Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 11 Vote(s) - 2.91 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијал
Author Message
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#1

Охрид е подготвен за почетокот на Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што почнува денеска а ќе трае до недела. За пристигнувањето и престојот на околу 300 учесници од 21 земја од светот воведени се специјални безбедносни мерки. Дел од патот од аеродромот до хотелот Метропол и дел од улиците повремено ќе бидат затворани во зависност од времето на пристигнување на високите верски делегации.

Конференцијата почнува вечерва со прием за учесниците , а свечено ќе биде отворена утре претпладне. Овој голем светски собир го организираат Македонското министерство за култура во соработка со УНЕСКО, а се очекува да учествуваат повеќе поглавари на верски заедници и меѓународни организации.

Г.Г. Стефан - Религијата и културата се недвојливи
Културата се родила во прегратките на религијата, таа никнала од култот и таа е чедо на богослужението и плод на богопочитувањето и таа е манифестација на човековото гледање на видливиот и невидливиот свет.

Ова го порача г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски на Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Според г.г. Стефан, културата врши преобразба на личноста на секој човек: “уметноста му го префинува вкусот, му ги негува чувствата и му ја развива смислата за убавина додека науката изградува менталитет и влијае врз начинот на живеење и творење.“

„Македонската православна црква ги поздравува ваквите собири, зашто тие претставуваат можност да се запознаеме одблиску со другиот, со неговиот религиозен и културен идентитет,“ рече Архиепископот Охридски и Македонски и ги поздрави сите кои присуствуваат на Конференцијата.

Освен г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски во текот на денешниот ден свои обраќања имаа премиерот Никола Груевски и првиот човек на исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

ИВЗ иако најави бојкот на конференцијата, сепак во последен момент се предомисли и делегацијата вчеравечер пристигна во Охрид.

Присутни се претставници и духовни лидери од Руската православна црква, Албанската православна црква, Сиријската Православна Теолошка Школа, Антиохиската Сиријска Православна Црква, Римокатоличката црква, претставници од Ватикан (Светата Столица), Евангелистичко- Методистичката Црква, Еврејската заедница, претставници од Исламските заедници од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија и Кина, Ваишнавската заедница и др.

На светската конференција во Охрид попладнето пристигна монахот Петар од Зворничко-тузланска епархија на местото на поканетиот епископ Василиј Качивенда. Од коодринативното тело на конференцијата, велат дека присуството на монахот е всушност присуство на претставник на СПЦ. Сепак, во чие име дошол Петар знае само тој затоа што организаторите испратиле одделни покани за СПЦ и за Зворничко-тузланската епархија. Неофицијално, Петар и епархијата на Василиј важат за крило на СПЦ која ја поддржува Македонската Православна Црква. Свое обраќање монахот Петар се очекува да има во текот на денот.

Бугарија и Грција не испратија свештени лица.Tuktuk0ni
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
07-05-2010, 03:33 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#2

Охрид, 7 мај 2010 (МИА) - Претставниците на различни религии и култури кои учествуваат на Втората светска конфереција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Охрид согласни дека оваа средба е добра можност за размена на нивните мислења и искуства, во насока на промоција на религијата и културата како фактори на мирот.

Архиепископот Јарославски и Ростовски г. Кирил при Руската православна црква оценува дека оваа Конференција се случува во вистинско време и на вистинско место. Изборот на Охрид за домаќин на ваков голем светски религиски собир само го потврдува епитетот на Охрид како колевка на словенизмот и на културата на многу словенски народи и извор на христијанската вера.

- Охрид е колевка на словенската писменост бидејќи од тука започна проповедта на нашата христова вера и затоа голема радост и утеха е да се биде овдека во Охрид, рече г.Кирил.

Според него, религијата секако може да помогне за разбирањето на народите, бидејќи не случајно овде се собрани во толкав број одговорни и угледи претставници на различни конфесии. Тој смета дека собирот значајно ќе придонесе не само за меѓусебно запознавање на учесниците на конференцијата, туку и во насока на приближување на разчжличните ставови што тие ги имаат по однос конкретни прашања.

Јохан Вондра од Црквата на Исус Христос од Австрија кој учестваше и на Првата светска конференција во Охрид во 2007 година, ја подвлече посебната духовна енергија со која зрачи балканскиот Ерусалим.

- Верувам дека овој посебен дух на Охрид на толеранција и заемна почит е многу важен не само за овој дел од светот туку и за целиот свет. Пораката пак што ни ја упатува оваа Конференција е да заборавиме на себе и да го сакаме и почитуваме нашиот сосед и секогаш кога комуницираме со други народи, религии или култури мора да ги соблечеме нашите чевли бидејќи стоиме на света земја, рече Вондра.

Пречесниот Јошинобу Мијаке свештеник на јапонската Шинтоистичка религија е прв пат на Светскиот религиски собир и во Македонија. Лично смета дека е вистинско време да се постават темите за религиозниот и културниот дијалог.

- Меѓусебната толеранцијата меѓу народите, различноста е мошне важен концепт за 21 век. И во Јапонија како и во Македонија постојат бројни верски заедници. Разликата е во тоа што кај нас не постои меѓурелигиски конфликт, а луѓето многу помалку придаваат значење на верската посебност. Тука е многу важно што постои целосна одвоеност на религијата од световниот живот, забележа Мијаке.

За Хаџибаба Едмонд Брахимај, заменик-претседателот на Бектешката заедница во Албанија, Конференцијата во Охрид е добра прилика за размена на мислења и идеи, како и можност за манифестирање на човековата добрина.

- Впрочем, нашата мисија на овој свет е да го прикажеме најдоброто во нас, да проповедаме за братство, љубов, разбирање и толеранција меѓу луѓето и религиите и да работиме за изградба на подобар свет без конфликти и војни, истакна то
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
07-05-2010, 03:44 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#3

Охрид: Иванов на средба со претставници на христијански заедници

Претседателот на државата Ѓорге Иванов денес во вилата “Билјана“ во Охрид ќе се сретне со претставници на христијанските заедници, учесници на Втората конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

За вечерва била планирана и средба со Енгелберт Руоз, директор на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа, информираат од неговиот кабиент.

Според агендата, претседателот Иванов утре ќе има обраќање на конференцијата.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
07-05-2010, 03:46 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#4

Иванов: Дијалогот најсигурен пат до мирот
Охрид, 8 мај 2010 (МИА) - Дијалогот е најсигурен пат до мирот, а конференциите како оваа се одговор на горливото прашање за вистинските модалитети за живеење на дијалогот, во време кога нетолерантноста и ксенофобијата се закануваат да го уништат неговото постоење, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во обраќањето пред учесниците на Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржува во Охрид.

Иванов истакна дека во тој контекст од особено значење е утврдувањето на модалитетите на дијалогот меѓу религиите оттаму што, како што рече, „секоја политика без духовност е неодржлива“.

- Сите ќе се согласите дека мирот е претпоставка за економски развој секаде, а особено на Балканот. Но и обратно, економскиот развој е најсилниот темел врз кој се потпира мирот, секаде, а посебно на Балканот. Нам ни е потребна поддршка на нашиот општествен и социјален модел, за да можеме да зачекориме во сферата на слободен и одржлив развој. Исто како што на западниот модел на економски развој му треба Западниот Балкан, отворениот економски простор, и нам ни треба поддршка да го изградиме нашиот економски просперитет, кој е најодржлив мировен концепт, воопшто во светот, рече претседателот.

Иванов потсети дека Македонија живее во светот на различноста, во кој соживотот и толеранцијата се дел од секојдневното живеење. - Во Македонија правилно се сфаќаат световите на различните и ние ги почитуваме. Ваквата вековна традиција и реалност не само што ја почитуваме, туку и ја рефлектираме во севкупниот општествено-политички живот во Македноја, истакна претседателот, додавајќи дека Македонија е подготвена искуствата од сопствениот модел да ги сподели, во насока на јакнење на меѓукултурна и меѓурелигиска соработка.

На вториот ден од меѓународниот собир обраќање имаше и Вилма Трајковска, сопруга на поранешниот претседател Борис Трајковски, на чија иницијатива започна одржувањето на меѓурелигискиот и меѓуцивилизациски форум.

Таа рече оти е горда што се исполнува визијата на нејзиниот покоен сопруг Борис Трајковски - дијалогот да стане основа за разбирање и постојана практика.

- Во неговите зборови изговорени во Охрид тој рече: „..императивот за дијалог е од големо значење денес. повеќе од кога и да било. Од суштинско значење е народите да имаат отворен и искрен дијалог помеѓу себе, затоа што алтернативата за тоа е премногу застрашувачка. Императив е и создавањето слободни општества бидејќи... слободно општество се создава само со постоење слободни индивидуи кои се самостојни во избирањето на сопствениот политички статус и во следењето на сопствениот економски, социјален, општествен и културниот развој“.

Таа оцени дека од форумот во Охрид беше испратена силна порака за нов вид меѓународна и меѓуцивилизациска комуникација и соработка.

Во рамки на конференцијата ќе биде промовирана и книгата „Света Русија“, во која се обзнанува силното православие во Македонија и во Русија, и во која се укажува дека темелте на христијанството се во Република Македонија. На промоцијата ќе говорат г. Кирил, архиепископ Јарославски и Ростовски од Московската патријаршија и професорот Виолета Ачковска од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На денешната агенда се панел дискусии на теми „Почитување на верските права и разликите на културите - темел на мирот и просперитетот“ и „Како се впишува жената во религиските дискурси
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
08-05-2010, 04:18 PM
Reply