Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АНКЕТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: АНКЕТА: ЗАЕВ МУ ДИШЕ ВО ВРАТ НА ГРУЕВСКИ, СДСМ СЕ БЛИЖИ СО РЕЈТИНГ КОН ДПМНЕ

Многумина не сакаат да кажат за кого ќе гласаат


Четврток, 24 Декември 2015 13:57


Фактор плус Адриа, водечка компанија за мерење на рејтинзите од Србија, која работи низ цел Балкан, во декември спроведе анкета врз граѓаните на Република Македонија.
[Image: faktorplus_partii.jpg]

 
Резултатите се драматични. Рејтингот на ВМРО ДПМНЕ е највисок со 29,5 отсто, додека пак СДСМ се приближува со 21.4 отсто од поддршката на граѓаните. Доколку утре се оддржат избори ДУИ би добила 10,2 отсто, додека пак ДПА минорни 4,3 отсто од гласовите.
15,4 отсто од граѓаните не сакале да одговорат на прашањето за кого ќе гласаат, додека пак неопределени се 14,9 отсто.
На прашањето какво е вашето мислење за Зоран Заев, дури 44,1 отсто од нацијата смета дека овој лидер е позитивен човек, додека 38,5 отсто имаат негативно мислење. 16,8% од граѓаните имаат неутрален став за претседателот на СДСМ.
Она што е драматично е негативното мислење за Никола Груевски, премиер во заминување и моментален претседател на ВМро дпмне, за кого дури 47,1 отсто од граѓаните на Македонија имаат негативно мислење, додека пак позитивно 44,6. Во врска со Никола Груевски само 8,1 отсто од граѓаните се неутрални.
Дефинитивно најнегативно мислење од граѓаните има ексминистерката за внатрешни работи, за која со негативно мислење се изразиле дури 55,4 посто од граѓаните, додека позитивно мислење имаат  34 проценти.
[Image: faktorplus_rejtinzi.jpg]
Агенцијата Фактор плус денеска во хотелот Холидеј ин на прес конференција ги презентираше резултатите од декемвриската анкета која е спроведена од 30.11 до 7.12.2015 година, извршена врз 1200 лица.
24-12-2015, 02:34 PM
Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0
#2

Очекувани резултати. Она што е интересно е да сите политичари на листава имаат огромен на процент на луѓе кој мислат негативно за нив. Нема ни еден кој ја има подршката на мнозинството и каде нема голем дел на телото кое има негативно мислење за него.
25-12-2015, 12:13 AM
Reply