони.

Кои биле аргументите на мнозинството уставни судии да ги укинат во целост измените на Законот за помилување од 2009 година, денеска можеше да се прочита на веб-страницата на оваа институција.

Кои биле аргументите на судиите Елена Гошева, Владо Стојановски, Никола Ивановски, Јован Јосифовски и Вангелина Маркудова?

Мнозинството судии оцениле дека правата на претседателот за помилување биле ограничени со тоа што тој досега не можел да помилува осудени лица за изземените кривични дела. За Судот, не е спорна општествената опасност на кривичните дела кои со оспорениот закон се изземени од можноста за давање на помилување. Но, сметаат дека тоа не може да се прифати како критериум или причина за таквото изземање, бидејќи општествената опасност е обележје и за други кривични дела.

[Image: 7F1D7F3BC348D04882081A671B8006C8.jpg]
Според нив, тоа што претседателот на државата има ваква надлежност, не значи дека би се дало помилување за секој сторител на кривично дело, туку оваа надлежност ќе се оствари во оние случаи кога претседателот ќе оцени дека треба да се даде помилување. Ограничувањето на правото за давање на помилување на претседателот, оценуваат петтемина уставни судии, значи навлегување во неговата уставна надлежност од страна на законодавецот.

"Доколку би се прифатила можноста законодавецот да има вакво право, се поставува прашањето кои би биле границата и критериумот за таквото ограничување и дали на ваков начин би се изгубила смислата на уставниот институт помилување, кој би зависел од перцепцијата на законодавецот и одредени појави во одредено време во општеството", се вели во образложението на одлуката.
[Image: D9C14F058F82204B92D34E8197290DA6.jpg]

Што се однесува до Комисијата за помилување и составот и бројот на членовите, според судиите, повторно станува збор за ново законско решение коешто не е предвидено со Законот за помилување од 1993 година. "Неоспорна е потребата од постоење на стручно тело кое би му помагало на претседателот во вршењето на својата уставна надлежност, но она што ова законско решение го прави проблематично од уставна гледна точка е тоа што законодавецот нема уставно овластување да уредува прашања кои се однесуваат на внатрешната организација и работа на претседателот како еден од органите на државната власт".
29-03-2016, 01:09 PM
Reply